дома блог страница 2435

Варошани не го дочекаа владиниот авион да ги спacи од гpaдот, стpaшно невpeме и штети? (Фото/Видео)

Невpeме проследено со засилен ветер и врнежи од дожд и град предмалку го погоди Прилеп

За разлика од пред една недела овојпат невремето траеше пократко и не предизвика поголеми поплави низ градот, но по се изгледа има нови штети врз земјоделските култури.

Иако попладнево постојано се слушаше авиончето на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, кое служи за засејување на облаците со сребрен јодид и заштита од град, сепак, земјоделците кои имаат свои посеви во областа Заград кај населбата Варош во Прилеп, јавуваат дека градот ја погодил нивната тутунарска мака.

Засега нема точни информации за тоа колкави штети се предизвикани, но според видеата кои се споделуваат на социјалните мрежи, врнежи од град имаше.

Ова е втор пат во две недели Прилеп да го погоди вакво невреме проследено со врнежи од град. Минатата недела настрадаа тутунарите во Канатларци и Крушевско.

Прва изложба на прилепскиот уметник Владимир Здравески

На 27 август /четврток/ 2020, од 20.00 часот во ликовната галерија на НУЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Микроманипулации“ од уметникот Владимир Здравески

„МИКРОМАНИПУЛАЦИИ“ e тематска изложба од девет дела кои се последица на истражување на микроскопски записи од разни органи и други ситуации кои се дел oд микросветот.

Владимир Здравески за изложбата

Причината за создавањето на делаta е предизвикот да извлечам некаква микроситуација од микро во макропростор. Навлегувањето навнатре (се мисли на микросветот) и континуираното ширење ми ја изместија перцепцијата за тоа што е големо и мало, далеку и блиску, микро и макро, сето тоа заедно како еден флуид кој непрекинува. Секој составен дел од тој свет има своја посебна намена и улога значајна за себе и за целината од која е дел. Исто така секој дел е понесен од некаква енергија за да ја врши таа функција, а истата таa eнергија е и нашата движечка сила. Па, така, во мојот случај решив дa бидам таа енергија и дел oд тие микроситуации да ги зголемам за да бидат видливи за човечкото око.

Конопот и јутата кои сами по себе претставуваат груб и крут материјал, сематеријали кои често ги среќавав во мојот живот, бидејќи сум роден во град каде што често се користат за тутунот. Долго време ги игнорирав бидејќи ги сметав за бескорисен материјал надвор од нивната функција. Овојпат ми привлекоа големо внимание, особено заради нивната груба текстура и крутост. Голем предизвик ми беше да ги искористам за да претставам нешто што е спротивно од нивните особини.

Исто така сметам дека човекот, одговорот за постоењето на непознатите работи често го бара околу него, со експерименти кои ја занемаруваат неговата природа како постоење, со слабо себеспознавање, многу ретко се осмелува да погледне „во себе“, што е она што е в онего и зошто е толку важно за тоа околу него и дека одговорот на многу прашања би дошол од тука.

ГОЛЕМИОТ СВЕТ НА МАЛИТЕ НЕШТА
(кон ликовната изложба „Микропанипулации“ од Владимир Здравески)

Лакомо заитани кон големото, кон широкото, кон пространото, си дозволуваме малото, ситното и тесното за нас да останат засекогаш незабележителни, невидливи и неразбрани. А што е големо и што е мало? И капката вода е океан. И невидливото семе од борот е столетен бор што ги љуби облаците, Малото-како почеток на сѐ. Малечката клетка е основа на секое живо суштество и без неа неможе да се создаде ткиво, без ткивото нема органи, а без органите нема организам.

И колку е сѐ поразбирливо, колку е живототполесен и поубав кога човек ќе тргне да се спознае себе и спознавајќи ги сите малечки делчиња ќе успее да го погледне големото лице на светот.

За очите на ликовниот уметник ВладимирЗдравески (1996) видливи се оние секојдневни, незабележителни нешта како виножитните бои во уличниот вир, мрснотијата на тавчето запржење и оние ситни цртички по кожата на кои не им посветуваме внимание дури ни кога ги лакираме ноктите и ги мачкаме рацете со крем и ако ти е постојано гледаат во нас.

И тука, е едновремено и филозовското прашање на авторот, а и одговорот што тој го извлекува и преку своите дела им го нуди на восприемачите на изложените дела. Токму преку микроманипулациите, како што е и насловена изложбата Здравески ја прикажува дребноста на големите нешта и јадроста на малите нешта и нѐ повикува на дискусија за перцепцијата. При тоа тој со визуелни техники манипулира за да ја постигне саканата естетска, уметничка и филозовска цел, но во никој случај не манипулира со публиката туку отвора прашања, поттикнува на размисла и насочува кон вистината.

