дома блог страница 2444

Ѕирнете во имотот на најбогатиот човек на свeтот: Имотот е вpeден 195 милиони долари (Видео)

Неверојатниот имот со куќа што ја изградил поранешниот сопственик на „Ворнер Брадрс“, а која пред неколку месеца наводно ја купил најбогатиот човек на планетата, Џеф Безос, малку е да се каже дека го одзема здивот!

Во Лос Анџелес, поточно во луксузниот кварт Бел Ер, се простира имот од 400 ари, на кој некогашниот сопственик на најголемата продуцентска куќа на светот си изградил куќа која сега е продадена за неверојатни 195 милиони долари.

На имотот што се вика „Чартвел“, се наоѓа куќа направена во француски стил од 18 век, со гостинска куќа која има 5 спални соби, вински подрум, мебел, слики и скулптури купени на аукции и неверојатен луксуз.

Доволни причини за да го погледнете следново видео, зар не?!

Не миpyва кopoната во Прилеп: И денеска нови случаи

Од Центарот за jaвно здравje информираат дека денеска, 19 -ти август, во општина Прилеп има 3 нови случаи на кopoнавиpyc, а од зapaзната болecт оздpaвеле 4 лица.

Бројот на активни случаи изнесува 41, од кои 33 се наоѓаат на домашно, а 8 на болничко лекyвање.

Во домашна изолациja и caмоизолациja се наоѓаат 95 лица.

Вкупниот број на зapaзени од Koвид-19 од почетокот на пандемиjaта изнесува 373.

Важна информација за сите пензионери за исплатата на пензијата за месец август

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за август 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до вторник, 25.08.2020 година, а им препорача на деловните банки од среда, 26.08.2020 година да обезбедат пензионерите со августовските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Во заклучоците во врска со исплатата на пензиите за август 2020 година, им се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

Во среда, на 26.08.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

Во четврток, на 27.08.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

Во понеделник, на 31.08.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

Во вторник, на 01.09.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Владата го задолжува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија, и им препорача на деловните банки да обезбедат други дополнителни редовни исплати за корисниците на пензии кои се префрлени од Еуростандард Банка АД Скопје во другите деловни банки, со цел истите да може да располагаат со августовските пензии на 07.09.2020, 14.09.2020 и 25.09.2020 година, за оние корисници на пензиите кои досега ги користеа услугите на Еуростандард Банка АД и кои до 25 август нема да успеат да отворат трансакциони сметки во другите банки.

Владата на оваа своја седница ги прифати заклучоците на Министерство за труд и социјална политика редовната исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и згрижувачките семејства за август 2020 година да се врши во 3 групи (во деновите 2-ри, 3-ти и 4-ти септември), a дополнителнa исплата ќе се врши на 11, 18 и 25 септември 2020 година, при што податоците за корисниците од Банките до Министерството за труд и социјална политика ќе бидат доставени на 7, 14 и 21 септември 2020 година.

Отец Љупче Петрески: “На денот на Преображението, светлоста таворска нека ги преобрази нашите умови, нашите срца, нашите души”

“На денот на Преображението, светлоста таворска нека ги преобрази нашите умови, нашите срца, нашите души.
Да ги осветли ожалостените срца на вдовиците и сирачињата наши, на сиромасите, болните, изнемоштените …

На празникот Преображение да ги преобрази и нашите домови, нашиот град и нашата земја Македонија! Нека таворската светлост ги просветли и останатите луѓе и народи Божји на земјата.

Нека ја преобрази земјата, нивите, училиштата наши…

Се што работиме и градиме, се што е за добро на луѓето, за нашето вечно спасение!”, напиша Протоереј Љупче Петрески по повод денешниот голем христијански празник Господово Преображение.

Денecка е Пpeoбpaжение Гocподово: Се пpeoбpaзyва пpиpoдата и водата и се jaде грозje

Преображението Господово е еден од осумте големи празници, кога и планината и водата почнуваат да се преобразуваат во зори, најавувајќи ја претстојната есен.

На Преображение, листот во планината и каменот во водата се преобразуваат, листовите почнуваат да жолтеат и да паѓаат, а водата станува постудена, па затоа не е погодна за пливање.

На Преображение, небото се претвора трипати во мртва ноќ. Кој го гледа тоа и им кажува на другите, се верува дека ќе го изгуби умот.

Според верувањата, не е добро да спиете во текот на денот за време на Преображението Господово, затоа што секој што заспива тој ден ќе се преобрази, па ќе биде дремлив во текот на целата година.

Не е добро некој да плаче тој ден, ниту е вредно луѓето да го поминат целиот ден во таверна – за да не се навикнат на тоа и да се погубени.

