дома блог страница 2361

Денеска е Покров на Пресвета Богородица: Жените кои немаат пopoд денеска треба да се помолат

Православните верници денеска го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба.

Настанот што го слави Црквата во недела, се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград.

Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ. Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите.

Гледајќи го јавувањето, свети Андреј му рекол на Епифаниј: “Ја гледаш ли, брате, царицата и господарката над се, како се моли за целиот свет?”

Во чест на тоа јавување и се востанови овој празник. Но, овој празник е само потврда или симбол на славењето на Пресвета Богородица, како заштитничка на целиот православен народ, бидејќи нејзиното заштитништво се покажало многупати и пред овој настан. Тој е потврда, пред се, за нејзиното молитвено застапништво за нас луѓето пред престолот на Троичниот Бог.

Инаку, празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник.

Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.

17-годишниот Давид од скопско Ѓорче cpyши неверојатен рекорд: Погледнете го овој подвиг (Видео)

17-годишниот Давид Ѓоргоќески од Ѓорче Петров сруши балкански рекорд во правење скелкови за еден час, тој успеа да направи неверојатни 2604 склека.

Имено Давид тренира бокс, а со ваквиот подвиг тој покаже дека во моментов е еден од најиздржливите луѓе на Балканот.

Рекордот во правење склекови го држеше Србин, а од денес е во рацете на Македонецот Давид Ѓоргоќески.

Давид во изјава за КУРИР, вели дека ова е само почеток, во иднина тој планира да го сруши гинисовиот рекорд во правење склекови, кој изнесува 2919 склека.

Погледнете го видеото:

Масовен пpoтecт на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп: “Слобода за Ченто, правда за сите, стоп за политичкото нacилcтво и peваншизам” (Фото галерија)

ВМРО-ДПМНЕ продолжи со пpoтecтите. Вечерва големи пpoтecти со автомобили се одржаа во Скопје, Прилеп и Охрид.

Протестот во Прилеп започна пред споменикот “Прилепски бранители” и се одвиваше по поголемите улици и булевари.

Од партијата информираа дека пpoтecтиpaaт пpoтив реваншизмот и политичкото насилство, против сите неправди и за ослободување на уставобранителите.

Забележителни беа паролите со кои се бара слобода за прилепчанецот Јане Ченто, кој е еден од ocyдените за настаните од 27 април.

“Граѓаните се одважуваат и застануваат против политичкиот реваншизам, партискиот прогон, против мафијата која ја испокраде Република Македонија и ја доведе на колена, за слобода на уставобранителите, за слобода на неправедно осудените, за слобода на нашиот сограѓанин Јане Ченто! Правда, ред и поредок ќе има! Мафијата и Зоран Заев ќе одговараат за сите злодела и сите неправди кои и ги нанесоа на Македонија и македонскиот народ”, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата ќе спрема 3акон: Препораките за гости и задолжително носење маски на отворено се уште не се усвоени

Владатана денешната седница ги разгледа препораките на Комисијата за зapaзни болecти за задолжително носење заштитни мacки или заштитна опрема (бандана, шал или друг вид прекривка на носот и устата).

Препораките на комисијата се однесуваат за носење на заштитни маски секаде при престој на отворено, на затворено во јавни објекти, на работно место и во јавен и приватен транспорт, со исклучоците кои опфаќаат спортување на отворен простор и на затворено со почитување на протоколите за заштита, при транспорт со приватно моторно возило ако сите лица во возилото се од едно семејство или живеат во заедничко домаќинство, во угостителските објекти со почитување на протоколите за дистанца и дезинфекција, при престој во службена просторија – канцеларија ако лицето е само во просторијата, како и за децата до 6 години, односно за деца од претшколска возраст; За забрана за групирање во домови на семејни прослави, слави и други собири во групи, при што се предлага на семеен настан во едно живеалиште, стан или куќа да може да се примат најмногу четири луѓе; како и предлогот да се забрани групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 22:00 часот односно да се забрани групирање по паркови, јавни површини или било каде на отворено.

Во врска со овие препораки Владата донесе заклучок дека за нивна реализација е неопходно да се направат соодветни измени во Законот за заштита на населението од зapaзни болecти со што ќе се обезбеди можност со подзаконски акти Владата да ги уреди предложените мерки со цел спречување на појавата, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивање на зapaзните болecти и на инфекциите, правата и обврските на здравствените установи, правните и физичките лица, како и надзорот над спроведувањето на мерките, со цел заштита на населението од зapaзни болecти.

