дома блог страница 2421

И денеска двоцифрена бројка на новозapaзени во Прилеп: Активни се 131 слyчaj

Во општина Прилеп денеска, четврток 3 септември, Центарот за jaвно здравje информиpa дека има 12 нови слyчаи на кopoнавиpyc, а 6 лица оздpaвеле од зapaзната болecт.

Бројот на активни слyчаи изнесува 131, од кои 106 се наоѓаат на домашно, а 25 на болничко лекyвање.

Вкупниот број на зapaзени од Koвид-19 од почетокот на пандемиjaта изнесува 498.

Мицкocки нajaви опозициcки фpoнт и мacoвни пpoтести, Maкедониja не cмee да зaгyби уште 4 години

Во разговор за “Дојче Веле”, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, зборува за претстојните активности на партијата со кои планира да ги реализира најавените цели.

-Оваа власт, оваа количина на омраза и поделби креирани од власта, толкава количина на зло, не се руши со еден потег. Тоа е долга борба и оваа власт ќе падне на рати. Изборите кои поминаа беа почетокот на крајот на падот на власта на Заев. Нема нова енергија со старите и истрошени кадри во Владата, која не понуди ништо ново. Воедно тие ги понудија старите ветувања, а нови се само долговите. Оваа власт ќе падне на граѓански протести, а опозицијата ќе се окрупнува. Следува широк опозициски фронт кој ќе биде израз на револт за сиромаштијата, за долговите кои ни ги оставаат и за неправдите кои ни ги причинуваат. Што се изгради за овие четири години? Ние немаме уште нови четири години за да и ги дадеме на мафијата да ни ги потроши. И морам да прокоментирам еден дел од таа шизофрена и нереална ситуација која се наметнува поради медиумското окупирање на власта, а тоа е чувството дека ВМРО-ДПМНЕ не правело протести. Ќе ве потсетам на протесните маршови ширум државата, на протестите по градовите и марширањето што таму се случуваше. Сега следува одново граѓанско здружување. Бранот на промени веќе почнува во државите во регионот, а Заев нема да биде исклучок. Ќе повторам, има огромно опозициско расположение. Бројките покажуваат дека повеќе луѓе на последните избори гласаа за опозициските партии откоку за власта., истакна Мицкоски.

Целото интервју прочитајте го ТУКА

Внимавајте: Многумина го прават ова, а kaзните се големи

Асоцијацијата на спортски обложувалници информира дека, откако во април годинава Владата донесе уредба со која се овозможи он-лајн спортско обложување преку македонските спортски обложувалници, играчите конечно имаат безбедно он-лајн обложување во државата и сигурна исплата на премиите.

И покрај тоа што он-лајн обложувањето, согласно член 19 од Законот за игри на среќа на странските сајтови е спротивно на законот и ваквиот начин не гарантира никаква безбедност во однос уплатите и исплатите, играчите сепак практикуваа и сé уште практикуваат он-лајн обложување на странски сајтови.

Со оглед на ова, ги информираме играчите дека Министерството за финансии, повикувајќи се на истиот член од Законот за игри на среќа (член 19) преку допис, веќе ги извести странските приредувачи на игри на среќа кои нелегално и без лиценца приредуваа он-лајн обложување дека е забрането учество на граѓаните на Република Северна Македонија кај странски нелиценцирани приредувачи на игри на среќа. Доколку Управата за јавни приходи утврди прилив на парични средства од учество во игри на среќа кај странски нелиценцирани приредувачи на игри на среќа, тоа подлежи на високи парични казни за играчите.

Он-лајн обложувањето на сајтовите на домашните обложувалници е безбедно, сигурно и едноставно. Обложувалниците се целосно подговтвени и нивните услуги се адаптирани за потребите на играчите. Неодамна се олесни и трансферот на пари, односно сега можат да се користат и платежни картички Visa I Master, што значително го подобрува корисничкото искуство и олеснува пристапот.

„Достапноста на интернетот и модерната технологија овозможија лесен пристап на странски он-лајн сајтови за обложување, а сé до носењето на уредбата домашните обложувалници немаа законска можност да воспостават ваков тип обложување. Со нелегалното он-лајн обложување на странските сајтови, државата нема контрола врз обложувањето, а парите за данокот, наместо во буџетот, се одлеваат надвор од државата. Според некои проценки станува збор за одлив од 40 до 50 милиони евра, а ова се средства кои се од значаен интерес за домашната економија, одржувањето и отворањето на нови работни места и инвестиции. Дополнително, оваа уредба на Владата е воедно и соодветен одговор на корона кризата која помогна да се зачуваат многу работни места кои директно и индиректно ги одржува индустријата на игри на среќа, како и егзистенцијата на повеќе од 54.000 лица кои целосно или делумно зависат од генерираниот личен доход во целиот синџир на вредности кој го создава оваа индустрија.“ – појаснува Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

Секоја година државниот и локалните буџети од индустријата на игри на среќа инкасираат значителни средства. За илустрација, само во 2018 година оваа сума изнесува 253 милиони евра. Тука се вклучени директни и индиректни приходи, придонеси и даноци за плати, закуп на деловен простор. Зголемувањето на овие средства значи уште поголем прилив во државниот буџет и повеќе средства кои понатаму се вложуваат во подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани во државата. Ова е особено важно во време кога државата се соочува со здравствена криза, која ја разниша економијата тука и секаде во светот.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е активен чинител во општеството и заедно со своите членки работи одговорно, создава услови за работа и кариера, придонесува во економијата и активно делува на полето на општествената одговорност за поддршка на заедницата. АСОМ е формирана 2013 година, а членки на асоцијацијата се: Моцарт, Спор Лајф, Златна Копачка, Евротип, Марбет и Меридиан.

Повеќе информации за Асоцијација на спортcки обложувалници на Македонија се достапни на веб страницата www.asom.org.mk

Милошоски: “Шофери, наставници, лекари, градежници мораат да бидат на работа, а 61 пратеник со високи плати ќе работеле од дома”

Владејачкото мнозинство во Собранието не само што е тенко (62 пратеници), туку е и неусогласено – пишува пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на Фејсбук.

Првиот знак за нефункционалноста на владеачката селотејп коалиција во Собранието е што дури и по еден месец од почетокот на конститутивната седница СДСМ-ДУИ-БЕСА-ДПА сеуште не можат да се договорат кој ќе ги води комисиите за европски прашања, за здравство и за политички систем. Овие комисии се битни, особено комисијата за европски прашања, затоа што во минатиот мандат истата често беше инструментализирана од страна на владата за носење на контраверзни закони по скратена постапка, со злоупотреба на европското знаменце.

Но, ваквите кавги на власта го кочат и формирањето на сите други комисии, кои како работни тела на законодавниот дом се неопходни за функционално Собрание. Доколку на пример нема формирани комисии за здравство и за образование, Собранието не може ни да разгледува, ни да гласа предлог закони од овие области. За споредба, во 2006та, 2008ма, 2011та, 2014та и 2017та година одлуката за формирањето на комисиите Собранието ја донело во рок не подолг од 4-7 дена од своето конституирање.

Вториот знак на нефункционалност на владеачкото мнозинство во Собранието е обидот да се протне “привремен правилник” за онлајн работа на пратениците од дома. Овој обид има за цел да ја покрие неспособноста на владеачката селотејп коалиција да обезбеди кворум од 61 пратеник за работа на Собранието. Претставниците на власта се свесни дека во сегашниот состав имаат најмалку двајца пратеници кои на седници во Собранието доаѓале “од принова, на погибел”, како и уште двајца пратеници од помалите партии на селотејп коалицијата кои се незадоволни од ветеното пред избори и сегашното нивно маргинализирање во извршната власт.

Овие околности најавуваат дека власта често ќе биде неспособна да ги собере во кворум пратениците кои ја изгласале. Затоа под превезот на “пандемијата и дигитализацијата” ќе се обидат да ја сокријат својата неефикасност со проект за онлајн Собрание. Парадокс е како еден шофер може да биде на работното место во автобус, еден наставник може да биде на работното место во училница, еден лекар може да биде на работното место во болница, новинарот и градежниот работник исто така, а 61 пратеник со високи плати и добри услови за работа наводно заради здравствен ризик не можеле да дојдат на своето работно место.

Но, има еден проблем. Ваквиот проект за онлајн Собрание е неуставен (спротивен на чл.69), е обид за деградирање на транспарентноста и демократската јавна критика во законодавниот дом, и како таков е неприфатлив за опозицијата која е присутна и активна во Собранието.

Туркањето на вакви неуставни “привремени правилници”, спротивни на вољата на многубројната опозицијата е само туркање на Собранието во политичка и институционална криза.

Столковски: “Кога ќе има пренос за рушењето на оваа грдосија и платформата на Матка?”

Срамно е да се прави театар од почитување на закони. Да се радува општеството за случај каде се спроведува закон говори за степенот на криминализираност на државата и власта. Главното прашање е како никнала дивоградбата и како државата, власта му ги легализирале дивоградбите. Доколку власта сака да докаже дека рушењето кај Мавровка не е евтин крими театар платен со државен буџет, тогаш очекуваме ист третман и со другите познати дивоградби за кои се врзуваат звучни имиња од старо-новата власт, изјави денеска за медиумите портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Според информациите објектот зад мене е дивоградба која што со години функционира, а за фактот дека е бесправно изграден објект познато е дека знаат и Зоран Заев и Али Ахмети, а знаат и во Јавното Обвинителството! Доколку СДСМ и ДУИ се согласиле на ваков начин, со евтин театар, справување со дивоградбите, централната власт бесплатно да руши бесправни објекти, тогаш очекуваме коалицијата СДСМ и ДУИ на ист начин да го истретираат и овој објект, за кој што стои висок функционер на ДУИ. Исто така очекуваме ЈО конечно да поведе постапка и за инвеститорот на овој диво изграден објект, истакна тој.

Стоилковски додаде дека јавноста по овој крими-театар мора да добие одговор како и кога е откриен идентитетот на сопственикот на дивоградбата кај „Мавровка“? Кога ЈО дознало и зошто се чекало толку време? Дали Зоран Заев е вмешан во ова и дали поради откажување на послушност од страна на сопственикот на објектот, Заев го откри сторителот и го дозволи рушењето на објектот?

Очекуваме во најскоро време коалицијата СДСМ и ДУИ на ист начин да постапи и со другите дивоградби, пред се, со објектот зад мене, а потоа и со околу 80-те дивоградби на Попова Шапка, за што локалната власт во Тетово не реагира. Очекуваме ист третман да добијат и дивоградбите во Охрид заради што и меѓународно е загрозен статусот на градот, пред се, заради градбите кај обележјето на градот-стариот Чинар, но и објектите на крајбрежјето, објектите на Нефи, советникот во охридската локална власт. Очекуваме на ист начин да бидат третирани и дивоградбите на Матка крај Скопје, како и со сите други бесправни објекти во заштитените појаси во Македонија. Доколку не го направи ова, крими-тендерашката власт на Зоран Заев и СДСМ само ќе потврди дека сето ова со случајот со дивоградбата кај Мавровка е евтин крими-театар кој што се плаќа со пари од државниот буџетот, заклучи портпаролот Стоилковски.

“Република”: Велешанка по грешка ја венчале за сведокот, наместо за нејзиниот избраник

Една анегдота се врти низ велешката чаршија, за која Република  немаме потврда дали навистина се случила, но секако, дури и како анегдота, е одлична за почеток на следната анализа за коронакризата, наталитетот и бројот на бракови и разводи, пишува Република.

Имено, пред извесно време, на некоја регистрација во матично, се венчале момче и невеста, која била во веќе поодмината бременост.

Сè поминало во најдобар ред, сите мерки за заштита од коронавирусот се почитувале, младите среќни дека почнале ново поглавје во нивните животи, се родило и бебето. И тука почнале проблемите.

Во моментот кога требало да го запишат во матичната книга на родени, им кажале дека бебето им е вонбрачно, односно родено во врска која не била крунисана со брак. Како, кога младите пред извесно време, најлегално се венчале?

Но, дилемата била брзо разрешена, кога забележале дека во изводот ов венчаните, невестата била венчана – со сведокот.

Грешката се случила кога бракот бил заведен во книгите на венчани. Во графата „сопруг“, наместо младоженецот, по грешка било запишано името на сведокот, пишува Република.

Цело богатство заштеда: Нова ера во Барселона и намалени тpoшоци за 40 милиони евpa

Барселона се ослободи од Артур, Ракитиќ и Видал, ова значи дека клубот ќе заштеди богатство кое го исплаќаше на овие тројца играчи на име на плати.

Сезоната 2020/21 ќе биде поинаква за сите клубови, поготово за Барселона, заминувањето на Артур, Ракитиќ и Видал ќе донесе финансиско олеснување во висина од 40 милиони евра.

Хрватот и Чилеанцеот ја чинеа Барселона 34 милиони, заедно со Артур вкупно 40 милиони.

Меси е пред заминување, Суарез е речиси играч на Јувентус, тоа значи дека Барселона ќе заштеди нови 120 милиони евра годишно, со продажбата на Аргентинецот ќе заработи големо богатство.

Барселона влегува во нова ера, финансиска но и кога се во прашање играчите, коронавирусот ја смени ситуацијата, доаѓа едно поинакво време за гигантот од Шпанија.

Македонка тpoши по 5.000 евpa неделно, а не зapaботува ништо (Фото)

Најпознатата Македонка во Австралија, Маргарита Томовска (29), попозната како Мерцедес Мама, ги збуни своите пријатели на социјалните мрежи кога откри дека не е вработена и дека не заработува.

За неа пишуваше и британскиот „The Sun“, а во центарот на вниманието се најде откако полицијата ја бркаше за брзо возење и тоа со нејзината тригодишна ќерка на задното седиште.

Но, она што најмногу ги збуни нејзините пријатели е тоа што Томовска речиси секојдневно на профилот на социјалните мрежи објавува фотографии на кои го прикажува својот живот на висока нога.

Имено, оваа Мерцедес мама постојано се фали со своите скапоцени автомобили и дизајнерски парчиња облека, па сега многумина се прашуваат од каде и пари за сето тоа и како може да си дозволи таков живот ако не заработува.

Кога ја прашаа за тоа колку пари има, таа им покажа банкарска сметка од околу 40 милиони денари.

Таа неодамна за странские медиуми призна и дека неделно троши околу 300.000 денари и дека сето тоа го финансира нејзиното момче, но нагласи дека тој не е нејзиниот „sugar daddy“ како што многумина мислат.

Маргарита можете да ја следите на нејзиниот “Инстаграм”

На сликата има 16 лица- можете ли да ги пронајдите сите?

Оваа задача можат да ја исполнат само оние кои што имаат „око соколово“, барем така велат оние кои што се обиделе да ги пронајдат сите лица на фотографијата.

Оптичките илузии се интересни за човекот, а воедно се добри и за вежбање на нашиот мозок.

Но, има и онакви луѓе кои што треба да се измачат за да воочат сè она што е потребно на фотографијата.

На следниот цртеж на фотографијата, наизглед се чини дека се прикажани само една сирена и богот Зевс. Но, доколку погледнете малку подобро, ќе забележите дека фотографијата е исполнета со многу скриени лица и тела.

Ние изброивме вкупно 16 (вклучувајќи ја и сирената и Зевс).

(Видео) Уште мислите дека Австралија е дестинација од соништата: Две огромни змии му паднале од таванот

Австралијанец се шokирал кога од таванот во куњата му паднале два огромни питони.

Кога Дејвид Тејт во понеделникот влегол во својата куќа, пронашол дел од таванот на масата во куњата.
За локалната телевизија тој изјави дека причината за тоа биле две огромни змии, питони, едниот долг 2,8 метри, а другиот 2,5 метри – кои биле пронајдени во спалната и дневната соба.

Нивната заедничка тежина била околу 45 килограми, што е очигледно доволно да пропаднат од таванот во куњата.