дома блог страница 2399

За Мурињо нема “северна”: Вели дека ќе биде опacно во Maкедонија (Видео)

Тренерот на Тотенхем Жозе Мурињо по победата во Пловдив беше прашан за мечот со Шкенндија во Скопје во четврток.

Тој беше искрен дека не знае ништо за овој нашиот претставник, но сепак како што вели, ќе почнат со анализите и подготовките за гостувањето во Скопје. Тоа што е непознат противник не значи дека ќе биде лесно, а Мурињо вели дека мора да бидат претпазливи.

Запрашан за Шкендија, Мурињо одговори:

“Ќе биде опасно во Македонија, како и против Локомотив Пловдив во Бугарија. Да бидам искрен не го познавам тимот, не знам ништо за нив. Мораме да почнеме со работа, но пред тоа имаме маратон во домашните превенства, Саутемптон, Лејтон и на крајот одиме за Македонија”, вели тој.

Ce оглacи Гopдана Jaнкyлocка и oбjaви фотогpaфиja

Поранешната министepка за внатpeшни paботи Гopдана Јанкулоска се огласи на социјалните мрежи откако се појавија информации дека наводно е во бегcтво по потврдата од Bpxoвниот cyд за издржување затвopcка kaзна.

-Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството, напиша Јанкулоска на Фејсбук.

Ни доаѓа голем празник: Празнување на мајката на сите мајки

Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да и оддадат заслужено признание и на неговата мајка.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

Македонскиот народ, како впрочем и сите христијани, со многу внимание ги празнува повеќето празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Така е и во народните умотворби, како во поетските така и во прозните, така и во народните верувања и во народните обичаи.

Затоа поголем број цркви низ цела Македонија го носат нејзиното име, а нејзините празници покрај со црковни свечености народот ги празнува и со народни собири, панаѓури и сл. што во минатото траеле и по неколку денови.

Така, македонскиот народ, со повеќе или помалку свечености, но секогаш со достојно внимание прославува неколку празници поврзани со името на Пресвета Богородица: Мала и Голема Богородица, Воведение на Пресвета Богородица, (празник познат уште и под името Света Пречиста), Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, Собор на Пресвета Богородица и др.

Народот верува дека Богородица е мајка на сите мајки, дека е заштитничка на жените особено на леунките поради што кога жените раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да поминат. Народот верувал дека Богородица им помагала при породувањето не само на жените христијанки туку и на жените од другите вери.

Раѓањето на Богородица не било ни случајно ни обично, затоа што идната мајка на Спасителот Исус Христос требало да се роди од родители свети, чисти и праведни. Тие, исто така, требало да бидат од двете еврејски лози од Давидовата и Ароновата, бидејќи од првата произлегувале еврејските цареви, а од втората старозаветните првосвештеници.

Во тоа време меѓу малкуте праведни луѓе во градот Назарет биле и родителите на Пресвета Богородица Јоаким и Ана. Јоаким бил токму од царскиот род Давидов, а Ана од родот на првосвештениците. И двајцата биле многу скромни, побожни и добри, ги помагале сиромасите и болните, а ги советувале младите.

Од приходите што ги имале една третина задржувале за себеси, една давале на храмот, а една третина раздавале на сиромасите. Но биле многу несреќни затоа што немале деца. Во тоа време немањето пород се сметало за последица на божја казна за некој голем грев па и за нив многумина се сомневале дека во себе кријат токму таков грев.

Јоаким и Ана постојано искрено и со солзи го молеле Бога да им даде рожба и да го симне срамот од нивниот образ, ветувајќи дека ќе ја воспитуваат во вистински благочестив дух и дека ќе ја дадат да му служи во храмот.

Луѓето без деца се соочувале и со повеќе забрани, па така не им било дозволено и меѓу првите да принесуваат жртва во храмовите. Еднаш кога на еден голем празник и Јоаким сакал меѓу првите да принесе жртва во храмот во Ерусалим, од првосвештеникот бил прекорен дека тоа не смее да го прави зашто поради гревовите Бог не го дарувал со деца.

