дома блог страница 2420

Америка бара од Србија да го признае Косово- Вучиќ бpyтално ја одбил оваа понуда

Во специјалната емисија на ТВ Пинк за преговорите со Приштина во Вашингтон, министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, откри информации од српската делегација, за тоа како реагирал претседателот Вучиќ кога го видел документот на кој пишува дека треба да го признае Косово.

.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека претседателот Александар Вучиќ во Вашингтон на најбpyтален начин ја одбил точката 10, во која се бара меѓусебното признавање.

Дачиќ потврди дека документот бил на проговарачката маса.

“Од Вашингтон добив информација дека претседателот Вучиќ на бpyтален начин ја одбил оваа точка и дека јасно кажал дека таа за Србија е неприфатлива, како и дека ќе се однесува во согласност со српскиот Устав”, рече Дачиќ за ТВ Пинк.

Ce’ yште го негyва ecнафcкиот дyx: Гepмано е еден од пocледните занaeтчии во прилепската Стapa чаршиja (Фото)

Maркукуле архива

Стеван Николоски – Германо е последниот наланџија во прилепската Стара чаршија. Неговиот дуќан, сместен во близина на градската Саат кула е сведок дека овие обувки некогаш биле во мода и ги носеле и млади девојки и возрасни жени. Она што го наследил како занает од дедо и прадедо денес уште го негува и вложува крајни напори да го задржи како сведок на едно време. Наланите денес се купуваат претежно како сувенири, нивната трајност не може да се спореди со денешните летни обувки, но времето си го прави своето, вели Стеван Николоски.

Колку време овој занает живее во вашето семејство?

-Ова е фамилијарен занает и се пренесува од колено на колено во мојата фамилија. Прадедо ми, дедо ми, татко ми и сега јас. Случајно започнав да го работам овој занает. Јас сум инженер-агроном, но со стечаите во 2000-та година морав да најдам друга работа. Најпрво го започнав како занимација, а сега треба и да се живее од него.

Од каде го научивте занаетот ?

-Учители во занаетот ми беа татко ми и дедо ми. Три генерации Николовски го работеле.

Дали може да се заработува и да се живее од занает во Прилеп?

-Зависи за кој занает станува збор. Овие занаети се во изумирање, ова е во историјата. Потребно е време за изработување на едно рало налани, ама нема сметка, материјалот повеќе чини од готовиот производ, а за работната рака да не правиме муабет. Барем ни поминува времето со муабети и смеење, инаку дома што ќе правиме.

Дуќанот е мој инаку не вреди, не се исплаќа да плаќаш кирија, ќе треба од дома пари да носиш. Но луѓево се задоволни, викаат алал да ти е мајсторе ако не си ти нема кој. Му требало грибло, четка, рачка за мотика, за секира ќе дојдат кај мене. Најмногу бараат рачки за секири и за земјоделскиве алатки.

Налани повеќе не се продаваат за носење, тие се во историјата. Туристи, дојденици сакаат да си ги купат, да ги имаат како сувенири.

Сите производи во вашиот дуќан се рачно изработени. Кои алати ги употребувате при изработка на производите?

-Се употребуваат тесла, чекан, пила, турпија, сето ова рачно се работи.

Колку време е потребно за изработка на едно пар налани?

-Да започниш со грубо, необработено дрво, најпрво треба да на правиш штица, да ја изделкаш и најмногу две рала налани во денот може да се изработат. Ама џабе и 100 рала во денот да правиш кога нема кој да ги купи. Изработката на едно рало налани чини многу, кожата е скапа, боја треба, изработка на дрвото зема време, ама џабе луѓево пак ќе купат влечки, нема есап, ова е колку да не се заборави.

Како гo оценувате животот во чаршијата?

-Од дете сум во чаршијава. Имам видено се и сешто. Секакви луѓе иделе овде и табиетлии и муабетџии. Муабетите ќе останат и тоа не оджува овде.

Кои мерки треба да се превземат за да им се помогне на оние малку занаетчии кои сеуште опстојуваат во чаршијата да опстанат, но и да го добијат статусот што го заслужуваат?

-Не знам што би можела државата да направи за да помогне. Занаетите се поврзани еден со друг. Порано имаше неколку ковачи, наланџии, ортомџии, налбати но сега нема повеќе. Ковачи сега има уште двајца, а секој сака прво да ја наточи секирта па да дојди овде за рачка. На пазар на тезга повеќе пари се вадат отколку со занает. Но не се жалиме, ова ни е занимација, не релаксира и ни го продолжува животот.

Државата не не’ терети, а за помош не знам што може да превземе.

Нешто за животот во Старата прилепска чаршија !

Јас паметам уште додека татко ми работеше овде, занаетџиите, еснафот се збираа, имаше живот во чаршијата. Во чаршијава имаше 5-6 наланџии и сите соработуваа. По 2-3000 рала налани се продавале годишно, по 5-10000 колчиња се продавале, а сега ни по 100 колчиња за тутун не се продаваат. Денес има само трговци, нема еснафлук.

Имате ли наследник во знаетот, некој што после вас ќе го работи ова истото?

– Син ми понекогаш иди, но се’ уште не изразил желба да го продолжи ова. Но, никогаш не се знае, и јас не планирав да го работам овој занает ама така испадна.

Ако дувне посилен ветер ТИКОТО ќе се yдaви во базенот од Водовод? (Фото)

Во 21 век, со стотици вработени и механизација, јавните претпријатија во Македонија функционираат како пред 30 години.

Во Македонија врв на технологијата е да се постават рамни шахти со асфалтот, но и да се санира проблем во водоводната мрежа за ден-два најмногу.

Пред ООУ “Кире Гаврилоски” повеќе од 2 недели стои раскопан базен и кој знае, можеби се чека нова локална самоуправа идната година, па за да се санира.

Граѓаните бурно реагираат на ваквите слики низ целиот град и бараат поголема ажурност од јавните претпријатија и општината.

Ќе ве фасцинира: Погледнете во внатрешноста на Градскиот Саат во Прилеп (Видео)

Eдинствена можност да ѕирнете во внатрешноста на прилепската Саат кула, да се запознаете со внатрешната содржина, да дознаете кога, како и колку време е граден градскиот часовник во Прилеп и кој се’ се гиржел за неговото одржување.

Краткометражниот документарен филм за прилепската Саат кула е дело на Горан Попоски и е награден со Златна “Камера 300” во 2016 година.

Филмот е во траење од речиси 9 минути, а во себе носи историја долга 150 години.

Погледнете, ќе ве фасцинира:

За сите нocтaлгичари: Како изгледал градскиот плоштад во Прилеп во 70-тите години (Фото)

Центарот или т.н Плочник во 70 – ите години. Фотографиран од Саатот. Стамено, со посебен шмект плочникот го заличува градот, со издигнатите хотели Јадран и Југославија, хотел Скопје, а од далеку подава “раце” и пркоси со својата “виткост” и деветокатницата.

Покрај шеталиштето со мермерни плочки, неправилно расфрлани, се збрале автомобилите на купче на паркингот на среде.

Тоа бил простор за ретките возила кои крстареле низ улиците од коцка.

Покрај булеварот, раскошно зеленило. Дрвата слободно вишнеат и се шират. Прекрасно.

Тука се дуќаните, стара Нама, Југопластика, Борово, летната бавча, т.н Трло, слаткарниците Инзап и Шар, Пензионерскиот клуб, Автобуската станица, и што ли уште не.

Се сместиле удобно трафиките пред и по Јадран од каде граѓаните купуваа весници.

Прилеп “спие” и живее под палката на Југославија. Скромно, делотворно, со мисла за подобро утре.

Извор: “Неделник Зенит”

Компанијата „Спејс икс“ лансираше дополнителни 60 интернет-сателити во вселената

Ракетата на компанијата „Спејс икс“ во четвртокот изврши успешно лансирање на својата ракета „Falcon 9“ во орбитата, носејќи 60 интернет сателити „Старлинк“.

Дванаесеттото лансирање на овие сателити се случи во вселенскиот центар Кенеди на Флорида. По првата фаза „Falcon 9“ се врати на пловечката платформа во Атлантскиот Океан.

Претходната мисија на Фалкон 9 носеше 58 сателити во 100-тото лансирање на компанијата.

Проектот „Старлинк“ има за цел да обезбеди „брз широкопојасен интернет на локации каде пристапот е несигурен, скап или целосно недостапен“. Услугата е планирано да биде достапна оваа година во северниот дел на САД и Канада.

Jaнyшев: Мандатно пиcмо од нapoдот до 3aeв, вpaти на paбота 40 илjaди невpaботени, помогни им на лозapите и вpaти ја цената на стрyjaта

Прес конференција на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев

“Зоран Заев наместо со решавање на проблемите на граѓаните, кои во огромна мера се резултат на неодговорното владеење на неговата старо нова власт, се занимава со театар и гол популизам. Зоран Заев не може да решава проблеми, затоа што тој е изворот на истите.

Оваа влада е онаа истата стара влада која создава економско цунами, неправди, трас трас одлуки, најкорумпирана земја во Европа, хибриден режим, изјави денеска за медиумите генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Затоа наместо Заев да дава мандатни писма, народот на Заев му дава мандатно писмо во кое се бара:

Заев ова мандатно писмо мора итно и неодложно да го спроведете до крај, во спротивно народот го бара мандатот назад. И само да ве потсетам дека ќе има одговорност за неспособноста и криминалот“, истакна тој.

Еве кој купил најскапи државни возила, наместо амбулантни, а шарените молчат?

Не така многу одамна голем број невладини организации и активисти жестоко пpoтecтиpaa за набавката на владиниот Мерцедес што го набави владата на поранешниот премиер Никола Груевски.

Вчера медиумите пренесоа информација дека за две години оваа власт потрошила 8 милиони евра од буџетот за нови возила, во кои денес се возат, вклучувајќи го тука и фамозниот „мерцедес“, за кој ветуваа дека ќе го продадат и ќе набават амбулантни возила.

Во последните две и пол години државните институции набавиле вкупно 392 нови патнички возила за што потрошиле 8,1 милиони евра, покажуваат податоците од истражувањето и базата на податоци што денеска ги објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

-Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30.000 евра. Најмногу нови возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, 46 „пасати“ по 39.000 евра секој. Сепак, најскапото возило го купило Општина Струга и чинело 66 илјади евра.

Средната вредност на возилата купени од државните институции изнесува 17 илјади евра, покажуваат податоците.

Во продолжение погледнете кој купил најскапи автомобили:

Јакимовcки: 3aмислете Мицкocки да се cликаше со ceмejcтвата на yaпceните тepopиcти од ИCИC, како 3aeв во Диво нaceље

Вчерашниот ден владата го започна со спектакл, оценува лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

„Првиот: Пронашле тројца потенцијални терористи со елеци. Се сеќавате на Диво насеље? Заев отиде да се слика кај нив во Куманово со тврдење дека тоа било договорена претстава од страна на власта со цел да се отргне вниманието од актуелните теми. Да потсетам таму загинаа 8 полицајци и не се сеќавам колкумина од терористичката група кои имаа митралези, бомби, рачни фрлачи, панцири, ископани тунели, резервни борбени места и што ли уште не. Тие според тогашниот опозиционер не беа теророристи, а овие денес со два елека не терористи туку терористишта биле. Замислете го сега Мицкоски да оди кај нив и да се слика со нивните семејства и да тврди дека ова е само претстава.

Второ: Со рушењето на дивоградбата кај Битпазар СДСМ само покажа дека на тој простор ништо не изградил туку срушил. Што би рекле со минус два. Го сруши споменикот на Ќосето и оваа дивоградба за која сопственикот тврди дека има дукументи. Наспроти тоа ВМРО ДПМНЕ таму не сруши ништо а на тој дел го изгради плоштадот Скендербег, објектот на Македонска опера, нов објект на Министерство за транспорт и врски, плоштадот Филип Втори, Уставен суд, Обвинителство, Министерство за надворешни работи, Финансиска полиција, зграда на Заеднички служби на Владата, нов Кривичен суд, факултет Дамјан Груев кој во моментов пропаѓа, мостот Око и уште два три други објекта.
Можат луѓето од СДСМ да не мразат колку сакаат но ова се неоспорни факти.

П.С. Се извинувам ги заборавив и двете катни гаражи, едната до Кривичен суд а втората наспроти Апелациониот, а за реконструираните мостови да не зборуваме“-напиша тој.

Филипче ги објасни протоколите за работата на градинките: Стартуваат со работа идната недела (Видео)

Протокол за активности во установите за згрижување и воспитување деца, донесен од Комисијата за зapaзни болecти, а со кој се овозможува реализација на процесот под посебни мерки за превенциja од ширење на кopoнавиpycoт во градинките кои треба да се отворат идната недела, презентираше денеска министерот за здравство Венко Филипче на заедничката прес-конференција со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Протоколот, посочи Филипче, опфаќа план на активности и делување кои се однесуваат на самата установи, на воспитно згрижувачкиот кадар и на родителите на децата кои ќе посетуваат градинка.

– Пред отворање на установите потребно е да се направи дезинфекција на просторот и дворовите во градинките, да се исчистат и дезинфицираат и таа постапка веќе е во тек од страна на општината или соодветниот центар за јавно здравје, се поставуваат едукативни постери со препораки за превентивните активности на истакнати места. Секоја установа треба да озбебеди доволна количина на лична заштитна опрема: маски и ракавици за вработените, средства за одржување лична хигиена, за дезинфекција на вработените и на просторот и задолжително да има безконтактен термометар за мерење на телесната температура. Дезинфекцијата на просториите, подовите, предметите е задолжителна на секои два часа во текот на денот, задолжително е проветрување на просториите согласно временските услови, рече Филипче.

Престојот на децата, појасни, треба да се организира на начин на кој ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи, сместени во одделни простории согласно мoжностите, а игрите се препорачува да се организираат што е можно повеќе на отворено кога времето го дозволува тоа и во помали групи. Потенцира дека приемот на деца по воспитна група треба да биде со десет минути временска разлика на влез на кој задолжително е растојание од два метри, а детето го спроведува еден родител и секогаш носи заштитна маска.

Тој рече дека потребно е да се врши секојдневна дезинфекција на превозните средства со кои се дистрибуира храна од главната кујна до другите објекти, лицата кои доставуваат храна задолжително треба да носат маски и ракавици, храната за децата треба да се остава пред занималната, а децата треба да јадат во неа со претходна дезинфекција на рацете и на масите.

– На сите вработените при влегување во установата задолжително ќе им се мери температура. Ако некој вработен има какви било симптоми на болест тој треба да биде остранет од работа. Не се дозволени собирање и меѓусебни контакти на вработените во заеднички простории. Тие треба да го следат сопственото здравје и состојбата на децата при прием и во текот на нивниот престој во установата и во целост да се придржуваат кон општите препораки за превенција од вирусот. На прием на секое дете му се мери температура, а тоа по влез во градинката задолжително ги мие рацете и повеќе пати во денот. Растојанието меѓу масите за седење на децата треба да биде меѓу еден ипол и два метри, спиењето е организирано така што децата треба да бидат поставени на крвеетите според принципот нозе – глава, исто такво растојание ќе има на единечни кревети и постелнина на секое дете одбележана со неговото име, истакна Филипче.

Сите вработени во установата мора да носат заштитни маски, нагласи министерот и додаде дека во групите на деца на возраст до две години треба да има максимум по шест деца, а на возраст над две години по максимум 15 деца.

– Секој родител треба да достави лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на неговото дете. Во установата не смее да се користат играчки што не се перат и дезифицираат, тие не се мешаат меѓу групите, а воспитувачките се задолжени за нивна детална хигиена, за задолжително миење на рацете на децата особено после кивање, кашлање, плачење, пред и после консумирање храна и одење во тоалет под надзор. Кога се менуваат пелени во помалите групи треба да има строго почитување на постапката со одржување на хигиена на рацете и дезинфекција на површините. Протоколот предвидува засилени воспитни активности со деца со цел да се олесни разбирањето и усвојувањето на новите правила за заштита од вирусот, рече Филипче.

Доколку родителот забележи појава на симптоми кај детето од каква било природа, посочи, не треба да го носи детето во градинка и треба да го контактира матичниот педијатар. Родителот при првото и при секое повторно после болест вклучување на детето во градинка треба да донесе лекарска потврда од матичниот лекар.

Министерот истакна дека секоја градинка треба да назначи лица по можност медицинско за контакт со надлежниот центар за јавно здравје и ако детето за време на престојот развие зголемена телесна температура ќе се изолира во посебна просторија каде се грижи негователка од неговата група, а назначеното одговорно лице веднаш го известува родителот да дојде во градинката. Истото лице, како што појасни, стапува во контакт и со епидемиолошката служба во надлежниот центар за јавно здравје и со матичниот педијатар на детето, а во координација меѓу епидемиологот, педијатарот и родителот/старателот на детето се одлучува за натамошната постапка според проценката на ризик која ја прави пред се епидемиологот.

Потенцира дека епидемиологот прави проценка на ризик и евентуална можност за проширување на инфекција во групата или целата градинка со што децата, учителката и негователката од воспитната група каде престојувало евентуално позитивно дете како блиски контакти според проценката ќе одат во домашна изолација. За појавата и преземените мерки, истакна Филипче, се известува Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, ќе се организира вонредна дезинфекција во градинката, позитивното дете со родителот/стараторот продолжува во домашна изолација под здравствен надзор и здравствената состојба ја следи матичниот лекар, а установа за хоспиталниот третман е болницата во Козле и педијатриските одделенија низ државата.

– Детето кое било сомнително дека е позитивно на вирусот, а за кое со тестирање е докажано дека е негативно продолжува да ја посетува градинката со потврда од матичниот лекар. Исклучително е важно да направиме се да го зачуваме здравјето на најмалите и да не дозволиме да се шири вирусот во градинките и во семејствата на децата. Клучно е да се почитуваат протоколите од сите чинители. Неопходно е да им се пристапи на децата на начин на кој тие ќе разберат дека се штитат себеси, своите другарчиња и своите семејства, додаде Филипче.