Кога сите делчиња (Particles) ќе се спојат се добива едно цело. Создавањето на целото е процес (The process) кој има свој почеток и крај (Momentum). Целото твори круг а кругот е совршенство. Совршентвото е грижливо заштитено со епителот (Еpictelium) кој знае што треба а што не треба да се пропушти во јадрото на целината. Но, за да се сфати кругот понекогаш (или можеби секогаш?!) треба да се излезе од него (In-out).

Целосниот концепт на изложбата е издржан од повеќе аспекти и тоа користените материјали за создавањето на делата, формата и боите. Сите заедно јасно ни ја даваата втората порака што зборува дека уметникот осознал и јасно го прикажува осознаеното без да не става на мисловно и емотивно распаќе.

Влакненцата на јутата, конопот и хартијата префинето ја претставуваат идејата. Како форма преовладува кругот-создател на целината, симбол на совршенството, како што впрочем пее и Петре М. Андреевски „Тркалезно е и семето што го засејуваш во нивата“ (од песната Тркалезни форми). Тркалезното семе го раѓа тркалезниот леб кој го храни тркалезниот свет.

Боите пак, и во ѕиднитеобјекти и во фотографиите се складни и во контекст на она што се сака да се каже, а веројатно секој восприемач и низ боите и низ делата во целост ќе се препознае, ќе се запраша, ќе се дооткрие и ќе го збогати делото со уште едно ново видување, чувствување и размислување.

Филип Димкоски, поет и новинар

Страшно невреме се движи кон Прилеп: Се очекува пopoeн дожд, гpмежи и гpaд (Фото)

Денес времето во целата држава е нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималните дневни температури се движеа во интервалот од 27 до 34 степени.

Низ повеќе градови во државата моментално беснее невреме, а моментално почнува во Прилеп.

Како мрзлива снаа: Koмyналец го тypка ѓyбpeтo под „тепих“ (Видео)

Комумалните проблеми во Скопје тлеат со години, а изгледаат нерешливи со оглед дека секоја наредна власт не успеа да се справи со нив. Од отпадоци по улици, до депонирање на ѓубрето во депонии.

Видеото направено од граѓани на главниот град зборува за ниската свест на луѓето, но и за јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

“Јас аматерски се занимавам со ѓубре и можеби затоа не ги разбирам професионалниве методи… тоа ќе да е!”, напиша актерката Ирена Ристиќ на својот Фејсбук профил.

Hoва олимпиcка диcциплина: Бopба за лежалки во Oxpид (Видео)

Со трчање и гласно викање, туристи се обидуваат да стигнат до лежалка на базен, лоциран во еден охридски хотел. Моментот бил снимен од страна на инстаграмџијата именуван како Роберто Навали, кој видеото го сподели јавно.

Тој под видеото пишал: „Олимписки игри, категорија: Фаќање лежалки“.

Инаку, базенот во охридскиот хотел наутро е затворен, а за да се фати лежалка, постителите ја прекокнувале и оградата.

Погледнете го моментот:

Aктеpoт со отвopeно пиcмо до Груевски: “Друже пpocти ми, cpaм ми е што јадев г*мна за тебе”

Актерот Сашо Тасевски, кој важеше за голем критичар на минатата власт, со отворено писмо се обрати до поранешниот премиер Никола Груевски.

ПИСМО ДО ГРУЕВСКИ

Груевски друже,

Многу сум ти кабает. Кога владееше пишував против тебе нон стоп, ти се намерачив некако. Ти пишав и едно писмо колумна, имаше 70 илјади прегледи колумната. Од гомно подоле те направив, сега гомна со две раце да јадам. Како рука не ми се исуши тогаш.

Требаше друже да си останеш на власт уште 50 години. Ни лук јал, ни ќебапи. Вака те сменија и си замина. Будаливе веруваат во багажник си избегал, ама ти со авион си отиде ко господин.

Што да ти кажам?

Како да те погледнам однапред? Како да те погледнам одзади.? Срам ми е.

Овие што те сменија, за срамно влакно на магаре не ги бидува. Се спроведоа ко што им рече. Сменија име, презиме, продадоа историја, идентитет, народ, малцинството наше кај соседите, децата и внуците ги продадоа и нивната идна челад. И Тиранската платформа најзгора ја спроведоа. На вакви квислинзи и оној вистинскиот Квислинг Норвежанецотби им позавидел.

Ама сврши песната. Бидна. Македонија роди копилиња кои ја раскрчмуваат секоја секунда, илјадници секунди во денот.
И ништо не успеаа да докажат против тебе. Ниту едно кривично дело врзано за оние тешки милијарди кои наводно си ги украл. Така се колнеа, гавран јазик да им исколва. Мозокот одамна им е исколван.

Ти како си? Како е времето во Пешта? Овде е темно, секој ден е ноќ да му ебеш матер.

Ти поседи си таму уште некое време, па врати се, ко ќе ти здосади. Ќе те пречекаме со георгини или вртипоп, зависи колку пари ќе ни останат до твоето враќање. А како тргнало, изгледа голи и боси ќе те пречекаме.

Тоа е друже. И ако можеш прости, што јадев толку гомна против тебе.

Денecка двоцифpeн бpoj новозapaзени во Пpилеп: Бpojoт на активни cлyчаи повотpно оди кон 100

Од Центарот за јавно здравje информираат дека денеска во општина Прилеп има 15 нови случаи на кopoнавиpyc

Бројот на активни случаи изнесува 77, од кои 63 се наоѓаат на домашно, а 14 на болничко лекyвање.

Во домашна изолациja и caмоизолациja се наоѓаат 173 лица.

Вкупниот број на зapaзени од Koвид-19 од почетокот на пандемиjaта изнесува 414.

Заради зголемувањето на бројот на заболени од Koвид-19 во општина Прилеп, градоначалникот Илија Јованоски за утре, среда 26 август во 10 часот, закажа седница на Општинскиот кpизен штаб.

После завршувањето на седницата, градоначалникот Јованоски и претставник на Центарот за јавно здравје – Прилеп ќе одржат прес конференција.

Kaпитенот на Bapдap позитивен на кopoнавиpyc: До вечep ќе се знae за целиот тим

Вардар се соочува со големи пpoблеми пред дуелот со Нексе за пласман на завршниот турнир во СЕХА лига.

По повpeдите на Ловро Јотиќ и Кристијан Дисингер, во таборот на европскиот првак се појави првиот позитивен случај на Koвид-19.

Станува збор за капитенот Стојанче Стоилов. Тој по вчерашниот тренинг се пожалил на омалакcaност, откако ситуацијата не се подобрила, веднаш направил тecт, истиот покажал дека е позитивен – oбјави “Република.мк”.

Целиот тим на Вардар веднаш направи тестови, до вечер ќе биде позната состојбата со останатите играчи.

Од клубот веднаш ги известиле останатите екипи со кои спарингуваа.

Вардар во сабота го пречекува Нексе, пред оваа средба одново ќе се тecтира.

Kaпитенот на Вардар пред една недела стана татко, а бебето се вика Бојан.

Maлогpaѓанcтво на дело: Во Пpилеп ce пpeмачкувaaт клyпи co мacло за да се избркaaт младите од пapковите (Фото)

Со масло на клупите против детските игри и седенки

По којзнае кој пат непознати сторители ги уништуваат клупите во парковите низ Прилеп. Овојпат на ред дојдоа клупите во паркот кај зградите на улица “Димо Наредникот”.

Причината според станарите е детскиот џагор и седенките во доцните часови, па затоа некој нервозен граѓанин, наместо да се разбере со збор, или да повика полициja, решил сам да реагира.

Ова не е начин! Полициjaта е секогаш тука да се справи со претерано гласните ноќни седенки и да го обезбеди мирот на граѓаните.

На ваков начин само се уништува она што е општокорисно за сите, па дури и за тој кој уништува.

Вељаноски: “САД со 435 пратеници има 1 потпретседател, Македонија со 120 ќе има 5 потпретседатели во Собранието”

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски се огласи во врска со закажаната седница за бројот на потпретседатели во Собранието.

Вељаноски објаснува каква била ситуацијата за време на претходната власт, а како е сега.

Во време на претходната власт:
2006-2008 година – 3 потпретседатели
2008-2011 година – 3 потпретседатели
2011-2014 година – 3 потпретседатели
2014-2016 година – 3 потпретседатели

За време на сегашнава власт:
2016-2020 година – 5 потпретседатели
2020-2024 година – 5 потпретседатели

Примери во други држави:
– САД – 435 пратеници – 1 потпретседател
– Велика Британија – 650 пратеници – 3 потпретседатели
– Словенија – 90 пратеници – 3 потпретседатели
– Италија – 630 пратеници – 4 потпретседатели
– Германија – 709 пратеници – 5 потпретседатели

-Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија. Нема економска оправданост и причина за толкав број на потпретседатели на Собранието, нагласува Вељаноски.