дома блог страница 2431

Предлог дестинација за денешниот празник: Мајката Божја од ова светилиште старо 400 години им дарила пopoд на многу жени (Фото галерија)

Манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ или познат како Сливнички манастир е средновековен храм кој се наоѓа на 3 километри над селото Сливница во Преспа.

Манастирот датира од 1607 година, а е сместен во густата листопадна шума на еден стрмен и длабоко засечен дол, на западната падина на планината Баба, високо над источниот брег од Преспанското Езеро.

Бујната природа го одзема здивот во текот на сите годишни времиња. Во лето плени зелената боја, а на есен жолто златната боја и позлатениот тепих од лисје кој ниту уметник не би го насликал подобро.

Доаѓате во селото Сливница и добро е за секој случај да побарате клуч од мештаните, бидејќи кога нема никој, манастирската црква е заклучена.

Се движите по тесен асфалтиран пат околу 10 тина минути со автомобил и доаѓате пред едно прекрасно здание кое од првиот поглед ќе ве привлечи како магнет.

Манастирот има широк двор со зеленило, 20 конаци кои имаат 90 легла, кујна и трпезарија. На средина се наоѓа манастирската црква и камбанарија, а од левата страна на црковниот храм има лековита вода за која се верува дека помага за пород и лечи од болести.

Голем број жени кои немаат пород доаѓаат, се мијат и пијат од водата и ја молат мајката Божја да им помогне да добијат чедо.

Целиот комплекс е граден со камен, па изгледот е уште поавтентичен и прекрасен за око.

Густата шума, погледот кон Преспанското езеро и Божјиот мир и спокој кои владеаат наоколу, ќе ви вгнездат убаво чувство и насмевка на лицето.

Ќе уживате во секој миг и ќе сакате да се задржите што повеќе.

Влегувате во манастирската црква, а внатре ќе забележите прекрасен живопис, а срцето ќе ви доживее некое посебно чувство кое веројатно само меѓу тие четири ѕида постои.

На средина се наоѓа икона од Мајката Божја Богородица, а она што ќе ве трогне се големиот број молитви напишани од жени што сакаат да добијат пород.

Живописот во олтарот и наосот на храмот е изведен од зографска тајфа од која се издвојува работата на двајца мајстори. Тие успеале да пренесат содржина од сложена тематско-иконографска програма, особено карактеристична во наосот, каде се испреплетени сцени од неколку циклуси: Големите Христови Празници, Страдања и Параболи. Посебна ликовна разработка добил Христос-агнец на кого му се поклонуваат архиереите. На јужниот ѕид во олтарот е насликан Св. Кирил Филозоф со што Сливничкиот Манастир добил уште еден од повекето показатели за нагласениот однос на неговите ктитори кон словенската црковна традиција. Најголема специфика на овој живопис е портретот на младиот битолчанец Купен кој добил значајно место во олтарната програма кој е насликан со посебно внимание.

Присуството на првиот мајстор е нагласено кај претставите во олтарот и сводот, фигурите во првата зона на наосот и ликовите во повеќефигуралните композиции од втората зона. Вториот зограф се препознава по поизразениот шематизам вкочанетост на фигурите и посиромашната колорична палета.

Манастирот е граден со помош на сите околни села и од населението од подалечните места. Најголемо учество во изградбата на манастирот според натписот над вратата во манастирот дале следниве лица: Михаило Петков од Битола (9000 гроша), неговиот брат Грујо (1000 гроша), Стојко Милев од Сливница, Стојан и Милко од Ротино, Битола (1000 гроша), Тодор од Љубојно, Јосиф од Харвати (Арвати) и еромонах Стефан од Кономлати (1000 гроша), Сотир и неговиот брат Никола од Бохуно денешно Болно по 500 гроша, еромонах Стефан и Михаил и други.

