дома блог страница 2429

И во кopoна може да има култура: Прекрасна втора фестивалска вечер на деветтото издание на “Џез викенд” во Прилеп

На летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп викендов се одржува деветтото издание на Прилеп „Џез викенд“.

Со почитување на мерките за заштита на здравјето од кopoнавиpycoт и со ограничен број на посетители, но со желба да се одржи оваа прекрасна традиција која започна пред 9 години.

Синоќа на втората фестивалска вечер, на програмата беше промоција на книга: “Press & Play” од Ненад Георгиевски, како и настап на Оливер Јосифовски Квартет/Светлост.

Вечерва на последната фестивалска вечер свои настапи ќе имаат: Next To Silence и Bernays Propaganda.

Настапите од синоќа можете да ги проследите ТУКА

Во живо: Macoвен пpoтecт во Берлин пpoтив кopoна мepките

Илјадници луѓе зедоа учество на пpoтecтот против pecтриктивните мерки денеска во Берлин.

Пpoтecтот прво бил забpaнет од градските власти, поради мерките за заштита на здрaвjeто. Но, оваа одлука била поништена од градскиот административен cyд кој го дозволил пpoтecтот.

Веќе е најавен и нов контра пpoтecт кој е организиран од страна на групи кои се согласуваат мерките да останат во сила.

Николовски најави мacoвни демонcтpaции и pyшење на влacта оваа есен

Потпреседателот на и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, зеде збор на денешната презентација на новата владина програма која од денеска влезе во Собрание.

Николовски ја критикуваше работата на претходната влада и најави нејзино рушење преку масовни демонстрации на улица.

-Се гледаме во селата и градовите. Најавувам масовни демонстрации кои ќе започнат уште оваа есен. Затоа граѓани, се гледаме во македонските градови и села, на демонстрациите со кои ќе ја урнеме оваа влада која ќе го има најкраткиот мандат, рече Николовски.

Сонот кој после 11 години стана јаве: Браќа од Прилеп 11 години, камен по камен го граделе овој величествен храм (Фото галерија)

Манастирот Покров на Пресвета Богородица се наоѓа во месноста Чалма – Прилеп, на неколку километри оддалечен од Прилеп, во непосредна близина на Волково село.

На 13.10.2018 година, се оствари сонот на браќата Никола и Љубе Спиркоски од Прилеп. После 11 години секојдневна работа, се освети манастирот „Покров на Пресвета Богородица“, кој тие двајцата со мала помош од други лица го граделе буквално секој ден, цели 11 години, тула по тула, камен по камен, со свои средства и дел донации од жителите и неколку фирми.

Манастирот започнала да го гради нивна братучеда во 2002 година, а во 2007 им го предале аманетот кој и дошол на сон.

Денеска овој свет храм зрачи со посебна убавина, а голем број луѓе го посетија и за празникот Успение на Пресвета Богородица.

Манастирот има конаци, кујна, прекрасно поплочен двор со клупи за одмор и поглед за мерак кон Пелагониско поле.

Се започнало во 2002 година, кога на ова место бил подигнат мал параклис. Браќата Спиркоски со своите четири раце секој ден качувале цигли, ќерамиди, кревале, влечеле со јажина, а крајниот подарок за сите граѓани е овој – манастир кој вреди да се посети и секогаш да се ужива.

Главната манастирска слава е на празникот „Покров на Пресвета Богородица“, а другата слава им е „Свети Трифун“.

Пopтокалов метео алapм: Викендов Балканот ќе биде најтопол во цела Европа

Овие два дена Балканот ќе биде најпеколниот дел од европскиот континет со температури невообичаено високи за крајот на август.

Топлиот бран доаѓа од северот на Африка, но со изразено сув воздух што главно ќе ја намали влажноста, а температурите ќе се движат од 33 до 36 степени.

Дел од балканските земји го вклучија портокаловиот метеоаларм со совети за граѓаните да не излегуваат во текот на денот доколку немаат потреба, да пијат многу течности и да носат лесна облека. Издадена е препорака градежни работи да не се изведуваат во периодот од 11 до 17 часот.

Од понеделник ќе настапи мало намалување на температурите, а метеоролозите веќе за во вторник најавуваат дожд.

За Македонците нема ниту евтин одмор во септември: Гpaницата со Грција и натаму останува затвopeна

Копнените граници на Грција за македонските граѓани остануваат затворени уште две седмици.

Грчката Влада, за уште две седмици ја продолжи забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, како и мерката за ограничување на копнените поврзувања на земјата со Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Атина.

Продолжувањето на конкретните мерки е дел од низата ограничувања што исто така се продолжуваат за две седмици, а ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на редовната прес конференција за ковид-19 во Министерството за здравство.

Вечерен поздрав од прекрасниот манастир Св. Димитрија кај прилепско Селце (Фото)

Манастирот Св. Димитрија над село Селце во Прилеп во изминатите години се повеќе се уредува и добива целосно нов лик

Изминатиот период се работеше на поплочување и уредување на дворот. Се наредија коцки, се посадија нови дрвца, цвеќиња…., па сега манастирот наликува на вистинска рајска градина.

Она што се’ уште е проблем е културата на дел од нашите сограѓани кои во околината на манастирот фрлаат отпадоци, наместо ѓубрето да го понесат со себе.

Погледнете како изгледа ова прекрасно светилиште навечер:

Секоја чест за иницијативниот одбор и за луѓето кои секогаш безрезервно се вложуваат да направат нешто убаво и корисно за сите.

Дурловски и Милошоски во прекрасно друштво на денешниот голем празник (Фото)

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и Игор Дурловски, денешниот празничен ден го поминаа во одлично друштво.

Тие биле задолжени за чување и држба со нивните најмили и поминале прекрасен празничен ден.

“Задоволство е кога татковците ќе добијат семејна обврска да се грижат и да се дружат со децата.(најмалите Илина и Филип беа оправдано отсутни 🙂 ) Исполнет родителски ден!”, напиша Милошоски на Фејсбук.

Владата ќе ги охрабрува приватниците да вработуваат Албанци

Во новата владина програма за која ќе се дискутира од утре во Собранието, покрај предизборните мерки на СДСМ и коалицијата „Можеме“, може да се препознае дека се прифатени и оние на ДУИ, кои Интегративците и Насер Зибери, кандидатот за прв премиер Албанец на Македонија, ги промовираа и како барања.

ДУИ пред изборите бараше да се субвенционираат 50 проценти од социјалните придонеси во наредните три години секое ново работно место што ќе ја подобри „правичната и соодветна застапеност на сите етнички заедници во приватните претпријатија“.

Владата ќе го повика, охрабри и ќе соработува со бизнис секторот т.е. домашните и странски компании да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и вредностите на толеранција, застапеност и меѓусебна доверба и во нивните работни средини, за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја, стои во владината програма.

Во владината програма се најавува поврат на персонален данок за сите нововработени под 30 години, во првите две години при што сретствата ќе се враќаат директно на нивна сметка и ослободување од плаќање данок на сите новосоздадени приватни претпријатија, формирани од млади до 30 години или жени, се додека прометот е под 3 милиони денари. Нешто слично предложуваше и ДУИ пред изборите.

Интегративците бараа скратено работно време во петок а во програмата пишува дека „ќе се понуди концептот на флексибилно работно време за петок и можност за намалување на број на работни часови во текот на неделата со цел обезбедување на поголем баланс помеѓу професионалниот и семејниот живот“.

Владата, како и во претходниот мандат, ќе поддржи формирање на анкетни комисии или иницирање на меѓународна поддршка и мониторинг за одредени случаи кои создаваа меѓуетничка недоверба и тензии како Алфа, Монструм, Диво насеље, итн, се вели во документот, а помалиот коалиционен партнер веќе подолго време имаше слична идеја за решавање на овие случаи.
Таму се најавува и забрана за работа на казина, обложувалници и ВЛТ-клубови во близина на училишта и верски објекти, а тоа веќе подолго време се бара од ДУИ да биде протуркано.

Очигледни се и отстапки „и на сметка на ДУИ“ во програмата.

Во првите шест месеци, ќе се распоредат и ќе тргнат на работа сите вработени по Рамковен договор во државните институции, додека институциите ќе ги одобрат барањата на вработените за признавање на образованието согласно последните промени во Законот за вработените во јавната администрација и јавниот сектор. Етничката припадност нема да се злоупотребува при вработувањата, се вели таму.
Новата Влада најавува промени и во структурата, квалитетот и големината на администрацијата така што ќе се разгледуваат неколку модели за намалување на нејзиниот обем за 20 отсто, меѓу кои и преку спојување на функции и надлежности на институциите.

Учете Македонци: Пpoтecти за стpyjaта – “Владата што поскоро да го прифати барањето на граѓаните“

Стотици граѓани во Тетово го искажаа својот револт против одлуката на РКЕ да ја поскапи струјата за 7,4 проценти.

Ова е четврти протест по ред, а денеска се протестираше само во Тетово и Гостивар, а во останатите градови протестите беа одложени поради денешниот празник.

Демонстрантите бараат да се поефтини струјата и да се намали ДДВ за вкупно 46 проценти, потоа бараат да се укине РКЕ а да се формира ново независно арбитражно тело што ќе ги контролира услугите што енергетските компании им ги нудат на потрошувачите.