Празникот Преображение е во Богородичниот пост на кој задолжително се пости.

На некои места, тие постеа заради дивите ѕверови. Обичај беше да се јаде риба и ракови тој ден.

Грозјето се јаде за прв пат по Преображението, лешниците се берат на Преображение и се чуваат како лекови во текот на целата година, кога некој има болка во ушите.

Се верувало дека кога на пациентот му се давале вакви лешници за јадење, ќе се опорави.

Во некои места било обичај на Преображение жени и девојки да станат пред сонце и „малку да поработат од секоја женска работа“, бидејќи се верувало дека Бог ги преобрати (преобрази)да бидат вредни, а после не работат ништо цел ден.

(Видео) Во Вухан не сакаат ниту да слушнат за “кopoна”: Илјадници во аква-парк, а потоа беше одржан и голем концерт

Илјадници млади Кинези за врмее на викендот го преплавија аква-паркот во кинескиот град Вухан, од каде минатата година започна зapaзата со кopoнавиpycoт.

Очигледно граѓаните биле жедни за забава, бидејќи животот дефинитивно во овој град се врати во нормала. Популарниот кинески аква-парк беше исполнет со весели млади луѓе, кои се забавуваа со електронска музика.

Акв-паркот беше отворен во јуни, во склоп на постепеното отварање на градот по 76-дневниот кapaнтин и строгите мерки.

“Pletvar Outdoor Festival 2020” – Искуство кое не смеете да го пропуштите!

“Инспирирани од успешниот отворен ден на СК Златоврв и ИО Феникс, со огромна чест и задоволство ви го претставуваме PLETVAR OUTDOOR FESTIVAL 2020 кој ќе се одржува од 28 до 30 август 2020 во околината на селото Плетвар!”

Целта на настанот е возбудлива авантура за сите возрасти, запознавање со околината на Прилеп, дружба меѓу љубителите на планината, подобрување на веќе стекнатите вештини во природа, размена на искуства и стекнување на нови знаења!

Во овие три дена ќе можете да бидете дел од многу активности како слеклајн, стреличарство, искачување на врв Козјак (1747м) и посета на пештерата Дуова, велосипедска тура, кратка планинарска тура за почетници, планинско трчање
и многу други забавни активности.

Вашето учество можете да го регистрирате на онлајн апликацијата до 25/8. Котизацијата е симболични 200 денари кои ќе се употребат за формирање на првата спасителна служба во Прилеп.

Конечно насмевка на намаченото лице на баба Ѓурѓа: “Вера, надеж, љубов” е мотото на хуманите граѓани кои и’ помагаат (Фото)

Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК, пред два дена на социјалните мрежи напиша статус кој допре до илјадници корисници.

“Карпош три, веднаш на паркингот на тинекс здогледав стара бабичка која седи со главата надоле, а пред неа 2-3 гајби со прекрасно тазе набрани букети цвеќе. Тргнав кон неа и ја поздравив, ја крена главата ме погледна и едвај ме поздрави назад. Веднаш ја познав, тоа беше баба Ѓурга и просто не ми се веруваше дека сеуште “работи” и покрај староста.

Во тој момент, погледот на тие измачени очи, гласот и изгледот на тие збрчкани рацете ме скаменија. Очи кој кажуваа многу без баба Ѓурѓа да треба да изусти ниту еден збор. Ја запрашав дали е добра, уште колку букети останале и дали ако и ги купам сите ќе си иде веднаш дома за да се одмори од топлово?

Ме гледаше десетина секунди збунето па ми кажа: Земи ги синко ако не ти е скапо ама знам дека тоа се многу пари Премолчив на тоа, се насмевнав горко и ја замолив да ги изброи и каже колку би ме чинеле сите. Почна да брои но сфатив дека не може сама па заедно го сторивме тоа, а додека броевме си направивме муабет и почна самата низ солзи да ми раскажува за нејзиниот живот кој рече дека не го посакува ни на најголемиот душман.

Плачев и јас но во душата за да не ме гледа баба Ѓурѓа и ја слушав внимателно со грутка во срцето. Кога изброивме и кога и ги дадов парите ( 1.100денари ) ме праша кој сум јас и што работам.

И кажав дека сум никој и ништо, дека немам посебна титула во општеството и дека пробувам да останам ЧОВЕК помеѓу сите луѓе. Не знам дали ме сфати ама не е ни битно, најбитно е да знаеме дека баба Ѓурга има 88 години ( родена 1932 ) работи на ДОЖД, СНЕГ, ВЕТЕР и ПЕКОЛНИ ГОРЕШТИНИ и работи не од што сака туку од што МОРА за да ги прехрани и чува децата на нејзиниот син кој бил самохран родител бидејќи за жал нејзината снаа починала

Има букети од 25 и 50 денари, па би ве ЗАМОЛИЛ ако ве носи патот натаму да купите, а со тоа да и помогнете на баба Ѓурга. Само треба да ја осетите таа енергија која ја има за да сфатите колку е суров животот.
Букетите се прекрасни и секогаш тазе набрани, а баба Ѓурга е мојот нов идол и кога ќе ја запознаете убеден сум дека ќе стане и ваш”
, напиша Панчо и доби илјадници коментари, пофалби и лајкови.

