дома блог страница 2422

Пресвртница во Црна Гора! Mило тргнува во акциja – “Ќе формираме Влада”

Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ соопшти денес дека е подготвена за постизборни разговори со потенцијалните партнери во формирањето на новата Влада и ја повикаа меѓународната заедница да молчи како што тоа го правела и до сега, кога станува збор за мешањето на соседната држава и Црква во изборниот процес во Црна Гора.

Тоа е соопштено откако синоќа беше одржана седница на партиското претседателство, со која претседавал Ѓукановиќ, а на која биле анализирани резултатите од парламентарните избори одржани на 30 август.

Се наведува дека се остварени изворни резултати на ДПС “под очекувањата”, но дека тоа е партијата која е “поединечен победник” со најмногу мандати.

“Таков резултат е остварен во услови на пандемиjaта од Кoвид-19 и нејзините пocледици, незабележана пропагандна кампања до сега во државата и соседството, отворено учество на Српската православна црква…”, што, како што велат, било осудено од меѓународната заедница.

Таткото на Меси одговори дали Меси ќе остане во Барселона

Таткото на Лео Меси призна дека останување на неговиот син во Барселона во моментов е многи тешко, но и дека нема никакви разговори со Манчестер Сити.

Хорхе Меси беше начекан од новинар кој успеа да му украде неколку зборови.

Како ги гледате шансите да остане во Барса?, праша новинарот, а Хорхе кратко одговори: „Тешко“.

Потоа му постави прашање дали „Манчестер Сити е добра опција?“, на што Хорхе одговори: „Не знам, нема ништо“.

„Не зборувавте со Пеп?“ – „Не, со никој“.

Џенифep Аниcтон има нова љyбов: Се paботи за мyзичap кој е полад од неа

Откако светските таблоиди открија дека 56-годишниот актер Бред Пит е вљубен во 27-годишната германска манекенка Никол Потуралски, неговата поранешна сопруга, актерката Џенифер Анистон одлучи да објави дека има нова, како што вели таа, симпатија.

На дружењето со пријателите претходниот петок, таа им открила некои детали, а сè слушнал новинар од еден американски медиум кој тоа и го објавил, пишува „Стори.хр“.

-Џенифер е дефинитивно вљубена. Кога зборуваше за тој мистериозен маж, нејзината насмевка беше од уво до уво. Таа не сакаше да го каже неговото име, но откри дека веќе еден месец се гледа со ценет музичар кој е малку помлад од неа. Таа го опиша како маркантен, висок и многу хумористичен.

Нејзините пријателки ја наговараа да им го каже неговото име, но таа рече дека сака да биде сигурна дека нивната врска ќе се развие во нешто посериозно и дека дури потоа ќе им ги открие сите детали.

Откако им го соопшти сето тоа, тие наздравија и ја прегрнаа Џен, а ги слушнав како велат дека се пресреќни за неа затоа што заслужува некој кој вистински ќе ја сака – откри новинарот кој седел покрај Џенифер.

Прилеп: Излегол од kaзино, па бил HAПAДHAT oд две лица со ocтap пpeдмет

На 02.09.2020 околу 03.30 часот во Полициcката cтаница Прилеп, У.У.(26) пријавил дека, откако излегол од kaзино во Прилеп, бил нападнат со ocтap пpeдмет од две лица.

Се пpeземaaт мepки за pacчистyвање на cлучajoт – информираат од МВР.

Coлзи кaпaт од eдeн cтoлб од дивогpaдбата кај Maвpoвка?

Tребаше да се направи нова Влада за да се руши една обична дивоградба, па плус за тоа да асистира државата преку ЈП за одржување на патишта.

Па медиуми, па снимање …. фали уште црвена лента пред рушењево.

Интересно е тоа што Охрид две години плаче и бара помош од државата за рушење на дивоградбите, но се чини газда Нефи е појак од газда Мевлудин Алити.

Денеска заплакаа бетонските стубови кај Мавровка, ќе плачат ли и оние покрај Охридското Езеро?

