дома блог страница 2418

Како да е гратис: Километарски колони за на плажа во Црна Гпра (Фото)

На граничниот премин Гостун меѓу Србија и Црна Гора од утринава има големи гужви.

Колоната автомобили на излез од Србија, долга е повеќе стотици метри, а за излез од земјата се чека повеќе од еден час.

Падна уште една црква во Турција: Ја cpyшиле до темел (Фото)

Ова беше црквата Свети Георгиј, уште позната како “Света Софија од Бурса”. Некогашниот православен храм, изграден во 1896 година, на почетокот од 20 век бил претворен во џамија, но со текот на времето, човечката негрижа, го доведува до праг на руинирање – пишува на Фејсбук Гоце Секулоски.

Во 2006/2009 година, реставриран и отворен како “културен центар” од страна на општината, но по судски спор, повторно претворен во џамија и оставен на забот на времето…

Вчера, процесот на уништување е завршен со нејзиното конечно рушење од страна на турските власти.

Турција, која во не толку далечното минато, знаеше да го препознае, туристичкиот потенцијал на древно-христијанските и православни светилишта, кои се наоѓаат насекаде на нејзината територија, сега полека се претвора во нетолерантна земја за нејзиното сопствено културно наследство…

По Света Софија и Свети Спас, во изминатите два месеци, ова е трет храм кој станува жртва на новата религиско-политичка доктрина на турската република.

Прилепчанец мака мачи со соседите кои му градат на диво пред куќата: Поднесол кpивична и ги известил сите институции, никој не реагира (Фото)

И додека вниманието на јавноста и медиумите е целосно насочено кон дивоградбите во Скопје, Охрид и Матка, вакви објекти никнуваат и во останатите градови на Македонија, а за тоа надлежните се глуви и неми се додека на социјалните мрежи не се крене поголема врева.

За еден таков случај деновиве на својот Фејсбук профил пишува Златко Думаловски од Прилеп, кој тврди дека пред неговата куќа од спротива на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп се гради бесправен објект.

Според неговите пишувања објектот кој се гради е необезбеден и опасен за минувачите, а истиот му го затвора влезот до неговата куќа.

Думаловски вели дека ги известил сите надлежни институции, односно градежниот инспекторат при општина Прилеп, Основното јавно обвинителство и секторот за економски криминал во полицијата, но и покрај тоа никој не реагира.

“Покрај сите уредно заверени пријави во Инспекторат при општина Прилеп, Oсновното јавно обвинителство, и полиција сектор економски криминал, се продолжува со нелегалната дивоградба спроти градскиот стадион во Прилеп на ул.Александар Македонски бр.507. (Во прилог фотографии од истите) Кој е инспекторот во општината, како и судијата кој му ветува дека доколку ја покријат дивоградбата нема да му ја руши, иако за истата има решение и записник дека треба да се руши.

Каде се трудовите инспектори да излезат на терен да видат дека се гради необезбеден објект, бидејќи некој минувач или комшија може да настрада, а притоа истиот објект се гради ноќе до 22 и наутро од 3 сатот, како и во викенди. Објектот не го гради фирма туку физички лица кои се пензионери како и инвеститорите кои немаат лиценци за такви работи. Притоа се вознемируваат комшиите и минувачите.

Зошто и покрај уредно заверената пријава од пред околу 3 години до јавниот правобранител за узурпирање на државно земјиште сеуште не се излезени на терен за земјиштето со кп.број 15586/2 ил бр. 32583 сопственост на Република Македонија?

Зошто во ова тешко време со корона криза општина Прилеп на некого сака да му ги опрости парите за комуналии?
Дали инвеститорите кои градат уредно и со уредна документација притоа не се оштетени?

Како е можно некој во 21 век да премести бандера, да изѕидаа ѕид, да постави настрешница со јолук, да поставува стреи кај комшијата и притоа да му го затвори влезот на комшијата и сето тоа во дворот на комшијата, настрешницата на државно земјиште и покрај сите пријави никој да не реагира?

Каде се инспекторите и зошто не постапуваат во викенди кога утре 04.09.2020 година ден сабота и недела 05 истите сакаат да го покријат објектот?