Неполни 24 часа по неговата објавата, баба Ѓурѓа почна да пречекува купци за нејзините прекрасни букети со цвеќе.

“Вчерашната иницијатива и статус на мое огромно задоволство стаса до многу хумани луѓе кои благодарение на сликата разбраа за патешествието на ЗЛАТНАТА баба Ѓурѓа.

Ве молам еден поклон до земја за Tijana Skulic и Kristina Gliguroska која денес ја испратија баба Ѓурѓа дома многу порано од вообичаеното и нормално ги купија сите волшебни букети.

Многу ми жал што 3-4 луѓе го сфатија вчерашниот мој апел како селф промоција но не е прв пат да излага отров и гнев од луѓето.

Со оглед на мојата професија низ сиве овие 18 години наназад сум сфатил дека никако не можеш да им удоволиш на луѓето но никогаш пак не сум им се лутел и ги сфаќам до негде. Кога ќе подразмислам и семоќниот БОГ Исус Христ не им чинел на сите негови добрини, а не па јас обичен смртник и грешник.

НАјБИТНО е дека ЦЕЛТА е ПСТВАРЕНА. Ве замолувам од срце оние кои сакаат и мислат дека е исправносекој ден да ми испраќате фотографии од вас и баба Ѓурѓа тука на ФБ или да ме тагнувате на мојот инстаграм профил @djshortypofficial се со цел баба Ѓурѓа да си иде секојдневно порано и да ужива дома со своето семејство во нејзината длабока староста ( 88 години ).

Ви благодарам на сите добри луѓе и сите оние кои праќаат позитивна енергија и го сфатија значењето на вчерашниот пост”, напиша Панчо во нов статус на неговиот Фејсбук профил.

Денеска одново насмевка на намаченото лице од 88-годишната старица.

“Љубовта и поддршката за баба Ѓурѓа продолжува на што сум неизмерно горд на сите вас и на започнатата иницијатива. Денес на сликата веќе можеме да ја забележиме и нејзината искрена насмевка, а еве колку малку треба за да направиш човек среќен. Уште еднаш ви благодарам на сите кои ми пишувате на ФБ во инбокс за секакво инфо и на мојот инстаграм профил @DJSHORTYPOFFICIAL и продолжете да купувате од нејзините магичните букети. Слободно праќајте ми фотки и тагнувајте ме кога ќе ја посетите баба Ѓурѓа за да споделиме, а со тоа да и овозможиме секојдневно да си иде порано дома. Денес Kristijan Stankovski ака БОМБАКИС или попознат како дечкото со КАРТОНИТЕ кои шири позитивна енергија и ве смее нека ви служи за пример. Браво за тебе и капа доле. Идеме понатаму! ПС – ВЕРА, НАДЕЖ, ЉУБОВ”, напиша Диџеј Панчо.

СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА СИТЕ ХУМАНИ ГРАЃАНИ кои од вчера ја посетуваат тезгата на баба Ѓурѓа

Груби се пофали на Фејбук: “Покрај премиер, тројца албански министри за надворешни работи во регионот, ИСТОРИЈА!”

Организацискиот секретар на ДУИ Артан Груби преку пост на Фејсбук потврди дека ДУИ го добила ресорот за надворешни работи.

– Покрај премиер, тројца албански министри за надворешни работи во регионот. Историја!, напиша Груби.

Тој сподели објава од министерот за надворешни работи на Албанија Гент Цакај, во кој се потврдува дека со македонската дипломатија ќе раководи кадар од ДУИ.

Познато е со кое миниcтepcтво ќе paководи БЕCA

Со Министерството за земјоделие ќе раководи Беса, коалициониот партнер на СДСМ, пренесува ТВ21.

Ова е договор кој веќе е постигнат меѓу СДСМ и Беса кои на последните предвремени парламентарни избори настапија како коалиција.

Денеска СДСМ и ДУИ ја официјализираа соработката за идна Влада.

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива ја нарече оваа влада измамничка и нелегитимна, а најавија и можен бојкот на Собранието со нивните 12 пратеници.

Од ВМРО-ДПМНЕ новата коалиција ја нарекоа крими коалиција која ќе биде со времен рок на траење, и за еднократна употреба.