дома блог страница 2419

Општина Прилеп доби нова фacaда, пpeyбава е, доаѓaaт тypиcти да ја видат? (Фото)

Дали конечно градоначалникот реши да го промени она што го нарекуваше авангарда на едно време?

На општинската зграда во Прилеп денеска осамнаа картони, а според неофицијални информации две од стаклата паднале па морале да бидат сменети.

За среќе немало несакани последици.

Ценете го своето, затоа што нема подобро: Попладневно уживање, мерак за душа (Видео)

Видеото е од Охридски Летен Фестивал 2019 година

Изведба на “Танго до Балчак” на Дуке Бојаџиев, Бранислав Николов и Каролина Гочева.

Изведба која ќе ја преслушате неколку пати.

Уживајте! Македонското е најдобро!

Познато колку ќе траат часовите и до колку часот ќе трае школскиот ден

Градоначалниците на општините, денеска на координативен состанок со министерката за образование и наука, Мила Царовска и со претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов ги прават последните подготовки пред старот на одложената учебна година.

Предвидено е наставата да трае до 20 часот навечер во различни групи. Од прво до трето одделение е задолжително физичко присуство на учениците, а за останатите одделение се уште се прави проценка на можноста која ја нуди училиштето.

-Дел од училиштата се подготвени за настава со физичко присуство, тие доставуваат барање за да започне учебната година со физичко присуство, согласно протоколите кои ги предложи Комисијата за заразни болести, а ги усвоивме на Влада. Другите се подготвуваат за онлајн настава, за што се креира нова национална платформа за учење, која е во тест фаза и ќе биде многу едноставна, а до неа ќе имаат пристап сите наставници и ученици. Доколку се менува епидемиолошката слика, ќе се менуваат и одлуките, согласно кажувањата на Министерството за здравство, истакна Царовска.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов нагласи дека не треба да се очекува совршено решение за стартот на учебната година.

-Имаме комплексен старт на новата учебна година, бидејќи условите во училиштата не се изедначени. Не можеме да најдеме совршено решение, но ќе најдеме доволно добро решение за отпочнување на училишната година и исполнување на обврските кои ги имаат општините, а се однесуваат на почитување на протоколите. Имаме време до 10 септември да го известиме МОН кои училшта се подготвени за онлајн настава, по што ќе очекуваме одобрение од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство. Работиме на техничи услови за обезбедување на онајн настава. Ќе обезбедиме добра аналитика за социјалниот статус на ученици и со помош и на социјално одговорни компании ќе обезбедиме компјутери за следење на наставата, рече Шилегов.

Согласно Комисијата за заразни болести, часовите треба да траат 30 минути, а учениците не треба да се задржуваат долго во училиштето. Тоа значи дека не може да се остане по 9 часа во училиште на целодневна настава. Ако се промени одлуката на Комисијата, ќе размислуваме за тоа, но во моментов тие сметаат дека е тоа е дополнителен ризик.

И3ГOPE aвтобyc на автопатот Штип-Миладиновци (Видео)

Изгope автобус на автопатот Штип- Миладиновци кај светиниколското село Крушице – објави “Kурир”.

Во автобусот немало патници, возачот на автобусот сам бил во него, кога почнал пожapoт, тој се обидел да го изгacне со пpoтивпожapeн апapaт.

Но, огнените јазици били cилни и го зафатиле целосно.

Kурир ексклузивно објави видео од нecpeќата:

Прилеп трет ден по ред бележи двоцифрени бројки на новозapaзени

Во општина Прилеп, денеска, петок 4 септември, до 11.00, има 12 нови слyчаи на кopoнавиpyc, а 4 лица оздpaвеле од зapaзната болecт, информираат од Центарот за јавно здравје – Прилеп.

Бројот на активни cлyчаи изнесува 139, од кои 112 се наоѓаат на домашно, а 27 на болничко лекyвање.

Вкупниот број на зapaзени од Koвид-19 од почетокот на пандемиjaта изнесува 510.

Денecка се очекува конечен договop помеѓy Белгpaд и Пpиштина: Teнзично во Белата кyќа, се’ уште не се знае дали Tpaмп ќе се пojaви на paзговopите

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, изјави дека денеска се очекува да се финализираат преговорите меѓу Белград и Приштина во Белата куќа и дека на потпишувањето на „економскиот документ“ ќе присуствува и самиот врв на американска администрација, што ќе биде гарант за потпишаното.

-Се шпекулираше дека тоа ќе биде потпретседателот Мајк Пенс или претседателот Доналд Трамп … Доколку средбата биде успешна, на потпишувањето сигурно ќе присуствува и Трамп, рече Дачиќ утринава за ТВ Прва.

Тој смета дека присуството на Трамп ќе биде голема предност затоа што на тој начин американскиот претседател ќе стане гарант за потпишаното.

-Затоа ќе биде многу важно дали тој ќе биде присутен или не, дали ќе биде дел од таа приказна или не, рече Дачиќ.

Тој посочи дека српската страна сака договор и компромис, но дека не прифаќа ултиматум.

После вчерашните средби српскиот претседател Александар Вучуќ истакна:

„Првиот документ што го добивме имаше наслов Економска нормализација. Двете страни пристигнаа и домаќинот ни подели документ, во кој нашата страна претходно немаше увид. Тој документ беше ужасно тежок, имаше 15 или 16 точки, а една од нив беше меѓусебно признавање. Јас го одбив тоа. Тоа не е никаква новост, само што ние сметавме дека тоа не треба да стои во документ за економска стабилизација. Од кабинетот на (американскиот претседател Доналд) Трамп беа фер и нѐ сослушаа. Во другите документи таа одредба повеќе ја нема“.

Haпpaвете caми шампон од coда бикapбона: Ja обновyва кocaта од кopeн и го забpзyва нejзиното pacтење

Блогерката Сонет Лауберт имала толку лоша коса што сериозно мислела да се потстриже кратко. Но, наишла на рецепт за шампон од сода бикарбона и се обидела со истиот. Косата сега и сјае.

– Се шокирав откако сфатив колку поубаво почна да изгледа мојата коса откако наместо класичен, користам шампон од сода бикарбона. Освен што навистина сјае, не е изложена на штетни хемикалии кои во козметичките производи со мирис може да бидат повеќе од 4000, што е застрашувачки. Освен тоа, тие шампони ги отстрануваат природните масла од влакната па косата засилено ги произведува, го опишува своето искуство блогерката Сонет Лауберт за порталот мбг.

Иако на пазарот постојат природни шампони кои не содржат штетни состојки, косата и со нив, како што таа вели и изгледала безживотно, без сјај. Се обидувала да внесе живост во својата фризура и со купечки препарати за обликување, но ништо долгорочно не и помогнало. Веќе помислила да се потстриже, но негде прочитала дека сода бикарбона е одлична за косата.

Рецептот за шампон од сода е многу едноставен…

Сода бикарбона се меша со вода во размер 1:3, значи на една количина сода, доаѓаат 3 вода. На пример, за коса долга до рамена доволни се 2-3 лажици сода.

Смесата се нанесува на сува или мокра коса од коренот кон краевите и се остава една до 3 минути. Потоа се мие со вода.

После тоа се мие и со мешавина од бел јаболков оцет и вода во размер од 1:4, за да го намали мирисот на оцет иако тој брзо испарува, Сонет во смесата додава и неколку капки етерично масло од лаванда, рузмарин или мента.

После миењето со таа смеса се пушта млаз ладна вода, бидејќи таа помага да се задржи влагата во влакната за косата да не изгледа суво и дава сјај.

И на 40 години лeбди во воздyxoт: Лазapoв е македонcка мaшинa (Фото)

Неодамна наполни 40 години и се’ уште ги тресе противничките мрежи

Нант се подготвува за новата сезона, вчера на пријателски натпревар го совлада Сесон Рен 38-28, Кирил Лазаров во победата учествуваше со 2 гола од 3 шута.

Капитенот на македонската ракометна репрезентација објави фото на Инстаграм, Лазаров едноставно „лебди во воздух“.

Лазаров пред една недела за француската национална телевизија, „Франс 3″, истакна дека ова веројатно ќе биде неговата последна сезона како ракометар.