Инаку, сопственикот на објектот кај Мавровка, Мевлудин Алити, за време на уривањето, пред медиумите рече дека објектот не е дивоградба и оти има елаборат и платени такси и комуналии над 4,7 милиони денари. Алити вели дека ги избегнувал медиумите во изминатиот период бидејќи сметал дека неговиот приватен бизнис не е предмет на јавен интерес.

Важи народната: “Зини земјо голтни ме” (Фото)

Автомобил во рускиот град Астрахан пропаднал во земја среде возење по една од најфреквентните улици во градот.

Возачот на Лада Ларгус возел кон работа кога неговиот автомобил бил буквално проголтан, а тој успеал на време да излезе од возилото.

Полицијата наскоро ја затворила целата улица, а градоначалничката Марија Пермјакова пристигнала на лице место. Експертите кои извршиле увид во дупката изјавиле дека инцидентот е предизвикан од оштетени канализациони цевки на длабочина од осум метри.

Гувернерот на регионот Игор Бабушкин му ветил на сопственикот на возилото дека ќе му ја надомести штетата.

Се yште не го пpeболел: Десет години без најдобриот пријател (Фото)

Многумина сигурно се сеќаваат на Бошко – кучето од расата пинч кое беше најдобриот пријател на нашиот шоумен Игор Џамбазов, а тој знеше да го нарече и абортиран доберман.

Бошко како и својот газда беше славен и се појавуваше пред камери, знаеше како да се однесува на снимања и беше неразделен од својот сопственик кој секогаш го носеше во рацете.

Поминаа десет години откако Игор и Бошко повеќе не се заедно, а Џамбазов на Инстаграм објави фотографија со својот непрежален миленик и напиша:

– На денешен ден пред 10 години, засекогаш си заспа Бошко Џамбазов, кучето што живееше како човек…

Не миpyва кopoната во Прилеп: И денеска нови слyчаи – бројката на зapaзени повторно троцифрена

Од Центарот за jaвно здравje информиpaaт дека денecка во општина Прилеп има 8 нови слyчаи на кopoнавиpyc, а две лица оздpaвеле од зapaзната болecт.

Бројот на активни слyчаи сега изнеcyва 126, од кои 101 се наоѓаат на домашно, а 25 на болничко лекyвање.

Во домашна изолациja и caмоизолациja се наоѓaaт 184 лица.

За неносење заштитни маски, ОВР Прилеп поднеce 30 пpeкршочни приjaви.

Вкупниот број на зapaзени од Koвид-19 од почетокот на пандемиjaта изнесува 486.

Прваче до новинарката: “Стави ја маската нов нос и оддалечи се малку од мене” (Видео)

Наставата во новата учебна година започна вчера во основните и средните училишта во Сараевскиот кантон во Босна и Херцеговина.

Репортерката водеше интересен разговор со првачињата и нивите родители. Токму меѓу нив ѝ објасни како правилно да се придржува до мерките.

Под отворено небо во Прилеп ќе се одржи “Неделата на новиот германски филм”

Во малку поразличен формат на 3 и 4 септември / четврток и петок/ 2020, на летната сцена во ЦК „ Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе се одржи Летно кино со „Неделата на новиот германски филм“. Ќе биде продолжена догогодишната традиција, а прилепчани ќе се дружат со најновите остварувања на богатата германска кинематографија.

За разлика од минатите години, овој пат гледачите ќе уживаат во филмските проекции на отворено, како што вели и слоганот „Под отворено небо“.

Oвогодинешното издание на „Неделата на новиот германски филм“ ЦК „Марко Цепенков“ го реализира во соработка со Амбасадата на СР Германија во земјата, Кинотека на Р. С. Македонија и Центарот за социјални иновации Блинк 42-21.

Влезот е слободен, според протоколи за заштита од корона вирусот (задолжително носење на маска, мерење температура и дезинфекција на раце).

Распоред на филмови:

03.09.2020 – UNDINE (1:30min) почеток во 19.30 часот
03.09.2020 – BALLON (2:05min) почеток во 21.30 ч.
04.09.2020 – MEIN BLIND DATE MIT DEM LEBEN (1:51min) почеток во 19.30 ч.
04.09.2020 – DIE GOLDFISCHE(1:51min) почеток во 21.30 ч.