дома блог страница 2432

Ja паметиме по улогата на Жаде – Денеска има 44 години и три деца, а еве како изгледа (Фото)

Бразилската актерка Џована Антонели е позната како една од најубавите и најтелентирани во таа земја.

Нејзиниот татко е исто така актер, а мајка и писателка. Убавата актерка има постар брат кој е адвокат.

Џована сега има 44 години, а публиката најмногу ја памети по улогата на Жаде во серијата „Клон“.

Токму со главниот актер од серијата доби син, но љубовта не им траела долго. Актерката сега ги има и близначките Антонија и Софија со Леонардо Ногуера.

Македонија денеска под влијание на афpиканcки бpaн: Еве кога се очекува ново заладување

Многу топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка, ќе предизвика покачување на температурите во наредните денови предвидува метеорологот Славчо Попоски.

Времето ќе биде сончево со мала локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и особено за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, најтопло ќе биде на самиот почеток од следната недела кога во најтоплите предели од државава максималните температури ќе се искачат до околу 38, 39 степени.

Позначителен пад на температурите ќе има од вторник.

Сонцето од Кутлеш светна на кејот од реката Мајна во Франкфурт (Фото)

Шеснаесеткракото сонце од Кутлеш, кое се наоѓаше на официјалното државно знаме на Македонија од 1992 до 1995 година, осамна и на кејот на реката Мајна во германскиот град Франкфурт.

Фотографијата ја објави глобалното непартиско движење „Ние сме Македонија“, кое во пролетта 2018 година организира над 40 протести на Македонците низ светот против Тиранската платформа и промената на името на македонската држава.

Извор: “Express.mk”

Taa била нajголема негова љyбов во младocта: Здраво Чолиќ за неа ја напишал една од најубавите песни (Фото)

Еден од најголемите балкански ѕвезди Здравко Чолиќ имал бурен љубовен живот во младоста.

Пејачот веќе 18 години е во складен брак со Александра, а по него лудуваа многу познати дами, но и една актерка која има посебно место во неговото срце.

Станува збор за Јасна Орнели Бери, поранешна љубов на Здравко за која ретко зборувал во јавност. Тие се заљубиле во Сараево, додека биле млади, а Јасна своевремено ги открила деталите од нивниот однос.

-Еден дел од мене секогаш ќе биде резервиран за него. Тој е фасцинантна личност и својата харизма успешно ја одржува и денеска. Пред се е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Ноќта ми те должи“, која сам ја напиша – рекла актерката во една емисија.

Сепак таа тврди дека тие двајца не биле во врска, туку дека нивниот однос е специфичен.

-Не можам да кажам дека се забавувавме или бевме во врска. Тоа е посебен однос, кој трае и денеска. Тоа се уште е љубов која не можете да ја помилувате и држите за рака. Здравко ќе остане секогаш сечиј и ничиј– изјавила Јасна.

Heма poдителcки, yчениците ќе ја извадат мacката само кога ќе jaдат, yчилиштата ќе paботат до 20:00ч. – Ова се сите пpaвила за одвивање на нacтавата!

Владата на вчерашната 82-ра седница го усвои Протоколот за постапување на основните училишта во Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година и Протоколот за постапување на средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година.

Во продолжение проследете ги сите протоколи за основните училишта:

Наставниот процес во училиштето се одвива во период од 07:00 часот до 20:00 часот.

Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција сите влезови на училишната зграда и изготвува распоред за влез/излез со различно време на влегување и излегување на учениците за секое одделение и го истакнува на видни места во училиштето.

На влезот од училиштето, во ходниците и училниците се поставуваат едукативно-информативни материјали, насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето и средства за дезинфекција на раце.

Родителите/старателите ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето и се забранува нивно влегување во училиштето, освен за родителите/старателите/образовните аистенти на учениците со посебни образовни потреби со задолжително носење на маска/прекривка на лицето.

На секој влез од училиштето учениците ги пречекува дежурен наставник, кој се грижи ученикот да ги дезинфекцира обувките и рацете, односно му помага на ученикот да ги дезинфекцира рацете со дезинфекционо средство.

Вработените во училиштето и учениците за при влегување во училиште и време на престојот во училиште задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар и носат заштитна маска/покривка на лице, освен кога се на отворено во училишниот двор со одржување на препорачаната дистанца.

Вработените при влезот во училиште задолжително ги дезинфекцираат обувките и рацете.
На сите вработени им се мери телесна температура пред влезот на училиштето и во случај на зголемена температура (над 37°) вработениот се упатува кај матичен лекар.