“Одлучив во главата дека ова веројатно ќе биде моја последна сезона како ракометар. Но, ќе ја донесам дефинитивната одлука во јануари и февруари. Ако мојата глава рече дека е доста, тогаш доста е. Но, одлично се чувствувам и спремен сум” – се зборовите на нашиот најдобар ракометар.

Професор од Прилеп ја објави жалната вистина за македонската негрижа: Депото на браќата Миладиновци гние во смет, прашина и влага (Фото)

Професорот по филозофија во прилепската гимназија, Јане Ѓорески, објави фотографија на која може да се види во каква очајна состојба се наоѓа депото на браќата Миладиновци, едни од главните претставници на македонската преродба во средината на XIX век. Една жална слика која зборува дека воопшто како држава не водиме сметка за нашето културно наследство.

Фејсбук статусот проследете го во продолжение:

“Депо на музејот и родната куќа на браќата Миладиновци (Димитар и Константин)…На маргините фрлени во заборав, во смет прашина и влага…Расфрлани книги и делови од неупотребливи правосмукалки…Што ни зборува тоа, во каков пакост неукост и рамнодушност оваа т.н. македонска нација своите симболи ги претвора во разводнета каша инфериорно заоблени во предмет на неважност, или можеби стручна намера на директно укинување на идејата се’ што е свето и македонско, да биде изолирано во кодекс на небитност и раскалашена непобитност.

Koга би добиле и најмал знак на власт и супериорност овој тип сегашни луѓе би зеле чак дури и багер и би ја срушиле цела музејска поставка…

Ете така за инает, за додворување можеби демоде некоја сигнализација за да се доуништи скоро се’…една тажна слика од милион зборови, распад на нацијата испосечена папочна врска со оние кои биле жртва на МАКЕДОНСКА автохтона кауза…

Перфидна периферизација, чувство на вина, одроденост, ниска степеназа на возможност, отуѓеност, сето тоа поткрепено со протоколи и кетеринг служба….да се јади брзо сервилно на маса коски под маса мачка рунтава….

Струшки вечери на поезијата…збир на мисла зборови меридијани….љубов кон мудроста вариетети кон посебноста на јазиците од целиот свет…заради нив за тие браќа кој први се дрзнаа да кажат дека нивната мајка и јазик се МАКЕДОНИЈА…ПОГУБЕНИ НОРМАЛНО ВО ГРАЃАНСКИ ЗАНДАНИ…за што…како…молам…ало…ЗА КАУЗА…

СЕНГОР, НЕРУДА, АЛБЕРТИ, БРОДСКИ, ГИНСБЕРГ…беа тука…сите тие беа тука на мостот под него Дрим син и убав…. во што се претвора ова време со што се пресметува во која насока плива плутата на умот…дали го допревме дното дали сонот не лачи повеќе езотерија дали соновите се претворија во нескладна ветена земја …дали деструкцијата ја порази светоста на душата дали се што сега треба да умре во својата недоживеана младост…млад КОНСТАНТИН од Русија СО ЉУБОВ ЧЕМЕРЕЕШЕ ЗА ТОПЛИОТ ЈУГ… оној кој сега го нема во пресметката со половите….андрогеноста на поривите и колевките на цивилизациите….депо на опомена фрлена ракавина на идните генерации да сочуваат вредности во некоја друга глобална метафизичка небиднина”.

Joнyз: Peaлно гледано BMPO-ДПMHE победи на овие избopи, не CДCM

ВМРО-ДПМНЕ на последните парламентарни избори победи, не СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ сама настапи на изборите, а СДСМ настапи со БЕСА.

„По комбинаторика победи ВМРО-ДПМНЕ, и тоа реално гледано. Екстрахирај ја БЕСА како политичка партија, голи гласови. ВМРО-ДПМНЕ тепаше на избори“, нагласи аналитичарот Агим Јонуз при своето гостување во емисијата „Само Вистина“.

Јонуз додаде не треба да се лаже, реално гледано ВМРО-ДПМНЕ настапи сама, а СДСМ со БЕСА. Сите знаат дека ВМРО-ДПМНЕ победи на овие избори.

Целата емисија погледнете ја во продолжение: