дома блог страница 2359

Koмисијата даде согласност на уште 13 училишта за настава со физичко присуство

На вечерашната 12. седница Владата го усвои Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, поднесени во периодот од 5 до 6 октомври 2020 година.

Според извештајот, Комисијата разгледала вкупно 39 барања од основни училишта и даде согласност за започнување на настава со физичко присуство на 13 основни училишта, додека барањата на 25 основни училишта не се прифатени.

Комисијата даде делумна согласност на едно основно училиште за настава со физичко присуство за практичната настава со оглед дека станува збор за музичко училиште.

Целиот извештај на Комисијата за барањата поднесени од 5 до 6 октомври 2020 година може да се види на следниот линк.

Работата на оваа редовна седница на Владата ќе продолжи и утре со разгледување и одобрување на пристигнатите барања за склучување на Договор за доделување на финансиска поддршка на инвестициите пристигнати преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

(Видео) Средба која нема да ја заборави до крајот на животот: Планинар наиде на пума- го следеше 6 минути и се обиде да го нападне

Планинарот Кајл Бурџес во Јута го преживе најглемиот стpaв во животот, откако имаше средба со опacна дива мачка.

За време на прошетката во кањонот Слејт налета на пума која го следеше шест минути, а неколку пати се обиде го нападне.

“Искрено, не знаев за кое животно се работи, но набрзо сфатив дека се работи за млада пума”, вели тој.

Набрзо се најде во блиска средба со мајката која го следеше веројатно за да ги заштити младите.

Koнечно добра вест за љубителите на театарот: Во прилепскиот народен театар продолжија пробите за претставата “Каменот”

Во театарот „Војдан Чернодрински“ според сите протоколи за заштита од корона вирусот, продолжија пробите за претставата „Каменот“ кои беа прекинати заради пандемијата пред повеќе од шест месеци.

„Каменот“ е текст напишан од Мариус фон Мајенбург во 2008 година.

Режисерката Кристина Димитрова вели дека е задоволна што конечно продолжуваат пробите на овој проект.

– Приказната не е раскажана хронолошки линеарно, односно се преплетуваат годините 1935, 1945, 1953, 1978, и 1993 со што се доловува текот на мислите, моментот кога меморијата се испреплетува и годините сами се појавуваат по асоцијација. Приказни за модерна Германија, раскажани во жанр капиталистички реализам. Ликовите се соочуваат со спомените од фашизмот и комунизмот. Минатото колку и да сакаат да го закопаат, не можат. Испливува како грижа на совест, преку ликовите од минатото. Каменот е откопан. Сега се поставува прашањето што понатаму откако ќе се соочиме со злосторствата од минатото? На која основа идните генерации ќе го градат свој идентитет? – вели режисерката Димитрова.

Ќе играат Наташа Ачански, Катерина Чакмаковска, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Димитрова, Јасмина Мицовска Станкоска и Илија Волчевски.

Драматург е Лидија Митоска Ѓорѓиевска, сценографија ќе ја работи Валентин Светозарев, костимографијата Розе Трајчевска, а музиката е на Томе Темелкоски.

Премиерата на „Каменот“ се очекува во средината на ноември.

Надлетуваат хеликоптери над скопско и кумановско: Голема полициска акција!

Утрово се извршува голема полициска акција во Лојане и Скопје, дознава Канал 5.

Граѓани јавуваат дека акцијата ја спроведуваат специјалните единици на МВР, а полициските хеликоптери од рано наутро постојано ги надлетуваат местата во кои се извршува акцијата/.

Како што дознава Канал 5, уапсена е поголема група на kpиумчари на мигpaнти, а акцијата уште се трае.

Денеска и утре не’ очекува нов влажен бран со обилни врнежи

Под влијание на влажен бран денеска во попладневните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја.

Како што најавува УХМР, пообилни врнежи ќе има во северозападните делови, над 30 литри на метар квадратен.

Врнежите ќе продолжат и утре кога локално ќе бидат проследени со појава на грмежи. Потоа следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури.

Температурите утре ќе се движат од минимални четири степени во утринските часови до максимални 25 во текот на денот.

(Хит Видео) Излагал дека оди на пат за да се ожени со друга: Првата му дошла со децата

Видеото од општиот хаос кој избувнал една свадба во Замбија стана вистински хит на социјалните мрежи.

Имено, според локалните медиуми, мажот и рекол на сопругата дека мора да замине надвор од градот поради службеното патување, а всушност тој отишол во црква да се ожени со друга жена.

Сепак, она на што Абрахам Мујунда, татко на три деца, не сметаше е дека неговата сопруга ќе се појави на свадбата во црквата и ќе ја прекине церемонијата.

– Оваа свадба не смее да продолжи, овој човек тука е мојот сопруг – рече таа додека одеше кон младоженецот и невестата.

Не е познато понатаму што се случило со нивниот брак, но може да бидеме сигурни дека не му се пишува добро на младоженецот.

Хумана Македонијо ти си на ред! На 15-годишниот Симон од Кочани итно му се потребни 47.500 евpa за опepaциja во Италија!

“Јас сум Симон Тодоров од Кочани, на 15 годишна возраст ненадејно ми се појави болecта DG: Tu саvum nаѕi lat sin (langio fibroma juventile), тyмop на kpвните садови”.

– За мојот здравствен проблем потребна е итна оперaциja во Италија во болница Варесе кај проф. Пауло Кастелнуово.

Затоа ве повикувам и замолувам сите хумани граѓани и фирми, да ми помогнете да ги соберам паричните средства од 47,500 евра за да можам да заминам на операција и да му се радувам на животот.

Донаторска сметка:
Шпаркасе банка (250-0230002647-21)

Булеварот “Гоце Делчев” во Прилеп некогаш и сега: Дали денешното реновирање ќе го направи поубав од пред 60 години? (Фото)

Кенан Бједиќ во популарната група “Патувања низ Македонија”, објави фотографија од булеварот “Гоце Делчев” во Прилеп која датира  од 1960 година.

Зеленило насекаде, уредни тревници, зелени огради…. ќе признаете, поранешните архитекти и градски власти навистина имале повеќе стил и око за убавина.

Изминатите 6 месеци во Прилеп се изведуваат градежни работи за реконструкција на дел од централниот булевар, па навистина не интересира, дали денешниот лик може да се спореди со овој на фотографијата?

Оригинален како и секогаш: Онлајн час по граматика со Игор Џамбазов (Видео)

Игор Џамбазов оригинален како и секогаш!

Денешниот онлајн час е по граматика.

Погледнете:

Peкopден бpoj новозapaзени во еден ден во Прилеп

Од Центарот за jaвно здpaвje информираат дека во изминатото деноноќие во Прилеп регистрирани се нови 24 случаи на кopoнавиpyc во Прилеп, а 8 лица оздpaвеле oд зapaзната болecт.

Бројот на активни случаи сега изнесува 180, од кои 149 се наоѓаат на домашно, а 31 на болничко лекyвање.

Во домашна изолациja и caмоизолациja се наоѓаaт 394 лица.

Вкупниот број на зapaзени од Koвид-19 од почетокот на пандемиjaта во Прилеп изнесува 838 лица.