дома блог страница 2436

Денecка е голем пpaзник: Hapoдни веpyвања и oбичаи за подобap пpocперитет

Денес македонската православна црква и верниците ги слават светите маченици Аникитија и Фотија.

Светците Анкита и Фотиј се повикуваат на молитви за време на Евхаристијата и осветувањето на вода, а народот верува дека на овој ден треба да кажете еден вид проповед за да се „подобрите“.

Проповедта што треба да ја кажете денес:

– Научете да ги почитувате и сакате малите и едноставни луѓе. Најмногу ги има на земјата; има најмногу од нив во царството Божјо. Тие немаат гордост, т.е. основно лудило, од кога страдаат душите на богатите и моќните на овој свет. Тие ја извршуваат својата должност во овој свет честопати совршено, а сепак им се чини смешно, кога некој ќе ги фали за тоа; додека благородниците бараат пофалби за секое свое дело, често и несовршено направено.

Житите на светите маченици Анкита и Фотиј:

Царот Диоклецијан еднаш го посети градот Никомидија со зла умисла да ги истреби наполно христијаните. Па кога почна бездушно да ги измачува, пред него застана свети Аникита, кој беше еден од градоначалниците, и смело ја исповеда пред царот својата вера во Господа Исуса Христа, Бог воплотен во тело заради нашето спасение.

При ова, Аникита уште и ги разобличи идолите како глуви и неми камења на кои еден разумен човек е недостојно да им се поклонува. Разјарен, царот нареди и му го отсекоа јазикот. Но, со силата Божја Аникита и натаму говореше. Тогаш на него пуштија лав, но лавот се умилкуваше околу него. Во тој миг падна храмот на Херкул. Фотиј, роднина на Аникита, го виде овој случај и трпењето на Аникита, па го бакна Аникита, се објави себеси за христијанин и му возвикна на царот: „О идолопоклонику, засрами се, твоите богови се ништожници!“ Царот нареди веднаш да го убијат со меч. Но, кога крена рака на свети Фотиј, џелатот со мечот се удри самиот себеси и умре.

По долги маки и двајцата ги фрлија во затвор и лежеа таму три години. Тогаш ги изведоа, усвитија огромна печка и ги фрлија во оган. Мнозина христијани, мажи, жени и деца, своеволно влегоа со нив во огнот. И од огнот се слушна молитвата на христијаните со која Му благодареа на Бога за маченичката смрт. Сите пострадаа околу 305 година. Светите Аникита и Фотиј се повикуваат во молитвите на маслосвет и водосвет.

Огромен капиталец фотографиран во водите на Велешкото езеро

Фотографија на која се гледа огромен сом на површината на водата, се тврди дека е фотографирана денеска во водите на велешкото езеро „Младост“. Фотографијата е објавена од велешанец, кој на фејсбук има профил со име Nik Morisson.

Не е тајна дека на дното на велешкото езеро има огромни сомови, кои лежат, речиси неподвижни, вкопани во тињата и се хранат со помали риби. Но, ова е реткост сом да се приближи на површината на езерото, за да може да биде фотографиран. На фотографијата, на левата страна од сомот може да се забележи контура на уште една голема риба.

Момците од Велосипедски клуб “Илинден” од Прилеп растурија на првата трка сезонава: Константин Костоски и Андреј Маџоски најдобри во своите категории

Во организација на Велосипедската федерација на Македонија и МВК Велес, на 21.08.2020 се одржа првата трка за сезоната 2020 на Државното првенство хрнометар во Стоби.

Велосипедскиот клуб “Сервис Илинден” од Прилеп на оваа трка учествуваше со 5 натпреварувачи и то: Константин Костоски и Шукулоски Димитар во категорија до 13 години, Андреј Маџоски и Христијан Трпкоски до 15 години и Стрезовски Борјан во категорија кадети.

Во својата категорија најдобри завршија Андреј Маџоски во У15 и Константин Костоски во У13.

Останатите натпреварувачи забележаа добри пласмани.

На првата трка сезонава учествуваа 70 натпреварувачи во сите категории. Следна трка е државното ридско првенство во Битола кое ќе се одржи на 13.09.2020.

Честитки до момците кои по којзнае кој пат покажаа дека се едни од најдобрите во Македонија. Секако за нивните успеси голем удел има и нивниот тренер Драган Димитријоски.

Апасиеви го продаваат автомобилот, не е “Мајбах” ниту “Бeнтли” како од Заеви?

Деновиве неочекувано многу се зборуваше и пишуваше за тоа што вози претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев. Неговиот автомобил Алфа Ромео беше тема на разговор и претставен како “лукзуз” во кој ужива новоизбраниот пратеник во Собранието на Македонија.

И неговата сопруга, Тамара Јованов не остана имуна на овие случувања, па и таа на својот профил на фејсбук објави:

“Ако сакате да ви ја продадеме Алфата, зашто гледам дека се’ неа ја зборите. Ќе ви ја дадеме за 2000е, оти се подрасипува чат-пат, ама инаку е коска.

Па ние ќе си купиме друга (евентуално пак за 3000е), за да има за што да си правите муабет и за некое време, а и ние со што да се возиме, кога не не’ собира на точак сите четворица. Пс. За морализатори има посебен круг во пеколот”, напиша Тамара на својот Фејсбук профил.

Претходно со коментар се јави и самиот Апасиев, кој напиша:

“Само АЛФА мажјак вози Алфа Ромео на жена му”.

За разлика од Апасиеви, медиумите во минатото пишуваа дека членови од потесното семејство на Зоран Заев се возат во луксузни автомобили како: Бентли, Мецедес Мајбах и слично…

(Видео) Малите чуда на природата: Прошетајте низ пештерата со светлечки црви

Пештерскиот комплекс Виатомо е едно од најатрактивните места во Нов Зеланд и тоа поради необичните црви.

Светлечката пештера е мало чудо на природата.

Arachnocampa luminosa се вид на црви кои се наоѓаат исклучиво во Нов Зеланд. На нив имаат капки со леплива течност која им овозможува да се прицврсутаат на ѕидовите, а кога ќе настане целосен мрак, влакната, односно капките светнуваат за да привлекуваат други инсекти.

Погледнете го ова видео од 360 степени и посветете внимание на секој чекор во оваа неверојатна пештера.

Дали е возможен свет без опacни виpycи? Факт или фикција!

Според искуства од Шведска, вирусните заболyвања, па дури и заболyвањата како што е обичниот гpип, во најголем дел движејќи се низ воздухот, секоја година предизвикуваат огромни штети како и трошоци во здравствениот сектор а исто така и во секторите каде што отсуството од работа поради грипот е евидентно.

Виpycoт на гpип често се пренесува преку воздухот, на пример кога некој што е болен кашла или кива, и доклку се дојдe во контакт со виpycoт, може да се појави зapaза.

Pизикот од зapaзување е поголем внатре во затворена просторија, одколку надвор на отворено, и притоа се поставува едно од многу битните прашања: ДАЛИ Е ВОЗМОЖЕН СВЕТ БЕЗ ОПАСНИ ВИPУCИ?

Одговорот е: ДА во одредена мера, барем кога се работи за затворени простори како што се ДОМОТ, РАБОТНОТО МЕСТО, КАНЦЕЛАРИЈАТА, БОЛНИЦИТЕ, УЧИЛИШТАТА, ПРОДАВНИЦИТЕ, УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ итн.

Како технологијата на прочистувачите на водухот го исполнува овој предизвик?

Прочистувачите на воздухот кои се специјализирани за чист и здрав воздух, се во форма на прочистувач на воздух и инхибитор на виpycи што отстранува повеќе од 97 проценти од виpycите во воздухот во просторијата. Тие можат да оневозможат неколку од виpycите што предизвикуваат некои од најчестите виpycни инфекции, вклучувајќи го и виpycoт на гpип.

Тоа се постигнува со генерирање на негативно наполнети јони кои реагираат со честичките на виpycoт во воздухот, при што структурата на честичките на виpycoт се менува, што со други зборови значи дека нивната способност да зapaзатa скоро целосно исчезнува. Затоа е најдобро покрај домовите да се заштитат и работните места, училишта, болниците и секаде онаму каде што има движење и можност да се оставри таа заштита.

Со тоа визијата за општество каде pизикот од инфекциja со виpycи е скоро непостоечки, може да стане реалност, нормално доколку има иницијатива тоа да се оствари.

Со спречувањето на ширење виpycни заболyвања може да се постигне повеќекратна корист не само за поединците кои нема да се разболат, туку и за работодавачите кои ќе имаат корист од намалено боледување а и општеството како целина заради намалено оптоварување на системот за здравствена заштита.

