дома блог страница 2424

Познато кога ќе се знае колку ученици ќе посетуваат настава со физичко присуство (Видео)

На денешната прес конференција Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска изјави дека сè уште не знае колку од учениците ќе ја следат наставата со физичко присуство, а колку онлајн.

-Тој процент ќе се знае по 15 септември, бидејќи во моментов тече повикот кон сите основачи или сите општини и совети на училиштата, кои треба да се обратат до Комисијата во Владата, која треба да им одговори позитивно или негативно. Во тој момент ќе имаме пресек колку од нив стартуваат со физичко присуство, а колку ученици ќе ја следат наставата со учење од далечина, рече министерката Царовска.

Целата прес конференција проследете ја во продолжение:

Се наоѓа во прегратките на Селечка Планина: Место кое зрачи со посебна љубов и убавина (Фото галерија)

За тие што не знаат, Селечка Планина е средновисока планина која се наоѓа јужно од градот Прилеп помеѓу Пелагонија на запад и Мариово на исток. Највисок врв е врвот Висока со 1.471 метри.

Селечка Планина има меридијански правец на протегање од север кон југ, чие било започнува на север од превојот Скала, а на југ завршува во долината на Црна Река.

Долга е околу 30 километри, а широчината се движи меѓу 8 и 10 километри. Започнува одвојувајќи се планината Дрен на север од каде сртот продолжува во јужна насока преку врвовите Паничиште (1421 м.н.в.) и Две Стени (1473 м.н.в.) до превојот Слива преку кој минува регионалниот асфалтен пат кон Мариово и Витолиште.

Највисок врв во северниот дел е Висока (1471 м.н.в.), а во јужниот дел е Цаула (1434 м.н.в.). Од превоите покрај Скал, преку кој се поврзува северниот дел на Пелагонија со Мариово, значаен е уште и превојот Преслап (936 м.н.в.) преку кој комуницира Битолското Поле со Мариово.

Над манастирот Св. Димитрија, кој се наоѓа во непосредна близина на село Селце, се наоѓа месноста позната кај прилепчани како Козји трла.

Навидум ништо посебно, но ова место во себе носи многу љубов, убавина која може да се доживее само тука. Наоколу шума, прекрасен воздух, ладовина, а на самото место има и клупи за одмор, како и мала настрешница за да се засолните доколу наиде некое невреме.

Нема прилепчанец кој ја сака природата, а не го знае ова место. Посетете го и дадете свој придонес, затоа што се’ што ќе видите таму е направено со многу љубов и заслужува да се одржува и во иднина.

Повеќе за Селечка Планина

Македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ (1896) го дава следниот орографски опис на протегањето на Слечка Планина. Право на југ од врвот Козјак се протега Селечка Планина, која што го заградува од исток целото Пелагониско Поле и на југ завршува до Црна Река во Пелагониското Поле спроти почетокот на планината Ниџе.

Селечката Планина има должина во правец од север кон југ околу 10 часа. Таа е тесна и нерасклонета планина со каменест состав. При западното подножје се шири Прилепско-Битолското Поле, а под источното подножје е длабоката долина на Црна во Мариово.

Во почетокот на таа планина меѓу неа и врвот Козјак е Плетварскиот превој, по кој што минува патот од Прилеп за Градско, кој понатаму врви по долината на Раечка Река. Уште во самиот почеток Селечката Планина испушта огранка од источната страна рамна на неа по должина и височина, која што се протега право по источен правец паралелно на Раечка Река, се јавува во Тиквешкото Поле, кое што и го заградува од југ, се пресекува од Црна Река во југоисточниот крај на Тиквешкото Поле и на преслапот со Гевгелиското се сврзува со Пајак Планина. Оваа огранка е всушност планината Дрен Највисоки места во веригата се Сува Гора и Радобилската Планина, 3-4 часа на исток од Прилеп. Селечката планина и гореопишаната верига ја заградуваат од северозапад и североисток планинската област Мариово.

Селечка Планина е изграден од гнајсеви, микашисти, амфиболити и кварцити. Како реликти во амфиболитски маси се јавуваат габровите и гранитите. Во тектонски поглед посебно се издвојува Маковската антиклинала која се протега на околу 35 килoметри и може да се следи на југ од долината на Црна Река во меридијански правец до селото Суводол односно до селото Маково.

Освен по правецот на протегање Дрен и Селечка Планина се разликуваат и по геолошкиот состав кој на Селечка е претежно од гранитни карпи и јаглен, а на Дрен е главно сочинет од карпи од мермерната серија. Западната падина на Селечка Планина е богата со наоѓалишта на јаглен, а во нејзиното подножје се наоѓаат и најголемите рудници за ископ на јаглен во Македонија.

Тоа се површинските копови Суводол и Гнеотино при РЕК „Битола“. Источната падина во Мариово е богата со голем број на гранитни карпи со мошне интересни облици. На планината се среќаваат голем број на мали извори од кои потекуваат мали реки кои во летинот сув период во најголем дел прсушуваат.

Шумскиот фонд е мошне редок и е претставен со листопадни шуми од даб и леска, а на зарамнетите падини има и ниска тревна вегетација. Мошне се развиени речната ерозија и денудацијата при што се создале скорешни облици кои на планината ѝ даваат атрактивен изглед.

Xит видeo: Koлегите го yчaт нajвиcoкиот игpaч во НБА да плива во базен

Taко Фол со своите 226цм. висина е највисокиот играч во НБА лигата

Неговиот колега Енес Кантер од тимот на Бостон Селтикс објави видео на Твитер на кое го учи како да плива.

“Сенегалскиот Фелпс”, напиша Кантер.

Тако Фол има 24-години, а на видеото се гледа дека воопшто не знае да плива.

Повторно двоцифрена бројка на новозapaзени во Прилеп денеска

Во последните 24 часа се направени 1665 тecтирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје 34, Куманово 10, Штип 14, Прилеп 15, Тетово 3, Струга 13, Битола 4, Охрид 4, Гостивар 2, Крива Паланка 1, Радовиш 1, Крушево 1, Кочани 1, Пробиштип 2, Македонски Брод 1, Пехчево 1, Берово 2, Виница 3, Делчево 1, Свети Николе 2

Починат е еден пациент од Гостивар на возраст од 76 години.

Денеска Институтот за јавно здравje регистрира 368 оздpaвени пациент од: Скопје 64, Куманово 74, Дебар 28, Штип 30, Прилеп 5, Тетово 48, Струга 9, Битола 6, Охрид 3, Кавадарци 20, Гостивар 36, Гевгелија 1, Струмица 4, Крива Паланка 6, Радовиш 1, Кочани 4, Пробиштип 1, Демир Хисар 2, Македонски Брод 3, Кратово 1, Свети Николе 9, Кичево 12, Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 149.934 тecтирања на Koвид -19. Нема тecтирања во рамките на cкpинингот.
Вкупната бројка на Koвид диjaгностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 14455, бројката на оздpaвени пациенти е 11525, починaa 604, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2326.

Се предлага нов начин на одвивање на наставата: Ова се денешните заклучоци од состанокот со средношколците

Владата нуди комбиниран модел за старт на учебната година и секаде кадешто се исполнети условите од протоколите коишто веќе се усвоени, наставата ќе може да започне со физичко присуство во училиштата, независно од одделението и возраста на децата, посочи министерката за образование и наука Мила Царовска по двата одделни состанока со претставници на Сојузот на средношколци кои бараат комбинирана настава, но и со Иницијативата на родителите коишто бараат отворање на училиштата.

-За таа цел е формирана Комисија од Владата којашто ќе утврдува дали се исполнети условите во училиштата, рече Царовска на работниот состанок.

Царовска, информираат од МОН, посочи дека сепак во објектите кои не се во можност да ги исполнат протоколите, учебната година ќе стартува онлајн за што забрзано се работи на подготовка на единствена национална онлајн платформа. Во овие училишта, настава со физичко присуство ќе посетуваат само децата од прво до трето одделение, но и за нив е дадено правото на избор, за што родителите ќе треба да се изјаснат со писмена изјава.

Министерката за образование и наука истакна дека е свесна дека секој наставник, ученик, родител има свои желби и размислувања за тоа како треба да изгледа наставата, но додаде дека треба да се најде баланс меѓу заштитата на јавното здравје и учењето. Царовска рече дека со заеднички заложби е сигурна дека успешно ќе ја завршиме оваа училишна година.

На состанокот, средношколците побараа да бидат вклучени како рамноправен партнер во сите политики коишто се однесуваат на младите и учениците. На средбата беше донесен заеднички заклучок дека продолжува соработката и дијалогот меѓу средношколците, наставниците, родителите, Министерството за образование и наука и другите институции, со цел да се најде најдоброто решение за наставата и образовните процеси во услови кога земјата се соочува со пандемија.

Претставниците на Иницијативата на родители изразија задоволство што Владата нуди комбиниран модел за започнување на учебната 2020/2021 година.

Пpилеп: Пpeдизвикал пожap во обложyвaлницa, па потoa caм ce пpиjaвил во полициja

По поднeceна kpивична пpиjaва, Ocновното jaвно обвинителcтво Прилеп донесе Наpeдба за cпpoведyвање на иcтpaжна пocтапка пpoтив прилепчанец на возраст од 26 години, за коj постои ocновано coмнение дека го стopил kpивичното дело – Тешки дела пpoтив општата сигypнocт од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Kpивичниот законик.

Ocoмничениот на 31.08.2020 година околу 01,00 часот, со пожap пpeдизвикал поголема имотна штета во висина од 1.000.000 денари во обложувалница во Прилеп.

Тој купил 1,5 литaр бензин од бензиска станица, ставајќи го во во пластично шише, па се упатил кон обложувалницата каде што пристигнал околу 01,00 часот, се доближил на растојание од 3-4 метри, пронашол два поголеми камења и со истите cкpшил едно од стаклата покрај влезната врата.

Ocoмничениот влегол во внатрешноста на обложувалницата и започнал бензинот да го истура во внатрешноста, најнапред околу шанкот и просторот каде што седеле вработените, а потоа во останатиот дел од обложувалницата.

Додека бил во внатрешноста, со кибритот кој што го носел со себе, го запалил бензинот и предизвикал пожap. Откако го извршил kpивичното дело, ocoмничениот со такси возило отишол во полициcка cтаница во Прилеп и го приjaвил настанот.

Надлежен јавен обвинител до Ocновниот cyд Прилеп поднece предлог за определување на мepка пpитвop за ocoмничениот, кој предлог беше пригфатен од Cyдот и со peшение му е определен притвop во траење од 30 дена.

Македонците и денеска на први септември итаат за на одмор: На овој граничен премин е вистинска гужва

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен, соопшти АМСМ.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничниот премин Ќафасан, каде се бележи зголемена фреквенција, а задржувањата се околу 30 минути.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

(Видео) Живот на карпа висока 40 метри: Столбот Качи е едно од најмистериозните места на светот

Столбот на животот или Столбот Качи е природен варовнички монолит во истоименото село во западниот дел од Грузиија.

Висок е околу 40 метри, а на неговиот врв се наоѓаат остатоци од црквата Свети Максим Исповедник која потекнува од 9 или 10 век, вински подрум и остатоци од некогашно утврдување.

Целиот простор на врвот зазема само 150 метри квадратни, а со оглед на тоа дека постои лифт, до него може да се дојде со помош на раце, нозе и малку среќа.

Првото забележано качување се случило во 1944 година, кога планинарите Александар Јапардзе и Леван Готуа на врвот го пронашле телото на последниот жител.

Се претпоставува дека станува збор за место на тивка контемплација и молитва, наменето за луѓето кои сакале да се одвојат од остатокот на светот.

Tpгнување вo шкoлo за вpeме нa гoлeмaтa пaндeмиja во 1918 година- Oдлуката на големите градови (Фото)

Ова не е прв пат лидерите да се мачат да донесат одлука дали училиштата треба да бидат отворени во време на пандемиja.

За време на пандемиjaта во 1918 година, иако светот бил сосема поразличен, таа дискусија била подеднакво бурна како и денес, пишува СиЕнЕн.

Пандемиjaта на грипот одзела 5 милиони животи ширум светот, вклучувајќи 675.000 Американци, пред да биде завршена. И додека поголем дел од градовите во Америка во тој период ги затвориле училиштата, три одлучиле да останат отворени- Њујорк, Чикаго и Њу Хејвен, раскажуваат историчарите. Одлуките на здравствените работници во тие градови главно се засновале на хипотези на службениците од јавното здравство, дека учениците се безбедни во училиштата. Сепак тоа било доба на прогресија на државата, со фокус на хигиената во школите и повеќе медицински сестри по ученик. Многу повеќе отколку што можеме денес да си замислиме.

Њујорк во 1918 година имал скоро милион деца во училиштата, а околу 75% од нив живееле во станови, во пренаселени населби со често несанитарни услови, пишува во статијата за јавно здравје од 2010 година.

“Учениците од пренаселените области имале добри услови во училиштата- добро опкружување во кое наставниците, медицинските сестри и лекарите практикувале- и документирале- детални, рутински медицински инспекции”, се наведува во истата статија која е пишувана на основ на историски извештаи за јавното здравје.

Градовите биле првите и најтешко погодени од грипот, рекол др. Хауард Маркел, медицински историчар и директор на Центарот за историја на медицината во Универзитетот во Мичиген, кој бил коавтор на таа статија.

“Децата ги менувале своите, често несанитарни домови, за големи и чисти училишни згради, каде секогаш постоела инспекција и се практикувале редовни прегледи”, изјавил тогашниот комесар за здравје во Њујорк, др С.С. Копеланд.

Учениците не смееле да се собираат надвор од училиштата и морале редовно да му се јавуваат на учителот, додава Копеланд. Наставниците редовно проверувале дали учениците имаат симптоми. Оние ученици кај кои ќе се појавеле симптоми- биле изолирани. Ако некој ученик имал покачена температура, некој од здравственото одделение ќе го одведел дома, а здравствен работник ќе оценел дали домашните услови се добри, пишува во извештаите. Ако условите не биле добри, учениците ќе ги задржеле во болница.

“Здравственото одделение барало од семејствата за децата кои се опоравуваат да обезбедат семеен лекар или да ги користат бесплатните услуги на лекарите од институциите за јавно здравје”.

Властите од Чикаго сметале дека ако школите се отворени “децата нема да бидат на улиците и ќе бидат подалеку од возрасните”.

Меѓутоа, бројот на изостаноци од училиштата се зголемувал за време на пандемиjaта, а тоа еден јавен здравствен службеник од Чикаго го нарекол “флуфобија” меѓу родителите.

“Стапката на изостаноци била толку голема што навистина не било важно дали школите се отворени или не”, рекол Маркел.

Според документите од 1918 година од чикашкото Министерство за здравство, дел од стратегијата било да се обезбеди свеж воздух. Школските соби биле презагревани за време на зима , па прозорите морало постојано да бидат отворени. Во истиот документ било заклучено дека “одлуката за отворањето на училиштата за време на епидемиjaта било оправдано”.

“Подобро е да ги имате децата по постојан надзор на квалификувани лица, отколку да се затворат училиштата”, изјавил за Њујорк Тајмс тогашниот комесар за здравство на Њујорк, Копеланд.

Маркел, кој со другите истражувачи, ги споредил податоците и историските записи од 43 градови, за начинот како одговориле на пандемиja од 1918 година, не бил целосно убеден во тоа.

Њујорк не постапил најлошо, но не и најдобро, рекол Маркел и додал дека Чикаго одреагирал најдобро во целата ситуација.

Сакала да јаде на “гага” во ресторан затоа што ја следеле илјадници на Инстаграм, па добила неочекуван одговор и сега и’ се смее целиот регион (Видео)

Инфлуенсерка на Инстаграм и Тик-Ток побарала да јаде гратис во познат ресторан, а за возврат да ги изрекламира на своето “стори”, па добила одговор на кој се смее целиот регион

Дорис Станковиќ е Хрватка која има стотина илјади следбеници на своите профили на социјалните мрежи. Пред извесно време таа му понудила на сопствениците на некој ресторан во Пореч соработка во облик на компензација. Таа побарала да јаде гратис, а за возврат да објави ознака од ресторанот на својот профил.

“И што потоа, што ќе добиеме ние од тоа? Некој потоа да се зафркава со нас затоа што сме на вашето Инстаграм стори? Вашата понуда е во најмала рака смешна, тоа може да го побара и добие Мадона, Серена Вилијамс, Вил Смит. Вие можете да дојдете кај нас и да јадете, услугата ќе ја платите, а ние можеме во договор со вас износот од вашата сметка да го уплатиме во хуманитарни цели и за тоа да објавите на вашето стори. Во спротивно нема џабе ни кај стара баба”, и порачале од ресторанот, а одбивањето на понудата и паднало многу тешко, па Дорис решила на својот “Тик-Ток” да се исмејува со ресторанот, но потоа и самата стана мета на потсмев од Твитер заедницата.