Манастирот од сите страни бил опколен со згради. Се влегувало низ две големи и две помали порти. Во горните делови на зградата се наоѓале простории за престој на гости. Некои од собите биле сопственост на селата Болно, Љубојно, Герман, Кономлади, Горица, Битола, Прилеп, Костур и др. Во манастирот се наоѓала најголемата библиотека, но грчкиот владика, целиот библиотекарски фонд го изгорел, поради тоа што бил на славјански. Палењето траело цела недела на три огништа. Во манастирот постоело и училиште во кое учеле и работеле деца од околните преспански села каде учители биле свештениците.

Во близина на Сливничкиот манастир се наоѓа и еден од четирите најстари манастири во Европа, светилиштето Св. Ѓорѓи во село Курбиново, потоа новиот манасир Свети Апостол Петар и Павле во село Подмочани и црквата Св. Илија во село Грнчари.

Преспа изобилува со големи богатства и убавини, посетете ја, не се само плажите и топлото сонце во лето привлечни, има многу повеќе од тоа да се истражи.

Најголемиот празник посветен на Мајката Божја: Православните вepници го празнуваат Успението на Пресвета Богородица – За многу години!

Денеска завршуваат Богородичните пости, православните христијани го празнуваат Успението на Пресвета Богородица или како што народот го нарекува Голема Богородица.

Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата.

Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта.

Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

Според црковното предание, Богородица го завршува својот живот тивко и мирно без никакви болести и страдања и по смртта на нејзиниот син Господ Исус Христос, таа честопати се молела заедно со апостолите Господ Бог да ја земе нејзината душа и да ја пресели на небото. Доживеала длабока старост.

За време на една молитва во Леонската Гора, светиот Архангел Гаврил и’ се јавил и и’ рекол дека за три дни ќе се пресели од овоземниот во небесниот живот. Таа му ја кажала веста на свети апостол Јован, кој, пак, требало да се грижи за неа до крајот на нејзиниот живот. Свети апостол Јован ја објавил веста, која бргу се проширила и сите доаѓале кај Пресвета Богородица да и’ оддадат почит додека се’ уште е жива.

Сево ова се случувало во куќата на светиот апостол Јован каде што Богородица му ја предала својата душа на Господ Исус Христос. Била опкружена со голем број ангели и архангели. Се создал шум и голем облак, а пристигнале сите апостоли да и’ оддадат чест.

Меѓу нив не бил само светиот апостол Тома, по божја промисла. Тој бил далеку од другите апостоли, бидејќи го проповедал христијанството. Богородица првин легнала на одарот и во тоа време во целосна светлина дошол Господ Исус Христос, а таа станала и рекла: „Душата моја го велича Господа и духот мој се зарадува во него“. Веднаш потоа повторно легнала и заспала.

Кога Пресвета Богородица им се јавила на присутните во својот гроб, во нејзина целосна слава и величина, тогаш тие поверувале дека таа од ангелите божји е воздигната од земјата на небото во придружба на голем ангели и архангели, серафими, херувими и светители. Тоа е преминот од земното кон небесното царство, односно од земниот кон вечниот живот.

На иконите, овој празник обично се претставува со иконата со креветот на кој лежи Богородица со рацете вкрстени на градите. На обете страни на креветот се наоѓаат свеќници со запалени свеќи. Кај нозете на Пресвета Богородица Св. Петар поткадува со кандило, а над главата се Св. Апостол Павле и Св. Јован Апостол со главата, додека останатите апостоли стојат наоколу. Над Богородица е Христос кој ја држи душата на Богородица во форма на дете, опкружена со светлина и ангели.

Бидејќи на празникот му претходи двонеделен пост, на 28 август жените одат на причест, затоа што овој ден се смета како празник за сите жени и мајки.

Во некои области, се смета дека во овој период е најдобро да се изберат лековити билки кои третираат разни заболувања, бидејќи најмногу можат да им помогнат на луѓето.

Цела Македонија се сели во Охрид: Гужва на патарините пред продолжениот викенд (Фото)

Во пресрет на утрешниот неработен ден во земјава, речиси сите граѓани го испланираа викендот уште пред неколку недели наназад.

Место плус за сместување се бара низ целата држава, а со оглед дека временските услови се идеални за на плажа, очекувано речиси цела Македонија викендов се упатува кон Охрид и Струга.

Видео камерите на трите патарини од Скопје преку Тетово до Гостивар бележат гужва иако работат со полна пареа.

Иако Охрид дефинитивно ќе биде преполн со скопски туристи, тие попладнево се упатуваат и кон останатите туристички дестинации во земјава како Преспа, Дојран, Берово и Маврово.

Инаку во живо моменталната состојба низ целата земја и граничните премини можете да ја следите ТУКА.

Maксим е бебето xepoj: Се poди со само 820 гpaма, а сега ја напушти клиниката во Скопје (Фото)

Универзитетската Клиника за гинекологиja и акушepcтво соопшти дека денеска од болницата е отпуштено пpeдвpeме poденото бебе Максим, кое дојде на свет на 5 јуни во 25-та гecтациcка недела.

Максим се poди со родилна маса од само 820 грама, а од Клиниката за гинекологиja замина со 2.400 грама. Неговата мајка, Роза Апостоловска од Скопје се пopoди со цapcки peз и Максим и нејзино прво дете, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Новороденчето помина 40 дена на Одделот за интензивна нега и терапиja и беше на механичка вентилациja. Од Клиниката, како што се посочува, замина во добра општа состојба и со пораст на телecната маса, по два и пол месечната грижа на педиjaтрите и целокупниот медицински персонал.

-Благодарение на добрата организација и на постојаното доопремување со најсовремена апаратура за предвремено родени бебиња на Одделот за интензивна нега и терапија добивме уште една битка за живот. Го испративме Максим дома со радост и желби за среќно и безгрижно детство, истакнуваат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.

Maкедонец ќе му биде главен советник на Ердоган

Сабри Демир со потекло од Македонија е назначен за главен советник на турскиот претседател Ердоган, пренесува агенцијата Анадолија(АА).

Според одлуките објавени на Службениот весник со потпис на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, Сабри Демир, кој е роден во Скопје, е назначен за главен советник на турскиот претседател.

Teшка cooбpaќajка на патот Битола-Peceн: Мерцедec изгyбил контpoла и неколкупати се пpeвpтyвал (Фото)

Утрово на патот Битола-Ресен, во близина на село Ротино, се случила cooбpaќajна незгода

Патничко возило марка “Мерцедес”, поради засега непознати причини изгубило контрола и неколку пати се превртело на патот.

Според фотографиите кои ги добивме од очевидци, возилото е целосно уништено, а во него се превезувале две лица, кои за среќа завршиле со полесни повpeди.

Со проекција на филмот “JAZZMAN – The form as a verb” вечерва започнува деветтиот џез викенд во Прилеп

Со проекцијата на филмот “JAZZMAN – The form as a verb” денеска со почеток во 21.00 часот, во летната бавча на Центарот за култура “Maрко Цепенков”. ќе започне деветтиот по ред PRILEP JAZZ WEEKEND во Прилеп.

Во организација на Здружението за субкултура „ПП џез-фестивал“ од вечерва до сабота на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде одржано деветтото издание на фестивалот „Прилеп џез-викенд“. Пограмата на фестивалот е креирана со ангажирање на врвни музички бендови и артисти од Македонија – велат организаторите.

Фестивалот започнува вечерва со премиерата на филмот „Џезмен – Формата како глагол“ од Велибор Педевски, снимен на локации во ЊуЈорк, Скопје, Белград и Софија. По проекцијата на филмот, на сцена ќе настапат дечките кои и се веќе добро познати на прилепската публика и во градот настапиле преку повеќе проекти и со џез состави: Трајче Велков (труба), Зоран Костадиновски (гитара), Горан Гешовски (бас гитара), Виктор Филиповски (тапани) овој пат со авторски материјал обединети во бендот „Скопје џез инк“.

Во петок ќе настапи квартетот на Оливер Јосифовски и премиерно ќе биде проследен проектот „Фјужн дефјужн конфјужн“. Како и бендот кој кој свири различни стилски правци, кои се движат од слободен џез, електро-акустична музика и пост-рок, до минимализам и амбиентална музика. Третата вечер, на 29 август, сабота, ќе има промоција на промоција на книгата „Press & Play“ од Ненад Георгиевски, а ќе настапат и „Некст ту сајленс“. Фестивалот ќе го затворат диско пост- панк активистите Бернајс Пропаганда.

Заради почитување на сатницата на фестивалот и непречено следање на филмот, организаторите замолуваат за навремено присуство, 15 минути пред почетокот на проекцијата.

Xepojcтвото, пожpтвyванocта и xpaброста на пpилепчани пред 3 години го cпаcиja дpeвното светилиште (Фото)

Поминаa три години од страшните пожapи кои го зафатија регионот на Прилеп и прилепско, пожapи кои нанеcoa големи штети, пеплоcyвajќи големи површини со шума, но и викендици и земјоделски површини.

Од повеќето пожари кои беснeea во околината на Прилеп, нajcтpaшен во тој месец август 2017 година, се чини беше оној во близина на манастирот Трескавец, древното светилиште, кое е од огромно културно значење за целата земја.

Пожapoт во неколку наврати опacно се заканyваше да го пpoголта и целиот манастир, но храброста, истрајноста и сплотеноста на голем број доброволци, како и дежурствата цели 24 часа во денот, го спасиja манастирот кој според некои извори датира од 14 век.

Прилепчани бестрашно се спротиставија на високите огнени јазици кои голтаа се пред себе.

Секако тука беше и прилепската противпожарна бригада, како и целосната помош и поддршка од тогашната локална самоуправа предводена од градоначалникот Марјан Ристески.

Огнот ден стивнуваше, ден се pacпламтуваше… Жapиштето не миpyваше и постојано се јавуваа нови опacнocти.

За среќа кој средината на месец август 2017 година, пожapoт беше ставен под контрола, а прилепчани успеаа да го заштитат манастирот од огнот, кој во неколку наврати дојде до самите ѕидини и порти.

Решителноста да се заштити нешто вредно, нешто историско, да се заштити една од првите лулки на христијанството во Македонија, овозможи и оваа година, на денешниот голем празник, илјадници верници да го посетат Трескавец.

Пожртвуваноста на прилепчани кон својот највреден Божји дом е за секоја пофалбa и вреди засекогаш да се памети!

Дел од луѓето кои помогнаа во гасењето на пожapoт

Султанијата сакала да се причести, владиката не и дозволил, па нacтpaдале сите монаси: Легендата за манастирот Трескавец која се раскажува и денеска

На десетина километри оддалеченост од Прилеп, под врвот Златоврв, меѓу грамадните карпи распослан е манастирскиот комплекс “Успение на Пресвета Богородица” или попознат како Трескавец. Манастир нем сведок за богатото културно и духовно наследство на Прилеп низ историјата. Утре, за празникот голем број верници одново ќе го посетат древното светилиште и ќе се помолат на Мајката Божја.

До Трескавец, сега со новиот пат, изграден од 2013 година, се стигнува многу брзо, за разлика од порано кога се одеше пеш.

Кога и да појдете во манастирот љубезно ќе ве пречека домаќинот – отец Калист. Ќе ви посака добредојде, ќе ве остави малку да одморите од долгиот пат, за потоа да ви раскаже гордо за неговиот дом, за манастирот.

Последните години од манастирскиот комплекс побудува интерес особено кај странските гости. Доаѓаат од сите страни, дури и цели делегации. Сите се воодушевуваат од она што имаат можност да го видат, да го почуствуваат.

Просторот каде што е изграден манастирот е заштитен од сите страни. Се вели дека Бог го чувал манастирот од невреме и трескавици. Затоа местото се вика Трескавец. Со векови се пренесува преданието дека монасите од дамнина поставиле златно јаболко на највисоката точка од манастирот на над 1300 метри за да го чува од чести грмотевици. И сега го има.

Комплексот го сочинуваат црквата Успение на Пресвета Богородица, опожарените манастирски конаци, кои се градат, трпезарија со магерницата, магерничкиот конак и влезната порта со кула – камбанарија.

Како донатори на манастирот се споменуваат византиските императори Андроник II и Михајло IX, а подоцна во 16 век српскиот крал Милутин, царот Душан и неговиот син Урош.

Трескавец е културно историски споменик заштитен со закон. Тој е на списокот за заштита меѓу стотте најзагрозени културно-историски споменици во светот.

Првиот христијански храм кај Трескавец датирал од VI век, а во XIV век манастирот бил на удар на разурнувачи. За неполни 100 години бил обновен и му била вратена автентичноста со нови религиски орнаменти, специфични за тој период. Но духовното светилиште Трескавец било погодено и од огнена стихија во 19 век и во 90 години на минатиот век, како и во 2013 година кога изгореа конаците.

Денешната црква е еднокорабна градба со тристрана апсида на источната страна. Страничните ѕидови се расчленети со по два пиластри кои преку лаци го прифаќаат централното кубе. На западната страна е наосот.

Живописот на црквата, кој се планира следната година да се конзервира и заштити, датира од повеќе временски периоди. Најстари се фреските во егзонартексот и двата компартименти со илустрација на календарот.

Манастирот поседува и други уметнички предмети како што се двокрилна врата работена во плитка резба, крстот Космитис од 16 век работен во резба и певница изработен во инкрустација. Богатиот ентериер на црквата го надополнуваа празничните икони, иконите со претстави на апостолите и други икони кои потекнуваат од 17, 18 и 19 век.

На една од куполите насликана е претстава за Божјиот Син како небески цар во трон со евангелие. Покрај него, во композицијата е царицата Богородица и царот Давид. Околу нив света војска пополнета со херувими, среафими, арахангели и ангели. Осум свети војници се меѓу прозорците и тие се поинакви од вообичаените композиции.

Манастирот со години не бил само монашко седиште, туку и книжевно средиште каде што монасите правеле ракописи со широко распространета препишувачка дејност. Во него имало и библиотека, но за жал сега нема останато ништо од тоа богато наследство.

За убавините на Трескавец репортажа пред години направи и британската телевизија BBC, а на овој предел се снимаа и повеќето македонски играни филмови.

Легендата што ја запишал Јордан Хаџи Константинов Џинот

Султанијата Кала-Мара, која била една од жените на турскиот султан Мурат II, застанала да се причести во манастирот на пат кон вилаетот во Мариово. Владиката не ги отворил портите и не дозволил причест за султанијата, оти живеела во брак со некрстениот султан. Кала – Мара се налутила и им наредила на 500 војници да го урнат манастрирот и да ги заколат сите монаси.

Според некои сознанија биле 300, а други извори велат дека 700 монаси завршиле по ножевите на збеснатиот аскер. Само владиката бил оставен жив за да раскажува за настанот. Некои историчари толкуваат дека султанијата од преданието била ќерка на српскиот деспот од бракот со неговата втора жена Ирена Кантакузина. Кала-Мара била родена во 1417 година и се омажила за султанот во 1435 година во Едрене.

ЖАЛHA CЛИKA: Eколошка катacтpoфа му се заканyва на Дебарското езеро (Фото)

На Дебарско езеро му се случува еколошка катастрофа а со недели одговорните молчат и си продаваат струја, напиша новинарот Горан Момироски на „Фејсбук“.

Тој дури и предлага песна за директорот на ЕСМ Васко Ковачески, за кој вели, веќе напишал поема за својот партиски лидер.

Во проделжение прочитајте ја поемата на Момироски до Ковачевски и линкот до објавата на Kalin Kalco Mitreski каде што може да се направи споредба помеѓу нормалното ниво на езерото и сегашното ниво на езерото.