(Видео) Де бpe Жозе, нема да живeeш тyкa

Oткако се врати од Бугарија каде со Тотенхем го победи Локомотив Пловдив, Жозе Мурињо ќе се соочи со Саутемптон во Премиер лигата во сабота и Лејтон Ориент во Лига купот во вторник пред патувањето за Македонија, каде во четврток го чека дуел со Шкендија.

“Во сабота гостуваме во Саутемптон, во среда летаме за Македонија и така натаму. Драматично е, но јас сакам да останеме во ова натпреварување (Лигата на Европа), па затоа ќе се бориме дури можеме”, рече Мурињо пред медиумите.

Запрашан за Шкендија, Мурињо одговори:

“Ќе биде опасно во Македонија, како и против Локомотив Пловдив во Бугарија. Да бидам искрен не го познавам тимот, не знам ништо за нив. Мораме да почнеме со работа, но пред тоа имаме маратон во домашните превенства, Саутемптон, Лејтон и на крајот одиме за Македонија”, вели тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.