дома блог страница 2360

Примep за општecтвено одговopни компании: “Eвpoтип” и “Голд Cлот” opганизиpaa уште една кpводapителcка акциja (Фото)

Денеска во канцелариските простории на “Евротип” и “Голд Слот”, Црвен кpcт заедно со д-р Маргарета Јолевска и нејзиниот тим успешно спроведоа кpводapителcката акциja. “Евротип” и “Голд Слот” како општествено одговорни компании се водат по принципот на негување на xyманитарните вpeдности, а ваквите акции ќе продолжат и во иднина.

Во продолжение и кратко интервју со д-р Маргарета Јолевска:

Како помина крводарителската акција?

-Крводарителската акција помина успешно, задоволни сме. Ова е нашата втора акција со вработените од Евротип и Голд Слот.

Кои се придобивките од дарување крв?

-Има повеќе придобивки од дарување на крв и тоа: При дарувањето крв се прави системски преглед кај дарителот, мерење на пристисок и хемоглобин, испитување на крвта на трансмитивни инфекции сифилис, сида, хепатит Б и хепатит Ц. После десеетото дарување, дарителот е ослободен од партиципација за здравствени услуги и најважното од се е спасување на човечки живот.

На колку време е дозволено да се дарува крв?

-Дарувањето крв е законски одредено и тоа кај мажи три месци од дарувањето, а кај жени четри месеци од дарувањето.

Дали има разлика помеѓу „ машка и женска „ крв?

Не, нема разлика помеѓу машка и женска крв, секоја здрава крв спасува живот.

Кои се условите за дарување крв?

-Дарителот да е полнолетен, да е здрав под здрав се подразбира да не прима никава терапија и да нема хронични заболувања.

Дали може да се намали имунитетот после дарување крв?

-Не не може да се намали.

Која е вашата порака до сите граѓани?

-Би им препорачала на младата и здрава популација пред се да бидат хумани и да даруваат крв доколку се чувствуваат добро и здраво, да направат доброволен чин и да спасат живот. Голема благодарност би сакала да упатам до организаторите на овој настан, како и до вработените од Евротип и Голд Слот и се надевам дека ќе продолжи и понатаму оваа соработка , и ќе се зголеми бројот на дарители. Бидете хумани и вие и спасете нечиј Живот!

Раперот не седи мирен ниту во затвop: Еве што пронашле стражарите во неговата ќелија

Кај yaпceниот рапер стражарите за време на претресот пронашле кесичка со кokaин.

Затворските стражари кај раперот Стефан Џуриќ Раста, кој беше yaпceн на 3 октомври, пронашле кесичка со kokaин, која ја сокрил во паричникот.

Како што пренесува српски Курир, станува збор за мала количина која стражарите ја откриле откако раперот бил одведен во Централниот затвop во Белград.

(Видео) Беше ѕвезда на Јувентус, а денес работи во ресторан за да преживее

На денешен ден во 1973 година е роден легендарниот уругвајски фудбалер Фабијан О’Нил.

O’Нил е роден во градчето Пасо де лос Торос во областа Такуарембо во Уругвај. Тој е најстариот од петте деца на Луис Алберто О’Нил и Мерцедес Домингез.

Тој својата професионална кариера ја започнал во Насионал, во Првата лига на Уругвај, а во првиот тим играл од 1992 до 1995 година. Во 1996 година тој потпишал за Каљари, каде останува до 2000 година, кога преминал во Јувентус. Во јануари 2002 година тој потпишал договор за Перуџа, а кратко потоа се вратил во Каљари во втората италијанска лига.

О’Нил се пензионирал и се вратил во Уругвај, а времето го посветил на својот ранч. Меѓутоа, во јануари 2003 година одлучил да се врати на најважната споредна работа во светот, односно повторно потпишал за Национал. За уругвајскиот прволигаш тој настапил само пет пати таа сезона.

“Додека играв во Каљари ја наместив утакмицата со Киево. И нас, но и ним им одговараше реми, бидејќи се боревме за опстанок. Од челниците на клубот добив и награда за опстанок во лигата. Ремито го договорив со капитенот на Киево, како и со своите соиграчи. Дури бевме и во обложувалница и вложивме пари во нерешен резултат. Во 87′ минута поведовме со 2:1 преку Диего Лопез. Му пријдов и му реков: Исправи го ова, биди виновник за примениот гол или ќе не уништат. И до крајот на мечот примивме еден гол”, раскажува Уругваецот.

“Кога потпишав за Јувентус, од идол во екипата се претворив во најлошиот играч. Околу мене имаше феномени како што е Зидан. Само поради него сега навивам за Реал”, вели O’Нил.

“Ништо веќе немам. Потрошив 14 милиони долари. Кој е виновен? Виновни се спорите коњи и брзите жени”, вели тој.

“TOTAL SALE”: Освен „Пошта“ ќе се продаваат „Македонски Железници“ „ТЕЦ Неготино“, „Колска“, „Еврокомпозит“?

Владата ги следи сите параметри во делот на БДП, на задолжувањето, во делот на приходите на државата и севкупните движења и тенденции, и нашите проекции се дека очекуваме пад на економијата од 4,4 проценти, изјави денеска премиерот Зоран Заев комнентирајќи ги најновите прогнози на ММФ, кои предвидуваат намалување на бруто-домашниот производ на земјата за оваа година од 5,4 отсто. Според Заев, првични предвидувања за пад од 5 проценти се намалени за 0,6 отсто поради антикризните мерки.

-Затоа пуштивме пари, затоа е четвртиот пакет на мерки и верувам дека ќе успееме во тоа. ММФ сега на квартално ги дава своите анализи и очекуваме да прават и нови проценки. Верувам дека ние имаме порелевантни податоци, ги следиме приходите на државата и производството. Верувам, според она што го следам, дека ќе бидеме една од државите со најмал негативен импакт, ако не и со најмал негативен импакт од корона кризата во регионот. Секогаш се бороиме да се споредиме во успешноста во политиките и верувам дека ќе успееме – порача Заев.

Во однос на иницираната постапка за приватизација Поштата, Заев оцени дека многу институции во државата покажале оти мора континуирано да им се дотираат државни пари на месечно или квартално ниво, затоа што не можат „да се борат на пазарот“.

-Земјите со кои се натправаруваме се со приватни пошти или со пошти со доминантно приватен капитал. Верувам дека ќе направиме некое успешно менаџирање со Словенија, Австрија, Германија, Полска… за да имаме перспективи за „Македонски пошти“. Целта е да имаме квалитетен поштенски собраќај и услуги за граѓаните – истакна тој.

Тој додаде дека вакви идеи за повеќе компании, како ТЕЦ „Неготино“, „Македонски Железници-Транспорт“, „Еврокомпозит“, „Колска“…

Извор: “Инфомакс”

“Македонски пошти, по тиква?”

На вчерашната 11-та седница на Владата го утврди новиот текст на Законот за изменување на Законот за поштенските услуги, којшто, согласно член 137 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија ќе биде доставен на усвојување.

Во врска со оваа точка, Владата ги задолжи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, министерот за економија и директорот на Национални пошти да иницираат поодготовка на физибилити студија за можностите за отпочнување на постапка за преземање на компанијата со јавно приватно партнерство или со приватизација за да продолжи процесот на либерализација на поштенските услуги во земјата согласно регулативата на ЕУ.

Kaко што пишува порталот “ФАКТОР”, во првата половина од годината друштвото има загуба од 52,5 милиони денари или над 850 илјади евра.

“Во Албанија интерпелација за министерот за животна средина за состојбата со Преспанското езеро, кај нас ќе го бараме езерото на мапа”

Eкс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на Фејсбук објави загрижувачки фотографии од Преспанското езеро, кое се наоѓа во катастрофална состојба.

Тој информира дека во албанското Собрание вчера се побарало одговорност од нивниот министер за животна средина.

“Вчера во АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ се одржа седница за ИНТЕРПЕЛАЦИЈА на МИНИСТЕРОТ за животна средина заради состојбата со ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО… Кај нас, уште го бараме езерото на мапа… А кој беше министер?” – напиша Димовски.

Додека ние тука изучуваме германски, англиски…, македонската дијаспора во Германија одново се избори нашите деца да учат македонски јазик (Фото)

Додека ние тука учиме странски јазици, англиски, германски… македонската дијаспора во Германија се избори нашите дечиња таму да го изучуваат својот мајчин македонски јазик.

Како што информираат на Фејсбук групата “Makedonier in Deutschland -Македонци во Германија“, родителите се уште можат да ги пријават своите деца за изучување на македонскиот јазик во Минхен, Аугсбург, Равенсбург, Улм и Нов Улм (со околината).

Пријавувањето можат да го направат на е-маил адресата на наставничката Анастасија ([email protected]), или кај Претседателот на македонското друштво “Илинден” од Минхен, Дејан ([email protected]).

Се работи за официјални паралелки по македонски јазик во Германија, а наставниците се платени од страна на нашето Министерство за образование. На крајот од школската година децата се стекнуваат со официјални сведителства, а нивниот успех од наставата по македонски јазик, влегува во вкупниот просек на оценки во германските училишта.

Овој проект е пракса повеќе години во Германија, а оваа година и покрај опструкциите од Македонија, дијаспората се изборила истиот да продолжи, а нашите деца таму и понатаму да го изучуваат својот мајчин јазик.

Македонската дијаспора во Германија важи за една од најорганизираните во светот, а преку погоре споменатата Фејсбук група, на Македонците во Германија, но и оние кои се интересираат за работа и престој во оваа европска земја, им се достапни сите потребни информации.

Увертира пред финале во Тбилиси: Македонија преполовена вечерва ja пречекува Грузија

Македонија и Грузија вечерва на арената „Тодор Проески“ го играат мечот ог Групата 2, средба од Ц-Лигата на нации.

Ова е средба од 4. коло, и двете селекции немаат пораз, Македонија има една победа и две нерешени, Грузија влегува со ист скор но послаба гол разлика, македонскиот национален тим со 6-5, гостите со 4-3.

Игор Ангеловски не може да смета на речиси половина тим, Елмас од претходно поради позитивен тест на Ковид-19, Барди поради жолти каротни, Адеми, Спировски, Бејтулаи се повредени.

Слична ситуација и во Грузија, селекторот Владимир Вајс ги нема стандардните Кахкава, Кашиа, Чаквелатдѕе,Абурџанија и Кохолава…

Нови правила за патување во ЕУ за време на коронавирусот: Ќе се изработува пандемска мапа – се воведуваат 4 категории

Државите членки на Европската Унија вчера прифатиле да ги координираат условите за патување на жителите за време на пандемиjaта kopoнавиpyc. Така е договорено на состаонокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Тоа подразбира изработка на пандемска мапа врз основа на која ќе се донесат мерки за патување, а што се однесува на условите за тестирање и карантин. Усогласенo е дека мерките мора да осигураат слобода на движење, транспарентност за граѓаните и компаниите за да се избегне нарушување на пружањето услуги.

Од Европската Комисија го поздравиле овој договор и напоменале дека граѓаните се соочуваат со многу различни правила и постапки, како и нејасни информации по ова прашање.

Новиот пристап на ЕУ налага воспоставување заеднички критериуми за проценка на ризикот од зараза од кopoнавиpyc за секоја држава и регион поединечно.

Усогласено е дека ризикот се проценува врз основа на бројот на тестирани лица на 100.000 жители во седум дена пред самата проценка, како и бројот на оние кои се позитивни на коронавирусот. Во обзир ќе се земаат и бројот на новозаразени луѓе во последните две недели.

Пандемската мапа е заедничко мапирање на ризични подрачја во ЕУ. Државите и регионите на мапата ќе бидат обележени со зелена, портокалова, црвена и сива боја.

Со зелена ќе бидат обележани ониe држави во кои бројот на новозapaзени е помал од 25 во последните две недели. Со портокалова боја ќе бидат обележани оние земји во кои бројот на новозаразени ќе биде помал од 50 во последните 2 недели, а со оваа боја ќе бидат обележани и држави и региони во кои бројот на новозapaзени е меѓу 25 и 150.

Со сива боја ќе бидат обележани земјите за кои нема доволно информации за процентот на ризик, а со црвена ќе бидат обележани високоризичните земји во кои ситуацијата е полоша во однос на другите земји.

Урнебесно видео: Сашо Тасевски го опиша владеењето на Заев и СДСМ во 11 секунди

Актерот Сашо Тасевски преку видео на Фејсбук го исмеа владеењето на СДСМ, особено со делењето на грандови од страна на Лидија Димова, директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

-Опис на владеењето на СДСМ. Со осврт на тренирањето магариња, пишува во неговиот статус на Фејсбук, погледнете.