Во темните времиња ни пуштаат светлина којa ни е толку потребна. Во време кога музичката индустрија е на принуден одмор, заради KOPOHA пандимиjaта, прилепскиот бенд “The Dreamers” го објавува својот прв сингл и видео спот, насловен како „Уживања“.
Велат дека без разлика на тоа што времето е навистина тешко и мрачно, никогаш не смееме да поминеме ден без да го зачиниме со барем малку ужување.
Се работи за едно одлично спакувано дело, летен хит со одлична музика, певлив текст и ремек дело спот. Еден комплетно прилепски производ, во кој со сигурност ќе ужива цела Македонија.
Музиката и текстот се на The Dreamers, аранжман, микс и мастер Рубин Димкоски (R Music Studio), видео спотот е дело на “Fun Production – Оливер Ангелески”, а за светлото во спотот се погрижија од Театар „Чин 4 Сцена 5“.
Тие велат дека освен тоа, им пружат рака на претставниците на малцинските народи со желба заеднички да градат поубава и попросперитетна иднина за Црна Гора.
Денеска е одржан состанок на лидерите на коалицииите: “За иднината на Црна Гора”, “Мирот е наша нација” и “Црно на бело”, Здравко Кривокапиќ, Алексе Бечиќ и Дритан Абазовиќ, кои ќе ја конституираат идната влада на Црна Гора, пишува “Вијести”
Kaко што соопштија тројцата лидери, тие за брзо време ги усогласиле неколкуте принципи на кои ќе се основа идната власт.
“Првиот принцип кој е усогласен е дека новата, демократска власт, одговорно ќе ги спроведува сите меѓународни обврски. Второ, новата демократска власт ќе ги реализира сите неопходни реформи за Црна Гора во најкраток можен рок да пристапи кон Европската Унија. Трето, новата власт ќе биде експертска, конституирана од кадри кои се стручни во конкратните области без оглед на нивната политичка, верска, национална, или било која друга карактеристика. Четврто, новата власт во потполност ќе биде посветена на почитување на Уставот и законите, со измени, дополнувања и ревизија на сите дискриминаторски законски и подзаконски акти, вклучувајќи го и Законот за слобода на вероисповест”, се вели во соопштението кои го пренесуваат од “Vijesti.me”.
За разлика од денес кога вообичаена слика е зад воланот да управуваат жени и девојки со наполнети 18 години и не е ништо чудно и необично, во 1964 година Паре Дудеска била сензација – пишува неделниот весник “ЗЕНИТ”
Била првата жена – возач во Прилеп, а згора на тоа го возела и првото Фиќо во градов кое во тогашна Југославија го добила на лотарија.
Паре со 78 години, уште се гордее дека била првата која во тие конзервативни услови се осмелила да седне во превозно средство на четири тркала и со леснотија да ги совлада возачките вештини. Постојано возела. И сега, повремено за потреба со леснотија се фаќа за воланот.
Ја знае цел Прилеп, ем како првенец во автомобилизмот, ем како шивачка на која работ никогаш не и се искривил и сé што ќе сошиела на муштеријата му стоело како калап.
И по повеќе од половина век, таа со задоволство се сеќава на моментот кога и се насмеала среќата. И паднало фиќото, на кое ,,маста,, му ја извадила од возење, требало нетребало. Се настаменувала на возачкото седиште и терај, и уживај.
– Работев во Солидност. Поминуваше продавачот на лозови. Купив и го ставив во ќесето. Поминало извлекувањето. Не обрнав внимание. Сестра ми работеше во Витаминка и ми донесе весник: ,,Мори сестро, имало фиќо паднато во Прилеп, види! Ко гледам бројот се подесува.
Сабајлето со велосипедот одам во Солидност, а татко ми Коле го зел лозот и отишол во Туристичко биро, весникот и лозот заокружен. Таму го чекаат добитникот 4-5 дена. Никој не се јавил. Кога ќе го видат купончето со кармин исцрвено во чантата. Освен Фиќото, доделија Фиат 1300 и мотори. Мојата награда беше трето, четврто извлекување. На работа честев чоколадца. Дојдоа новинарите.
Во Солидност наместија звучници да се слушне, оти во Прилеп има паднато Фиќо и шефицата ми вели: ,,Стани оди. Сите во тебе гледаат. Барем една нема да работи, а другите ќе работат,,.
Кога си појдов дома, цел Варош собран. Во 2 саатот на радиото Зафирот јави со зборовите кои дури сум жива ќе ги думам: ,,Прв пат купила лоз и добила голема премија, Паре Степанулеска,,! Тоа ми беше моминското презиме – раскажува Паре.
Тоа било убаво доживување, секому да му се случи. Среќниот датум бил 9 април 1964 година, а полагала на 13 јули. Немало комисија овде, па идела од Битола.
– Стартот беше пред гимназијата Кочо Рацин, кај рекана. Деветмина бевме, а јас девојче. Два месеца учевме ,,моторно дело,,. Сите беа трактористи. Ми дадоа столче настрана, а тие на клупи. Кога го извлеков ливчето еден од петчлената комисија извика: ,,Зарем може и овде среќа да те служи,,? – монтирање гума! Ко ,,откачив,,, еден електричар беше, телевизори поправеше и го турнаа. Комисијата рече дека кога ќе имаат кандидати подготвени како мене, да ги викаат. Оттогаш не запрев – вели Паре.
Била примерен возач. Не чувствувала страв. Желба и храброст за возење огромна.
Со настапите на прилепските бендови The Dreamers и Vinyl Bandits синоќа заврши првото возбудливо издание на Pletvar Outdoor Festival, настан кој задолжително мора да прерасне во традиција.
Трите фестивалски дена беа исполнети со многу адреналин, трки, стрелаштво, јога, планински и велосипедски тури, мотокрос и многу музичка забава.
Организатори на фестивалот беа Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ и Извидничкиот одред „Феникс“ oд Прилеп, кои приредија настан за паметење.
Фестивалот побуди интерес кај голем број млади од градот, но и од сите делови на Македонија.
Изборот на локација беспрекорен. Природа како измислена за ваков настан. Имаше и простор за кампување, во ноќите се палеше логорски оган, а присутните уживаа и во кино проекции.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција се осврна и внатрепартиските случувања
И сосема на крај да одговорам на сите прашања поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, збор два за оние иницијативи кои одат во користсамо на СДСМ и Зоран Заев. Јас немам намера да си поднесам оставка за да му помогнам на СДСМ и Заев. Ваквите теми само одат во прилог на оние против кого се бориме, ова на денешната прес-конференција го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-И додека сум жив а доколку тоа не сум има план Б и план В ќе се борам против оние кои му служат исклучиво нему на Зоран Зае за да си го заштитат својот криминал. Зборат за вонреден конгрес но таква иницијатива нема стигнато ниту поднесено во архивата на партијата. Што значи тоа е тема за да се прикаже ВМРО-ДПМНЕ слабо и се одработи исклучиво за СДСМ и Зоран Заев. А сега и за суштината. За сите оние кои прават криминал, кои одработуваат за милост и кои поради тој криминал потклекнале и се во скутот на Заев, треба да знаат сега и во иднина, нема да правaм компромиси со криминалот, нема да дозволам да се прогледа низ прсти поради сите нивни грешки и нема да премолчиме богатење на грбот на народот. Сите оние кои станаа најдобри другари на Заев не е тоа затоа што се силни, туку затоа што се екстремно слаби. Сигурно сте се запрашале зошто нема завршница за познатите случаи за кои Заев како опозиција велеше дека се криминал, одговорот на тоа се добива овие денови кога гледаме како неколкумина појаничарени слуги одработуваат надевајќи се на неговата милост и својата слобода, вели Мицкоски.
Тој додава дека нашите животи го почнуваат својот крај оној ден кога ќе замолчиме за значајните нешта. А јас нема да замолчам пред неправдите, за печалбарите во политиката, за отпорот кој станува наша должност кога криминалците прават хотелски коалции за да се спасат себе си, а се нудат за решение.
-Оние кои толку многу пати се огрешиле кон ВМРО-ДПМНЕ и кон народот не се никакво решение, туку завршена приказна. Товар кој мора да отпадне за да ВМРО-ДПМНЕ и народот победи. Тие не зборат за криминалот на власта, ама се со полна уста за опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ. Тој пакт на криминалот и политиката кој е мафија во државата ќе биде поразен. Таа мафија, тој политички брак на власта и дел од тоа политичко криминално подземје кое се нуди за опозиција на опозицијата за да ја спаси власта, кое направи милиони за себе, со чиновничка плата, ќе биде поразено. Хотелската коалиција или Зоран Заев не може да се иднината на Македонија. Или тие, или Македонија! ВМРО-ДПМНЕ припаѓа на народот, и на Македонија и нема да биде заробено од оние чиј капитал го направија на тие свети букви. Македонија има јасна закана, и јасна цел, да ја собориме најпрво владата и мафијата која ја оддржува таа влада а потоа да си ја обновиме државата, вели Мицкоски.
На 30.08.2020 во 21.00 часот било приjaвено дека на крстосницата од Кеј „9-ти Септември“ и ул.„Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп се случила cooбpaќajна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(52) од Скопје и мопед „априлија“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Прилеп.
Во незгодата со тешки телecни повpeди се здобил возачот на мопедот конcтатиpaни во Општата болница Прилеп.
Извршен бил yвид на местото на настанот од увидна екипа од Полициcката станица Прилеп – информираат во дневниот билтен на МВР.
На 2 септември 2020/среда/ од 19.00 ч. на платото пред ЦК„Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт на Концерт на шпански мелодии.
Ќе настапат Александра Коцевска-мецосопран и Глигор Гелебешев-пијано придружба.
Александра Коцевска¬-мецосопран
Музичкото образование почнува да го изучува во ДМБУЦ “Илија Николовски- Луј”-Скопје,во класата по соло пеење на проф.Билјана Јовановска-Јакимовска,а дипломира на ФМУ-Скопје во класата на проф.Благојче Николовски.
За време на своите студии учествува на бројни натпревари по соло пеење во Македонија и странство, каде е наградувана со високи награди.
По дипломирањето се вработува во ДМУЦ ” Сергеј Михајлов”-Штип, каде може да се каже дека е основоположник на класата по соло пеење. Во 2002год. магистрира во класата на проф.Билјана Јовановска-Јакимовска.
Додека во 2006 год. својата педагошка кариера ја продолжува во ДМБУЦ“Илија Николовски-Луј”-Скопје. Како наставник по соло пеење бележи големи успеси со своите ученици на бројни натпревари и кои се школуваат во Австрија, Бугарија, Франција. Како истакнат педагог e често поканувана како член во жири-комисии на меѓународни натпревари. Во 2011год. добива награда за повеќе годишна успешна работа во областа на уметничката педагогија од “Здружение на музички и балетски педагози на Република Македонија”.
Од 2015год. се враќа на концертните подиуми. Следуваат концерти во соработка со пијанистот Глигор Гелебешев…..Тетово, Гевгелија, Кочани, Скопје, Куманово, Р.Бугарија на ”14ти Фестивал на искуствата” во салата на музејот на Борис Христов, 45ти Караманиови поетски средби. Но и често настапува во камерни состави по различни поводи (Денот на хармониката,Фестивал Златна лира..итн.) Од 2017год натапува и со Трио- Колегиум . Бележи и настапи во организација на Амбасадите на Р.Србија и Р.Полска.
Глигор Гелебешев (1969), својата музичка наобразба ја почнува во родната Гевгелија. Средно музичко училиште завршува во ДМБУЦ – Илија Николовски – Луј во Скопје. Студира на акдемијата на уметности во Нови Сад, а магистрира на факултетот за музичка уметност во Скопје.
По, дипломирањето 1992 година се вработува во Државен Музичко Балетски Училишен Центар Илија Николовски-Луј,каде како наставник по пијано каде работи до денес. Учениците во класата на наставникот Г.Гелебешев се учесници на повеќе домашни и меѓународни натпревари, каде се и високо наградувани.
Заради својата успешна педагошка кариера, тој е член на жири на повеќе натпревари од домашен и меѓународен карактер (Македонија, Србија, Бугарија, Полска…). Како пијанист – солист и камерен музичар, Глигор Гелебешев има настапувано како во Македонија така и во странство – Франција, Холандија, Србија, Словенија, САД, Турција, Романија, Италија, Бугарија… Организатор е на ЕПТА – конгрес (Europa Pianistic Teachers Association).
Од 2008 година па до денес, е предавач на истиот, во неколку наврати претседател на организациски одбор на државните натревари по пијано во Македонија.
Од 2011 година основач и претседател на меѓународниот натпревар за млади пијанисти во Гевгелија. За успешна пијанистичка кариера од страна на СМУМ (Сојуз на Музички Уметници на Македонија) ,е добитник на наградата Златна Лира.
Во 2018 година е поканет да држи мастер класи во Загреб на музичката академија, како и во Сараево.
Прес конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
Во продолжение интегрален текст од денешната прес конференција на Мицкоски:
“Причината зошто до сега се воздржував од јавни настапи беше со цел да оставам простор јавноста многу прецизно да го види целото она препелкање на власта, немањето на капацитет и нивната желба по секоја цена да ги задржи позициите и функциите кои им се извор за лично богатење, тендери и скандали, како и нивните инсталации, оние кои по сопствена волја им помагаат и одлучија да биде фокус ВМРО во овој период кога државата ја мачи СДСМ и се она што денес преставува Заев, истакна на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски чиј интегрален текст ви го пренесуваме во продолжени.
Така денес имаме нова влада со стари, истрошени, компромитирани и транзициски кадри.
Кадрите се исти и стари, но и ветувањата се стари и истите оние кои не ги исполнија. Ништо ново, ветуваат просечна плата од 600 евра кога неисполнија ветување од 500 евра. Па во меѓувреме, од митинзите пред избори до вчерашната собраниска седница си го намалија сопственото ветување па ветуваат 570 евра просечна плата, која исто така најверојатно нема да ја исполнат.
По трет пат ветуваат нов клинички центар, нови 260 км автопатишта откако не изградија ниту еден свој километар автопат во изминатите 4 години. Ветуваат странски инвестиции откако не донесоа ниту една, ветуваат нови работни места откако имаме 40 илјади нови невработени само за 5 месеци. Ветуваат реформа во администрацијата кога потрошија 4 години и ништо не направија. Ветар и магла, ним им е важно само брутално, дрско и безобзирно да крадат.
Првата работа која ќе ја направеле ќе била уривањето на дивоградбата во Мавровка, откако се запали објектот и се градеше 4 месеци во мандатот на владата водена од СДСМ. Самите дозволија да се изгради и сега ќе ја уривале. Какво лицемерие. И најголемото е она кога Заев ветува дека ќе се борел за правда, човекот кој едно исто со криминалот во земјава. Тоа е владата со истите луѓе кои го правеа рекет, кои направија шума од стеблата со непотизам, тендери во 4 очи, луј витон чанти, градоначалници шверцери.
Влада водена од истите луѓе кои земјава ја вброија со Боцвана и Сенегал како хибриден режим, кои според Економист сме најкорумпирана држава во Европа, на листата на Транспаренси сме на 106то место последни во Европа, а во друштво со Сомалија, Брегот на слонова коска.
Ова е истата влада која допринесе државава да нема ниту еден универзитет во 1000најдобри според Шангајската листа и влада во чие време се тепаат новинари, атакуваат медиуми, и постои селективен и медиумски атак врз опозицијата истурајќи гомила лаги за да се покријат скандалите на власта.
Почитувани, новата влада со стари и истрошени кадри ја отсликуваат три работи: криминал, истрошеност и лаги. Затоа имаме влада на СДСМ и ДУИ која е спрега на мафија, лаги и криминал.
Едните за другите си рекоа дека 5 пари не вредат, дека се канцер на криминалот во општеството.
Влада која иако збори за Европската Унија има неевропски вредности со која се повеќе не одалечува од тие цели.
Значи денес овие денови имаме 40 илјади ново невработени за 5 месеци, најголем зголемување на невработеноста за толку кус период од времето на приватизацијата, имаме пропадната банка со кредити влечени од фирми блиски до власта, министерка која пред да пропадне банката си ги извлекла парите слично како министерот во тренерки од ТАТ. Познато ли ви е, нели? Се е исто како црната транзиција.
И нема само да констатирам што имаме, сите добро тоа го знаеме, ќе зборам и за тоа што ќе добиеме во наредниот период. Од двата дена собраниска седница не чувме ниту збор за тоа како ќе се надмине економската криза, како ќе се надмине и здравствената криза. Не чека сиромаштија и уште посилна здравствена криза.
Сериозноста со ковидот укажува дека имаме 600 починати до сега и ова е најголем број починати во Македонија предизвикани од некакво влијание и фактор по Втората Светска војна до сега. И луѓе секаде се заразуваат низ светот но според сите параметри земјава се справува убедливо најлошо во цела Европа. И не е само до менталитетот и недисциплинираното однесување на дел од граѓаните туку пред се поради немањето на систем и стратегија. А одговорен за тоа е Зоран Заев.
Кризата ќе биде уште поголема и ако не се превземе итен активизам, сериозни мерки и протоколи последиците ќе бидат уште поголеми.
Во економијата, имаме зголемување на долгот на една милијарда евра за 6 месеци, буџетски дефицит од 520 милиони евра за само 7 месеци. Во сериозна опасност ќе се доведе и редовната исплата на платите и тековните обврски. Следуваат потешки времиња.
Ова е истата таа влада која го изведе најнечовечкиот, најбруталниот поткуп на избори на Балканот спроведен било кога. Имавме вонредни избори, а тие дојдоа затоа што Македонија не доби датум за отпочнување на преговори со ЕУ. Ако се прашувате зошто? Се виде пред изборите. Потрошија милијарда за еднократен поткуп а не за проекти. За пакети, за купување гласови. Ја газеа волјата на народот. А ние водејќи се од интересите на државата и водејќи сметка за европските приоритети и интереси не сакавме изборите да се претворат во тоа што беа, изборна кланица.
Сакам и да се обратам на членовите на партијата. Не затекнавме партија од 450 илјади гласови, туку поделена, игнорирана од меѓународната заедница, атакувана партија, чиј имот поради притисок беше и се уште е замрзнат, незаконски ќе потсетам. Со луѓе по затвори додека вистинските криминалци на слобода. И беше тешко. Многу внатрешни удари кои ги лепевме, правевме компромиси. Стигнавме до овде. Зло како оваа влада не се руши одеднаш туку со многу битки, многу труд и паѓање на оваа власт на рати. А ова денес е почеток на крајот на СДСМ.
Ако ме прашувате каква иднина не чека, оваа влада нема иднина и ќе падне пред завршетокот на својот мандат на граѓански протести. И мора секој да биде свесен дека нема брзи победи против ова зло, туку долга битка за слобода и правдини и европска иднина.
Затоа што Македонија нема европска иднина со мафијашка коалиција, затоа што земјоделците кои сега не ги ни спомнуваат нема да го добијат потребното, затоа што сиромаштијата ќе се зголемува, затоа што младите ќе продолжат да си одат од земјата, затоа што квалитетот не се цени.
Како ќе се однесува ВМРО? Со жестока критика на страна на народот, со организирани масовни граѓани протести, бидејќи ова не е само моја битка туку на народот против неодговорната и криминална влада.
И сосема на крај да одговорам на сите прашања поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, збор два за оние иницијативи кои одат во користсамо на СДСМ и Зоран Заев. Јас немам намера да си поднесам оставка за да му помогнам на СДСМ и Заев. Ваквите теми само одат во прилог на оние против кого се бориме.
И додека сум жив а доколку тоа не сум има план Б и план В ќе се борам против оние кои му служат исклучиво нему на Зоран Зае за да си го заштитат својот криминал.
Зборат за вонреден конгрес но таква иницијатива нема стигнато ниту поднесено во архивата на партијата. Што значи тоа е тема за да се прикаже ВМРО-ДПМНЕ слабо и се одработи исклучиво за СДСМ и Зоран Заев.
А сега и за суштината. За сите оние кои прават криминал, кои одработуваат за милост и кои поради тој криминал потклекнале и се во скутот на Заев, треба да знаат сега и во иднина, нема да правaм компромиси со криминалот, нема да дозволам да се прогледа низ прсти поради сите нивни грешки и нема да премолчиме богатење на грбот на народот.
Сите оние кои станаа најдобри другари на Заев не е тоа затоа што се силни, туку затоа што се екстремно слаби. Сигурно сте се запрашале зошто нема завршница за познатите случаи за кои Заев како опозиција велеше дека се криминал, одговорот на тоа се добива овие денови кога гледаме како неколкумина појаничарени слуги одработуваат надевајќи се на неговата милост и својата слобода.
Но, нашите животи го почнуваат својот крај оној ден кога ќе замолчиме за значајните нешта. А јас нема да замолчам пред неправдите, за печалбарите во политиката, за отпорот кој станува наша должност кога криминалците прават хотелски коалции за да се спасат себе си, а се нудат за решение.
Оние кои толку многу пати се огрешиле кон ВМРО-ДПМНЕ и кон народот не се никакво решение, туку завршена приказна. Товар кој мора да отпадне за да ВМРО-ДПМНЕ и народот победи. Тие не зборат за криминалот на власта, ама се со полна уста за опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ. Тој пакт на криминалот и политиката кој е мафија во државата ќе биде поразен. Таа мафија, тој политички брак на власта и дел од тоа политичко криминално подземје кое се нуди за опозиција на опозицијата за да ја спаси власта, кое направи милиони за себе, со чиновничка плата, ќе биде поразено.
Хотелската коалиција или Зоран Заев не може да се иднината на Македонија. Или тие, или Македонија! ВМРО-ДПМНЕ припаѓа на народот, и на Македонија и нема да биде заробено од оние чиј капитал го направија на тие свети букви.
Македонија има јасна закана, и јасна цел, да ја собориме најпрво владата и мафијата која ја оддржува таа влада а потоа да си ја обновиме државата”.