Дознајте повеќе на следниот ЛИНК

Чудо на приpoдата или? Kaтepина пpeceче домат, а еве што пронajде во него (Фото)

Речиси и да не постои летно јадење со кое не се служи и салата од домати.

Меѓутоа, една фотографија од необичен дома стана вирална на социјалните мрежи. Имено, на неа се гледа како во доматот никнува друг плод, а што е причината за тоа?

Moже да се прочитаат најразлични коментари: од тоа дека се работи за ГМО производ, дека предолго бил чуван или дека бил подложен на влага. Што мислите вие?

Советот на општина Прилеп доби нов претседател и двајца нови советници

Советот на општина Прилеп денеска ја одржа својата 46 седница, на која на дневен ред имаше 49 точки

На местото на досегашните советници, Миле Талевски и Петар Ристески, кои се избрани за пратеници во Собранието на Република Македонија, Советот ги верификуваше мандатите на двајцата нови членови: Александар Чапкуноски од СДСМ и Кирил Ѓорѓиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Истовремено, на местото на Миле Талевски, за нов претседател на Советот на општина Прилеп беше избрана Еленче Ташкоска, од редот на СДСМ и коалицијата.

Новиот претседател на Советот на општина Прилеп, Еленче Ташкоска, рече дека и’ претставува голема чест, но истовремено и обврска што од денеска ќе го предводи општинскиот Совет.

„Изборот за претседател на Совет на општина Прилеп за мене претставува огромна чест, но и уште поголема одговорност пред граѓаните, Советот да биде место каде ќе се носат одлуки кои ќе го подобруваат животот на граѓаните. Во таа насока помина и 46 седница на која се разгледуваа 49 точки, кои што беа со цел подобрување на животот на граѓаните на општина Прилеп“, изјави Ташкоска.

На денешната седница, советниците дадоа согласност за Годишните планови за вработување во 2021 година на основните и средните училшта, како и на музичкото училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“.

Зелено светло добија и тримсечните извештаи за финансиското работење на јавните претпријатија „Водовод и канализација“, „Комуналец“ и „Пазари“, како и Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“.

Членовите на општинскиот Совет ја усвоија Програмата за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Прилеп за 2020 година, а на 110 здруженија на граѓани, фондации и спортски клубови, им доделија финансиски средства согласно објавениот јавен повик.

Oсум корисни совети кои ќе ви помогнат полесно да го заспиете вашето дете

Понекогаш децата не заспиваат брзо и тоа може да биде голем проблем. Можат да поминат часови додека заспијат, но овие совети сигурно ќе ви помогнат да го забрзате процесот.

1. Оброк со туна

Туната е полна со серотонин и мелатонин кои ни помагаат да спиеме подобро, па можат да му помогнат и на вашето дете. Храна како пилешко, сирење, јајца, ореви и млеко е исто така богата со серотонин.

2. Звукот на правосмукалката

Последното нешто што сакате да го правите кога вашите деца спијат е чистење со правосмукалката, но верувајте дека звукот е всушност добра бучава која му помага на немирниот сон. Звукот на правосмукалката создава пријатна атмосфера и може да ги смири загрижените мисли.

3. Млеко пред спиење

Чаша млеко пред спиење е долга традиција, но дадете му млеко на вашето дете еден час пред спиење.

4. Вежбање

Вежбањето е еден од најефикасните начини за намалување на адреналинот што резултира во подлабок сон. Оставете ги вашите деца да скокаат или што и да сакаат да прават пред спиење.

5. Користете лаванда

Кога детската соба ќе има мирист на чиста и студена атмосфера, тие ќе заспијат полесно. Затоа, нанесете етерично масло од лаванда на постелнините и пижамите.

6. Забрането е технологија пред спиење

Светлината од телефоните и таблетите му влијае на сонот, па затоа еден час пред спиење исклучете ги сите уреди.

7. Зборувајте за нешто интересно

Наместо да имате важни разговори пред спиење, зборувајте за нешто интересно и смешно.

8. Не зборувајте за проблемите на училиште

Иако е важно да разговарате со вашите деца за какви било проблеми да имаат, не правете го тоа пред спиење.

Дoceтливи скопjaни: Имаме ли доволно бoja за вака да ги обележиме кpaтepите во Пpилеп? (Фото)

Досетливи граѓани од главниот град со боја ги обележале кратерите на патот кој води до Водно

Целта на оваа акција според тоа што се споделува на социјалните мрежи е да се упати порака до градските власти, да реагираат и да го обноват целосно уништениот асфалт.