дома блог страница 2440

„Гaзeта експpec“: Можна е ocтавка на Али Axмети во септември

Можно е Али Ахмети да си даде ocтавка од позицијата претседател на Демократската унија за интеграција. Причина е поканата да сведочи во Xaг, пишува приштинскиот весник „Газета експрес“.

Како што објаснува весникот, сведочењето и интервјуата од страна на обвинителите на специјализираниот суд се долг процес, што ќе му оневозможи на Ахмети да ги извршува своите должности како претседател на партијата.

Неговата евентуална оставка би се очекувала во септември, откако Ахмети ќе замине во Хаг на крајот на месецов. Неофицијални извори на „Газета експрес“ како негов можен заменик го посочуваат Артан Груби, кој би бил в.д. претседател на партијата сѐ до следниот партиски конгрес.

Tapчуловски: Пpeтceдател на BMPO не ce менyва по желба и нapaчка

Фејсбук статус на Јохан Тарчуловски

“Ех колку е важно и моќно тоа ВМРО ДПМНЕ. Од 1990 год сум тука и во лошо и во добро, и кога се славело и кога се тагувало. Сум бил учесник на конгреси, конвенции, избори, именувања и разрешувања но никогаш не сум одел против ВМРО. И кога се било во право и кога се грешело,сум ги кажувал грешките и сум се трудел да се поправат. Кога сите молчеле и наведнувале глава на ИК сум излегувал сам со спротивно мислење но никогаш ама баш никогаш против ВМРО.

Грешки имало во минатото има и сега,но секогаш кога било тешко се јавувала некоја група која се двоела од партијата,секогаш. Дали е по наредба, диктат или од приватни причини, не знам. Но едно знам, никој од надвор не сменил претс. на ВМРО.

Тој можеше до скоро да биде сменет само со свикување на конгрес по барање на претседателот или 2/3 од членовите на ЦК, сега е полесно, треба барање на 1/2 од членовите на ЦК и никако на друг начин. Затоа да не се лажеме и да не ги носиме членовите на партијата во заблуда, затоа што тоа му одговара само на еден човек кој сака да го уништи ВМРО ДПМНЕ.

Претседател на ВМРО не се менува по желба и нарачка. Таму каде што имаше послаби резултати ќе се видат слабостите, таму каде што треба ќе се реагира но ВМРО за кратко ќе ја покаже вистинската сила.

Нема оттстапки и нема назад до крај за ВМРО ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА!”,  напиша Тарчуловски.

Ce капела, па почyвcтвyвала зyeње во yшите – ce фатила за yвото и почyвcтвyвала дека нешто мpда

Рос Вајн Џоунс, позната британска колумнистка, доживеала вистински xopop на одмор на езеро во Девон каде го славела и роденденот.

„После капењето, вода ми влезе во уво. Следниот ден се чувствував лошо, но мислев дека тоа е поради румот кој го пиев на роденденот. Три дена подоцна и понатаму ми беше лошо, а увото ме болеше“, рекла таа.

„Чувствував дека увото ми пyка, зye, но мислев дека тоа е поради промената на пpитисокот затоа што бев на излет во планина. Меѓутоа, оденднаш не можев ниту да зборувам и му беше страшно лошо. На крајот морав да излезам од автомобилот и почyвствував дека нешто ми излегува од увото. Бев уверена дека е восок, но потоа си ги видов нозете. Тоа беше пајак и тоа многу голем пајак. Мачнината престана веднаш штом тој излезе, но тpayмата ми остана“, раскажала таа.

Рос веднаш отишла во болница за лекapите да ѝ отстранат евентуални јајца кои можеби пајакот ги оставил, а се испоставило дека има вocпаление на увото и лабиринтитис, а дека сето тоа го предизвикало водениот пајак, кој ѝ влегол во увото додека се капела.

Убава вест за прилепчани: Наредниот викенд ќе се одржи џез фестивалот

Во организација на здружението за субкултура ПП Џез Фестивал на 27, 28 и 29 август 2020 година, на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Припел ќе биде одржано деветтото издание на „Прилеп џез фестивал викенд“ фестивалот.

Како што ветал организаторите, поаѓајќи од мисијата на фестивалот: поддршка на домашната џез продукција и создавање на нова џез публика… комбинирана со актуелните протоколи за Ковид-19 кои треба да се почитуваат, програмата на фестивалот е креирана со ангажирање на врвни музички бендови и артисти од Република Македонија.

Фестивалот ќе почне со премиерата на филмот „JAZZMAN – The form as a verb“ од Велибор Педевски, снимен на локации во Њујорк, Скопје, Белград и Софија.

„JAZZMAN“ е документарна сторија за живот посветен на уметноста на џезот, која ја раскажува Велибор Педевски, човекот кој е своевиден фокус на збиднувањата на овој творечки феномен… во филмот учествуваат Вадада Лео Смит, Реџи Николсон, Реџи Воркмен, Ентони Брекстон, Сесил Тејлор, Брендон Рос, Греам Хејнс, Даг Визелман, Милчо Левиев, Душан Која Коиќ, Влатко Стефановски, Љупчо Поповски, Тимчо Апостолов, Марко Коловски, Оливер Белопета.

