Уште една радосна вест одекна од Kлиниката за детски болecти во Скопје. Храбрата Бојана извојува победа над pakoт и сега здpaва и среќна си заминyва дома.
Бојана заѕвони на ѕвончето во ходникот на Детската клиника и доби силен аплауз од медицинските лица.
„Една кротка убавица, покажа дека е лавица. Браво на храброста драга наша Бојана, те чекаме со уште поголеми животни успеси, ти можеш сè што сакаш. Бојана само посакај! Бојана е една од децата кои победија карцином!“ – пишуваат од клиниката.
оце Делчев е македонски револуционер и треба да ни биде чест доколку некој друг народ го чувствува како свој херој, одговори на новинарско прашање денеска претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за бебзедност.
-Тој е македонски револуционер кој придонел многу за нас.
Но, за оние кои тврдат дека тој се борел за Бугарија, тоа за мене не е спорно. Секој може да чувствува некого како свој херој.
Нека го чествува кој сака, тоа може само на нас Македонците да ни прави полем мерак.
Исто е и со Мајка Тереза, нема да се расправаме дали е Албанка или Македонка, рече Пендаровски во своето обраќање.
Нема ништо посвето од јазикот, културата и духовноста на човекот во средината во која живее, рече покрај другото македонскиот режисер Столе Попов, во краткиот говор по добивањето на наградата во Битола.
– Една порака до политичарите – да не забораваат на фундаменталните вредности на светската цивилизација, кои се почесто се занемаруваат и се губат. Треба да имаат на ум дека со сила убавина нема, порача Попов.
Тој удри печат на 41. Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, не само како добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм 2020“, туку и со моќните пораки при обраќањето по примањето на признанието.
– Мислам дека е време да исчезнат било какви комбинации околу некои бришења, негации, кои водат до тоа да исчезнат придавките кои никогаш не биле предмет на разговор, а камоли на прифаќање, додаде Попов.
Македонскиот режисер што ги режираше култните македонски играни филмови „Црвениот коњ“, „Среќна нова ’49“, „Тетовирање“, потоа „Џипси меџик“, „До балчак“ и неколку документарци, го искористи свечениот миг да упати силни пораки до политичарите за идентитетот, јазикот, културата, духовноста, за негациите и „бришењата на придавките“…
Помеѓу присутните синоќа беше и претседателот на државата, Стево Пендаровски кој претходно имаше и свое обраќање.
Забележително беше дека режисерот Попов не доби аплауз од присутната публика на манифестацијата за овие моќни патриотски пораки во говорот. Но, Попов добива громогласен аплауз од милиони Македонци во Република Македонија и во светов.
За тие што пропуштија, еве го уште еднаш говорот на деценијата во МАКЕДОНИЈА:
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економски ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и генералниот менаџер на компанијата „ВИК (WIK) Македонија“, Вернер Шоеб, потпишаа договор за државна поддршка за вториот инвестициски проект на оваа компанија, која работи во технолошко-индустриската развојна зона „Прилеп“.
Изградбата на фабриката на групацијата “ВИК” заврши во 2018 година, а почетната инвестиција изнесуваше 6 милиони евра. Како трета странска инвестиција во ТИРЗ Прилеп, “ВИК” започна да се гради во 2017 година, а беше донесена од економскиот тим на претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
“ВИК” беше последната инвестиција во оваа индустриска зона, а после нејзината изградба и отпочнување со работа, не е поставен нов камен темелник за нова инвестиција.
На 22.09.2020 во 19.50 часот на патот Прилеп-Битола се cлyчила cooбpaќajна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, со битолски регистарски ознаки, yпpaвyвано од В.П.(53) од Битола и патничко возило „опел“, со прилепски peгиcтapcки ознаки, управувано од М.С.(51) од Прилеп.
Во незгодата, М.С. се здобил со тешки телecни повpeди, додека В.П. се здобил со телecни повpeди, конcтатиpaни во болницата во Прилеп, каде биле пpeнeceни за yкажyвање лекapcка помош.
Увид извршила yвидна екипа на Полициcка cтаница Прилеп – информираат во дневниот билтен на МВР.
Беше една од најзгодните и најпопуларни пејачки во минатото, а потоа одлучи да се повлече целосно од јавноста и да заборави на музиката.
Речиси нема човек што не ја памети македонската пејачка Верица Пандиловска и нејзините хитови кои се слушаат до ден денес.
Денес иако повеќе не е активна на музички план се занимава со многу интересна работа.
Таа работи како едукатор за промоција на основна дигитална писменост и основни образовни алатки за онлајн настава.
Верица е среќно мажена веќе со години, а во една прилика има изјавено и дека со сопругот заедно се од 1999-та година.
-Ние сме заедно од 1999 година. И денес по толку време јас се уште го гледам со истите очи. Секојдневно ме изненадува со нешто ново и на тој начин ја одржуваме љубовта, рече во една прилика пејачката.
Советникот од редовите на СДСМ, Александар Китаноски, според наши извори е именуван за заменик на градоначалникот Илија Јованоски во општина Прилеп.
Китаноски е еден од поактивните советници од СДСМ и често се појавува пред медиумите презентирајќи што е направено од локалната владеачка структура во Прилеп.
Според она што го пишува на официјалната веб страна на општина Прилеп, Китаноски е роден во 1970 година и има средна стручна подготовка (гимназија).
Китаноски беше доста активен и кога СДСМ беше во опозиција, а неговото име се спомнува низ чаршијата како иден потенцијален кандидат за повисока функција.
Александар Китаноски е и претседател на Комисијата за финансирање и буџет на општина Прилеп.
Последен настан на кој се појави во јавност беше одбележувањето на патрониот празник на основните училишта „Добре Јованоски“ и „Рампо Левката“, каде положи свежо цвеќе пред бистата во ООУ „Добре Јованоски“, пред споменикот на Рампо Левката во кругот на Основниот суд во Прилеп, на Могилата на непобедените и пред спомен обележјето во месноста Дабница.
Во четврток, 24.09.2020, со почеток од 19:00 часот на тревниот терен во населбата типски во Прилеп, за прв пат ќе се одбележи првиот фитнес ден во Македонија и Прилеп.
Сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од овој настан и да добијат бесплатен фитнес тренинг се добредојдени, а ќе можат да вежбаат заедно со една од најдобрите фитнес инструкторки и боди билдерки во цела држава, Ангела Гелинческа.