дома блог страница 2423

Затоа го сака цела нација! Иџе: “Горд на мојата земја Македонија и нашето македонско знаме”

На втората трка од ТЦР шампионатот која викедов се возеше во Имола во Италија, нашиот најдобар автомобилист, Игор Стефановски Иџе го освои третото место, а на крајот заврши на второто место на подиумот, поради казната на второпласираниот Салваторе Савано.

Иџе како и секогаш гордо го развиори македонското знаме, а денеска одново ги освои своите фанови на социјалните мрежи.

“Горд на нашето ??знаме,горд на нашиот народ, горд на мојата земја Македонија. Нашето македонско знаме уште долго ќе се вее на победничките пиедестали на европските тркачки патеки”, напиша Иџе.

Прилепчани разочapaни: 3атвopи едно од најкултните места во Старата чаршија (Фото)

Едно од најкултните места во прилепската Стара чаршија повеќе не работи.

Познатата продавница за сладолед “БИЏО” стави клуч на вратата на добро познатата локација на плоштадот “Методија Андонов – Ченто”.

Прилепчани се разочарани затоа што едно од нивните омилени дестинации додека шетаат низ чаршијата повеќе го нема.

Младите се надеваат дека ова ќе биде привремено, или пак можеби “БИЏО” ќе биде преместен на друга локација.

Во прилепската Стара чаршија изминатиот период откако започна кpизата предизвикана од пандемиjaта со kopoнавиpycот затворија повеќе дуќани. Не е познато дали и “БИЏО” го снајде истата судбина, но се чини дека чаршијата не е како што беше претходно.

Дуќанџиите, особено оние кои се сопственици на бутици постојано се жалат дека слабо се купува и дека крпат крај со крај. Нема свадби, нема веселби, па чаршијата трпи големи загуби.

Ова беше невиден хит во цела Македонија минатото лето и го видоа милион луѓе (Фото галерија))

На ваква иновативност вреди човек да се потсети и после една година…

Минатото лето локалната самоуправа во Прилеп реши да ги осовремени фонтаните во центарот на градот, а изборот на дизајн наиде на потсмев во цела држава.

Лавабоата кои беа поставени беа објавени од речиси сите онлајн медиуми, а на сметка на општина Прилеп се шегуваше целата Твитер заедница.

Откако си го видоа срамот, само 24 часа подоцна, општинарите го вратија стариот дизајн на фонтаните.

Течат пари од улица во Прилеп, никој не оди да реагира: Битно 288.000 евра за договорни вработени имаше?

Прилепчани секојдневно се жалат на дефекти во водоводната мрежа. Денеска пристигна поплака за пукната цевка на булеварот “Александар Македонски”. Пивка вода тече по улица со денови, граѓаните пријавуваат, а надлежните ги нема никаде.

Ова не е прв пат да стигнуваат вакви реакции до нашата редакција. Граѓаните велат дека дефектите се поправаат дури по 10 или повеќе денови, а за сето тоа време пивка вода се излева по улиците.

Ништо поразлично не е ниту во населените места.

Нека оваа објава биде апел за службите во ЈКП Водовод и канализација да бидат поажурни на терен и да не дозволуваат вакви загуби на водата во време кога истата е драгоцена.

За потсетување, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, пред неколку месеци истакна дека во време на вонредна состојба и пандемија, ЈКП Водовод и канализација склучило договор за времени вработувања во вредност од 17.700.000 денари, или 287.805 евра

Миле Талевски го врати Сугаре по патот што не го направи за 3 години?

Горан Сугарески повеќе не е Министер за транспорт и врски. Од вчера неговото место во новата Влада го наследи досегашниот градоначалник на општина Штип, Благој Бочварски.

Сугарески неофицијално веќе се врати на старото работно место во општина Прилеп, каде претходно работеше како комунален инспектор.

Сугарески иако важи за еден од најлојаните кадри на партијата од Прилеп, остана и без министерско и без пратеничко место.

За волја на вистината речиси ништо во неговиот 3-годишен мандат како министер не се промени во поглед на Прилеп, град кој и понатаму има најлоша патна инфраструктура во целата држава.

Целосно се закочи изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско, а не беше реконструиран ниту патот Прилеп-Битола.

Во реализираните проекти на Сугарески за Прилеп ќе бидат запомнети: реконструкцијата на неколку километри пат до вештачкото езеро, неколку километри од стариот пат до Битола и неколку километри од патот за Витолиште.

Единствен пратеник од редовите на СДСМ од Прилеп во Собранието сега е само Миле Талевски, се’ уште актуелен претседател на Општинската организација и доскорешен претседател на Советот на општина Прилеп.

Талевски за прв пат седува во пратеничките столчиња, а како претседател на ОО СДСМ во Прилеп загуби два изборни циклуси.

3eмjoтpec попланево ги вознемиpи жителите од Источна Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 31 минути, регистрира земjoтpec чии eпицентap се наоѓа 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од пехчевското епицентрално подрачје.

3eмjoтpecoт имаше локална Рихтерова магнитуда 3,4, а почувствуван e од населението во Пехчево, Делчево и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Ќе има плажа и во септември: Ова е временската прогноза за цел месец во туристичките центри

Поради пролонгирањето на почетокот на новата учебна година, се очекува туристичките места низ Македонија да бидат раздвижени и во септември.

Според „Акјуведер“, временските прилики ќе им одат во прилог на сите што ќе се одлучат годишниот одмор да го искористат на крајот на официјалното лето.

Ова се температурите предвидени за септември за Охрид:

Преспа:

Дојран:

Твит на денот кој ја открива жалната реалност во Македонија

Tвит на денот

“Луѓето се до тој степен разочарани да – пре би пржеле компири во МекДоналдс во Германија, отколку тука да трпат полуписмен партиски полтрон да им е шеф, цел живот да им врши мобинг и да ги гази”.

Македонец во Валона го фрлил ѓубрето на улица, па ја избрука цела држава (Фото)

Кога Македонец ќе дојде во Валона, пишува под фотографиите објавени на „Фејсбук“ од платформата со албански вести JOQ.

-Го исчистив автомобилот внатре, а ја загадив околинта надвор, пишува во описот кој упати критика до несовесните туристи со скопска регистрација.

Повеќето корисници препорачаа да се скрши стаклото од возилото и да му се врати ѓубрето внатре.

Шилегов: Годинава не сум добил yбoд од комapeц

Состојбата со комарците веќе е ублажена, вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој очекува в петок кога ќе заврши прскањето против возрасните комарци да заврши и маката на скопјани.

Но, за разлика од повеќето граѓани, Шилегов вели дека него цела година не го каснал ниту еден комарец.

-Секогаш кога се прска треба да се мисли пред сè на здравјето на луѓето, затоа што прскате хемикалија и токму заради тоа таа мора да биде по сериозни протоколи и препораки од здравствените власти, рече Шилегов.

Новинарите го прашаа: Скопјани постојано негодуваат дека добиваат убоди од комарците. Па сакам да ве прашам, дали вие добивате убоди?

-Годинава не. Јас живеам во Тафталиџе немам слушнато дека имаме проблем, барем во соседството во коешто јас живеам, одговори Шилегов.