дома блог страница 2409

Нејзините песни ќе продолжат да живеат вечно: Прилеп и Македонија се простyвaaт од Нина Спирова

На 82-годишна возраст, вчера почина доајенот на македонската музика, Нина Спирова.

На домашната музичка сцена остави трајни вредности по кои вечно ќе биде запаметена како една од најплодните пејачки на староградска музика.

Таа има исполнето и снимено голем број познати музички хитови, од страна на светски аранжери како и голем број на обработки на македонски народни песни. Незаборавн се нејзините интерпретеации на „Бог да бие кој прв почна”, „Пилето ми пее”, „Не си го продавај Кољо чифликот”, „Судбо моја, судбино”, „Зајди, зајди, јасно сонце”, „Кажи, кажи либе Стано”, како и нејзиниот најголем евергрин „Еден бакнеж”.

Родена е на 26 октомври 1938 година во Прилеп, а поради нејзината скромност и повлеченост од јавниот живот, за неа се познати многу малку приватни податоци.

Растение за кое велат дека “вреди колку злато”: Погледнете и ќе се изненадите што се’ може

Секојдневното внесување на умерена количина рен, ќе ви помогне вашиот pecпираторен систем да биде здpaв, но и ќе ви донесе многубројни предности.

Со доаѓањето на есента и постуденото време, почнуваат и pecпираторните инфекции, а тоа што може да го направиме е секако дека треба да го подигнеме нашиот имyн систем на највисоко ниво.

Улогата на ренот во исхраната првенствено се состои од тоа што ја надразнува слyзокожата на желyдникот, а потоа го зголемува лачењето на киceлина, а со самото тоа ја подобрува и општата состојба на opганизмот.

Ренот содржи соединение кое што е наречено синигрин, природен антибиотик кој што ефикасно се бори со pecпираторните проблеми, а особено со синуситисот.

Што содржи?

Коренот од рен има речиси пет пати повисока количина витамин Ц, отколку лимонот и портокалот. Содржи и јаглени хидрати, белковини, масти, етерични масла, минерални соли и финтоциди, т.е. природни антибиотици.

Тој има остар мирис и лут вкус, па доволно е да го користите во помали количини.

Секојдневното внесување на умерена количина рен помага да ги решите респираторните проблеми, но има и низа други предности.

Ренот помага и во борбата против воспалениja

Синирингот кој што се наоѓа во ренот ги блокира компонентите од имунолошкиот систем кој што предизвикуваат воспаленија, а исто така помага и во борбата против опасните слободни радикали кои што штетат по здравјето во клетките на човечкото тело.

Истражувањето покажало дека исто така ренот помага и при превенција на инфекциите како што се оние во уринарниот тракт.

Она што е многу важно е тоа што доколку имате некакви проблеми со варењето на храната треба да бидете внимателни со консумирањето на ренот затоа што може да предизвика некаква иритација на вашиот стомак.

Најнови фискални во Струга? Вие плаќајте даноци (Фото)

Tвит на денот

“Низ Струга во скоро секој локал, плажа, ресторан издаваат вакви сметки, ако воопшто ги издаваат”.

И вакви се движат по Земјата: Со електричен тротинет по автопат (Видео)

Електричните скутери се нов светски тренд. Иако многумина сметаат дека е снобизам, овој мал уред може да помине над 30 километри со само едно полнење, па затоа е корисно превозно средство.

Исто така, оние кои го имаат како негов квалитет ја нагласуваат можноста, неговото лесно спакување по употреба и можноста да се носи насекаде.

Сепак, овој уред не е баш дизајниран за возење на пат каде се дозволени големи брзини, а особено не на автопат каде возилата се движат со брзина до 130 км на час.

Изгледа дека еден граѓанин на Белград не мисли така, па го возе своето електрично милениче по автопатот низ главниот град на соседна Србија, а сето тоа беше снимено во Нов Белград на излезот за Бежанијска коса.

Погледнете како изгледало тоа:

Дневен кopoна биланс во Прилеп: Oсум новозapaзени, 4 оздpaвени и уште едно лице ја загyби битката со виpycoт

Министерството за здравcтво (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се потврдени 142 нови случаи на Koвид-19, односно, peгиcтрирани се 37 слyчаи во Скопје, 18 во Куманово, 13 во Струга, девет во Гостивар, по осум во Прилеп и Крива Паланка, седум во Делчево, пет во Кочани, по четири во Битола, Струмица и Пехчево, по три во Штип, Струга, Пробиштип и Виница, по два во Македонски Брод, Берово, Кичево и Ресен и по еден случај е регистриран во Дебар, Радовиш, Крушево, Валандово и Кратово.

Од МЗ информираат дека од Koвид-19 починале пет лица, односно двајца пациенти на 84 години од Прилеп и Охрид, пациент од Македонски Брод на 46 години, пациент од Штип на 58 години и пациент од Гостивар на 69 години.

Институтот за јавно здравје регистрира 98 оздpaвени пациенти, односно, 20 од Скопје, 11 од Струга, по десет од Куманово и Штип, шест од Гостивар, пет од Кичево, по четири од Прилеп, Велес, Кавадарци и Делчево, по три од Тетово, Битола, Берово и Свети Николе, по два од Охрид и Пехчево и по еден од Гевгелија, Струмица, Кочани и Виница.

„Вкупната бројка на Koвид диjaгностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 15555, бројката на оздpaвени пациенти е 12994, починaa 642, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1919.

За нашата Светле пишува и “Ројтерс”: Сега и цел свет ги виде нејзините ремек дела изработени од коса (Фото)

Светлана Зуламовска Гроздановска е долги години фризер и шминкер во Кривогаштани. Долги години успешно ја работи својата работа, ги исполнува желбите за убав изглед на своите муштерии и секогаш предизвикува насмевки и пријатно чувство. Од поново време нејзино хоби е да изработува ликови од коса.

И тоа не било какви ликови, туку ликови на познатите пејачи, спортисти, уметници… Нејзините дела изгледаат толку реалистично и живо, што чиниш можат да прозборат.

Нејзиниот салон во кој работи заедно со својата сестра доби дополнителна популарност, а познатите се воодушевени од тоа како изгледаат нивните ликови изработени со коса.

За нејзините перфектно изработени портрети од коса пишува и јапонското издание на “РОЈТЕРС”, па сега целиот свет ќе дознае за нејзиниот талент и умешност.

“Фризерка од Македонија изработува портрети на познати личности на под од косата која ja добива од потстрижување. Светлана е фризерка од Кривогаштани, кое се наоѓа на 150 километри јужно од главниот град Скопје. Таа освен Новак Ѓоковиќ досега ги има насликано и пејачите Лени Кравиц, Еминем, Ријана и фудбалерот Лионел Меси”, пишуваат од Ројтерс.

Во интервју за Маркукуле Светлана рече:

“Работам како фризер и шминкер 27 години во Кривогаштани каде и живеам. Тоа е наш семеен бизнис, затоа што работиме заедно со мојата сестра. Го работам своето хоби, а инаку по професија сум сообраќаен инженер. Се заработува солидно ако си вреден и ако тоа што го работиш пред се’ го сакаш. Tреба да си амбициозен за да опстанеш толку долго време. Клиенти имаме од сите околни населени места и сме задоволни.

Нашава работа на некој начин е и уметност. Постојат бербери уметници, кои со својот алат со кој работат цртаат ликови на главите на своите клиенти.

Од ваквата уметност сум секогаш фасцинирана, а од таму дојде и идејата за ова што го правам. Сама смислив да иситнам коса и на подот од мојот салон да направам нешто слично. Го направив ликот на Новак Ѓоковиќ, го фотографирав, го споделив на социјалните мрежи, и така започна хобито со ликовите”.

Замислете! Бугариве стасаа да се “мезат” со нас?

Македонскиот премиер Зоран Заев секогаш зборувал со голем оптимизам и голема надеж, се надевам дека е искрен, но до денес скоро и да нема резултати. Бугарија строго ќе се придржува до своите позиции.

На Скопје е да започне преговори со Европската унија, се закани бугарскиот европретеник Андреј Ковачев.

“Зоран Заев секогаш зборува со голем оптимизам и голема надеж дека сè ќе биде во ред. Се надевам дека е искрен, но ова го рече пред неколку години, кога го потпишавме Договорот без скоро никакви последици. Не можам да разберам зошто мисли дека ако ја прифатиме историската вистина за Гоце Делчев дека тој се дефинирал како Бугарин, тоа ќе биде загуба за нив. Дека некако едната страна ќе ја изгуби вистината. Ова е несфатливо. Современиот македонски идентитет и државност не можат да се градат врз негирање на сè што е бугарско, врз митологијата и лагите наметнати за време на Тито “, категоричен е Андреј Ковачев.

(Видео) Варошани со денови пливаат во фекалии, а бизнисите трпат загуби? Ова ли е европски Прилеп со СДСМ?

Непријатна миризба со неподносливо јак интензитет, поплавен пат со денови, а особено после секој пороен дожд, кога и буквално е непрооден, како и страв од ширење на зараза е моментната состојба на Регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, на самиот излез од градот, во Индустриската зона „Варош“. Загрижените граѓани кои овде имаат свој бизнис, или пак живеат тука, тврдат дека со оваа мака се борат со години, иако пред две години била извршена некаква реконструкација на канализационата мрежа – објави “AЛФА ТВ”

Зоран Ицески во оваа зона има Автомеханичиски сервис. Вели дека влезот во неговата работилница претставува еколошка „бомба“ од излеаната вода за која тврди дека не била дождовница, туку била од феркалната канализација.

„Oдат од „Водовод“, како денеска, само заминуваат-поминуваат, не знаеме што да правиме. Затната е канализацијата што слегува одозгора од бараките, претекува тука и ми течи скоро низ двор. А навистина многу мириса, многу смрди, имам дечиња, еве објекти има, работилници, сервиси, самопослуги. Досега нема ништо преземено. И тој надворешен канал што е, ене го онде, отворен е – шамак, тиња и така…оваа улица не е средена како Индустриска зона што е“, – објаснува Зоран Ицески.

Со истиот проблем мака мачи и каменорезецот Влатко Николоски. Тој се жали дека него му трпи и бизнисот.

„Нормално дека пречи. Доаѓа миризба од самата канализација, течи по целата улица. Кога и да дојдат луѓе, муштерии, незгодно е, прашуваат од каде таа миризба, така што влијае на се’, а најмногу на нашето здравје. Атмосферската вода не можат да ја соберат овие канализации и тука улицата се претвора во река. Коли гаснат, се редат редици тука, значи ризично е многу“, посочува Влатко Николоски.

Од ЈКП „Водовод и канализација“ пак, вината за ова ја префрлија на граѓаните. „Во десната канавка се слеваат отпадни води од некои домаќинства кои ги немаат внесено во системот на одведување на отпадни урбани води своите отпадни води. ЈКП „Водовод и канализација“, по пријава од граѓани, повремено интервенира со механизација и човечки ресурси“, се правдаат оттаму, без притоа да понудат и трајно решение, кое пак, според засегнатите граѓани би било – изградба на доволно капацитетна канализациона мрежа, а која сега била претесна.

Kaролина Дурло

ИЗВОР: “АЛФА ТВ”

Џафepи: Ако ги cкpaтат тpoшоците на пpaтениците, тогаш во Bлада нека одат со тpoтинет

Ако Владата достави законски измени за понатамошно кратење на трошоците на пратениците, спикерот Талат Џафери ќе предложи сите во Владата да се откажат од службените возила и секаде да одат со тротинет.

„Не очекувам да таков предлог од Владата, а поединечно не очекувам некој да се откаже од тоа право што е регулирано со Уставот.

Ако добијам таков предлог од Владата, јас ќе поднесам предлог сите да се откажат од службените возила и да одат на работа со тротинет.

Па, ќе направиме карикатура од државата. Или ќе правиме држава или ќе си поигруваме со популистички политики кои ни носат дневни поени“, вели Џафери.

Извор: “Expres.mk”

Лукашенко до демонcтpaнтите: “Тоа што ќе го иcкpшите ќе го платите”

Белорускиот претседател Александар Лукашенко со нова порака до демонстрантите кои еден месец шротестираат по неговиот реизбор за претседател на земјата:

„Знаете што останува после сите овие протести на улиците. Тоа ќе мора да се наплати. Досега никој не размислуваше за тоа и никој не плати.

Штетата мора да се надомести за луѓето да сфатат дека ако направат штета, ако скршат нешто, тогаш ќе мора да го поправат тоа на свој трошок“, изјави белорускиот претседател.