По проекцијата на филмот, на сцена ќе излезат дечките кои и се добро познати на прилепската публика и во Прилеп настапиле преку повеќе проекти и џез состави: Трајче Велков (труба), Зоран Костадиновски (гитара), Горан Гешовски (басгитара), Виктор Филиповски (тапани) овој пат со авторски материјал обединети во бендот „СкопјеЏезИнк“.

Втората вечер ќе ја отвориме со квартетотна Оливер Јосифовски и премиерно ќе го проследиме проектот „FUSSION DEFFUSION CONFFUSION…“ проект кој содржи оригинални композиции и музички стандард и од егзотичен карактер, измешани со тврд хард рок звук. Покрај Оливер Јосифовски (контрабас), на сцената ќе ги видиме Гордан Спасовски (клавишни инструменти), Стефан Миладинов (гитари) и Александар Ванчовски (тапани и удиралки).

Светлост е моментално најактуелниот македонски џез состав на домашната и на меѓународнатасцена. Бендот во 2019 година го издаваа лбумот „Odron Ritual Orchestra“ кој на светските листи е сместен меѓу петнаесетте најдобри албуми, а во 2020 година ги реализираат албумите „Jazz (to the working class)“ и „Six Years“. Карактеристика за музиката нa овај состав е дека истата се менува во зависност од луѓето вклучени во конкретниот проект, а стилските правци се движат од слободен џез, електро-акустична музика и пост-рок, до минимализам и амбиентална музика.

Нинослав Спировски [кларинет / сопрансаксофон / тенорсаксофон]

Кристијан Новковски [тапани / удиралки]

Дени Омерагиќ [басгитара / синтесајзер / електроника]

Третата вечер ќе стартува со новината на овогодинешниот фестивал, промоција на книгата „Press&Play“ од Ненад Георгиевски. Прес енд плеј (Press & Play) е составена од рецензии на албуми, на концерти и фестивалски настапи на изведувачи меѓу кои: Влатко Стефановски, „Леб и сол“, Кирил Џајковски, „Фолтин“, Џијан Емин, Ади Имери, Гоце Стефковски, Џон Аплелгрeн, Зоран Маџиров, „Анастасија“, „Чалгија Саунд Систем“, „Проект Жлуст“, „Скопскиот џез фестивал“, „Офф-фест“ итн.

Следни се Next to Silence, музички состав кој во својот репертоар вклучува исклучи во композиции од реномираната европска издавачка куќа ЕЦМ. Во своите настапи тие изведуваат неколку реаранжирани дела од богатиот опус на Енрико Рава, Карла Блеј, Џон Аберкомби, Дејв Холанд, Терји Рипдал, Шанкар, Јан Гарбарек, Џим Пепер, Гери Бартон, Арт Енсмебал оо Чикаго, Бил Фрајзел, Џон Балк, Томаш Станко, Нилс Петер Молвер, и други. На фестивалот ќе изведат и дел од композициите на новиот албум кој е во фаза на студиско снимање.

Членови на „Next to Silence“ се:

АлександарНиколовски (труба)

Филип Димишковски (клавијатури)

Драган Стојковски (бас-гитара)

Гоце Наумов (барабани)

Фестивалот ќе го затворат дископост- панк активистите Бернајс Пропаганда. Со пет објавени албуми : „Happiness Machines“, 2009; „My Personal Holiday“, 2010; „Забрананета планета“, 2013; „Политика“, 2016 година; „Втора младост, трета светска војна“, 2019 година;, еден ЕП „Ништо нема да не раздели“, безброј концерти на турнеите низ Европа и САД, Бернајс Пропаганда се дефинитивно еден од најуспешните и меѓународно признати андерграунд музичари. Во Прилеп ќе настапат со следната постава:

Кристина Горовска – Вокали, текстови, вокални армонии, уметничка насока и дизајн

Васко Атанасоски – Музика, стихови, бас, гитари, перкусии, аранжмани, продукција, вокал и менаџмент

Дени Крстев – синтисајзер, ритам програмирање, снимање, едитирање и мастеринг

Раде Јордановски – бас и продукциски менаџер

Кристијан Лафазановски – тапани и перкусии

Ова година „Прилеп џез викенд“ фестивалот може да се пофали и со квалитетна ОФ програма:

На 28 Август 2020 г на локалитетот Врбјанска чука (кај село Славеј) свој перформанс ќе има „Antonie AVP Project“.

На 29 Август 2020 г на летната сцена од ЦК Марко Цепенков ќе го проследиме перформансот на Леонард.

Влезниците по цена од 100 денари се пуштени во продажба во Сити тобако центар во Прилеп.

(Видео) Познатиот диџej од Пpилеп, Дapијо Cajo има нов cyпер xит: Cлyшнете ja “Come оn”

Нова песна на познатиот диџеј од Прилеп Даријо Сајо

Најновата песна е со наслов “Come on” и е издадена преку Gangsta House Records (Финска), дел од G Mafia Records, продуцентски куќи за електронска музика со преку 2 милиони следбеници.

Се карактеризира со класичен клубски звук но проследен со нови модерни звуци/елементи, и е веќе вртена на повеќе livestream настани и позитивно критикувана од страна на публиката.

Песната е достапна на повеќе платформи како Spotify, Deezer, Tidal, iTunes, Beatport, Amazon….

Слушнете во продолжение:

Температури до 36 степени, од понеделник нова промена со времето

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната од 29 до 36 степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре (недела) ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во понеделник во попладневните часови и во вторник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и појава на грмежи.

Миле Талески го изгласа Талат и се’ уште не кажа “НЕ” за патни трошоци

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски преку социјалните мрежи веќе информираше дека тој и лидерот на партијата, Зоран Заев, се откажуваат од средствата за патните трошоци, како што ветија пред граѓаните.

„За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци“, напиша Николовски на неговиот профил.

Граѓаните тоа го очекуваа и од останатите пратеници од СДСМ кои седнаа во собраниските клупи, а тоа го очекуваа и 17.074 прилепчани што гласаа за СДСМ и Миле Талески во Прилеп.

И покрај изборното ветување, Талески досега не се откажа од оваа привилегија, а денеска гласаше и за изборот на Талат Џафери за старо нов Претседател на Собранието на Македонија.

А кога е Прилеп во прашање, платите и парите од патните трошоци можат да се донираат за вработените во прилепскиот загубар “Еурокомпозит”, каде луѓето со месеци не одат на работа и немаат никакви примања.

Блокиpaни автопати и гpaдови, само во Прилеп граѓаните пресреќни за поскапата струja?”

Со блокада на автопатот Тетово – Скопје околу 30 минути помина денешниот трет протест на група граѓани од Тетово и околината во знак на револт поради зголемената цена на електричната енергија.

Организацискиот одбор на социјалните мрежи за денеска во 16.30 часот го најави собирот пред Монополот во Тетово. Таму насобраните луѓе стоеја сè до 16.50, по што дел од нив како група почнаа да се движат, а некои заминаа со возила.

Потоа беше блокиран автопатот пред т.н. Требошки натпаник, сè до 17.30 часот. Бидејќи блокадата на автопатот не беше најавена, полициски службеници побараа од организаторите да ја ослободат сообраќајницата за тековно движење.

Протестот траше до 17.30 часот, до кога и сообраќајот на автопатот беше во прекин. Полицијата ги пренасочуваше возилата по регионалниот пат Тетово – Скопје. Од 17.45 учесниците се заминати од блокадата, а сообраќајот нормално се одвива.

–Регулаторната комисија веднаш да ја стави вон сила одлуката за зголемување на цената и да ја намали цената за 46 отсто. Второ, Владата да го укине монополот на услугите за ЕВН и да стави крај на нечовечкото однесување кон потрошувачите, како и да го намали данокот на додадена вредност од 18 на 5 отсто. Собранието да ја укине Регулаторна комисија бидејќи служи само за апетитите на бизнис-групациите кои сериозно го оштетуваат семејниот буџет на сиромашните граѓани. Последно, четврто барање, е Собранието да формира независен арбитрарен орган кој ќе го верификува квалитетот на услуги и ќе адресира поплаките на граѓаните на ваквите корпоративни рекетарски компании, истакна претставниците на одборот за барањата.

На 14 август во Тетово организацискиот одбор организираше граѓански марш од три локации до градскиот плоштад. Една недела пред тоа се протестираше на плоштадот. Ноќта на 14 август во Тетово беа запалени и две возила на ЕВН.

(Видео) Неверојатно: Копачи на злато пронашле две големи парчина на исто место- еве колкава е нивната вредност

Копачи на злато на југото од Австраија пронашле две големи парчиња вредни околу 350.000 австралиски долари, односно 250.000 американски долари.

Вкупната тежна е 3.5 килограми, а златото било пронајдено во близина на Тарнагула, Викторија.

Брент Шенон и неговиот роднина Итан Вест го пронашле златото со помош на таткото на Итан, Пол Вест. Златото би можело да достигне и до 30% повисока цена, ако за него се заинтересира некој колекционер.

“Го пронајдовме на недопрено подрачје, каде никој претходно не истражувал”.

(Фото) Ckaндал во Грција: Уaпceн е капитенот на Манчестер Јунајтед- се тeпaл со туристи и со полициjaта

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, yaпceне на грчкиот остров Миконос, пренесуваат британските медиуми.

Фудбалерот се тeпaл со британски туристи, а потоа ја нападнал и полициjaта.

Полицијата ноќта меѓу среда и четврток добила дојава дека две групи Англичани се судриле пред еден од клубовите. Кога полицајците пристигнале на лице место, три лица ги навредувале, а потоа и физички ги нападнале. Меѓу нив бил и играчот на Јунајтед.