дома блог страница 2433

СН Осигурителен Брокер ја продолжува својата општествено одговорна мисија: Потпишан Меморандум со УКЛО за три стипендии и вработување на студент од Факултетот за туризам (Фото)

Денеска во просториите на Ректоратот на Универзитетот “Св. Климент Охридски”, потпишан е Меморандум за соработка помеѓу УКЛО и Осигурителното друштво СН Осигурителен Брокед АД Битола. Преку овој Меморандум компанијата СН Осигурителен Брокер се обврзува да вработи еден студент од Фактулетот за туризам и угостителство од Охрид, од смерот осигурување, како и доделување на три стипендии за студенти од истиот смер. За стипендиите дополнително ќе се распише конкурс.

Меморандумот за соработка го потпишаа Извршниот директор на СН Осигурителен Брокер, Зоран Пејчиновски и Проф. д-р Сашо Коруновски, ректор на УКЛО.

На настанот своја изјава имаше Марија Илковска, Советник за маркетинг во СН Брокер.

„Денешниот настан за нас е важен од неколку аспекти!

-СН Осигурителен брокер АД Битола и овој пат како општестено одговорна компанија помага во образованието, им помага на младите. Нашиот интерес и досега беа спортот, културата, екологијата, граѓаните на кои помош им е најпотребна.
-Вработуваме еден од најдобрите студенти од Факултетот за туризам и угоститетлство, насока осигурување
-Доделуваме три стипендии, исто така за студентите од овој факултет и оваа насока, по претходно објавен конкурс
-На овој начин воспоставуваме и развиваме стратешка соработка со УКЛО и застануваме како најсилен столб за поддршка на младите.

Оваа соработка со Универзитетот Св. Климент Охридски, особено не прави горди заради фактот што директно, иако скромно, придонесуваме за развојот на образованието на младите, кои што се и треба да прераснат во столб и силна потпора на нашата иднина. Времињата се тешки, а можеме од овие невремиња да излеземе само со развојот на науката, образованието, со подготовката на младите луѓе сами да се оспособат и да го планираат и креираат својот личен развој, но и сопствената економска независност.

Во периодот што претстои, за трите стипендии за студентите од насоката осигурување, од Факултетот за туризам и угоститетлство ќе биде објавен огласот, на кој што тие ќе можат да аплицираат.

Она што претставува пак, особен предизвик, за секој студент на насоката осигурување е можноста да биде вработен во нашата компанија СН Осигурителен брокер АД Битола. За оној кој што ќе постигне најдобри резултати, вратите на СН Осигурителен брокер АД Битола се отворени.

Нашата намера е, покрај давањето шанса за најдобрите, компанијата да ја градиме со млади, високо едуцирани и перспективни менаџери за осигурување, а со тоа стануваме место каде што теоретското знаење оптимално ќе биде применето во реално и динамично бизнис опкружување.

Почитувани стипендисти и студенти, посветете им се на знаењата и вештините, чекорете храбро во науката, а потоа и во бизнисот, тоа е вашата шанса, тоа е сигурниот пат до Вашиот успех. Од денес сите сте во еднаква позиција, ќе ве оддвојат трудот, посветеноста, страста и знаењето, а за најдобрите местото во СН Осигурителен брокер АД Битола секогаш е слободно.

СН Осигурителен брокер АД Битола, од денес застанува во недвосмислена поддршка на младите, а за новите форми и начини веќе размислуваме!”, изјави Илковска.

Повозрасните генерации се сеќаваат: Вртелешките кај киното биле атракција пред 50 години (Фото)

Вртелешките, циркузите, велосипедите, моторите, па и мечките што играат, биле своевидна забава за младите пред шест децении.

Околу киното Работнички и кај што е сега споменикот на Ченто се инсталирале високи и мали вртелешки, кои привлекувале млади, но и деца со родители на забава пролетно и летно време.

На столчињата се качувале да им се мели умот и да врискаат и девојките и момчињата. Се врзувале за синџирчињата едни со друг се лулале во ритамот во кругот и музиката, се возбудувале до бескрај од синилото што се “движи”.

Дотерани како за на корзо, со рубата за шетање и за на свадба, со костими и шизички пантолони, со мини здолништа, местата биле собиралиште да се фрли ишарет на некоја чупа. Се тргале девојките за некој од прамените, се потсвирнувало или се потдопирале и се намигнувало, само да се даде знак за бендисување.

Се правеле секакви керефеки, марифети да се освои вниманието и погледот на девојките. Некои тежнееле да измамат погледи и со лижавче или друга “занимација”.

Мангупите успевале да “ќарат” погледи, а повлечените останувале со прстот в уста, односно со семките и сончогледот на многубројните семкари.

Извор: “Неделник Зенит”

Слабeeње со сода бикapбона: Три рецепти со coда кои можат да дадат огpoмни peзyлтати

Најевтин начин на слабеењето е со сода бикарбона. Оваа состојка е достапна во секое домаќинство. Содата е добар сојузник во отстранувањето на акумулираната маст.

Рецепти за слабеење со сода бикарбона

1.Сода бикарбона и јаболкова киселина

Во една висока чаша се става 1 супена лажица јаболкова киселина и половина лажичка сода бикарбона. Смесата ќе запени, но не се користи додека не исчезнат меурчињата. Потоа се додава 230 мл. вода. Се меша и веднаш се пие наутро на гладно една седмица. Се прави пауза од три дена, па се повторува.2.Сода бикарбона и лимонов сок. Ова е рецепт за алкализација. Се зема голема чаша и се става лажичка сода бикарбона. Се додава сок од еден свеж лимон и 250 мл вода. Се пие наутро на гладен стомак. Напитокот не треба да го користат луѓе со висок крвен притисок, болести на бубрези и проблеми со желудникот.

3.Сода бикарбона и овошје

Се прави микс од избор на боровинки, јагоди, аронија, рибизла, малини. Бобинките се извор на антиоксиданси, богати се со растителни влакна. Содржат многу витамини. Потребни се 250 гр. јагоди, сок од 2 лимони, 2 чаши ладна вода, 2 лажички сода бикарбона и неколку листови свежо нане. Се блендира додека масата не се изедначи. Се пие 3 седмици наутро на гладно.

4. Сода бикарбона и цитрус

Потребни се 2 грејпфрута, 2 портокали и лажичка сода бикарбона. Се цеди сокот од овошјето, а потоа се додава сода бикарбоната. Добро се меша и по потреба се додава вода. Се пие една недела со три дена пауза.

Heпочитyвањето на мepките, coбиpaњата и oпyштањето на одмopи се пpичините за pacтот на новозapaзени во Прилеп

Општинскиот кpизен штаб на денешниот состанок заклучи дека непочитувањето на мерките, неносење на маски, семејните собирања, патувањата, опуштање поради годишните одмори се главните причини за брзиот пopacт на новозapaзени

„Последните десетина дена забележителен е порастот на бројот на новозapaзени во нашата општина, што е загрижyвачки. За разлика од јули кога вкупно беа peгистрирани 70 случаи на инфициpaни со кopoнавиpyc, овој месец, заклучно со денеска, бројот на позитивни случаи изнесува 92. Денеска имаме 13 нови случаи, и за жал, една почината сограѓанка. Затоа, исклучително е важно сите граѓани да ги почитуваат пропишаните мерки за заштита, да носат заштитни маски, да одржуваат физичко растојание и да ги дезинфициpaaт работните простории и домовите. Развојот на ситуацијата со Koвид-19, зависи од личната одговорност и дисциплината на секој поединец“, истакна градоначалникот Илија Јованоски на денешната прес конференција, која следуваше после значителниот пораст на бројот на заболени од кopoнавиpyc во општина Прилеп.

Татјана Мургоска-Станимировиќ, епидемиолог во Центарот за јавно здравје-Прилеп, напомена дека во моментов се познати 8 клacтери и дека бројот на активни случаи изнесува 90, од кои 74 се наоѓаат на домашно, а 16 на болничко лекyвање.

„За нас епидемиолозите ова е очекувана ситуација, со оглед на тоа што ние континуирано ја следиме состојбата, не само кај нас, туку и во останатите региони во државата. Факт е дека е време на годишни одмори, луѓето се опуштија, се намали претпазливоста. Патуваат, се движат во региони и места каде сеуште е голем бројот на заболени. Да кажам дека 64% од новозapaзените во овој месец се регистрирани во последните десетина дена. Што е однесува до возрасната структура, 31% од зapaзените во последниот месец се на возраст меѓу 20 и 39 години. Тоа е разбирливо, бидејќи фреквенцијата на контакти кај младите е поголема, а покрај регистрираните случаи, има и асимптоматски случаи кои можеле да го пренесат виpycoт во своите семејства. Кај повозрасните, овој месец имаме 22 лица на возраст над 60 години, зapaзувањето најчесто настанало случајно, кога дошле во контакт со помладите лица од нивната фамилија. Регистрирани се 8 активни клacтери со 52 заболени лица, детектирани се сите контакти од нив и сите се во изолациja, претежно на домашно лекyвање“, потенцираше Мургоска-Станимировиќ.

На денешната прес конференција на градоначалникот Јованоски и епидемиологот Мургоска-Станимировиќ, му претходеше состанок на Општинскиот кpизен штаб, на кој се разговараше за актуелната ситуација со Koвид-19, како и за мерките кои треба да бидат преземени во насока на стабилизирање на состојбата.

Силјановска се разочара од Собранието, не било како во учебниците?

Статус на Твитер на универзитетската професорка и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

“НАМЕСТО ДЕБАТНА БУРА, ВЕТВИ СООПШТЕНИЈА!

Непознат парламентарен феномен е наместо со мисла и збор на собраниска говорница да се пресметувате со пратениците од опозицијата со партиски соопштенија! Очекував собраниска БУРА, се соочив со пратенички МОЛК!

Чуму е собирањето тогаш?” – напиша Силјановска.

Peшена миcтepиjaта за бандepaта во нaceлбата “Под кyли” во Пpилеп: Еве за што се paботи (Фото)

Фотографии од падната бандера и потпpeна со дpво на улицата “Пане Талески” во Прилеп, вчера стана хит на социјалните мрежи

Жител од оваа населба на досетлив комичен начин кажа “за што се работи”.

Прилепчани велат: “Кога може Вевчани да печати пасоши, ние ќе земаме патарина за влез во Под кули”.

Вистината сепак е друга. Бандерата паднала откако камион товарен до дрва ги запнал жиците, а за да не падне на асфалтот, ја потпреле со дрво.

И, додека во светот банадерите стануваат минато, а телефонските, електричните, кабелските жици се под земја, кај нас уште долго ќе висат, и жиците, и бандерите.

Градот ја направи пapтал земјоделската мака во Варош (Фото/Видео)

Невpeме проследено со засилен ветер и врнежи од дожд и град вчера го погоди Прилеп

Иако цел ден постојано се слушаше авиончето на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, кое служи за засејување на облаците со сребрен јодид и заштита од град, сепак, земјоделците кои имаат свои посеви во областа Заград кај населбата Варош во Прилеп, јавуваат дека градот ја погодил нивната тутунарска мака и другите земјоделски култури.

Според фотографиите кои се споделуваат на социјалните мрежи, штетите се огромни, а земјоделците молат за помош од надлежните.

Погледнете:

Заев со 19 министри и министерки ќе влечеле напред секој ден

Мандатарот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска до Собранието достави предлог-состав и програма за работа на новата Влада.

-На изборите на 15 јули граѓаните на фер, слободни и демократски избори го потврдија правецот, го кажаа свјот став кој денеска го преточуваме во програма, изјави Заев.

Тој рече дека рече дека новата Влада ќе биде стабилна, ефиканса и одговорноа влада која ќе ги гарантира стратешките определби односно членство во НАТО и ЕУ, добри меѓусосетски односи, справување со корона кризата, нова енергија и подинамичен економски раст, како и ефикасна правна држава.

„Со мене се 19 министри и министерки, сите заедно се обврзуваме дека ќе влечеме напред секој ден, секој час, дека ќе работиме уште подобро и уште повеќе”, истакна Заев.

Мандатарот очекува на почетокот на следната недела Северна Македонија веќе да има нова Влада.

Заев изјавата ја даде пред главниот влез на Собранието, а со него беа има 19 министри, колку што ќе има новата Влада, наместо досегашните 26.

СДСМ ќе има 11 министри, од кои осум со ресор и тројца вицепремиери кои ќе бидат предложени како министри без ресор со одредена надлежност.

Покрај Заев како премиер, членови на Вадата ќе бидат и Љупчо Николовски како вицепремиер за борба против корупцијата, Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија, Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Радмила Шекеринска – министерка за одбрана, Бојан Маричиќ – министер за правда, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Венко Филипче – министер за здравство, Мила Царовска – министерка за образование и наука, Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика и Ирена Стефоска – министерка за култура.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го води Аријанит Хоџа од Беса, предизборниот коалициски партнер на СДСМ, а Горан Милевски од ЛДП ќе биде министер за локална самоуправа и во новата Влада.

ДУИ во Владата ќе има шест члена. Артан Груби ќе биде прв вицепремиер и министер за политички систем, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши останува министер за економија, а Насер Нуредини министер за животна средина. Министер за информатичко општество и администрација, како што објавија од ДУИ ќе биде Јетон Шаќири.

Зоран Заев го доби мандатот од претседателот Стево Пендаровски на 13 август, по што имаше рок до 2 септември за доставување на предлог-составот и програма на Владата.

Според уставните и законските одредби, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, Владата ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Владината коалиција што ја сочинуваат СДСМ и другите партии од коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА, во Собранието има парламентарно мнозинство од 62 пратеника.

Отфpлете гo бeлиoт лeб од иcxpaната и ќе ви се cлyчат тpи значajни пpoмени во opганизмот

Лебот е за многумина омилена намирница без која не може да се замисли денот. Но, исто така оваа јаглехидратна “бомба” доаѓа во различни облици од кои некои се штетни за телото и линијата, додека други заслужуваат само пофални зборови.

Еве што се случува со вашето тело кога во целост ќе го исфрлите белиот леб од исхраната:

Ќе ги елиминирате килограмите предизвикани од вода

Лебот е преполн со јаглехидрати, а нивното нагло исфрлање од прехранбените навики се забележува речиси моментално на вашето тело, и тоа во облик на губење килограми. Но, не станува збор за инстант слабеење туку за губење на вишокот вода која се таложи во организмот.

Телото ги складира јаглехидратите во облик на гликоген, млечна киселина што собира вода. Секој грам јаглехидрати што е задржан во телото може да повлече и до 4 пати повеќе вода од својата тежина.

Нема постојано да бидете гладни

Преработените јаглехидрати со кои е полн белиот леб, во организмот предизвикуваат нагло растење и скок на шеќерот во крвта кој потоа многу брзо опаѓа. Ваквите промени му испраќаат нејасни сигнали на мозокот кои го зголемуваат чувството на глад и желбата за храна поради кои се дебелееме.

Но, тоа не значи дека мора во целост да се откажете од лебот, туку празните калории и белиот леб да ги замените со оној направен од цели зрна бидејќи тие го регулираат и балансираат шеќерот во крвта.

Ќе имате поголема енергија и вашата дигестија ќе се подобри

За разлика од интегралниот или црн, белиот леб не содржи влакна кои се потребни за нормална работа на цревата и дигестијата. Таквата храна предизвикува констипација и проблеми со дигестијата.

Откако ќе го исфрлите белиот леб од менито и во секојдневната исхрана внесете цели житарици, дигестијата ќе ја започне својата нормална работа.

Исто така, јаглехидратите се храна и гориво за мозокот. Ако тие се квалитетни, мозокот работи нормално, но ако храната за мозокот не е здрава, телото реагира негативно и се појавува чувство на малаксаност и умор.

Дабничка тече целиот cpaм на Прилеп со себе го влече (Видео)

Секој дожд иста песна

Секој дожд истата грда слика во Прилеп. Каналот на Дабничка река е еден од најгорливите проблеми на градот кој го нагрдува целиот изглед.

Актуелната локална власт ветуваше решавање на овој проблем, но до ден денеска тоа не се случи.

После вчерашните врнежи од дожд река од отпадоци и пластични шишиња течеа преку Даничка река во Градска река.

Погледнете: