Замислете! Бугариве стасаа да се “мезат” со нас?

Македонскиот премиер Зоран Заев секогаш зборувал со голем оптимизам и голема надеж, се надевам дека е искрен, но до денес скоро и да нема резултати. Бугарија строго ќе се придржува до своите позиции.

На Скопје е да започне преговори со Европската унија, се закани бугарскиот европретеник Андреј Ковачев.

“Зоран Заев секогаш зборува со голем оптимизам и голема надеж дека сè ќе биде во ред. Се надевам дека е искрен, но ова го рече пред неколку години, кога го потпишавме Договорот без скоро никакви последици. Не можам да разберам зошто мисли дека ако ја прифатиме историската вистина за Гоце Делчев дека тој се дефинирал како Бугарин, тоа ќе биде загуба за нив. Дека некако едната страна ќе ја изгуби вистината. Ова е несфатливо. Современиот македонски идентитет и државност не можат да се градат врз негирање на сè што е бугарско, врз митологијата и лагите наметнати за време на Тито “, категоричен е Андреј Ковачев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.