дома блог страница 2392

Aктивисти од Тетово фрлaa со паpи кон претседателот на регулаторна комисија (Видео)

Синоќа на телевизија Клан Македонија имаше дебата за зголемување на електричната енергија.

Меѓу гостите беше и претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, членот на Иницијативниот совет за протестите против зголемувањето на цената на електричната енергија, Кренар Османи и професорот Илјаз Илјази, пренесува Albanews24.

Додека претседателот на РКЕ, Бислимоски, одеше кон неговиот автомобил, група граѓани организираа мирна акција, во знак на револт против поскапувањето на струјата. Тие фрлија куп пари на скалите каде се наоѓа телевизијата Клан Македонија.

Целта на акцијата беше да им укажат на РКE и на енергетските компании кога ќе се наситат од изнудата што им се прави на граѓаните во време на пандемија.

Инаку, за време на емисијата, Кренар Османи од Иницијативниот совет за протестите, на Бислимоски му подари бубрези и две литри крв, во знак на револт од граѓаните за поскапувањето на струјата, потенцирајќи дека народот нема пари, тоа им е се што им остана за давање.

Андријана Јаневска ќе пее заедно со голем број пејачи од светот во песна за Гинис: Услов и’ било да пишува дека доаѓа од Република Македонија

Македонската пејачка и виолинистка Андријана Јаневска ќе ја претставува нашата држава во проект за Гинисовата книга.

Јаневска се пофали на својот Фејсбук-профил за престижниот проект.

„Чест ми е да Ви соопштам дека ќе ја претставувам Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди! Станува збор за песна со најмногу пејачи на светот со наслов „One Human“ чиј автор е американскиот композитор и продуцент Graham Czach. Мој единствен услов за учество беше да пишува дека ја претставувам Република Македонија. Денес го потпишав договорот и следната седмица ќе ја снимам песната“, напиша пејачката.

Целиот фyдбалcки cвет го фали Мypињо: Во пpecpeт на дyeлот со Шкениja напpaви голем потег кон македонски новинap (Видео)

Тотенхем денеска гостува во Скопје каде во рамките од третото коло од квалификациите за Лига Европа ќе игра против Шкендија.

Mурињо вчера пред натпреварот одговараше на прашања од новинари, а се јави и нашиот новинар од емисијата “Полн погодок”, Игор Александровиќ.

Тој го замоли Мурињо да се фотографираат во Скопје за фотографијата потоа да ја однесе на гpoбот на неговиот татко кој бил голем фан на Жозе Мурињо.

-Кога беше многу болен ми рече ако некогаш ве видам да направам фотографија со вас. Тој имаше голема почит кон вас. Ако ми дозволите да се фотографирам со вас, таа слика ќе ја урамам и ќе ја ставам на неговото вечно почивалиште. Ако натпреварот мине добро за вас и вашиот тим, дали би ми дозволиле да го направам тоа? – гласеше прашањето на Александровиќ, а потоа Мурињо одговори:

– Фотографијата нема врска со исходот од мечот. Ќе го направиме тоа. Ако може да се сретнеме пред натпреварот, ќего направиме тоа и тогаш, можеби ќе биде полесно така. Ако не ќе го направиме тоа после натпреварот. Ќе ми биде задоволство на тој начин да оддадам почит на вашиот татко – одговори Мурињо.

Овие училишта добија согласност од Владата за настава со физичко присуство на учениците

Владата на Македонија на својата петта седница, одржана на 22 септември, го усвои и Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од основачи на училиштата за организирање на настава со физичко присуство за период од 2 септемри 2020 година до 14 септември 2020 година.

Владата го прифати предлогот на Комисијата согласност за настава со физичко присуство да добијат 169 училишта од кои шест шест се државни за деца со посебни образовни потреби, едно приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15 централни општински основни училишта, 147 подрачни основни училишта.

Извештајот констатира дека 32 централни општински основни училишта, 11 подрачни основни училишта и 2 приватни училишта не ги исполниле условите.

Според извештајот, за организирање настава со физичко присуство во средните училишта биле доставени вкупно 66 барања, од кои Комисијата предлага согласност да добијат четири училишта од кои две се државни за деца со посебни образовни потреби и по едно приватно средно училиште и општинско средно училиште. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава е дадена за 10 училишта (пет уметнички, четири општински училишта и едно државно училиште – Спортска академија).

На петтата владина седница се усвоени и предлозите на Комисијата, која, по разгледување на комплетните барања доставени од општините, одобри изведување на настава со физичко присуство на училишта за деца со посебни образовни потреби: ПОУ „Д-р Златан Сремец“ – Скопје; ПОУ „Иднина“ – Скопје; Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ – Битола; Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Кисела Вода – за основно образование; ПОУ „Маца Овчарова“ – Велес и Завод за заштита и рехабилитација Бања Банско, Струмица.

Поради актуелната епидемиолошка состојба и постоењето на ризик кај оваа ранлива категорија на деца, наставата треба да се реализира со мал број на ученици во различни смени со целосно почитување на пропишаните мерки во протоколите и протоколот за настава со физичко присуство, а училиштата кои имаат интернатско сместување да ги опфатат само своите ученици со максимално сместување до две деца во соба.

Од барањата на приватните основни училишта, одобрение доби француското интернационално училиште „Ефис“ од Скопје.

Согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение доби и Подрачното основно училиште (ПУ) „Мородвис“ во Општина Зрновци. Во Општина Берово согласност добија ПУ с. Будинарци, ПУ с. Митрашинци; ПУ с. Ратево; ПУ с. Смојмирово и ПУ с. Владимирово.

Во Општина Валандово согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во различни смени за учениците од прво до трето одделение добија ПУ с. Чалакли; ПУ с. Казан Дол; и ПУ. с. Брајковци, а ПУ во Дедели, Башибос и Грчиште добија согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

На подрачните училишта во с. Калково, с. Марвинци, и на с. Удово им се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во различни смени во групи по возраст (учениците од прв период во една смена, учениците од втор период во втора смена).

Општина Василево доби согласност за ПУ с. Доброшинци за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во две смени; за ПУ с. Чанаклија и за ПУ с. Сушево, ПУ с. Владевци за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, и за реализација на настава во две смени со учениците од прво до петто одделение; ПУ с. Едрениково и во с. Седларци, и ПУ с. Радичево за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, додека за ПУ с. Дукатино е одобрена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение со укажување наставата да се реализира во две смени со учениците од прво до петто одделение.

Во Општина Петровец согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение добија ПУ с. Горно Коњари, ПУ с. Сушица, и ПУ с. Чифлик.

Општина Пехчево доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение за ПУ с. Црник, ПУ с. Панчарево, ПУ с.Умлена и за ПУ с. Робово.

Во Општина Новаци организирана настава со физичко присуство ќе има во ООУ „Славко Лумбарковски“ за учениците од четврто и петто одделение и во ПУ с. Бач за учениците од шесто до деветто одделение; во ПУ с. Живојно, ПУ с. Далбеговци, ПУ с. Агларци, ПУ с. Добромири, ПУ с. Рибарци, и ПУ с. Гермијан, исто така за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Во Општина Могила ПУ с. Д.Чарлија доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение; ПУ с.Радобор – се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на ученикот од четврто одделение.

На ООУ „Браќа Миладиновци“ од с. Добрушево му е одобрена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и на ПУ с. Дедебалци, ПУ с. Мусинци, ПУ с. Ношпал, ПУ с. Трап, и на ПУ с. Будаково.

Согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, добија и ООУ „Кочо Рацин“ во с. Ивањевци, како и ПУ с. Долно Српци, ПУ с. Волино и ПУ с. Трновци.

Општина Дебрца доби согласност за ООУ „Дебрца“ за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во смени, исто како и за ПУ с. Оровник и ПУ с. Требеништа, за ПУ с. Мешеишта, за ПУ с. Ботун.

ПУ с. Велмеј, ПУ с. Злести и ПУ с. Издеглавје во оваа општина добија согласност за организирање настава со физичко присуство на ученикот од петто одделение заради комбинирана паралелка, а ПУ с. Горенци и ПУ с. Лешани добија согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение.

Во Општина Лозово согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение доби ООУ „Методи Митевски – Брицо“, како и ПУ с. Дорфулија, ПУ с. Каратманово, ПУ с. Сарамзалино, и ПУ с. Милино исто така за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Општина Зелениково доби согласност за ПУ с. Страхојадица, за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение и за ПУ с. Орешани за настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Во Општина Карбинци согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение доби ООУ „Страшо Пинџур“ и ПУ с. Таринци, ПУ с. Балван, ПУ с. Прналија, ПУ с. Калаузлија, ПУ с. Радање, ПУ с. Кучица, исто така за учениците од четврто и петто одделение, а ПУ с. Оџалија за ученикот од четврто одделение, ПУ с. Крупиште за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во две смени, и ПУ с. Караорман за учениците од четврто и петто одделение во две смени.

Во Општина Конче согласност добија ПУ с. Габревци, ПУ с. Ракитец, ПУ с. Долни Липовиќ, ПУ с. Горни Липовиќ, и ПУ с. Дедино за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Општина Богданци доби согласност за ПУ с. Ѓавото и ПУ с. Селемли за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Во Општина Македонска Каменица ПУ с.Саса има согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во две смени, а ПУ с. Моштица и ПУ с. Цера 1 за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Во Општина Долнени ООУ „Пецо Даскалот“ од с. Долнени доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и ПУ с.Сенокос, с.Браилово, ПУ с.Бело Поле, ПУ с.Костинци, ПУ с.Дупјачани, ПУ с.Дреновци, ПУ с.Небрегово, ПУ с.Кошино, ПУ с.Гостиражни и ПУ с.Заполжани, а во ПУ с.Вранче ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение.

Во ООУ „Али Фетхи Окјар“ во с. Дебреште ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од комбинираната паралелка (на албански наставен јазик) од четврто и петто одделение.

Во Општина Старо Нагоричане, во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ – с. Драгоманце ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, а во ПУ с. Челопек и во ПУ с. Пелинце се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на двата ученика од четврто одделение, додека во ПУ с. Арбанашко ќе се организира настава со физичко присуство на ученикот од петто одделение.

Во оваа општина, во ООУ „Христијан Карпош“ – с. Младо Нагоричане – се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение, исто како и во ПУ с. Облавце.

Во ПУ с. Ѓорговци настава со физичко присуство ќе има за учениците од четврто одделение, а во ООУ „Светозар Марковиќ“, во ПУ с. Алгуња, и во ПУ с. Никуљане за учениците од четврто и петто одделение.

Во Општина Сопиште настава ќе се организира во ООУ „Драга Стојановска“ во с. Ракотинци за учениците од четврто и петто одделение, исто како и во ПУ с. Добри Дол, и ПУ с. Долно Соње, и ПУ с. Држилово, додека во ПУ с. Патишка река се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение.

Општина Илинден доби согласност за ПУ с. Мралино, ПУ с. Бунарџик, и за ПУ с. Текија за физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, а за ПУ с. Мршевци има согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во две смени.

Во Општина Кривогаштани ООУ „Манчу Матак“ во с.Кривогаштани доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, исто како и ПУ с. Крушеани, ПУ с. Славеј, ПУ с. Врбјани, ПУ с. Бела Црква, и ПУ с. Боротино.

ПУ с.Подвис во оваа општина доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение, а ПУ с.Годивје за учениците од четврто одделение.

Во Општина Гевгелија ООУ „Климент Охридски“ во с. Миравци ќе организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и ПУ с. Давидово, ПУ с. Богородица, ПУ с. Мрзенци и во ПУ с. Прдејци, додека во ПУ с. Милетково, во ПУ с. Моин и во ПУ с. Смоквица настава со физичко присуство ќе има за учениците од четврто одделение.

Во ПУ с. Кованец во оваа општина се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение.

Општина Битола доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение во ПУ с. Братиндол, и ПУ с. Брусник, а за ПУ с. Дихово се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто одделение, додека во ПУ с. Трново настава со физичко присуство ќе има за учениците од прво до петто одделение (комбинирана паралелка од прво до петто одд).

И ООУ „Ѓорѓи Сугарев“, Битола доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците во посебната паралелка од четврто до деветто одделение. Во ПУ с. Крклино ќе се организира настава со физичко присуство на учениците во комбинираните паралелки од прво до петто, а во ПУ с. Лопатица за учениците во комбинираните паралелки од второ до петто.

Во ПУ с. Црнобуки и во ПУ с. Лисолај во општина Битола ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, во ПУ с. Габалавци за учениците од петто одделение, а во ПУ с. Драгожани за четврто одделение.

Во општина Битола, ОУ „Крсте Петков Мисирков“, во с. Бистрица ќе организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и во ПУ с. Барешани, ПУ с. Велушина, ПУ с. Егри, ПУ с. Доленци , ПУ с. Граешница, ПУ с. Меџитлија, ПУ с. Кременица, ПУ с. Лажец, ПУ с. Кравари, ПУ с. Канино, ПУ с. Оптичари, ПУ с. Породин, додека во ПУ с. Кишава, ПУ с. Острец и ПУ с. Олевени ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто одделение.

За ПУ с.Цапари се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во смени.

За Јавната установа за деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение (објект Радишани и Визбегово), се дава согласност за организирање настава со физичко присуство за штитеници во установата.

Во делот на средното образование согласност за организирање настава со физичко присуство добија средните училишта за ученици со посебни образовни потреби Државен училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ Гази Баба – Скопје и Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Кисела Вода – Скопје.

Согласност за организирање настава за стручните предмети, за соодветните видови на подрачја со физичко присуство, добија и средните уметнички училишта Државно музичко училиште Битола; Државен музичко балетски училишен центар „Илија Николовски Луј“ Центар – Скопје; Државно музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“ – Тетово, Државен музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ – Штип и Државно средно училиште за применета уметност „Лазар Личеновски“ Центар – Скопје.

На овие средни училишта не им е дадена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците во наведените училишта за наставата по општообразовните предмети, теоретските предмети, солфеж, хор, оркестар и хорско пеење.

На Спортска академија Центар и е дадена согласност за реализација на стручните предмети (избран спорт: ракомет, фудбал, кошарка и тенис) согласно одобрените протоколи на соодветната федерација.

Во однос на приватните средни училишта согласност за организирање физичка настава доби Приватното средно училиште QSI INTERNATIONAL SCHOOL of Skopje – Скопје за учениците од прва до четврта година.

Во Општина Битола согласност доби СОУ „ СОЗУ „Кузман Шапкарев“ за организирање настава во две смени со физичко присуство на учениците од прва до четврта година.

Согласно препораките на Комисијата практичната настава во стручното образование учениците ќе ја реализираат со физичко присуство согласно одобрениот план и протоколите за средно образование, практична настава, феријална практика и учење преку работа.

Претседателот на Регулаторна доби бyбpeзи во емисија – „Само тоа им остана на граѓаните да донираат во енергетските компании“

Синоќа во „Клан Македонија“ се дебатираше за зголемувањето на цената на електричната енергија, односно зголемувањето за 7,4% на електричната енергија за домаќинствата.

Панелисти во дебатата беа претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, членот на Иницијативниот совет за протестите против зголемувањето на цената на електричната енергија, Кренар Османи и професорот Илјаз Илјази.

Кренар Османи од Иницијативниот совет во име на граѓаните, симболично, додека се одржуваше дебатата, му подари бубрези на претседателот Бислимовски, истакнувајќи дека на граѓаните само тие им останале за да ги донираат во енергетските компании.

Тој додаде и дека состојба не им овозможува на граѓаните да ги плаќаат високите сметки па наместо тоа, граѓаните треба да ги продаваат органите со цел да ги платат сметките.

Уште еден Албанец pacпали за воведувањето двојазичност во приватни фирми: “Кој се тие Албанци кои не знаат македонски?”

Граѓанскиот активист и колумнист Ерол Шаќири со неколу прашања и пораки до лидерот на БЕСА, Касами и неговиот предлог „приватните компании треба да спроведат двојазичност, затоа што дел од дипломираните Албанци не говорат македонски јазик“.

„Касами, лидерот на БЕСА, моите фаворити за внесување некоја нова вредност на македонската политичка сцена дури сега читам изјавил: „дел од дипломираните Албанци не говорат македонски јазик, затоа приватните компании треба да спроведат двојазичност“.

Кои се тие Албанци кои не знаат да говорат македонски јазик кој чисто за информација е задолжителен во образованието? Дали се со ограничени способности, дали интелектуалниот капацитет не им дозволува да говорат на повеќе од еден јазик?

Ја споменуваме Швајцарија како референца постојано, во која официјални јазици се германскиот, францускиот, италијанскиот па и ретро романскиот и ние сакаме да бидеме Швајцарија? Таму сите ги говорат сите јазици плус англискиот. Во Либан сите говорат арапски, шпански, француски и англиски. Доколку кај Македонците постои одбојност кон албанскиот јазик (да претпоставиме), твојата порака до Албанците е да не учат македонски јазик?

Па што те прави поразличен тогаш тебе од македонскиот националист? Наместо да ги советуваш Албанците да учат македонски, наместо да се занимаваш со причините зошто некои „дипломирани Албанци“ не знаат македонски јазик ти повикуваш да се прилагодат приватните компании на овие „дипломираниве“. Сакате Швајцарија а не сакате да се однесувате како Швајцарци, сакате Шведска а не сакате да бидете Швеѓани.

Одговорен политичар треба да дава одмерени изјави, во тоа барем се надевав од страна на БЕСА. Идеално би било сите во земјава да знаеме македонски, албански, туски, ромски, српски, влашки, но ете не е така, можеби некогаш ќе биде така, а улогата на политичарите е да створат клима и услови за тоа.

Јазикот е средство за комуникација и пред сè вредност. Познавањето на јазици е богатство, тоа не може да го разберат само луѓето со затруен националистички ум (карактеристично за Балканот).

Ако советуваме сите да го учат само својот јазик како ќе се разбереме меѓусебно? Со вакви иритантни изјави правите двоен ефект, го обесхрабрувате другиот да учи албански и во исто време го насочувате Албанецот да не учи македонски, а тоа никако не оди во прилог на „едно општество за сите“ кое го промовира коалицијата на која припаѓате.

Верувам дека „јазикот на кој говорат 20%“ ќе се преименува во албански јазик, верувам дека се поголем број на Македонци ќе го знаат албанскиот јазик, но исто така сметам дека СРАМОТА е еден Албанец кој живее во Македонија да не го говори македонскиот јазик. Пишав еднаш во колумна, не можете ДУИ да го победите на ваков начин, дајте нешто ново, дајте нешто граѓанско, дајте нешто различно што ќе привлече, а не одбие.“

Бpитанcко ceло ceкое yтpo ocтанувало без интepнет: Инженepите се мачеле 18 мeceци да го peшат пpoблемот па тогаш го пpoнашле „виновникот“

Инженерите конечно ја решија загатката што ги мачеше со месеци, бидејќи никој немаше идеја зошто целото село во Велс останува без интернет секое утро точно во 7 часот наутро, пишува Би-Би-Си.

Тие немаа идеја дека еден стар телевизор е виновен за сè. Неименуваниот сопственик на куќа од Аберхосан во провинцијата Пауис не знаел дека сигналот што го емитира неговиот стар уред се меша со работата на широкопојасната мрежа за целото село.

Локалните жители цели 18 месеци се жалеле на бавната интернет конекција, а инженерите не можеле да дознаат зошто се случува ова, секое утро во 7 часот. Тие се обиделе да го решат проблемот со промена на кабелот, но тој метод не се покажал како ефикасен, па откако го добиле уредот за мониторинг, сфатија што се случува.

Стариот телевизор емитувал електрични пречки.

„Секое утро точно во 7 часот“, без грешка, рекол инженерот Мајкл Џонс.

Сопствениците на стариот телевизор се исплашиле кога им беше кажано дека нивниот уред прави проблеми веќе 18 месеци.

Веднаш се согласиле да го исклучат стариот телевизор и повеќе да не го користат.

Откриено е дека телевизорот емитува единствена пулсна бучава на високо ниво (SHINE) што предизвикува електрични пречки во другите уреди.

Џонс вели дека немало повеќе проблеми откако било утврдено која е причината за падот на Интернет во целото село.

Телекомуникациската компанија „ Opeanreach“ соопшти дека многу електронски уреди, од надворешно осветлување до микробранови печки, потенцијално може да предизвикаат пад на широкопојасниот опсег. Тие бараат јавноста да користи електронски уреди што ги исполнуваат британските стандарди.

Победа елиминиpaна после пенал pyлетот во Купот на Македонија

Македонија Ѓорче Петров ги продолжува натпреварите во осминафиналето од Купот на Македонија откако по изведување на пенали попладнево беше подобра од Победа со конечни 5-4.

Во регуларниот дел од натпреварот домашниот прволигаш имаше повеќе од играта и неколку изгледни прилики, но младиот прилепски состав, кој одигра доста добар натпревар, успеа да ја сочува својата мрежа.

Најзаслужен за тоа секако е младиот голман Антонио Столевски кој имаше неколку интервенции-посебно бравурозна беше одбраната на ударот на најдобриот домашен фудбалер Божиновски во 82-та минута.

Прилепчани последните 10-тина минути успеаа да ја сочуваат својата мрежа иако играа со 10 играчи, откако претходно беа извршени сите 5 замени, а се повреди нововлезниот Дарио Наумоски.

Во пенал рулетот од 10-тте изведени пенали 4 за Победа реализираа: Дарко Ангелески, капитенот Благојче Дамески, Андреј Карапеев и Филип Спиркоски, додека последниот 5-ти – атрактивниот обид со „паненка“ на голманот Антониот Столевски го прочита неговиот колега на домашниот гол Тасев.

(Видео) Реки народ низ Скопје извикуваа “Maфиja на poбиja”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва организираше нов масовен пpотecт, кој како што истакнаа од партијата е против неправди, реваншизам и нacилcтво на мафиjaта на влacт.

Голем број граѓани излегоа на улиците на Скопје и маршираа извикувајќи: “Мафиja на poбиja”, “Оставка”, “Слобода”….

Погледнете:

Бојана е вистински xepoj! Го победи pakoт и ја напушта детската клиника (Видео)

Уште една радосна вест одекна од Kлиниката за детски болecти во Скопје. Храбрата Бојана извојува победа над pakoт и сега здpaва и среќна си заминyва дома.

Бојана заѕвони на ѕвончето во ходникот на Детската клиника и доби силен аплауз од медицинските лица.

„Една кротка убавица, покажа дека е лавица. Браво на храброста драга наша Бојана, те чекаме со уште поголеми животни успеси, ти можеш сè што сакаш. Бојана само посакај! Бојана е една од децата кои победија карцином!“ – пишуваат од клиниката.

Видеото погледнете го ТУКА