дома блог страница 2442

AEK, MEПCO и MAHAB ги “лaпнa” ДУИ… ceга ce’ ќе тpгнe нанапpeд?

Директорски места во МЕПСО, агенцијата за државни патишта, АЕК, МАНАВ, МАЛМЕД, Агенцијата за лекови, се само дел од постизборниот колач на власта што го добила ДУИ.

Иако синоќа лидерот на партијата Али Ахмети не откри со кои јавни претпријатија и Агенции ќе раководат негови кадри, сепак за време на пресконференцијата на видео бим во некочку наврати беа испишани директорските позиции што ги добила ДУИ.

Сител од извори во ДУИ доби потврда дека ова е дел од договорот со СДСМ, но нема потврда за имињата на новите директори.

Европска Победа победи во битолско Црнобуки

Попладнево на одличниот терен во битолското населено место Црнобуки комбиниран состав на кадетите и младинците на Победа, во рамките на подготовките за новата сезона во Супер младинската лига, одигра пријателски натпревар со истоимениот домашен третолигаш.

Нашите млади фудбалери забележаа победа со резултат 3-2(1-0). Стрелци на головите: Ангел Јованоски, Леонардо Богданоски и Христијан Поп-Антоски.

На кој му е cкaпa стpyjaта утре излегyва на yлица

Во Скопје, Тетово, Прилеп, Битола, Кичево… за утре (21 август) се најавени нови протестни собири и акции против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за покачувањето на струјата за 7,4%.

„Почитувани граѓани, со оглед на тоа што РКЕ и Владата на РСМ до денес не одговараат на барањата на граѓаните, Скопскиот протестен совет, поддржан од Полицискиот сојуз, Синдикатот за образование, Конфедерацијата на синдикатите на РСМ и други граѓански здруженија и невладини организации, одлучија да продолжат со мирни протести против зголемувањето на цената на електричната енергија. Но овој пат без говори, но со блокади на крстосници, и тоа по моделот 2 крстоници по 2 часа, а потоа 4 крстосници по 4 часа итн“, се вели во најавата за протестот во Скопје.

Протестирачкиот совет Скопје потенцира дека од 14 до 16 часот ќе бидат блокирани крстосниците кај Мавровска и Судска палата и кај Палома Бјанка – Рекорд.

„Очекуваме масовни излегувања на граѓани во петок. Протестниот марш ќе започне од Чаирчанка Јахја Пашa до крстосницата до Мавровка и од Жена парк до крстосницата Палома Бјанка“, се вели во најавата за Протестирачкиот одбор, кој, меѓу другото, минатиот петок побара РКЕ веднаш да ја понушти одлуката за покачувањето на струјата, да се намали цената за 46%, попустот на ДДВ од 18 на 5%, да се распушти РКЕ, но и да се формира независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги.

Од Конфедерацијата на синдикатите преку социјалните мрежи најавија дека тие својот протестен собир ќе го започнат во 13:30 пред нивните канцеларии, кај споредниот влез на поранешен саем, веднаш до бензинската Макпетрол.

Потоа ќе се приклучат на блокадите на раскрсниците.

Арианит Џафери од Тетово, уште пред неколку денови изјави дека ова нема да биде конценционален протест, туку повеќе како герила-акција. Повика од повеќе градови да се приклучат кон ваквите протести, бидејќи поскапувањето на цената на енергијата е на национално ниво.

„И уште еден повик до надлежните да ги сфатат посериозно барањата да не дојде до некаква ескалација, како што дојде во Тетово минатата недела“, рече Џафери, член на организациониот одбор на протестите од Тетово.

Bo Прилеп, собирно место за протестот е кај Камена бина кај паркот Ченто од 19 часот, а во Битола во истото време кај Фонтаната пред Музејот.

„НЕ за поскапувањето на струјата! НЕ за дополнителното осиромашување на граѓаните! НЕ за екстрапрофити на капиталистите на наш грб! Во услови на пандемија, кога многу граѓани губат работа и кога им ги намалуваат платите, ја поскапија струјата. ЕВН, МЕПСО, ЕСМ трпеле поради кризата. А граѓаните не трпат? Што е поважно? Профитите на капиталистите и вдомувањето на партиските војници или животниот стандард на обичните граѓани? Не смееме да го дозволиме овој удар на нашиот грб! Да го кренеме нашиот глас! Од нас зависи! Да се обединиме, Македонци, Албанци, Роми, Турци и останати, да се обединиме и да се спротивставиме! Да не им дозволиме да им помине поскапувањето на струјата!“, стои во најавите за протестите во Битола и Прилеп.

ИЗВОР: РАДИО МОФ

Tвит на денот: Ова ли е новиот миниcтep за инфopматичко oпштecтвo oд ДУИ? (Видео)

Твит на денот

“Новиот министер за информатичко општество од ДУИ…PSE JO?”

KPИBИЧHA за прилепчанец: Се coмничи за пpoдажба на мapиxyaна

ОВР Прилеп поднесе кpивична приjaва пpoтив Д.Н.(33) од Прилеп, поради пocтоење ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело ,,неовлacтено пpoизводство и пуштање во пpoмет нapкотични дpoги, пcиxoтpoпни cyпcтанци и пpeкypcopи“.

На 12.02.2020 полициcки cлужбеници извршиле пpeтpec во домот на пpиjaвениот на ул.,,Петта прилепска бригада“ во Прилеп, при што пронашле и одзеле мapиxyaна и дигитална вага – информираат во дневниот билтен на МВР.

“Кире, лицето на ВМРО-ДПМНЕ, повика на улица и борба до крај, ама по масовноста на протестиве за струјава…”

Фејсбук статус на потсекретарот на ВМРО-ДПМНЕ, Кире Михаилов

“Животот е краток, а Македонија е вечна!

Кире Михаилов исто како Зоран Заев, Сашо Мијалков и сите останати е само капка од вечноста наречена Македонија!

Сите сме исти и пред Бога, различни сме само по делата.

Некои се предавници, некои сме предадени, а некои само неми набљудувачи!

На крајот од денот, сите сме деца на Македонија, некој да ја предаде, некој да ја брани, а некој, повторно само немо да набљудува.

Перото на историјата ќе суди секому, тоа ниту престанало, ниту ќе престане да пишува.

Му благодарам на Зоран Заев и СДСШ што ме избркаа од работа заради Македонија затоа што очигледно доаѓа време комитско, а таму ќе бидам секојдневно повеќе од потребен.

Доаѓа ново време, време во кое улицата можеби ќе биде нашиот нов дом!

Доаѓа ново време,време во кое Македонија онаква каква треба да биде, ќе биде нашиот нов сон!

Во предизборието напишав, за Македонија прифаќам и отказ – го добив!

Во постоизборието, во предадена и изгнасена Македонија ќе напишам, за неа и животот е премалку да го дадам!

Се гледаме на браникот на татковината, секаде и секогаш каде е потребно, до денот кога Сонцето повторно ќе го помилува утрото во Македонија, онаква каква ја сакаме, онаква каква треба да биде”, напиша Михаилов.

Еве зошто, што повеќе треба да конзумираме печурки!

Научници од Универзитетот на Пенсилванија во САД, сметаат дека печурките од видот вргањ (Boletus edulis) може да го намалат стареењето на човековиот организам, поради изобилството антиоксиданти кои овие плодови ги содржат.

Благодарение на ерготионинот и глутатионот, како и на витаминот Д, оваа намирница може значително да го забави влијанието на стареењето врз човекот, негувајќи ја кожата и зајакнувајќи го како имуниот систем, така и процесот на регенерација на телото.

Овие аминокиселини ги содржат и зеленчуковите и овошните плодови, но во печурките нивното присуство е до 10 пати поголемо.

(Фото) Љубовта и хуманоста донесоа насмевка на лицето на баба Ѓурѓа: Прекрасните букети одат како алва

За 88-годишната баба Ѓурѓа, која продава цвеќе за да обезбеди леб за своите внуци, почна да пристигнува љубов и поддршка дури и од странство.

Инцијативата која ја започна Владимир Блажев од дуото ДНК, доби поддршка од голем број хумани граѓани.

Денеака тој напиша дека од букетите на баба Ѓурѓа бараат и нашинци од дијаапората.

“Баба ЃУРЃА ве поздравува сите ? и вели дека ова е 5 ти ден по ред како што си заминува порано дома ( 11:45ч ) и не седи на 30+ и сето тоа благодарение на сите вас добри луѓе ❤️ Денес “виновникот” е Sonja Veljanovska која ни прати ЉУБОВ од друг континент ( Австралија ) и која несебично испрати донација преку western union ( 50aus$ = 1.845ден ) за нашиот 88 годишен скопски херој ? Да разјасниме дека сумата е најмалку битна во целава приказна ( сумата морав да ја пишам да не испадне дека завршиле кај мене ) , а главната цел и мотив е: ЧОВЕЧНОСТА, ЉУБОВТА и ХУМАНОСТА во овие тешки времиња.
Уште еднаш ви благодарам од мое име на сите оние кои се приклучивте и ја поддржавте иницијативата за баба Ѓурѓа и нејзините магични букети”, напиша Панчо.

Важна вecт за poдителите на деца дo 10 години

Сите родители на деца на возраст до 10 години и по почетокот на учебната година ќе бидат ослободени од одење на работа како и досега, во рамки на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

Одлуката на Владата за ослободување на работа на еден родител на дете до 10 години ќе се продолжи и од септември и ќе важи и за оние родители чии деца ќе одат на училиштe, дознава „СДК.мк“

„Часовите во основните училишта ќе траат 30 минути. Целодневна настава не е предвидена, со оглед на одлуката родителите да бидат ослободени од работа со присуство на своето работно место“, велат од Министерството за образование за порталот.

Целиот текст прочитајте гоТУКА

Столе Стоилов стана татко: Еве како ќе се вика бебето (Фото)

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, има голема причина за радост и славење, бидејќи денеска стана татко.

Неговата избраничка Деница, со која неодамна се ожени, донесе на свет машко дете.

Радосната вест веќе се шири на социјалните мрежи, а репрезентативните колеги му честитаат на Стоилов.

Капитенот на Вардар и неговата избраничка Даница пред извесно време го кажаа судбоносното “ДА”, а сега добија и принова.

На Инстаграм му честиташе и неговиот брат, кој го откри и името на бебето. “Жив и здрав Бојан”, напиша тој.