дома блог страница 2443

Здравje и нacледство со СН ocигурителен бpoкер, за луѓето кои не штитат, за нашата полициja

СН осигурителен брокер, имаше одлична можност пред претставниците на Македонскиот полициски синдикат да го промовира својот нов производ, наменски креиран за луѓето кои не штитат, а тоа е нашата полиција.

Често пати повторуваме дека “Здравјето е сé!” Но, најчесто доцна откриваме како најдобро да го заштитиме.


Светот одамна инвестира во дополнително здравствено осигурување, особно кај лица, чии професии се специфични.

“Средбата беше навистина добар миг, да се зборува за нивните потреби, а ние како општествено одговорна комапнија да дадеме посебен третман на оваа група, значајна за нашето опкружение.” – изјави Хелена Милески – Раководител на Сектор за приватно здравствено и животно осигурување.

СН Осигурителен брокер, излегува на пазарот со пакет кој опфаќа и можност да имаат пристап за лекување во сите приватни здравствени установи во Македонија, но и создавање на специјален фонд, заштеда за нивните семејства.

Пакетот кој е понуден е позитивно прифатен од членовите на синдикатот, по што следуваше потпишување на договор за соработка.

Сточен пазар одново се поплави, градоначалникот вели тука ќе никне најубавиот мост (Видео)

Силното невреме кое вчера го зафати Прилеп предизвика енормно зголемување на водостојот на Градската река, што пак одново во две недели предизвика големи проблеми во населбата Сточен Пазар, кај улицата „Трајко Николоски“, каде се гради новиот мост.

Градилиштето одново се претвори во големо езеро и одново интервенираше механизацијата со цел да не настане поголема поплава во населбата.

Жителите од населбата Сточен пазар со секој летен дожд стравуваат од ова градилиште, каде градоначалникот вети дека ќе се изгради најубавиот мост во Прилеп.

Градбата на мостот започна пред една година, а според договорот мостот требаше да чини над 500.000 евра.

Пред две недели општина Прилеп упати соопштение до медиумите со кое информираше дека улицата “Трајко Николоски” ќе биде затворена за сообраќај во наредните два месеци.

3aeв ќе биде англиcка кpaлица? Без coгласност од Гpyби нема да биде донeceна ниту една одлyка?

Артан Груби ќе биде првиот вицепремиер и министер за политички систем, објави весникот Коха.

Ова ќе биде првпат првиот вицепремиер да биде од албанска партија, додека одлуките, како што се договориле коалициските партнери, ќе се носат со консензус меѓу премиерот и првиот вицепремиер, пишува весникот.

Професорката и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, оваа функција на Груби ја нарече “ординарна глупост”.

Среде лето, чоколаден снег паѓал во швајцарски град (ФОТО)

Жителите на швајцарското гратче Олтен ги изненади невообичаеното „невреме“ кога среде лето почна да паѓа снег и тоа чоколаден.

Снегот од честички од какао се распрашил низ цел град по дефект на вентилациски систем во блиската фабрика за чоколади „Линдт“.

Од фабријата ги потврдија текстовите во локалните медиуми дека навистина дошло до помал дефект во системот за ладење во погонот каде се чува какаото, па многубројните мали парчиња пржено какао, од кои подоцна се прават чоколадите, во комбинација со силниот ветар, се распрснале во околината покривајќи ја со слој вкусна чоколадна прашина.

Фабриката брзо го санирала дефектот и соопшти дека е подготвена да плати миење на сите автомобили покриени со какао-прашина, но досега никој не го побарал тоа и не се пожалил на „чоколадниот снег“.

Заборавете на дождот, од денеска следува значителен раст на температурите

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе се движи од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степен. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со повремен засилен северозападен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 30 степени.

Утре уште од претпладне ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен долж Повардарието и на повисоките места.

Од утре следува и период на претежно сончево време со пораст на дневната температура, а по викендот повторно ќе биде нестабилно.

Прилеп ли е, Венеција ли е? Видео од целосно потопениот Прилеп денеска

Силно невpeме кое треаше 20-тина минути денеска попладне го погоди Прилеп

Невpeмето беше проследено со силен дожд, грмотевици и град и пpeдизвика целосно поплавување на поголем дел од градот.

Еве како изгледаше Прилеп денеска:

Најважната функција во новата Влада што ја доби Прилеп е “Министер за лименка пред Цепенков”….Еве кои се новите министри

Доста изненадувања на листата на нови министри од коалицијата „Можеме“. Откако ДУИ предмалку ги објави своите претставници во новата влада, познати се и имињата на министрите од СДСМ.

Вака ќе изгледа новата влада:

Љупчо Николовски – вицепремиер

Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија

Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања

Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи

Радмила Шекеринска – министерка за одбрана

Венко Филипче – министер за здравство

Мила Царовска – министерка за образование и наука

Бојан Маричиќ – министер за правда

Благој Бочварски – министер за транспорт и врски

Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика

Ирена Стефоска – министерка за култура

Аријанит Хоџа (Беса) – министер за земјоделство

Горан Милевски (ЛДП) – министер за локална самоуправа.

За разлика од претходно, во новиот владин состав нема ниту еден министер од Прилеп, иако е една од најголемите општини во Македонија.

Со оглед на тоа еве еден предлог за министерско место доколку се прави некоја идна реконструкција.

Министер на лимената доградба на Центарот за култура “Марко Цепенков”.

Претходно министер од Прилеп беше Горан Сугарески во ресорот транспорт и врски.

Еве како порано се даваше ЗАКЛЕТВА во АРМ: Грми полигонот (Видео)

Армиjaта на Република Македонија вчера ја одбележа 28-годишнината од своето постоење

На Твитер се прошири едно видео од самото формирање на професионалната армиja на државата. Вojcката во далечната 1992 година на цел глас го изговара името РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Ечи целиот полигон!

Погледнете:

Силно невpeме целосно го пapaлизиpa Прилеп: Улиците станаа реки, автомобилите едвај се движеа (Фото/Видео)

Силно невреме го погоди попладнево Прилеп

Нестабилното време и денеска се задржа во Пелагонискиот регион.

Попладнево силно невpeме пpocледено со силен дожд, силни електирични празнења и град, го погоди Прилеп.

Невpeмето траше 20-тина минути и предизвика поплави по улиците, булеварите, а засега нема информации за нови предизвикани штети врз земјоделските култури.

Од големото количество на вода целосно се зголеми и нивото на Градската река.

Потврдено: Земјоделците ќе зависат од овој човек

Лидерот на Движењето Беса Билал Касами вечерва по состанокот на СДСМ со коалициските партии од коалицијата „Можеме“ потврди дека при поделбата на владиниот колач го добиле ресорот земјоделие.

Тој не откри дали генералниот секретар Аријанит Хоџа ќе биде министер за земјоделие и рече дека за тоа ќе одлучува Централниот совет на Беса.

– Движењето Беса ќе има важна улога во владеачкото мнозинсртво, ќе го водиме ресорот земјоделие и ќе имаме и заменици министри и директори. Вечерва ќе се одлучува кој ќе биде министер за заемјоделие. Одлуката ќе ја донесе Централниот совет на партијата – изјави Касами.