Нелегалната градба, поддржувањето на истата, како и непостапување за истото е кривично дело.

Доколку никој од институциите па и градоначалникот не постапува за истото јас ќе бидам приморан правдата да ја барам пред централните власти во Скопје”.

Думаловски објави и документи и кривична пријава која ја поднесол против лицето кое бесправно гради на оваа локација. После писменото обраќање до Инспекторатот на општина Прилеп каде детално ги информирал, извршен е увид на лице место на 25.08.2020 година и е донесено Решение според кое, како што вели Думаловски, објектот треба да се руши.

Но, и порај тоа деновиве одново се продолжува со градење, а активностите се одвиваат дури и ноќе во викенди.

Думаловски во своите пишувања на својот Фејсбук профил вели дека добивал и закани по животот, за што исто така пријавил во полиција.

Во разговор за Маркукуле, Златко Думаловски вели:

“И покрај сите поднесоци од моја страна се продолжува со градба и се брза да се доизгради овој објект. Кога веќе се прават сензациии со дивоградбите во Скопје и Охрид, време е државата да обрни внимание во сите градови”.

ВМРО-ДПМНЕ со барање до власта: Ослободување од партиципација на студентите, бесплатни градинки и оброк во училиштата

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Велика Стојкова Серафимовска

“Како пратеници од опозицијата наша обврска и задача е да ги артикулираме проблемите на граѓаните со кои тие секојдневно се сретнуваат, се соочуваат во сите сегменти од секојдневието. За потсетување:

Власта не успева да се справи со пандемијата и ефектите од истата се поразителни. АВРМ вели дека има 40.000 отпуштени работници, намален промет во економијата на големо и мало, помала наплата на даноци и помали приходи на фирмите. Секако, најголемата жртва на ваквото недомаќинско и неодговорно однесување на оваа власт ја даваат граѓаните по чиј џеб и живот удри оваа неспособна влада.

Веќе очигледно е дека Владата нема стратегија за почетокот на образованието и на образовниот процес во основното, средното и високото образование, ниту пак план за работата на градинките. На удар е здравјето на младите и нервите на родителите кои се загрижени поради тоталниот хаос во факултетите, училиштата и градинките.

Министерството за образование нема соодветен план за он лајн настава ниту пак обезбедени доволно добри просторни услови за децата кои физички ќе посетуваат настава, а градинките се со исполнети капацитети со што постои реална опасност дека голем дел од родителите нема да имаат можност да ги згрижат своите деца во градинки.

Имајќи во предвид дека згора на овој хаос се става и тешкиот финансиски товар на родителите и младите во едни вакви економски услови и сиромаштија, како опозиција предлагаме план и мерки со кои владата мора да настапи веднаш.
Како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, предлагаме:

1. Владата веднаш да донесе одлука со која ќе се ослободат од партиципација сите редовни студенти запишани во државните универзитети за учебната 2020/2021 година, без разлика во која година од студирањето се наоѓаат. Со оваа мерка се опфаќаат околу 20 илјади студенти. Што значи дека на околу 20 илјади семејства ќе им се помогне да не трпат егзистенцијални штети и да можат нивните деца да го продолжат образованието.

2. Втората мерка е предлог за донесување одлука за обезбедување на бесплатна храна во училиштата и за сите ученици.
Со оваа мерка ќе се опфатат сите ученици кои посетуваат настава во училиштата, а станува збор повторно за неколку десетици илјади.

3. Третата мерка се однесува на децата кои посетуваат градинка, бројка од околу 30 илјади дечиња, чии родители немаат услови да ги чуваат дома, а од таа причина е потребно да ги пратат во градинка. Со цел да се помогне на голем број на семејства, во кои имаме и голем број на родители кои го изгубиле своето работно место, бараме бесплатно згрижување на децата во градинките.

Ја повикуваме власта да ја надмине суетата и да пристапи кон итна реализација на овие предложени мерки, кои ќе значат помош за околу 100.000 семејства во Македонија.

Владата, криминалот и мафијата кои за жал во овој момент се исто во Македонија, не смеат да ја водат во пропаст целата држава”.

