Стpyмичанецот на чекop од ocтварување на coнот: Ќе биде на клyпата за пpвиот дyeл на Apceнал во новата ceзона

Македонскиот репрезентативен голман, Дејани Илиев, би можел за прв пат во својата кариера да биде дел од премиерлигашки меч, односно да се најде на клупата на Арсенал.

„Тобџиите“ денеска од 13.30 часот му гостуваат на Фулам во првиот натпревар од Премиерлигата оваа сезона.

Стандардниот резервен голман на Арсенал, Емилијано Мартинез, нема да биде во составот бидејќи е можно да направи трансфер во Астон Вила, што ја отвора вратата за Илиев.

Вообичаено на голот ќе стартува Бернд Лено, а во отсуство на Мартинез, англиските медиуми најавуваат дека Илиев ќе биде негова резерва.

Други опции на Артета покрај Илиев се двајца тинејџери, Артур Оконово кој има 19 години и е младински репрезентативец на Англија, и 18 годишниот Карл Хајн.

Тука е и Мет Мејси кој е трет голман, но тој вчера попладне бранеше за тимот на Арсенал до 23 години, па веројатно не е во комбинација за дуелот со Фулам.

Со оглед на позајмиците кои ги имаше во изминатите сезони, Илиев има најголемо искуство од опциите на Артета па се очекува тој да биде на клупата за мечот со Фулам.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.