Родителот/старателот е должен, секој ден пред поаѓање на училиште, да му мери телесна температура на детето, а во случај на покачена телесна температура (над 37°) не смее да го донесат детето во училиште, туку да се јават на телефон на наставникот/одделенскиот раководител на паралелката. Децата со знаци на други заразни болести исто така не смеат да доаѓаат на училиште.

Наставата во училница се изведува со најмногу до 20 ученици во училница и обезбедено физичко растојание од 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот и учениците.

Првиот ден од наставата започнува со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето. Се забрануваат поздравувања со физички контакт за вработените во училиштето и меѓу учениците.

За време на наставата и одморите, со учениците задолжително е присутен класниот раководител/наставник и се грижи за почитување на физичка дистанца меѓу учениците.

Меѓусебното споделување информации и работните состаноци во училиштето треба да се изведуваат со употреба на видеоконференциска врска.

Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените во училиштето и учениците, се дезинфицираат на почетокот и на крајот на секоја смена, а најмалку два пати на ден. Училиштето изготвува листа на сите површини кои треба редовно да бидат чистени.

Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, за време на одморот кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот.

Употребата на тоалетите се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број ученици и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот кој е внатре).

Тоалетите треба да бидат функционални заради овозможување услови за почесто миење на рацете со проточна вода и сапун и почесто се чистат со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Холовите, скалите и останатите заеднички простории се чистат почесто, додека учениците се на настава и по завршувањето на сите училишни активности.

Чистењето на фискултурната сала, спортските игралишта и соблекувални и другите помошни простории, се врши веднаш по користењето од страна на секоја група ученици.

Училиштата воведуваат систем за еднонасочно движење на учениците низ просториите и ограничување на бројот на лица кои истовремено се присутни во соблекувалните и контролирано излегување и влегување во соблекувалните.

Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците.

За време на наставата во училницата, доколку дозволуваат временските услови, се остава отворен прозорец. Во училницата (доколку ги има) се избегнува употребата на уреди за климатизација и вентилација.

Директорот на основното училиште треба да определи лица од вработените кои на одредени места ќе бидат во улога на контролори и вооедно ќе можат да помогнат на оние ученици кои имаат прашања и им е потребна поддршка да ги разберат мерките за нивна заштита.

Учениците доаѓаат и одат сами на училиште, во придружба на родител/старател/образовен/личен асистент, со организиран или јавен превоз. Превозниците кои вршат превоз на ученици ги почитуваат и применуваат протоколите за превоз на патници.

Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите се одвива преку телефон или преку некоја онлајн апликација која што ќе ја договорат родителите и наставниците.
Учениците носат оброк/храна од дома или доколку е можно за организација, оброкот што го обезбедува училиштето треба да биде соодветно спакуван или готов производ, притоа водејки сметка за стандардите и нормативите за исхрана за оваа категорија на деца.

Учениците оброкот го консумираат во училницата во која реализираат настава и само тогаш им е дозволено да ја отстранат маската/прекривката од лице во училница.
Учениците ги мијат рацете пред и по јадење, пред и по употреба на тоалет, пред и по доаѓање од надвор и кога рацете изгледаат валкани.

Користењето на спортската сала, библиотеката и други простории треба да биде од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на повеќе ученици од различни паралелки (пр. За време на еден наставен час, една паралелка е во фискултурната сала, а две паралелки се надвор во училишниот двор или на спортските терени).

Преминувањето низ заедничките простории треба да се организира така што додека учениците и наставниците од една паралелка поминуваат во исто време, учениците и наставниците од другите паралелки го чекаат својот ред, притоа укажувајќи им на учениците да не допираат површини или предмети во просторот каде се движат.

Треба да се избегнува влегување на други лица (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште.

Испораките за потребите на училиштата ја преземаат надлежните, вработени во училиштата од споредниот влез на училиштето (доколку има таков влез училиштето), а главниот влез е дозволен само на сервисерите и другите служби чии услуги се неопходни (пр. спроведување на превентивни и анти-епидемични мерки како што се проверка на вода за потрошувачка, безбедност на храна и др.) со задолжително почитување на мерката за дезинфекција на рацете и доколку е потребно носење заштитна маска/прекривка и заштитници за обувките.

Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од КОВИД-19, лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината, а општината до Министерството за образование и наука.

Ако ученик развие симптоми на KOBИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.

Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД – 19, се известува епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје кој итно треба да направи анкета со наставниците и учениците за проценка на степенот на ризик врз основа на контактите кои ги имале.

Започна ликовната колонија “Дрен 2020”: Поради пандемиjaта уметниците ќе творат од дома

Започна годинашното издание на ликовната колонија Дрен 2020, што ЦК „Марко Цепенков“ ја реализира со поддршка на Министерството за култура.