Ѓукановиќ дава ocтавка? После дебаклот на избopите, владеачката партија пред голема реконструкција

Во Подгорица се одржала седница на Главниот одбор на Демократската партија на социјалистите – црногорските медиуми наведуваат дека ќе биде донесена одлука за свикување на вонреден конгрес ДПС а се шпекулира за можно заминување на Мило Ѓукановиќ.

Спрема наводите, Конгресот наводно ќе се одржи во наредните неколку месеци на кој се очекува “сериозна реконструкција“.

Иако за тоа сите молчат, веќе се појавиле шпекулации и можно заминуваљње на Мило Ѓукановиќ на чело на партијата за која нема потврда.

Главниот одбор се состанал, само пет дена после изборите со што завршена е тридецениската власт на ДПС.

Истовремено, порталот In4s, повикувајќи се неофицијални информации, објави дека актуелниот претседател на Црна Гора, поднесува оставка и ги признава резултатите од изборите на кои неговата парија загуби.

На седницата на Главниот одбор на ДПС присуствувал и Мило Ѓукановиќ, како и останатите високи функционери на партијата.

Прилепчанец со машина за ceчeње дpва yдpил во ѕид: Неговиот сопатник се здобил со тешки повpeди

На 04.09.2020 околу 20 часот било приjaвено дека на ул.„Тризла“ во Прилеп С.С. (39) од Прилеп, управувајќи машина за сечење дрва „аран“ yдpил во ѕид.

Во незгодата со тешки телecни повpeди се здобил сопатникот Б.М., кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за yкажување на лекapcка помош, а со повpeди се здобил С.С.

Увид на местото на настанот извршила yвидна екипа на Полициска cтаница Прилеп – информираат од МВР.

(Видео) Во Тетово се одржа досега најмасовниот пpoтecт пpoтив пocкапyвањето на стpyjaта

Вчера во Тетово се одржа досега најмасовниот протест против поскапувањето на струјата.

Пред објектите на ЕВН имаше и кордон од полицајци, а групата застана пред нив. После неколкуминутно скандирање и извици, двајца од групата се приближија до оградата и фрлија стотици испечатени банкноти налик на 100 евра.

Родители научете ги своите деца: Новинар од Македонија раскажува со што се соочила неговата ќерка со аутизам во парк

Новинарот на Радио МОФ, Бојан Шашевски, напиша јавен статус на Фејсбук кој треба да ги замисли сите родители во Македонија.

Статусот на Шашевски проследете го во продолжение:

“Денес имав една случка.

Со ќерка ми бевме на лулашки во парк. Семејства со деца насекаде. Се качи на мини вртелешката. Се вртеше заедно со две деца на околу 6-7 години. Ја гледав седнат од дистанца. Почнаа да и’ зборуваат нешто. Дарија (се уште) не може да им врати, има аутизам. Ја гледаа како се радува на вртелешката, како изразува радост со рацете во вис. Дарија продолжи да се смее и вика гласно. Така артикулира задоволство. Убаво и’ беше, во друштво.
Децата повторно пробуваат да зборуваат со неа, но сега полни со себе:

„Зошто не зборуваш ма!? Абе, оваа е ретардирана. Хаа, редардирана е! Ти ма, редардирана си а?!“.
Едното почна да ја боцка со рака по рамото. Другото и’ ја фати главата, а со другата рака петте прсти во вис, нагоре како да врти сијалица. Се издра пред сите, покажувајќи кон Дарија: „Оваа е ретардирана!“.

Смеа и викање од околните деца. Молк од родителите. Како сцена од филм, некој од 90-ти, полн со локални стереотипи.
Дарија ме бараше со поглед, беспомошно. Осети раце врз себе како ја буткаат, како продолжуваат да ја задеваат и да и се дерат „Кажи ма нешто!“.

Бев на 20-ина метри, почнав да се приближувам.

Дарија веќе беше напната. „АаааарррххххХХ“. Се исправи, ги затна ушите со раце. Така прави кога се вознемирува. Вртелешката се движеше, ја занесе, ама стигнав да ја фатам за рака. Се исправи. Ме стисна за рака, почна да ми ја мава раката од лутина. Потоа ме фати силно за тело. Силно ме гушна и ја пикна главата меѓу вратот. Се тресеше и ги крцкаше забите од нервоза.

„Зошто не сака да збори?! Уште ли не зборува?!“

„Да. Ќе прозбори. Ама, сака да се дружи. Не треба да ја закачате“.
Некоја мајка се приближи. „ХхХхХ, извини се на девојчето. Ме слушаш ли, извини се на девојчето!“.
„Нема потреба таа да се извинува“.

Се оддалечивме со Дарија, се качивме на клацкалка. Брзо се смири. Јас бев сега вознемирен. Болеше. Многу болеше! Одвнатре грозно и мачно. Плачев, а Дарија ме бришеше по лицето. Ме гушкаше.

Ми текна каде Дарија живее. Каде расте. Ми текна и на сите пријатели и познаници што споменуваат „Абе овој е ретардиран“ кога оговараат некој човек. Децата, за разлика од нив, се искрени. Не прават лице. Само учат.
До сите пријатели. Следен пат кога во друштво ќе ве чујам „овој е ретардиран“, очекувајте од мене – школски шамар! Или мини заушка! Да осетите болка. Онака, другарски. Чисто да ви текне за следен пат”.

Официјална изјава на Меси- познато е чиј дрес ќе го носи во следната сезона

Сагата околу иднината на Лионел Меси е завршена. Аргентинецот потврди дека останува во Барселона и сезонава и покрај големите несогласувања кои ги има со раководството на клубот на чело со претседателот Бартомеу. Очигледно ниту еден тим во светот не е подготвен за Каталонците да им исплати 700 милиони евра за услугите на Меси, па затоа тој и следната сезона ќе го носи дресот на Барселона.

„Не сум среќен и сакам да заминам. Не ми е дозволено да заминам и затоа ќе останам во клубот за да не влезам во правен спор. Раководството на клубот предводено од Бартомеу го носи тимот во пропаст. Вистината е дека во овој клуб нема проект. Тие само ги пополнуваат дупките прекасно. Никогаш не би одел во војна против клубот на мојот живот. Затоа останувам. Кога им ја соопштив желбата да заминам на сопругата и децата, тоа беше вистинска драма. Целото семејство почна да плаче, моите деца не сакаа да ја напуштат Барселона“, изјави Меси.

Тој додава дека од клубот имал џентлменски договор дека може да замине која година и да одлучи.

„Мислев и бев сигурен дека сум слободен да заминам, претседателот секогаш велеше дека на крајот на сезоната може да одлучам дали ќе останам или не. Сега тие се држат до фактот дека не сум го кажал тоа пред 10 јуни “, додава Меси.

Што ќе се случи на крајот на следната сезона кога Меси ќе биде слободен фудбалер ќе остане непознаница, бидејќи во март следната година има избори во Барселона, а Бартомеу најверојатно ќе биде заменет. Поради тоа доколку дојде раководство кое има слични погледи како Аргентинецот можно е тој да потпише нов договор и до крајот на кариерата да остане верен на Барса.

Кече од Груби за Жбогар за заминувањето од Македонија

Реформите, Охридскиот Рамковен Договор и безкомромисната борба против корупцијата во земјата, биле темите на кои разговарале првиот вицепремиер, Артан Груби и евроамбасадорот Самуел Жбогар, при денешната нивна средба во Владата.

Како што соопштува Секторот за односи со јавноста во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, Груби истакнал дека Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците ќе биде модерно, функционално и одговорно министерство кое ќе создаде општествена кохезија и граѓанска рамноправност.

Амбасадорот Жбогар му честитал на Груби за новата функција и му посакал успешна реализација на владината агенда.

Првиот вицепремиер Груби на амбасадорот Жбогар му посакал понатамошен успех и повторил дека вратата во нашата земја му е отворена. Евроамбасадорот како подарок за инзворедната соработка од Груби доби кече.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар на 17 август на „Твитер“ го најави завршувањето на својот мандат во земјава. Дома се враќа во средината од септември.