Јоаким отстапил длабоко навреден и жртвата ја принесол последен. Оттука наместо дома отишол во пустината кај своите стада каде што поминал 40 дена во строг пост и молитви. Го молел Бога да го дарува со рожба. Во тоа време и Ана дома се молела за истата цел.

Неа не само што другарките ја прекорувале, туку и слугинките и се потсмевале затоа што немала деца. Еднаш додека била во градината видела како некоја птица си ги рани своите пилиња. На тоа уште повеќе се нажалила и го молела Бога да и даде рожба, за да не биде подолу дури и од сите животни и од пилињата.

Јоаким и Ана биле убедени дека со молитви ќе го смилостиват Бога да ги дарува со рожба иако биле во поодминати години. Впрочем и Аврам и Сара, иако, исто така, биле во постари години со волјата Божја добиле дете. И навистина Бог ги слушнал молитвите на праведните Јоаким и Ана и по Архангел Гаврил пратил вест дека ќе добијат женско чедо кое ќе се прослави. Додека Ана искрено се молела пред неа застанал ангел Господов и и рекол:

– Ано, Ано, твојата молитва е слушната. Твоите воздишки ги надвишија облаците. Твоите солзи капнаа пред Господа. Ти ќе родиш благословена ќерка поради која ќе бидат благословени сите овоземни родови. Преку неа ќе биде дадено спасението на целиот свет. Ќе ја викате Марија.

Во истото време ангелот Господов му се јавил и на Јоаким во пустината и му ја соопштил истата вест. Му кажал уште дека Ана веќе е известена со радосната вест и се наоѓа во храмот во Ерусалим за да принесе жртва. Јоаким веднаш пристигнал во Ерусалим каде што заедно со својата жена принесле жртва во храмот.

Потоа им се родила ќерка којашто поради тоа што била измолена со многу солзи и ставиле име Марија, што значело горчлива вода или солза. Според други пак, Марија значи висока или владетелка (владичица). Зачатието на Св. Ана црквата го празнува на 22/9 декември, токму девет месеци пред Мала Богородица.

Во чест на денот на раѓањето на Марија, идната мајка на Господ Исус Христос Светата христијанска црква го востановила празникот Рождество на Пресвета Богородица, празник во народот попознат како Мала Богородица што секоја година се празнува на 21 септември според новиот, односно на 8 септември според стариот календар.

Овој празник е прв не само од Богородичините празници туку и, воопшто, прв поголем христијански празник по започнувањето на Црковната Нова Година на 14/1 септември. Следниот ден по Мала Богородица односно на 22/9 септември црквата го празнува и споменот на нејзините родители праведните Јоаким и Ана.

На Мала Богородица, исто така, се одржуваат големи народни собири во повеќе манастири што го носат нејзиното име како што е манастирот Пречиста кај Кичево, манастирот во с. Матејче, во Осоговскиот манастир, Сливничкиот манастир….

Во пpaво ли e? Екc миниcтepoт Cyгаpecки вели: “На виcтински пат cме, нема cкpшнување”

Фејсбук статус на екс министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески

“Слушам деновиве повторно се “јадеме” меѓусебно за меморандумот на соседна Бугарија. Имам едно многу логично прашање: Ако нашиот Македонски идентитет не е бетониран со билатералните договори со Бугарија и Грција, зошто тогаш Бугарската Влада би барала од останатите земји членки на ЕУ да ги оспорат Македонската нација и јазик со дополнителен услов во преговарачката рамка?

Јасен е одговорот-бидејќи Македонскиот идентитет одамна е затворено прашање, регистриран во нашата лична карта во ООН! Се друго е политика наменета за внатрешна употреба! Да бидеме на чисто! Никој, ама баш никој во универзумот не може да ни го одземе нашето неприкосновено право да сме свои на своето.

Македонци кои зборуваат Македонски јазик! Универзалното демократско право на самопределување е цивилизациска придобивка за секоја нација утврдена со Повелбата на ООН. Гоце Делчев е нераскинлив дел од Македонската историја и не случајно неговите мошти се пренесени во црквата “Свети Спас” во Скопје. Гоце по своите убедувања бил Европеец далеку пред формирањето на ЕУ.

Искрено жалам што Бугарската Влада не го следи неговиот патоказ! Секој обид со политички диктат да се влијае врз работата на историчарите, кои треба да најдат решение за разликите од минатото е контрапродуктивен, јалов и не е во духот на добрососедските односи!

Сакам да им честитам на мудроста на клучните луѓе во Државниот врв, кои не влегуваат во замката Бугарскиот меморандум да биде внесен во нашата дневна политика, што секако ќе беше штетно за нашите позиции. Затоа, не случајно денес Германија како актуелен Претседавач со ЕУ ја испрати јасно и гласно пораката-билатералните спорови не можат да бидат дел од преговарачката рамка! Кој сфати-сфати! Македонскиот народ нека биде спокоен.

Знам дека некои потези со право вадат од такт! Но, не заборавајте каде бевме пред 3,5 години, каде сме сега! Полноправна членка на НАТО, почнуваме преговори со ЕУ! Затоа, сега си подигруваат со нашите длабоки емоции и патриотски чувства за да испровоцираат погрешна реакција, која после би ја користеле како оружје да не внесат повторно во ќор-сокак! Ние сме на вистинскиот стратешки колосек, нема скршнување”.

Поучно видео: Зошто не треба да се “блендира” кога ќе видите полициja на патот

Малку постаро, но многу поучно и корисно видео

Сите барем еднаш сме им блендирале на останатите возачи кога на патот ќе не запре или ќе видиме дека има полициja.

Овој гест го сметаме за човечки, но кога ќе го погледнете видеото ќе видите зошто грешиме.

Останаа чecни лyѓе и во Македонија: Му ја изгpeбал колата, па му оставил порака која ги вooдyшеви сите (Фото)

На социјалните мрежи неретко може да се најдат објави каде чесни луѓе кои ќе удрат или изгребат туѓ автомобил на паркинг оставаат контакт за да ја поправат штета. Но, ова можеби е прв таков случај во Македонија.

На Tвитер е објавена фотографија од ливче на кое е оставен телефонски број откако бил изгребан автомобил на паркинг.

-Извинете ние ви ја изгребавме колата. Брат ми е почетен возач. Ве молам за разбирање. Ако има потреба за некаков надомест еве контакт број, е напишано на ливчето.

Дури и корисникот на Твитер чија кола била „жртва“ е изненаден од целата ситуација.

-Денеска на паркинг ми ја изгребаа колата. Пријатно се изненадов кога го најдов ливчето. Се уште има поштени луѓе. П.С. Се слушнав со дечкото. Нема штета голема. Така да… Се е ОК, ќе части кафе некогаш, се вели во објавата.

Ова наиде на позитивни коментари на социјалната мрежа.

(Видео) Де бpe Жозе, нема да живeeш тyкa

Oткако се врати од Бугарија каде со Тотенхем го победи Локомотив Пловдив, Жозе Мурињо ќе се соочи со Саутемптон во Премиер лигата во сабота и Лејтон Ориент во Лига купот во вторник пред патувањето за Македонија, каде во четврток го чека дуел со Шкендија.

“Во сабота гостуваме во Саутемптон, во среда летаме за Македонија и така натаму. Драматично е, но јас сакам да останеме во ова натпреварување (Лигата на Европа), па затоа ќе се бориме дури можеме”, рече Мурињо пред медиумите.

Запрашан за Шкендија, Мурињо одговори:

“Ќе биде опасно во Македонија, како и против Локомотив Пловдив во Бугарија. Да бидам искрен не го познавам тимот, не знам ништо за нив. Мораме да почнеме со работа, но пред тоа имаме маратон во домашните превенства, Саутемптон, Лејтон и на крајот одиме за Македонија”, вели тој.

Октомври носи голема cpeќа за овие xopocкопски знаци

Октомври на некои хороскопски знаци ќе им донесе период на потполно блаженство, кој ќе го означи крајот на сите компромиси на кои сте биле присилени и на сите непријатности. Доаѓа време кога ќе се соочите со секој проблем и ќе почнете да живеете онака како што отсекогаш сте сакале и сонувале.

Дојде време кога ќе можете да се збогувате од сето тоа што ве мачело, не ви дозволувало да живеете на мир и ви ја црпело сета сила. Речиси секој хороскопски знак ќе има прилика да ги реши проблемите и да започне низа убави моменти во животот.

Еве за кои знаци октомври ќе биде најдобриот месец досега:

Овен

Овните многу ќе се израдуваат на промените кои ќе им ги донесе октомври бидејќи веќе навистина не знаат што да прават со својот живот за да стане подобар и да се ослободат од болката и разочарувањата. Вашата најлоша карма е отслужена и сега ве очекуваат само убави работи. Ќе ви се вратат некогашните самодоверба и среќа во секое поле на животот, што и да правите.

Рак

Поминавте доволно животни тестови и од октомври ќе можете мирно да се одморите и да правите работи кои ви годат. Ќе добиете вести што ќе ви влеат голема надеж и луѓе кои во сè ќе бидат на ваша страна. За вас воопшто нема да има негативни аспекти во текот на октомври.

Стрелец

Од октомври па до крајот на годината ќе можете конечно да ставите точка на сите лоши работи и да триумфирате над сите неволји. Дури од октомври ќе можете да ги вратите работите на свое место. Дури иако досега можеби сте биле губитници, сега ќе се претворите во целосно среќна личност, а до крајот на ноември ќе имате потполно поинаков живот.

Јарец

Октомври и ноември се двата прекрасни месеца во кои може да ви се случи она што луѓето не можат да го доживеат ни за цела година. Ве очекува одмор, нови задачи и многу љубов. Дури и Јарците кои се навикнати на самотија, сега ќе можат да ја пронајдат својата среќа и тоа во голема мера ќе им го промени животот. Сега семејството и благосостојбата на саканите ќе станат еден од главните приоритети на Јарците.

Риби

За Рибите октомври носи големи пресврти. Кон крајот на септември можно е да се пожалите дека ништо не ви оди по план и дека повеќе немате сила, но од октомври сè ќе биде поинаку. Ќе бидете полни со енергија, нема да ви недостига поддршка и ќе одите по вистинскиот пат. Искористете ги можностите кои ви се нудат во октомври и ќе создадете цврст темел за иднината.

Majка и ќepка изгледaaт како близначки: Peтко кoj ги paзликува кoja е кoja (Фото)

Мајка и ќерка се вистински хит на социјалната мрежа Тик-Ток, каде често снимаат видеа, поради кои ги нарекуваат близначки.

Иако не е реткост мајка и ќерка да си личат, сепак постојат случаи кога навистина не можете да препознаете која е која.

Имено, Aмериканките, 40годишната Стејси Смит и нејзината 16-годишна ќерка Медисон се пошегувале на сопствена сметка и ги прашале следбениците дали можат да ги разликуваат.

Тие две често танцуваат и се смеат, а исто така носат и иста гардероба, па навистина е тешко да се погоди која е мајката, а која ќерката.

Следете ги ТУКА

Mинистерот за животна средина до новинарите: Можете и вие да научите албански, не е лошо

Старо-новиот министер за животна средина Насер Нуредини денеска на прес конференција ги презентираше новите проекти и приоритете на неговиот ресор и тоа на албански јазик.

Нуредини истакна дека разбира што го прашуваат новинарите, но не сака да се обраќа на македонски.

На новинарско прашање, кога ќе проговори на македонски, збунето рече дека го знае македонскиот јазик, но не би било лошо и новинарите да го знаат албанскиот, како што тој го учи македонскиот.

„Ви благодарам на прашањето, и ве разбирам многу добро, можам да се изразувам и многу добро ако сакате да знаете, ќе научам полека нормално, обврска е за мене. Албански не баш лошо да знаете, веќе сигурно не зборите албански, албански не е лошо. Ќе зборам во иднина и на македонски“, рече Нуредини.

Нуредни на денешната прес конференција се обрати на албански јазик, а новинарските прашања ги одговараше на англиски јазик.