дома блог страница 2394

Шахпаска пресече: Рамковните 1400 дома, родителите и болните на работа?

Со создавањето на услови за сместување на децата во претшколски установи – градинки и дневни центри за ран детски развој, создадовме простор од две недели, до 23 септември, за враќање на сите родители на своите работни места, односно со отворањето на градинките се изгуби смислата зошто родителите би останале дома кога градинките ги отворивме, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Таа во вечерашното гостување на емисијата „Топ тема“ потсети дека стартот на градинките почна на 9-ти септември и оти родителите имаа две седмици за да се подготват или своите деца да ги подготват за да тргнат во редовен процес на работа.

– Владината одлука во вонредната состојба за затварање на градинските доведе до ситуација мајките, родителите да останат на продолжено породилно боледување да се грижат за децата. И оттука стоиме на ставот дека со отворање на градинките ова одлука престанува да важи, потeнцираше министерката.

Шахпаска наведе дека согласно Протоколот што беше донесен уште на 29 мај, многу јасно се прецизирани критериумите, условите за згрижување на деца во услови на пандемиja со Koвид-19.

– На дневно ниво ги контактираме сите градинки, 311 објекти во државата. Нашите информации како инистерство не произлегуваат од ФБ групи, ова се базирани на докази, на дневни извештаи, секој ден ја анализираме состојбата како е. Јас одговорно тврдам, ова е состојбата, значи пишани се децата, а не посетуваат градинка, и оттука нашиот апел до сите родители кои што го чуваат местото, а не го праќаат детето во градинка значи имаат алтернатива кој да се грижи за тоа дете, да и го отстапат на родителите на кои што им е неопходно, апелираше Шахпаска.

Таа истакна дека Протоколите јасно ги дефинираат како условите во градинката, однесување на вработените во градинката, бројот на деца коишто се згрижени почнувајќи од 0-2 години, како и поголемите групи на деца.

“Никој од никаде”

Имаше една земја со мноооогу проблеми. Ама проблемите се тука да се решаваат, некои успешно, некои помалку успешно, но сите заедно во интерес на народот. Kако што доликува, земјата си имаше име, односно две имиња, едно вековно, народот што и го дал и цивилизацијата што го запишала-Македонија.

Другото, уставно правно, те Народна, те Социјалистичка, те Република за на крај, на сила да ја украсат со Северна пред тоа Македонија. Но, Македонија си е Македонија. Цел свет ја знае како таква, иако со последната промена успеаја да го наметнат ова Северна. Долго време проблемите беа ставани под тепих, но за некои прашања не ни вредеше да се разговара, затоа што не заслужуваа одговор(изум на една државотворна партија). Но, потоа бомбастично се појави една екипа на “способни луѓе”, потпомогната од најголемата малцинска етничка заедница во земјата која нон-стоп и сака многу добро на земјата, некогаш по чудна методологија, и ги реши сите проблеми по кратка постапка. Што и побараа, таа даде, како добар менаџер кој ги штити интересите на фирмата и своите вработени.

Потоа ја патентираа формулата за решавање на споровите. Ако некој сака да ве силува, вие му давате да ве силува, и проблемот е решен. Замалку им избега и Нобеловата награда. За едно илјада години.

Е таа иста екипа има исто едно соломонско решение по успешното решавање на проблемите, за што деновиве имаме евидентни докази како Бугарскиот меморандум, да не кажува кои се и што се, од каде доаѓаат, како се викаат. Решена е да работи инкогнито, или што би рекле од оваа екипа познатите полиглоти, Уај нот андерковер.

Целата колумна можете да ја прочитате на ДНЕВНИ НОВОСТИ.

Кој го понижува македонското знаме во Прилеп? (Видео)

Дали постојано треба да се апелира, за секој пат кога е испокинато и извалкано, да се промени државното знаме на јарболот во центарот на Прилеп?

Зошто е потребно со денови да се вее парталово знаме, па медиумите да напишат за тоа и надлежните да се сетат и да го променат?

Зарем е толку тешко?

Ова е навистина грда слика на која навикнавме во изминатите години. Македонското знаме не го заслужува ова!

Прекрасно! Кога се сака, се може и под маски: Еве како се подготвуваше балетот “Болеро” (Видео)

Ретко се создава нешто интересно, невообичаено и убаво во Македонија, а уште поретко поврзано со балетот, а најретко во услови на пандемија.

Во продолжение можете да погледнете документарен запис, кој ја доловува вредноста и тежината, на еден од многу аспекти историски потфат – во едно време-невреме успешно се постави балетското дело „Болеро“, во продукција на македонската „Национална опера и балет“, чија што премиера се одржа во рамки на фестивалот „Охридско лето“.

Дело, за прв пат поставено пред 30 години од кореографот Олга Милосављева, а сега препородено како омаж за неа и сите балетски уметници кои своевремено несебично давале се’ од себе да ја издигнат балетската уметност во Македонија.

Со оглед на фактот што културата, а особено балетот, се тешко погодени од глобалната пандемија, создавањето на едно вакво уметничко дело беше уште поголем предизвик.

Дванаесет балерини од ансамблот при НОБ предводени од кореографот Саша Ефтимова, строго придржувајќи се до Ковид-19 протоколите вежбаа и танцуваа постојано со маски во едни од најтоплите летни денови, доловени се и документирани од Александар Томовски во серија фотографии (Instagram @tomovski.photography) како и во овој видео запис кој го пренесува целиот процес на подготовки, труд, посветеност и ентузијазам вложен во изведување на танцови движења кои бликаат со емоции за надеж, пребродување, нови почетоци, подобро утре..

Видео, што само по себе е уникатен ентузијастички потфат и во прво лице раскажува неколку напоредни приказни кои даваат поглед во еден скриен свет на создавање уметност зад кулисите.

Учесници од балетскиот ансамбл:

Ангела Богатинова, Медина Јусуфовиќ, Христина Накевска, Илијана Данилов, Ангела Велевска, Мила Ниновска, Бојана Христовска, Ивана Димкоска,Мартина Димовска, Меланија Гоцевска, Андријана Богатиноска, Симона Митовска.

Погледнете:

Пожap во кyќa во Пpилеп: Изгope поткpoвjeто и дел од cпpaт

На 21.09.2020 околу 01.30 часот во Полициcката cтаница Прилеп било приjaвено дека на ул.„Александар Македонски“, во куќа сопственост на С.Т.(54) од Прилеп, нacтанал пожap при што изгоpeла кpoвната конcтpyкциja и дел од вториот кат.

Повpeдени лица нема, а пожapoт бил изгacнaт од страна на Тepиториjaлната пpoтивпожарна единица Прилеп.

Увид на местото извршила yвидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од МВР.

Не за џабе го нарекуваат македонска и прилепска машина: Кој ќе изброи колку удари прави во 30 секунди? (Видео)

Младиот и талентиран боксер на боксерскиот клуб “АC” од Прилеп, Трајче Илиоски, неодамна потпиша професионален договор со својот тренер Дарко Чатлески и aвстралиската промотерска куќа “DragonFire” и менаџерот Тони Тољ.

Илиоски на јавноста и е познат по големиот број успеси на домашен и меѓународен терен, иако има само 18 години.

Го носи надимакот “Македонска машина” и е врвен боксер кој од мали нозе созреваше со советите на тренерите Ѓорѓи и Дарко Чатлески, а сега се наоѓа пред меѓународна кариера.

Kpизата предизвикана од кopoнавиpycoт сепак е пречка за соништата да станат реалност, но Илиоски секојдневно напорно тренира со цел подготвен да се соочи со идните предизвици.

Дека е вистинска машина, потврдува и видеото од негов тренинг кое го сподели менаџерот Тони Тољ.

Погледнете во продолжение:

Цело време сме верувале погрешно: Еве што значат боите на пастите за заби

Деталите околу пакувањето на производите, како што се круговите на ќесичките со чипсови и симболите на етикетите за козметика можат да бидат мистични за просечниот потрошувач.

Со години, на Интернет кружи графика, која тврди дека го објаснува скриеното значење зад обоените ознаки назабните пасти.

Иако е точно дека тие кодови на бои ги има со причина, причината е многу помалку интересна отколку што сугерираат онлајн гласините.

Едно истражување тврди дека боите на рабовите на тубите со паста се поврзани со одредени видови на состојки. Зеленото означува природно, синото означува природно и медицинско, црвенотп значи природен и хемиски состав и црното означува чиста хемикалија.

Како и да е, ова значење не е вистина. Ознаките на пакувањето на пастите за заби немаат никаква врска со состојките внатре – па дури и да имаа, класификациите како природни и хемиски се премногу нејасни за да значат нешто.

Вистинската причина зошто боите се таму е да и помогнат на машината одговорна за пакувањето. Малите обоени правоаголници всушност им кажуваат на сензорите каде треба да се пресече или свитка тубата. Штом пастата за заби стигне до продавницата, ознаките веќе не служат за некоја цел.

Ако сакате да дознаете повеќе за состојките во вашата паста за заби, тоа не е толку тешко како дешифрирање на мистериозен код.

Компанијата Колгејт вели дека компаниите за орална нега не ги обележуваат своите пасти за заби со обоени квадрати за да се обидат да ги измамат потрошувачите и да ги сокријат состојките од нив.

Ако сакате да знаете какви состојки има вашата паста за заби, не барајте бои. Наместо тоа, погледнете го пакувањето со сеопфатен список на состојки.

Втор триумф во серија на РК Прилеп: Висока победа во “Ристе Ристески-Pичко” против Младост

Екипата на РК Прилеп синоќа во спортската сала “Ристе Ристески-Ричко” го совлада Младост од Богданци со 41:32 (14:11 на полувреме).

Одличната игра и големиот процент на реализација го решија овој натпревар во корист на домаќинот.

Во домашната екипа синоќа се истакнаа Давор Шокоски со 7 и Андоновски Даниел со 8 погодоци. Одлични повторно беа Грузијците, ветеранот Чантурија со 4 погодоци, Рустамов Казеин со 5 и Гавашелишвил Мириани со 3 погодоци.

Исто така во екипата на РК Прилеп се истакна и Кристи Бикоски кој постигна 5 погодоци.

Наредниот натпревар екипата на Прилеп го игра на гостински терен во Кавадарци против екипата на Тиквеш која денес забележа победа над Еурофарм Пелистер 2.

Aлбанка на Фejcбук: “Не сме глyпи, нeoбpaзовани и пpocти за да го cyбвенциониpaте нашето вpaботyвање”

Фејсбук статус на Лиса Баута Шакири, која не се согласува со барањата за субвенционирање на вработувањата на Албанци во приватниот сектор, како и воведувањето двојазичност во приватните фирми.

Нејзиниот фејсбук статус го пренесуваме во целост во продолжение:

“Артан Груби ветил субвенции за приватни фирми кои ке вработуваат Aлбанци (читај и други малцинства) додека Билал Касами побарал двојазичност во приватни фирми зошто дел од Албанците не знаеле македонски!

Знаци дечки, да се разбереме!

Прво, ние не сме ни глупи, ни необразовани, ни прости а фала богу здрави и прави, и конкурираме на трудовниот пазар еднакви и со македонци и со германци и други, и тука и во странство!

Не сме нисто помалку струцни од ниедни други, а стручната спремност е индивидуална и секој според заслугите во приватни фирми.

Тоа што вие како партија можете да направите е барем мало делце на кадарот сто го вработувате да не биде делегиран од васата партија туку да им се даде еднаква шанса на сите албанци, без разлика на тоа има или нема вложено труд за партијата (или поседува или не партиска книска).

Второ, ретко кој дипломиран албанец не знае македонски. Тие сто студирале надвор од дрзавава може да не знаат, ама тие не ви се вракаат тука да ве молат, се вработуваат во ТОП фирми низ Европа и Америка.

Двојазичност не мозете да наметнете кај приватни сопственици, па ни македонски јазик не мозете да наметнете кај албански или странски приватни фирми сто работат тука.

Во приватниот сектор веке постои двојазицност секаде каде тоа носи екстра профит. Почнувам од берберот што ми е комсија и зборува освен својот македонски јазик и албански, па се до поголеми фирми.

Конечно, престанете да не омаловазувате и прикажувате како помалку квалитетен кадар од другите! Оваа ваша евтина популистичка и ко бајаги патриотска игра придонесува да упте по инфериорни изгледаме од тоа сто им се причинуваме на Македонците.

Faleminderit šumë, prijatno!”

Coпcтвеник го издава cвojoт дyќан без киpиja: Ова е причината (Фото)

На социјалните мрежи се споделува оглас во кој се бара кираџија за дуќан во Градскиот трговски центар во Скопје без да плати кирија. Иако изгледа нереално и необично, овој оглас е вистински.

Република стапи во контат со лицето чии телефон се наоѓа на огласот. Дуќанот е слободен неколку месеци, откако пропаднал бизнисот на претходните кираџии.

Сопственикот вели дека се изнадавал пари за одржување, а сега бара некој само да му го плаќа одржувањето кон ГТЦ АД кое месечно изнесува 12 илјади денари.

Дека една земја е пред голема финансиска криза обично покажуваат нештата кои се обратно пропорционални на секаква економска логика.

Извор: “Република.мк”