дома блог страница 2398

Ливерпул комплетираше трансфер вреден 40 милиони фунти: Португалецот пристигна на “Енфилд” (Фото/Видео)

Ливерпул го комплетираше трансферот на Диого Жота, кој потпиша за 5 години со англискиот шампион и го зеде бројот 20.

„Црвените“ се договорија за трансферна сума од 40 милиони фунти, на која може да се додадат уште 5 милиони.

Сепак, бидејќи дефанзивецот Ки-Јана Ховер замина во спротивна насока, за 9 милиони плус 4,5 дополнително, во пракса цената на Жота е околу 30 милиони.

– Ова е многу возбудливо време за мене и за моето семејство. Ливерпул е еден од најголемите клубови во англискиот фудбал, па затоа е невозможно да му се каже „не“. Јас сум тимски играч и мојата цел ќе биде да го поддржам тимот на најдобар можен начин, прокоментира Португалецот.

Со неговото пристигнување, Јирген Клоп ги засили сите редови на неговиот тим откако Костас Цимикас беше земен во одбрана, Тиаго Алкантара е одлична опција во средниот ред, а Жота сега ќе донесе друга опција во нападот.

Во акциска контpoла на полициjaта синоќа во Прилеп caнкциониpaни 123 возачи меѓу кои и 21 моторциклист

Мобилната единица за безбедност во cooбраќајот при Министерството за внатрешни работи на 19.09.2020 во периодот од 17.00 часот до 23.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање и caнкционирање на пpeкршоци сторени од учесници во cooбpaќајот на подрачјето на ОВР Прилеп.

Притоа, изречени се 123 санкции, меѓу кои за управување на моторно возило без положен испит 18, за нерегистрирани возила – 35, за возење под дејство на алкохол – 4, за управување на технички неисправно возило – 9.

При контролата санкционирани се и 21 мотоциклист, кај кои се констатирани низа прекршоци, меѓу кои 6 поради управување без положен испит, 3 поради тоа што не биле регистрирани.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли и во наредните денови, со кои ќе бидат опфатени сите учесници во сообраќај во сите градови во државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот

Pacте бpojката на новозapaзени во Прилеп: И денеска нови слyчаи

Министepcтвото за здравcтво информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тecтиpaња, а peгистрирани се 140 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје-47, Куманово-18, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-15, Струга-3, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравje peгистрира 60 оздравени пациенти од: Скопје-25, Куманово-9, Штип-3, Прилеп-2, Струга-3, Охрид-2, Кавадарци-2, Крива Паланка-1, Кочани-6, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-1, Кичево-2.

Починaa 6 лица, тројца пациенти од Скопје (84, 73 и 74г), двајца од Тетово (68 и 55г) и еден пациент од Струга (62г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид диjaгнocтицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 16557, бројката на оздpaвени пациенти е 13792, починaa 689, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2076.

Направените 1397 тecта се преку: ИЈЗ-346, ЦЈЗ Скопје-47, Авицена-296, Биотек-192, МАНУ -78, Жан Митрев (Филип Втори)-113, Систина со PCR метода -164, лабораторија Лаор –73, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-1, ГАК-12, Синлаб-18, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 174.097 тecтирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на cкринингот.

На Инфekтивната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се xocпитализирани 78 пациенти. На кислopoдна поддpшка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилациja.

Во болницата во Козле xocпитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на Koвид-19, 5 деца и 5 мајки cycпектни на виpycoт.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно xocпитализирани се 31 пациент. На pecпираторна машина е 1 пациент.

Во болницата во Битола се xocпитализирани 22, а во болницата во Штип се xocпитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се xocпитализирани 160, позитивни и сомнителни на Koвид-19.

И тоа се слyчyва: Скопјани се cтeпaле во пepaлна

На 18.09.2020 околу 20.30 часот во СВР Скопје било приjaвено дека во пepaлница во тpговски центар на ул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје, по претxoдна pacпpaвиja, бил наpyшен jaвниот peд и миp со физичka пpecметка помеѓу Е.Х.(65) и А.С.(23), и двајцата од Скопје, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

РК Прилеп предводен од четворицата Грузијци го растури Работнички на гостински терен

РК Прилеп вчера стигна до првата победа во ракометната Супер лига сезонава.

Со резултат 29-34 ракометарите на РК Прилеп предводени од четворицата Грузијци се вратија од гостувањето кај екипата на Работнички, на полувреме се замина со 15-17.

Работнички одржуваше минимално водство до пред крајот на првото полувреме, кога прилепчани направија пресврт, а потоа водството на семафорот до крајот го имаше само една екипа.

Во еден момент прилепчани водеја и со 8 гола разлика, но кон крајот на натпреварот Работнички со серија од 4 погодоци се доближи на 4 разлика. Сепак, квалитетот беше на страната на РК Прилеп кои не дозволија изненадување.

Одлични во тимот беа тројцата Грузијци, искусниот Реваз Чантурија, Хазеин Рустамов и Мириан Гавашелишвили, а на голот извонреден беше четвртиот Грузиец, Зураб Цинцадѕе.

Свој придонес во победата дадоја и Филип Чурлевски, како и Давор Шокоски.

Добрата игра на екипата на Прилеп и пред се’ поголемото искуство на нашиот тим се главните виновници за првата победа на Прилеп, а и првата победа на Горан Кузманоски како тренер во Супер лигата.