Заради пандемиjaта од коронавиpycoт уметниците – учесници на колонијата ќе творат во сопствените ателјеа.

Практично со тоа на физичка дистанца ќе се реализира 12- та по ред колонија Дрен.

Платната и боите веќе се доставени до уметниците.

Делата што ќе бидат насликани ќе бидат претставени на изложба во ликовната галерија.

Годинашни учесници на колонијата:

Беди Ибрахим – Скопје, Мирко Вујисиќ – Скопје, Драган Најденовски – Битола, Тони Чатчески – Прилеп, Микица Трујкановиќ – Скопје, Марија Стојаноска Петковски – Скопје, Владимир Темков – Кавадарци, Мирјана Крстева Масети – Гевгелија, Марјан Стојаноски – Прилеп, Жани Гелевска – Скопје, Ангел Коруновски – Велес, Александра Димитрова – Кочани, Тамара Танкоска – САД

Средношколците не отстапуваат: Пpoтecти ќе има во 17 градови

Средношколскиот сојуз не отстапува од закажаниот протест в понеделник (31 август) и покрај тоа што со вчерашната одлука на Владата почетокот на учебната година е одложен за еден месец односно за 1 октомври. Сојузот бара почетокот веднаш да биде со комбиниран модел на настава, а не онлајн, во општините кои немаат многу заразени со коронавирусот.

Претседателот на Сојузот Бленди Ходаи за МИА изјави дека учебната година да почне на 1 октомври бил нивни предлог кога нивни претставници беа на средба во Владата, затоа што сметале дека треба да има повеќе време надлежните да подготват комбиниран модел на настава за кој тие се залагаат.

Иницијаторите на протестот се против наставата да почне онлајн во сите средни училишта, како што е планирано, туку со комбиниран модел односно ротирање на средношколците во класовите на секои два дена (следење на наставата онлајн и физичко присуство) и пристапот да не биде централизиран, туку секоја општина да организира модел според епидемиолошката состојба односно број на заразени. Инсистираат на комбинирана настава и затоа протестот не го откажуваат.

-Во изјавите вчера од Владата имаше промена на реториката и демагогиоја и за да се одземе вниманието за протестот рекоа дека ќе има комбиниран модел. Ние ќе протестираме за да имаме комбиниран модел од 1 октомври, а не наставата да почне онлајн, а моделот да се смени потоа, накај ноември, изјави Ходаи.

На средбата со Комисијата за заразни болести, како што рече, им било сугерирано дека е побезбедно наставата да ја почнат онлајн, а потоа состојбата ќе се мониторира и во зависност од тоа моделот ќе се менува.

-Ние сакаме децентрализиран пристап, а не една одлука за сите. На пример во Тетово, од каде што сум јас, има многу заразени со КОВИД-19, не треба да се оди во школо и треба ригорозна онлајн-настава. Но ако е некој од Охрид, Ресен или Струга каде што нема многу заразени секој ден, треба да се оди во школо. Не да сме базирани што има Скопје, Куманово или Тетово, додаде Ходаи.

Сојузот на средношколци има ограноци во 17 градови во земјава и, како што рече нивниот лидер, ќе имаат голем број претставници на протестот в понеделник, а ќе им се придружат и родители кои поддржуваат модел за кој тие се залагаат. Почетокот на протестот е закажан во 17.30 часот пред Министерството за образование и наука и е планирано да заврши пред Владата.

Синот на Доналд Tpaмп ги вooдyшеви Амepиканците со свojoт нacтап: Му ја пpeдвидyвaaт и Белата кyќа (Видео)

Првата вечер на републиканска конвенција, најстариот син на претседателот Доналд Трамп , Џуниор го привлече вниманието на нацијата.

„Политиката на Трамп беше како ракетно гориво за економијата“, рече Трамп Џуниор за време на својот говор, фалејќи го раководството на неговиот татко. Но, неговите најмоќни реченици не беа за претседателот, туку беа насочени против Џо Бајден, демократскиот кандидат за претседател, пишува ВВС.

„Радикалните левичарски политики на Бајден ќе го стопираат нашето економско закрепнување“, рече Трамп, предупредувајќи ги конзервативците дека демократите ќе го намалат економскиот напредок што луѓето го постигнале со неговиот татко во Белата куќа.

„Бајден вети дека ќе извади пари од џебот и ќе ја сузбие корупцијата. Тоа има смисла, со оглед дека Џо Бајден е всушност монструм од Лох Нес кој демне веќе половина век“, рече Трамп.

Поддржувачите велат дека Доналд Трамп Џуниор како постојан застапник на платформата на неговиот татко , може да ја наелектризира атмосферата, додека неговите противници веруваат дека тој само додава бензин на оган. Неговите говори се испреплетени со отворени напади врз либералите, Хантер Бајден, синот на Џо Бајден и медиумите.

Жесток говорник, спортист и ловец, Трамп Џуниор, прави сè што може за неговиот татко да биде избран. Републиканската стратегија е насочена кон охрабрување на приврзаниците на претседателот, додека Трамп Џуниор се смета за ас во ракавот, посочува Би-Би-Си.

Тој има необична врска со приврзаниците на претседателот, од кои многумина живеат во руралните делови на Америка и исто така сакаат лов.

„Тој се смета за врска со базата на Трамп“, објаснува Рон Бонџан, републикански стратег со врски во Белата куќа.

„Луѓето го сакаат неговиот стил“, рече Мајкл Кукелман, лидер на Републиканската партија во Канзас, кој е на конгресот во Шарлот.

Многумина од базата на претседателот го сакаат начинот на кој Трамп Џуниор понекогаш оди предалеку дури и од неговиот татко, поддржувајќи ги, на пример, напорите на индустријата за оружје да ги укине ограничувањата на придушувачите. Тој е обожуван и за неговата смелост и поврзаност со шарени ликови.

Минатата година, тој се појави на митингот „Градиме ѕид“, кој имаше за цел да собере пари за ѕид на границата со Мексико. Основачите на оваа група неодамна беа обвинети дека ги измамиле донаторите.

Во својата улога како менаџер на кампањата, Трамп Џуниор често се појавува опкружен со натписи со името на неговиот татко. Во тие моменти, неговата улога изгледа предодредена. Кога имате исто име како вашиот татко, природно е да ја преземете улогата на водач. Иако некои мажи би биле незадоволни од ова, тој добро работи во сенката на неговиот татко. Меѓу конзервативците, тој се третира како рок-sвезда.

Лоренс Леви, декан на Националниот центар за истражувања на универзитетот Хофстра, вели дека Трамп Џуниор е невообичаено ефикасен застапник на неговиот татко за време на кампањата. И тоа би можело да биде отскочна даска за поважна улога:

„Успешните синови на моќните луѓе учат не само како да живеат, туку и како да напредуваат во она што изгледа како сенка на таткото, кога еден ден ќе исчезнат и тие ќе станат семејни патријарси“.

Во меѓувреме, тој е на многу начини сличен на неговиот татко и предизвикува еднакви поделби како претседателот. И додека поддржувачите на претседателот го фалат, либералите го прават спротивното.

„Производ на непотизам“, вели Кристина Грер, доцент за политички науки на Универзитетот Фордам.

Џон Раиниш, демократски стратег од Њујорк, вели дека се впушта во темните области на сегашниот претседател, опишувајќи го како „помлада и покисела верзија на неговиот татко“ и тврди дека „Доналд Џуниор е бензин на оган“.

За оваа мала куќарка се “бopeле” дури 14 купувачи: На кpajoт е пpoдадена за 800.000 долapи повеќе од почетната цена (Фото)

Знаат ли овие купувачи нешто што другите не знаат? Борбата за една мала канадска куќа била лута, а почетната цена од еден милион се зголемила на 1.8 милиони канадски долари (1.2 милиони евра).

До поскапувањето, логично дошло поради големата навала на купувачи, бидејќи речиси 14 купувачи се бореле за да ја поседуваат.

Оваа недвижнина, сепак по ништо не е посебна, ниту пак луксузна.

Има две соби, еден тоалет, но експертите велат дека навалата на купувачи можеби била поради локацијата, на прво место, но и земјиштето кое што многу добро може да се искористи.

Куќата, иако мала, рекламирана е како “редок, самостоен бунгалов сместен во срцето на Торонто”.

Квартот во кој е сместена куќата е познат по добрата храна и забави.

Таму има прекрасни ресторани, паркови и пабови со кои што се стигнува пешки.

Има и училишта и јавен превоз, а освен тоа искусните агенти претпоставуваат дека купувачот ќе ја сруши куќата и ќе си изгради нешто многу поубаво.

„Новиот сопственик веројатно ќе ја искористи земјата да си изгради себеси куќа од соништата во центарот на градот“ – вели агентот Десмод Браун.

Владата пpeceче: Нема свадби, крштевки, матурски…

Останува забраната за организирање свечености со музика, односно свадби, матурски, крштевки и слично во угостителските објекти.

Ваква одлука денеска донесе Владата, односно таа на седница го усвои мислењето на Комисијата за зapaзни болecти да не се прифатат барањата за измени на Протоколот за работа на угостителските објекти, со цел да се спречи ширењето на Koвид -19.