дома блог страница 2434

(Урнебесно видео) Шиле прска против комарци

Aктерот Душан Петровски, или Дукица Петрофф е вистински хит на социјалните мрежи кој постојано ги засмејува своите пријатели и следбеници

Тој секојдневно објавува интересни кратки видеа, а едно такво објави и вчера.

Погледнете, ќе ви го направи денот:

Денecка во Hoваци ќе се избиpa летен фолк хит 2020: Hacтапуваат 20 пejaчи и гpyпи, ќе следат над 100.000 гледачи

Со придржувањето на сите мерки за заштита од коронавирусот на 26 август ќе се одржи “Избор на Летен фолк хит 2020” во Манастирот „Рождество на пресвета Богородица“, Општина Новаци. На Фестивалот ќе настапат и Благица Павловска, Благоја Грујовски, Марјан Коцев, Татијана Стефановска, Ташко Каранфиловски, Влатко Алексовски, Сани Гроздановска…

На 26-ти август во среда со почеток од 20 часот во Манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Општина Новаци ќе се одржи “Избор на Летен Фолк Хит 2020”. И овојпат организаторите подготвија богата музичка програма и голем број изненадувања за присутните гости.

На Изборот за Летен Фолк Хит ќе настапат бројни познати музички имиња од македонската естрада и тоа: Благица Павловска, Татијана Стефановска, Сани Гроздановска, Стојне Николова, Слаѓана Столеска, Елена Јовческа, Оркестар Маестрал, Група Милениум, Чебрен, Алтенатор, Оскар, Благоја Грујовски, Марјан Коцев, Благојче Стојановски Туше, Борче Наумовски, Дарко Билбиловски, Дарко Стојаноски, Влатко Алексовски, Живе Мешуревски, Мартин Ангелевски, Акси и Профа Бенд, Силвана Крстовска, Сандра Милковска, Дани и Тик Так, Цаки Кисми, Ташко Каранфиловски, Даниел Сидовски, Златко Петрески, Оливер Лозаноски, Игор Андреевски.

Во ревијалниот дел на големо задоволство на публиката, концерт ќе одржат Анета Мицевска и Молика ONE.

Најдобриот Летен Фолк Хит и овојпат ќе го избира публиката, а првите три песни кои ќе имаат најголем број гласови ќе освојат и парична награда.

Организатори на оваа манифестација се Здружението за мода “Пикси студио”, Општина Новаци, како и Сателитската ИН Телевизија која што ќе го пренесува фестивалот во живо.

Оние лица кои што нема да бидат во можност да присуствуваат на Фестивалот, покрај на ИН ТВ, истиот ќе може да го следат во живо на јутјуб и фејсбук.

На фестивалот ќе настапи и Златко Петрески од Прилеп, кој неодамна ја изваде најновата песна “Пиво ми се пие”.

Познато кога ќе почне школската година

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на новинарско прашање за стартот на учебната година рече дека ќе има зкаонски измени и дека ќе почне од 1 октомври.

-Почетокот на школската година ќе биде на први октомври, ќе почне со селекција на дел од децата кои треба да ги описмените, онлајн наставата е концепт за сите.

Следат и законски измени. Министерот Адеми изјави за 15 септември, но на први септември не почнува школската година. Заради здравствени протоколи почетокот ќе биде на први октомври, рече Заев.

Aхмети ги поздрави Македонците: И една година да трае владата на Заев, ќе имаме пpeмиep Aлбанец

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети во емисијата „Клик Плус“ на телевизија ТВ21 изјави дека дури и да трае оваа Влада една година, последните 100 дена на чело на Владата ќе имаме премиер Албанец кој ќе биде предложен од страна на ДУИ.

-И една година да трае партнеството со Заев, последните 100 дена ќе имаме премиер Албанец предложен од ДУИ, рече Ахмети.

Земјата ќе го има првиот премиер Албанец, додаде тој, макар и за 100 дена, а сите мислеа дека не можеме да го направиме тоа.

Bладиката Aгатангел со повик за пpoтecт вo недела: Да за HATO и EУ, но не пoнижeни (Видео)

Митрополитот повардарски Агатангел ја прифати поканата од, како што вели, разочарани луѓе, и повика за масовно учество на „семакедонскиот собор“ в недела од 17 часот пред Делегацијата на Европската унија во Скопје.

„Европа за нас Македонците не треба да биде срам и понижување. Европа треба да биде гордост и така сакаме, со крената глава, достоинствено да влеземе во Европа. Не со промена на нашето свето македонско име, со непочитување на нашиот македонски јазик, непочитување на нашиот македонски идентитет“, порача владиката.

„Сакаме да му покажеме на светот дека ние Македонците не сме ни против НАТО, ни против влегување во Европската унија, но сето тоа сакаме со крената глава, достоинствено. И тие што ќе ја претставуваат нашата земја таму со гордост да седат на тие столчиња“, додава тој.

„Да го искажеме нашето незадоволство кон сите оние предавници, кон сите што нè изневерија. Ги гласавме за да ја водат оваа наша света македонска земја кон светлината, а не да нè турнат во темнина, во срам и во понижување“, нагласува Агатангел, кој со митрополитот преспанско-пелагониски Петар го предводеше и маршот на 28 февруари 2018 година за зачувување и почитување на македонскиот идентитет и јазик и на Уставот на Република Македонија.

Соборот в недела ќе заврши пред Собранието.

Kaталонски медиyми: Mecи одлучи, познато каде ќе ја пpoдолжи кapиерата

Спортската јавност ја раздрма веста дека Лионел Меси сака да ја напушти Барселона по поминати 20 години во клубот.

Сега во медиумите се појавуваат и нови детали и информации.

Каталонските медиуми, “RAC1” пред сите, обајвуваат дека Меси го одбрал клубот во кој сака да ја продолжи кариерата.

Како што се наведува, тоа е Манчестер Сити на чија клупа седи Пеп Гвардиола.

Медиумите јавуваат дека Меси пред три дена го контактирал својот поранешен шеф и ја изразил својата желба да оди на Островото.

Меси и Гвардиола соработуваа во Барселона во период од 2008 до 2012 година, а многумина сметаат дека токму тогаш екипата била најдобра, односно најдоминантна во историјата на фудбалот.

Тандемот Панчо Минов и Зекир Рамчиловиќ повторно се состави во Собрание: Ги носат новите дресови?

Собранието вечерва го верификуваше мандатот на пратеникот Зекир Рамчиловиќ кој доаѓа на местото на Љупчо Николовски кој пак треба да биде дел од новата влада како вицепремиер за бopба пpoтив коpyпциjaта.

На нова седница е констатирана и оставката на Радмила Шекеринска, која исто така ќе биде во новата влада како министер за одбрана. Повторно, ќе се чека информација од Државната изборна комисија за името на новиот пратеник кој треба да дојде на местото на Шекеринска по што ќе биде верификуван неговиот мандат.

На седниците за верификација на мандатите не присуствуваат пратениците од опозицијата бидејќи според нив постапката е неделовничка, а верифиакцијата се врши врз основа на извештај на ДИК, а по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, а не по предлог на Верификационата комисија.

Претходно, Собранието ја констатираше оставката на мандатарот Зоран Заев.

Истата постапка за верификација на мандатите ќе се примени и за останатите пратеници кои треба да бидат дел од новата влада.

(Видео) Во ЕУ се вози на автопилот

Автопилот

Според коментарите видеото е снимено некаде во Софија, главниот град на соседна Бугарија…

Турците помножени со нула? Ромите бетер, ама макарони и салами добијаа?

Сојузот на турски невладини организации во Македонија, МАТУСИТЕБ, преку отворено писмо до лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изразува разочараност од тоа што во предложениот состав на новата влада,, нема ниту еден министер од турска националност.

Како што истакнуваат од МАТУСИТЕБ, таквата постапка кај нив, но и кај целото турско население во Македонија предизвикува чувства на исклученост и дискриминација кај Турската заедница во Република Македонија.

Како што се истакнува во писмото, Турците во Република Македонија секогаш придонесувале за економски развој на земјата, јакнење на социјалната структура, збогатување на културата и обезбедување стабилност и духот на единство потребни за државата.

Во период кога стануваме членка на НАТО и се приближуваме кон членството во ЕУ, од нашата земја се очекува да ги прифати вредностите на овој Сојуз и Унија, како и да ги исполни условите за членство. Сепак, фактот дека на Турците не им се дадени нивните уставни права на потребното ниво за време на процесот на почнување преговори за членство во ЕУ создава длабока загриженост дека ситуацијата ќе се влоши – стои во писмото на МАТУСИТЕБ.

Во продолжение целото писмо на МАТУСИТЕБ.

До: Почитуван Зоран ЗАЕВ
Генерален Претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија
Предмет: Отсуство на турски министер во владиниот кабинет

Почитуван Зоран Заев,
Фактот дека ниту еден турски министер не е вклучен во списокот со предлози на имињата на министрите кои ќе учествуваат во кабинетот што го објавивте како резултат на преговорите со другите партии по добивањето овластување за формирање влада од страна на претседателот Стево Пендаровски, На крајот на проблематичниот политички процес по предвремените Парламентарни избори одржани на 15 јули 2020 година, длабоко го растажи турското општество што живее во Северна Македонија.

Фактот дека Турците не се застапени на министерско ниво во владата на оваа мултирелигиозна, мултикултурна и мултиетничка земја предизвикува појава на чувства на исклученост и дискриминација кај Турската заедница во Р. С. Македонија. Како што би процениле и Вие, Турците во Р. С. Македонија имаат силна врска со оваа земја и се еден од најважните основни елементи на оваа дрржава. Затоа, турското општество отсекогаш придонесувало за економски развој на земјата, јакнење на социјалната структура, збогатување на културата и обезбедување стабилност и духот на единство што им требаше на државата и нацијата во критичните периоди. Покрај тоа, при преземањето екстремно вредни чекори на меѓународната сцена, како што се членството во НАТО и процесот на интеграција во ЕУ, кои се од големо значење за Северна Македонија,Турци кои живеат во ова земја не се двоумеа да направат најдобро и вистинско нешто за нашата земја.

Во период кога стануваме членка на НАТО и се приближуваме кон членството во ЕУ, нашата земја се очекува да ги прифати вредностите на овој сојуз и унија, како и да ги исполни условите за членство. Сепак, фактот дека на Турците не им биле дадени своите уставни права на потребното ниво за време на процесот на членство во ЕУ на нашата земја и дека турскиот министер нема да биде во идната влада, создава длабока загриженост дека ситуацијата ќе се влоши.

Ова несомнено ќе ја засени позитивната атмосфера на членството во НАТО и процесот на членство во ЕУ. Покрај тоа, додека проектот ЕДНО ОПШТЕСТВО кој претходно беше инициран од Владата на СДСМ, насочен кон заедничка иднина наместо етнички тензии и поставен како цел во процесот на пристапување во ЕУ, се очекува да биде гласот на малцинствата, денес изработи политика што ги исклучува Турците и другите немнозински етнички заедници во кабинетот, откривајќи голема криза на искреност.

Почитуван Заев,

Овој став му наштети на духот на принципот на „правична застапеност“ во Охридскиот рамковен договор, кој гарантира политичка стабилност во С. Македонија на правна основа. Фактот дека и Турците и сите други немнозински етнички заедници, кои не се вклучени во владиниот список на владата, се подложени на неправда и всушност ова открива голема противречност. Во пресрет на членството во ЕУ, Турците се соочија со овој став што ги исклучува сите немнозински етнички заедници, додека чекаа тенденција да ги добијат своите права и да имаат поголема
демократија.

За прв пат на Турците во Р. С. Македонија, кои отсекогаш ја преземаа улогата „мост„ и секогаш имаат конструктивна улога во односите помеѓу Република С. Македонија и Република турција, која е првата земја што ја призна независноста на Република Македонија. Оваа тема не треба да стане предмет на агенда во билатералните односи помеѓу Р. С. Македонија и Република Турција која отсекогаш се грижи за своите сонародници низ целиот свет. Турците кои живеат во Р. С. Македонија претпочитаат да бидат фактор што развива и ги интензивира врските помеѓу овие две земји, а не проблем што го успорува секое прашање на односите Турција – Р. С. Македонија. Ние како Сојуз на турските невладини организации во Македонија – МАТУСИТЕБ, најголема, најорганизирана и најинклузивна институција на Турската заедница од областа на граѓанското општество, Се надеваме дека ќе ја разгледате оваа одлука пред да формирате влада, да ги земете предвид нашите чувствителности и грижи што ги споменавме погоре и да преземете соодветни активности за релевантните прашања.

Со почит, Хусрев ЕМИН Генерален Претседател на МАТУСИТЕБ

Пpилепcкa иновациja каква не сте виделе дoceга (Фото)

Електpичен столб паднат и потпpeн со дpво на улицата “Пане Талески” во Прилеп

Според она што го кажуваат жителите од оваа улица, бандерата паднала откако камион товарен до дрва ги запнал жиците.

Бандерата потоа се обecила на дел од жиците, а за да не падне на асфалтот, ја потпреле со дрво.

За среќа нема повpeдени и е избегната поголема нecpeќа.