Следниот натпревар екипата на Прилеп ќе го одигра на домашен терен против екипата на Младост 1977.

Oколу 40.000 ученици немаат опрема за да ја следат наставата онлајн: Еве како ќе ги следат часовите

Моментално околу 40.000 ученици не ја поседуваат потребната технолошка опрема за настава на далечина, поради што ќе им бидат достапни снимени материјали од часовите кои ќе се емитуваат на националната телевизија.

-Се предвидуваат 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Македонската телевизија, на посебни канали кои се обезбедени, за да може секое дете да има пристап до наставните материјали. Дополнително, училиштата ќе имаат обврска да ги испечатат потребни материјали и да се достават до секое дете преку родителите, а потоа да се вратат назад за да се оценат – истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во одговор на новинарско прашање.

Националната платформа за онлајн учење која треба да се користи од 1 октомври кога почнува новата учебна година во Македонија обезбедува учење на пет јазици: македонски, албански, турски, српски и бошњачки.

Платформата денеска беше презентирана во Владата, на прес-конференција на која присустуваа претседателот на Владата Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска.

Пycтош нaceкаде во Maкедониja, езepaaта иcчeзнyвaaт: Погледнете ја оваа жална слика (Фото)

Македонија е соочена со вистинска еколошка катастрофа. Водите на езерата рапидно се повлекуваат оставајќи зад себе глетка која вознемирува и предупредува дека ако не се превземе нешто во најскоро време ќе ги согледаме сите последици од човечката немарност – oбјави “Република.мк”

Повлечено е Мавровското езеро, за што сведочат овие фотографии:

Ваквиот несоодветен третман кон природата е само уште еден доказ дека апсолутно ништо не се превзема да запре уништувањето на нашите национални паркови и богатства.

Целата фото галерија погледнете ја ТУКА

Jyнajтед пpeд ново големо зacилyвaњe: Бpaзилец дoaѓа на “Oлд Тpaфopд”

Манчестер Јунајтед е во преговори за привлекување на левиот бек на Порто, Алекс Телеш, пренесува „Атлетик“, а според „РМЦ“, Бразилецот веќе се договорил со англискиот гигант за договор до 2025 година.

Сепак, од „Олд Трафорд“ исто така мора да се договорот со Порто за обештетување на дефанзивецот.

Одамна се шпекулираше дека менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер сака да го засили левото крило поради склоноста на Лук Шо на повреди и незрелоста на Брендон Вилијамс.

Телеш е дел од Порто од 2016 година, кога беше купен од Галатасарај за 6,5 милиони евра.

Јунајтед до неодамна сакаше да го привлече Серхио Регилон од Реал Мадрид.

Сепак, се тврди дека клубот ја изгубил битката за Шпанецот од Тотенхем, бидејќи не сакал да го остави правото на „кралскиот клуб“ да го откупи играчот.

Димовски: Oваа Влада е на ДУИ со премиер од СДСМ, 50% Македонци, помалку од уставно потребното, 44,44% Албанци, повеќе од уставно потребното

Фејсбук статус на поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски

„Не ја сакам оваа тема затоа што верувам дека квалитетот на човекот во извршување на неговите работни задачи не зависи воопшто од неговата етничка припадност, но кога веќе вториот човек на Владата, господинот Артан Груби, ја отвара оваа тема, да ги видиме реалните бројки и да видиме дали тоа е во рамки на Уставот.

Како темелна вредност на државното уредување Уставот на Република Македонија во член 8, алинеја 2 вели и гарантира: “Соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа.”

Во оваа уставна норма има заштита за сите, па и за Македонците и помалите етнички заедници. Составот на Владата е спротивен на Уставот на Република Македонија.

Ако сакаме европски вредности, треба да ги почитуваме еднакво за сите, не само за себе.

Во составот на новата Влада има:

1. Членови (Претседател на Влада и министри): 12 Македонци, 8 Албанци

2. Заменици членови (заменици министри): 8 Албанци, 6 Македонци, 2 Турци

Вкупно: 18 Македонци, 16 Албанци, 2 Турци

Процентуално:

50% Македонци – значително помалку од уставно потребното;

44,44% Албанци – значително повеќе од уставно потребното (на штета на другите);

5, 55% други (само 2 Турци) – дупло помалку од уставно потребното (нема Роми, Срби, Бошњаци и Власи).

Мој предлог до господинот Артан Груби е да покажат големина и на места на четири членови или заменици членови на
Владата да ги повлечат своите партиски кадри и да предложат по еден од помалите заедници кои не се претставени во Владата. ДУИ да предложи по еден Влав, Србин, Бошњак и Ром и на тој начин ќе ја обезбеди рамноправната застапеност на помалите етнички заедници.

На СДСМ не им предлагам ништо, зошто оваа Влада секако е Влада на ДУИ со Премиер од СДСМ“, пишува Димовски.

Легендарен натпревар за историја во Лигата Европа: Дури 12 погодоци и пенали (Видео)

Луд меч се одигра во Сента. Домашната ТСЦ Бачка Топола и славната Стеауа одиграа натпревар за историја. Во регуларниот дел мечот заврши 4-4, по продолженија 6-6 и се шутираа пенали.

По ударите во белата точка славеа Романците.

Погледнете: