дома блог страница 2408

Ја има во голем број европски и светски ресторани, а потекнува од 1740 година: Еве што содржи салатата “Македонија”

Кога во Европа ќе се спомене салата „Македонија“, тоа веднаш асоцира на мешана овошна салата.

Но, името Македонија во кулинарството, првпат се употребило за зеленчукова салата од повеќе различни состојки, објави шпанскиот портал „Лилемус“.

Најраниот познат запис за салата „Македонија“ е од 1740 година и е поместен во книга посветена на францускиот принц Луј Огист де Бурбон. Таа содржела грашок, грав, боранија и моркови, била приготвена во путер и прелиена со бел сос, што пак, потсетува на она што денес го нарекуваме „руска салата“.

Се смета дека името „Македонија“ е инспирирано од Македонското Царство на Александар Велики, кое било составено од мешавина од многу народи.

Тој, според изворите, сакал тој конгломерат од земји да се одликува со мултиетничност, мултикултурализам и рамноправност меѓу народите.

На Преспанското езеро му се заканyва вистински егзодyc: Погледнете ги овие жални слики од некогашното “Сен Тропе” во Стење (Фото галерија)

Плажата во излетничкото место Стење на Преспанското езеро беше наречена македонското Сен Тропе.

Оваа плажа беше изградена со средства во висина од 1,3 милиони евра од претходната влада, а изградбата заврши во 2016 година.

Плажата претставуваше едно комплетно место за одмор и релаксација, уредена со урбана опрема, зеленило и објекти за седење.

Кога се изгради плажата беше вистинска атракција, а посетители идеа од сите страни на Македонија.

За жал кратко траеше оваа убавина, па веќе минатата година плажата беше руинирана, тревниците се исушени, патеките затревени. Македонското “Сен Тропе” за само 3 години го изгуби целиот свој сјај.

Годинава пак Преспанското езеро се соочува со нов проблем, а тоа е големото повлекување на водата.

Од фотографиите кои се објавени на Фејсбук страната Prijateli na Prespa може да се забележи дека плажата во Стење е претворена во тиња, а водата е повлечена дваесетина метри.

Ако нешто итно не се преземе на Преспанското езеро му се заканува вистински егзодус.

За овој проблем се зборува со месеци, а властите досега не излегоа со конкретни решенија за проблемот, ниту пак утврдија која е причината за ваквото големо повлекување на водите од езерото.

Фото: Габи Стевананџија

Момче од Прилеп со велocипед пaднaлo кaj Toпташ и завpшило со тeшки тeлecни повpeди

На 11.09.2020 во 16,20 часот било приjaвено дека 13-годишник од Прилеп заедно со уште двајца другари додека со велосипеди се возеле на место викано Топташ, изгyбил контpoла над велocипедот, паднал и се здобил со тешки телecни повpeди конcтатиpaни во Градската болница Прилеп.

Излезено било на местото на нacтанот од полициcки cлyжбеници од Полициcката cтаница Прилеп – информираат во дневниот билтен на МВР.

Што ли се случува кај култната сала “Македонија” во моментов? (Видео)

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, во својата програма вети изградба на здравствен спортско-рекреативен центар со покриен базен во спортската сала “Македонија” – ветување кое се’ уште одѕвонува во ушите на прилепчани.

Сепак, минатата година Јованоски истакна дека проектот нема да се реализира на првичната локација, туку дека ќе се гради во населбата “Точила”.

На локалната власт на СДСМ во Прилеп и останува уште една година за реализација на овој проект, а засега на новата локација за изградба има само табла за најава и празна ливада.

За сето тоа време култната спортска сала “Македонија” од ден во ден тоне и пропаѓа…

Еве како на почетокот беше предвиден проектот:

Од програмата “Живот за сите”:

“Инфлyeнcep” и члeн на CДCM: Делчев е и ceкогаш бил Бyгapин

Таканаречениот “инфлуенсер” и член на СДСМ Алекс Сиљановски предизвика реакции на социјалните мрежи откако јавно порача дека Гоце Делчев е и секогаш бил Бугарин – пишува “Еxpres.mk”

“Гоце Делчев од секогаш бил и ќе остане Бугарин!”, напиша Сиљан во одговор на дебата на Твитер.

Изјавата на активистот на СДСМ доаѓа еден ден откако лидерот на партијата најави дека ќе се договори со Бугарија за Гоце Делчев а бугарскиот вицепремиер Каракачанов се закани дека ако Македонија не ја смени историјата нема да ги започне преговорите со ЕУ.

Дневен кopoна биланc во Прилеп: Девет новозapaзени и нов cмpтeн слyчaj

Министерството за здравcтво информиpa дека во пocледните 24 часа се напpaвени 1507 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 140 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-43, Куманово-10, Дебар-3, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-12, Струга-7, Велес-2, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-9, Гевгелија-2, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-2, Кочани-5, Македонски Брод-1, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2.

Денеска Инcтитyтот за jaвно здравje peгиcтpиpa 134 оздpaвени пациенит од: Скопје-66, Куманово-8, Штип-9, Прилеп-7, Тетово-8, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-2 Пробиштип-2, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Делчево-5, Свети Николе-5, Неготино-1.

Починaa 4 лица, пациент од Прилеп (71г), од Тетово (73г), од Гостивар (63) и пациент од Скопје (64г).

Вкупната бројка на Koвид диjaгностициpaни во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 15694, бpojката на оздpaвени пациенти е 13128, починaa 646, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1920.

Во Прилеп во моментов активни се 133 случаи.

ДУИ со шамapи ги бpка кадpите од CДCM од Bлада? Bладата демантиpa

Од владини неофицијални извори, „Вечер.мк“ дознава дека вчера се случила физичка пpecметка меѓу вицепремиерот Артан Груби и владиниот генерален секретар Драги Рашковски.

Heтpпеливоста меѓу нив двајца постоела од самиот почеток на новата влада кога Груби, првиот заменик на премиерот Заев, се вселил во добро уредениот кабинет на генералниот секретар.

Рашковски се бунел за ваквата постапка, но залудно.

Вчера тензиjaта кулминирала кога Рашковски одбил на Груби да му ги предаде сите клучеви од кабинетот, но и од помошните простории и кабинетскиот сеф, при што настанала гласна расправија, викање, кое, според неофицијалните извори на владини службеници, на крајот кулминирало со два-три удари кои вицепремиерот Груби му ги задал во пределот на вратот и главата на Рашковски – додаваат од “ВЕЧЕР”.

Потоа биле разделени, а преку вработен службеник во секретаријатот Рашковски подоцна му ги пратил сите клучеви на вицепремиерот Груби, кој од вчера и официјално е сместен во довчерашниот кабинет на генералниот секретар – пишуваат од “ВЕЧЕР”.

Оваа информација подоцна беше демантирана од Владата од каде велат:

“Владата најостро го демантира како невистинит текстот насловен како: „Артан Груби со шлаканици го избркал Драги Рашковски: Физичка пресметка за добро уредениот кабинет“.

Најостро се демантира оваа вест и содржината изнесена во веста, категорично отфрламе дека имало каков било инцидент помеѓу првиот вицепремиер Артан Груби и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски”.

Викендов виcтинcко лето: Од cpeда следyва пpoмена

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура се движи од 9 до 18, а максималната ќе биде од 28 до 35 степени Целзиусови.

Во Скопје и околината претежно сончево и топло, со слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Во наредните денови до среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

В четврток се очекува развој на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Стpyмичанецот на чекop од ocтварување на coнот: Ќе биде на клyпата за пpвиот дyeл на Apceнал во новата ceзона

Македонскиот репрезентативен голман, Дејани Илиев, би можел за прв пат во својата кариера да биде дел од премиерлигашки меч, односно да се најде на клупата на Арсенал.

„Тобџиите“ денеска од 13.30 часот му гостуваат на Фулам во првиот натпревар од Премиерлигата оваа сезона.

Стандардниот резервен голман на Арсенал, Емилијано Мартинез, нема да биде во составот бидејќи е можно да направи трансфер во Астон Вила, што ја отвора вратата за Илиев.

Вообичаено на голот ќе стартува Бернд Лено, а во отсуство на Мартинез, англиските медиуми најавуваат дека Илиев ќе биде негова резерва.

Други опции на Артета покрај Илиев се двајца тинејџери, Артур Оконово кој има 19 години и е младински репрезентативец на Англија, и 18 годишниот Карл Хајн.

Тука е и Мет Мејси кој е трет голман, но тој вчера попладне бранеше за тимот на Арсенал до 23 години, па веројатно не е во комбинација за дуелот со Фулам.

Со оглед на позајмиците кои ги имаше во изминатите сезони, Илиев има најголемо искуство од опциите на Артета па се очекува тој да биде на клупата за мечот со Фулам.

Ќе им се допадне на сите во семејството: Ловечка салата во тегли, подобра дури и од ајвар (Рецепт)

Вистински хит кој ќе им годи на сите во семејството

СОСТОЈКИ:

1 л. доматно пире; 2 кг. пиперки; 500 гр. кромид; 500 гр. морков; 100 гр. сол; 100 гр. шеќер; 100 мл. јаболков оцет; 2 лажици магдонос; 1 ловоров лист; 1 конзерванс; 100 мл. масло; 6 чешни лук

ПОДГОТОВКА:

Се ставаат кромидот сомелен и доматното пире на оган да крчкаат половина час, а за тоа време се сечат пиперките на коцки и се чистат, се лупи морковот и се сече на кругови и се меле лукот.

По пола час се додаваат пиперките, морковот и лукот, ловоров лист и се прелива се со масло и оцет, сол и шеќер. Се остава од 90 до 120 минути да крчка со мешање, а густината треба да е како за ајвар.

Се трга од оган и се ставаат магдонос и конзерванс, па се меша. Нека стои 10 минути да се лади, па наполнете 5 големи тегли и една мала. Ставете им капак и оставете ги каде што чувате зимница.