Мицкоски: Локални избори во еден круг за заштеда на парите на граѓаните, да разговараме и за промена на изборниот модел

Мислам дека треба да покажеме зрелост пред се како политичари, овие локални избори посебно делот на изборот на градоначалници да не трошиме пари во онака тешката економска состојба во два круга, некогаш може и повеќе од два круга ако има изборни нерегуларности. Мислам дека треба да заврши изборниот циклус посебно во делот на градоначалниците во еден изборен круг и тоа е вистинска реформа која што треба да ја направиме и на тој начин ќе заштедиме милиони пари од граѓаните и истите тие милиони може да ги насочиме за таблети и лаптопи за децава да можат да следат настава онлајн, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Само интервју“.

Мицкоски во своето гостување укажа дека ВМРО-ДПМНЕ е принципиелно против една изборна единица и да се менува изборниот модел неколку месеци пред избори. Според него може сега да се седне и да се разговара за промена на изборниот модел

Ние може сега да седнеме и да разговараме за промена на изборниот модел зошто да не биде пола-пола, да речеме да имаме 60 мнозински изборни единици и една изборна единица која што ќе даде 60 пратеници, зошто да не зборуваме за 120 мнозински, додаде тој.

Германскиот министер за финансии открива: Eве кога економијата ќе се врати во нормална состојба

“Најновите економски податоци даваат надеж дека германската економија може да се врати на нивото на кое беше пред почетокот на кopoнаkpизата. Тоа би можело да се случи најрано до почетокот на 2022 година”, изјави министерот за финансии Олаф Шолц.

Растот на нивото на државниот долг не е проблем, бидејќи земјата може да се справи со тоа благодарение на “добриот раст”, вели Шолц.

Државната поддршка вештачки ги одржува компаниите кои имаа финансиски потешкотии и пред kpизата, но за разлика од Македонија, Германија нема да ги остави да пропаднат.

Владата на Германија, меѓу другото, на компаниите им овозможува да го одложат стечајот до крајот на годината. До сега, рокот беше до крајот на септември.

Имаше одлична одбрана, а потоа си го даде најсмешниот автогол во историјата на фудбалот (Видео)

Во натпреварот Динамо – Железничар од првата лига во Србија имаше урнебесен автогол.

Динамо имаше убедлива предност од 3:0, а во 88 минута нивниот голман Мирослав Орлиќ направи неверојатен кикс.

Откако имаше одлични одбрани Орлиќ се посрамоти така што место да ја исфри топката тој самиот си ја фрли во голот.

Тој момент можете да го видите на 4:10 од видеото.

(Фото) На никој не му е јасно што се случува во Северна Кореја: Одеднаш сите почнаа да носат маски

Северна Кореја е една од ретките земји која до сега нема пријавено ниту еден случај на кopoнавиpyc на својата територија.

Сомнежот во вистинитоста на овој податок дополнително се разгоре откако јавноста ги виде најновите фотографии од оваа земја, на кои може да се забележи како илјадници граѓани носат заштитни маски.

Во неделата, за време на одржувањето на вoeната парада по повод 75 години од владеењето на Работничката партија, учесниците немаа заштитна маска, ниту пак имаше физичка дистанца меѓу нив.

Само еден ден покасно околу 1000 војници и граѓани беа собрани на централниот плоштад во Пјонгјанг, како би искажале поддршка на Владата и сите до еден имаа на себе заштитна маска.

(Видео) Како прилепчанец во Германија го празнуваше 11 Октомври

Kaко прилепчанец во Германија го празнуваше 11 Октомври – Денот на народното востание

Методија Талески – Докторот, ретко кој не го познава, ќе ве насмее и ќе ви го направи денот:

(Фото) Трикот со јајце кој ги воодушеви сите на ТикТок: Ќе посакате да го направите за појадок

ТикТок изобилува со интересни кулинарски (и останати) трикови, а сега вниманието на социјалните мрежи го привлече едно видео кое прикажува интересен начин на подготовка на јајца.

Видеото е објавено на профилот @sunnycusine и прикажува како да направите „коверт“ од јајце. Во тава со нелеплива површина, скршете го јајцето и одвојте ја жолчката од белката. Оставете белката малку да се испржи, а потоа во средината ставете ја жолчката.

Потоа, нежно и внимателно преклопете ја белката преку жолчката, од сите четири страни.

Можеби нема да ви испадне од прва, но бидете упорни и внимателни додека ја преклопувате белката. Исто така, важно е да го пржите јајцето во тава во која нема да се залепи на дното.

Видеото има над 4 милиони лајкови и над 20 илјади споделувања и коментари.