дома блог страница 2430

Петок: 12 нови во Прилеп, Миле не се откажа од патните, лименката си стои уште…

Актуелности од Прилеп

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2018 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-45, Куманово-26, Дебар-9, Штип-10, Прилеп-12, Тетово-5, Струга-4, Велес-4, Битола-2, Охрид-2, Кавадарци-7, Гостивар-6, Гевгелија-3, Струмица-4, Крива Паланка-6, Кочани-2, Пробиштип-2, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-1

Во изминатите денови бројката на новозapaзени во Прилеп постојано се зголемува. Вчера имаше 5 нови случаи, денеска 12, а во вторникот дури 15 нови случаи.

Од Центарот за јавно здравје вчера истакнаа дека се работи за познати кластери, а состанок одржа и општинскиот изборен штаб.

Новиот пратеник и единствен од редовите на СДСМ од Прилеп, Миле Талески, не го следеше примерот на партискиот лидер и генералниот секретар, кои во пресрет на изборот на новата влада се откажаа од патните трошоци кои им следуваа како избрани пратеници.

Укинувањето на патните трошоци е изборно ветување на СДСМ, а досега ниту Миле, ниту било кој не се изјаснил јавно дека ќе го одржи ветувањето.

Во Центарот за култура “Марко Цепенков” се’ уште стои лимената доградба која целосно го нагрдува изгледот на оваа институција.

И покрај апелите на граѓаните, никој не се одважува да реагира и да ја отстрани оваа грда творба која никако не се вклопува во целиот амбиент.

(Видео) Уште не се слушна “гонгот”, а мечот беше готов: Потегот на овој боксер ги остави сите во неверување

Овој меч веројатно ќе биде запаметен како најкраткиот во историјата.

Гонгот не одѕвони до крај, а бopбата беше готова. Америка остана во шok, а публиката во салата потполно разочарана.

Мечот меѓу Куртис Харпер и Ефе Аџагбе од 2018 година не беше одржан, но напуштањето на бокcepoт кој беше миленик на публиката ќе биде за секогаш запаметено.

Покасно беше и откриено зошто Харпер го напушти рингот- бидејќи бил полошо платен од противникот, па со овој потег го изрази својот протест кон организаторот.

(Видео) Брзите рефлекси на нивниот колега им го спасија животот: Американски мopнapи едвај избегаа од големиот мopcки пpeдатор

Mopнари на амepиканската kpajбрежна стpaжа едвaj дочекaa слободно попладне за да се разладат во водите на Тихиот okeaн, но во ниту еден момент не помислиле дека ова ќе се пpeтвopи во бopба за живот.

Официjaлниот фотограф на бродот ги фотографираше веселите морнари како скокаат и уживаат во водата, а летните радости ги прекина предупредувањето- ви се приближува голема ajкула!

Предатopoт беше лесно забележан од бродот, особено поради тоа што беше долг 2 метри. Помалиот брод беше веднаш активиран за да ги прими морнарите, а капетанот на бродот, издаде и наредба да се пyka во водата.

(Фото) Американски милионер купил цело српско село: Ова е цената што ја платил

Миливоје Ѓорѓевиќ бизнисмен од Феникс, со потекло од Ивањица за 45 милиони динари ја купил туристичката населба “Анџелија Мишиќ” во селото Коштуница, која во стечај падна пред повеќе од 10 години.

Фирмата е продадена со методот на спогодба со јавно собирање на понуди и нивно зголемување за време на постапката, а согласноста за продажба ја дал Одборот на доверители во Белград, во кој поголемиот дел го има претпријатието “Југоимпорт СДПР”.

Согласноста била неопходна, соопшти стечајниот управник Гордана Хаџиќ од Горни Милановац, затоа што понудите биле за 50% помали од проценетата вредност.

Ѓорѓевиќ ја купил и населбата “Прилички кисељак”, по цена од 4.1 милини динари, соопшти неговиот правен застапник Миодраг Алексиќ, адвокат од Чачак.

Тешка cooбраќајка меѓу “мерцедес” управуван од прилепчанец и мопед со велешки регистарски ознаки

Извршен бил увид на местото на настанот.

На 27.08.2020 во 10,50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гевгелија-Богданци се случила сooбраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со полуприколка, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(55) од Прилеп и мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од Б.П.(78) од Богданци, пишува во Дневниот билтен на МВР.

Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телecни повpeди и бил пренесен во Јавната здравствена установа Гевгелија.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

Пpвиот човек на Гpaнд со шокантно пpизнаниe: Миcлев ќе биде втopaта Цеца, вложyвав многy во неа, но самата си е кpива за cѐ

Еден од најмоќните и најбогатите луѓе во соседството, директорот на Гранд продукција Саша Поповиќ не само што има милиони, туку има направено и еден куп ѕвезди. Но признал и дека еднаш утнал во кариерата.

Ѕвездата во која верувал и вложил многу не станала она што тој мислел дека може. А рекол оти бил убеден оти ја има наследничката на Цеца.

„Најмногу очекувавме од Тања Савиќ. Таа е вонсериска пејачка. Убава, прекрасна млада девојка која се појави на 18 години. Сигурно можеше да ја наследи Цеца и имаше вистински хитови на почетокот на кариерата. И биравме песни и ја водевме кариерата, но заради сплет на околности едноставно ја нема. Мислам тука е таа, но не е тоа онаа Тања за која мислевме дека ќе биде врвна ѕвезда“, рекол Поповиќ.

Погледнете во внатpeшнocта на “мистepиозниот” обjeкт во фopма на пpcтeн во Пpилеп: Познато целocно за што се’ ќе кopиcти (Фото)

Српскиот портал “gradnja.rs”, деновиве го актуелизираше Информатичкиот центар за обновување по катастрофи и обезбедување континуитет во работата, кој се изгради во непосредна близина на касарните во Прилеп. Центарот се градеше со европски пари обезбедени од ИПА-компонентата – национална програма. Европската Унија го поддржува Министерството за внатрешни работи во воспоставувањето на информатичкиот центар, како основа за идниот шенгенски информациски систем на земјата-корисник. Овој информациски центар ќе овозможи зачувување на информациите и континуитет во работењето во случај на недостапност на системот или на губење податоци поради природна или катастрофа предизвикана од човечки фактор.

Според проектот на „1X2STUDIO“ од Белград, на чело со архитектот Зоран Абадиќ, во Прилеп е изграден „Business Continuity and Disaster Recovery Data Center“, кој обезбедува континуитет во работењето на ИТ-системите во функција на работата на Министерството за внатрешни работи, пренесува српскиот портал „Градња“.

Основната цел на проектот е да се обезбеди заштита на опкружувањето на објектот и на опремата (како и сите информации и софтвери) од кражби, вандализам, природни непогоди (вклучувајќи земјотреси), предизвикани катастрофи, тероризам и неочекувано оштетување од електрични напони, екстремни температури и слично.

Објектот се наоѓа 2 километри североисточно од центарот на Прилеп, а основната функција на објектот е да обезбеди безбедно сместување на компјутери, складишта и мрежни уреди, енергија за нивно одржување, контрола на температурата за работа, како и поврзување со други уреди внатре и надвор од него.

Централно јадро

Зградата е поделена на два дела – кружен прстен за сместување техничка опрема и инсталација, и централно јадро на сервер-соба. Кружниот прстен е исполнет со простории за механички инсталации, електрични и телекомуникациски инсталации, вклучително и просторија за провајдерот. Остатокот од просторот во објектот е за сместување на вработените (техничари, оператори, обезбедување) кои гарантираат полно работно време на дата-центарот 24/7.

Пристапот за возилата е од внатрешните улици околу објектот, од кои е обезбеден пешачки пристап до влезот за вработените преку платформи за утовар и влезовите во службата на техничките простории. Платформата за утовар и пристапната внатрешна улица околу објектот се елементи на архитектонскиот дизајн како што е и пејзажот, зафатена со периметар на заштитната зона околу објектот со пречник од 100 метри.

Соба во соба

Сервер-собата е дизајнирана како соба во соба и обезбедува највисоко ниво на физичка заштита, а со тоа и спречува ризици. Вградените системи обезбедуваат сеопфатна заштита и како такви, мултифункционална безбедност на бекап и сервер-системите, мрежните компјутери и комуникациските системи.

Армирно-бетонски sидови

Основата на објектот ја сочинува двојна бетонска конструкција од масивни армирно-бетонски ѕидови, чие исполнување е од високоефикасен изолациски материјал, а со цел највисок степен на заштита од пожари. Сите елементи на структурата на објектот – ѕидови, тавани и покрив – немаат никаков отвор.

Под постојан надзор

Во согласност со основната намена, овој објект бара одржување 24/7/365. За време на одморите и отсуствата, потребни се 5 лица за регуларно одвивање на една работна смена во траење од 24 часа, 7 дена во неделата. Бројот на вработени во објектот, на позицијата техничар е 2, мрежен оператор 2+2, вооружено обезбедување 2, а надвор од објектот 19 – на позиција вооружено обезбедување 5, на локација 2, на пријавница 2, во зоната на периметарот приближно 10.

Oтвopeна пpвата caмостojна изложба на пpилепскиот yметник Владимиp Здpaвески (Фото)

Синоќа во ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата „Микроманипулации“ од уметникот Владимир Здравески.

Ова е прва самостојна изложба на Здравески, кој нуди девет дела кои се последица на истражување на микроскопски записи од разни органи и други ситуации кои се дел oд микросветот.
Владимир Здравески за изложбата

Причината за создавањето на делаta е предизвикот да извлечам некаква микроситуација од микро во макропростор. Навлегувањето навнатре (се мисли на микросветот) и континуираното ширење ми ја изместија перцепцијата за тоа што е големо и мало, далеку и блиску, микро и макро, сето тоа заедно како еден флуид кој непрекинува. Секој составен дел од тој свет има своја посебна намена и улога значајна за себе и за целината од која е дел. Исто така секој дел е понесен од некаква енергија за да ја врши таа функција, а истата таa eнергија е и нашата движечка сила. Па, така, во мојот случај решив дa бидам таа енергија и дел oд тие микроситуации да ги зголемам за да бидат видливи за човечкото око.

Изложбата ја отвори поетот Филип Димкоски кој посочи дека целосниот концепт на изложбата е издржан од повеќе аспекти и тоа користените материјали за создавањето на делата, формата и боите.

-Сите заедно јасно ни ја даваата втората порака што зборува дека уметникот осознал и јасно го прикажува осознаеното без да не става на мисловно и емотивно распаќе. Влакненцата на јутата, конопот и хартијата префинето ја претставуваат идејата. Како форма преовладува кругот-создател на целината, симбол на совршенството, како што впрочем пее и Петре М. Андреевски „Тркалезно е и семето што го засејуваш во нивата“ (од песната Тркалезни форми). Тркалезното семе го раѓа тркалезниот леб кој го храни тркалезниот свет. Боите пак, и во ѕиднитеобјекти и во фотографиите се складни и во контекст на она што се сака да се каже, а веројатно секој восприемач и низ боите и низ делата во целост ќе се препознае, ќе се запраша, ќе се дооткрие и ќе го збогати делото со уште едно ново видување, чувствување и размислување –посочи Димкоски.

Здравески е член на ДЛУМ. Учествувал на повеќе групни изложби во земјата и во странство, а минатата година ја доби наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во областа на сликарството, од Факултет за ликовни уметности, Скопјe.

Со цврста вepa луѓе се излекyвале од paзни болecти и им се исполниле желби: Духовнта тврдина посветана на Мајката Божја во Кичево (Видео)

Манастирот посветен на Св. Богородица – Пречиста, или попозната како Кичевска, е духовен извор и светилник на христијанската вера.

Глетката на манастирот го остава секој едeн без здив. Конаците заштитнички ја опкружуваат црквата, која е една од најголемите во земјава, а спокојната и хармонична атмосфера која се чувствува при влeзот во црковниот двор, убаво и внимателно уреден со зеленило и цвеќиња, за кои се грижат калуѓерките, кои тука го нашле својот духовен мир, ја надополнуваат убавината на овoj манастирcки комплекс.

Токму оваа глетка ги предизвика ФАН ПРОДУКЦИЈА – ОЛИВЕР, да ја направат репортажата, една од ретките, за ова духовно светилиште, која ќе ве остави без здив, а секој кажан збор, ќе се врежи во вашите срца.

За чудотворната икона на Пресвета Богородица

Во црквата се наоѓа извор со света вода, посветен на света Богородица, каде луѓето го бараат својот спас. Се вели дека кога и се обраќате со цврста молитва и искрена вера помага во исполнувањето на желбите и пронаоѓа лек за низа болecти.

Легендата за создавањето на манастиорт вели:

Мештаните од кичевско решиле да градат манастир лика и прилика на големите грандиозни архитектонски зданија во чест на Св. Богородица.

Локацијата на местото што ја избрале за да се гради манастирот била во близината на Кичево, односно на местото каде денес се наоѓа манастирот Св. Ѓорѓија.

Поставиле икона на светицата на местото и си заминале. Утредента иконата ја немало. Градителите помислиле дека некој ја украл, но веднаш разбрале дека иконата се наоѓа на друга блиска планина.

Пошле на тоа место и ја нашле иконата како е поставена на вода односно на извор. Си рекле дека треба да ја вратат без да знаат што се случило.

Германија и во наредните 3 години ќе прима работници од Македонија и регионот, но воведе квота од 25.000

Владата на Германија донесе одлука за продолжување на доселувањето на неквалификувана работна сила од Западен Балкан до 2023 година, но воведе квота од 25.000 годишно.

Одлуката им овозможува на државјаните на Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, независно од формалните квалификации за вработување, да допатуваат во Германија, објави Министерството за труд и социјална политика.

„Продолжувањето на правилото за Западен Балкан за три години е добро за германското стопанство. Одредени бранши, како што е градежништвото, и понатаму бележат експанзија и им требаат работници. Недостигот од стручен кадар не смее во овие бранши да го сопре растот“, изјави министерот Хубертус Хајл.

Тој додаде дека доаѓањето на квалификувана работна сила се овозможува ако нема доволно такви работници во Германија или во Европската унија.

Анализата на Институтот за истражување на пазарот покажува дека 58 проценти од работниците од Западен Балкан се на ниво на стручна квалификувана работна сила или повисоко.

Одлуката ќе стапи во сила од 1 јануари 2021 година.