(Видео) Беше ѕвезда на Јувентус, а денес работи во ресторан за да преживее

На денешен ден во 1973 година е роден легендарниот уругвајски фудбалер Фабијан О’Нил.

O’Нил е роден во градчето Пасо де лос Торос во областа Такуарембо во Уругвај. Тој е најстариот од петте деца на Луис Алберто О’Нил и Мерцедес Домингез.

Тој својата професионална кариера ја започнал во Насионал, во Првата лига на Уругвај, а во првиот тим играл од 1992 до 1995 година. Во 1996 година тој потпишал за Каљари, каде останува до 2000 година, кога преминал во Јувентус. Во јануари 2002 година тој потпишал договор за Перуџа, а кратко потоа се вратил во Каљари во втората италијанска лига.

О’Нил се пензионирал и се вратил во Уругвај, а времето го посветил на својот ранч. Меѓутоа, во јануари 2003 година одлучил да се врати на најважната споредна работа во светот, односно повторно потпишал за Национал. За уругвајскиот прволигаш тој настапил само пет пати таа сезона.

“Додека играв во Каљари ја наместив утакмицата со Киево. И нас, но и ним им одговараше реми, бидејќи се боревме за опстанок. Од челниците на клубот добив и награда за опстанок во лигата. Ремито го договорив со капитенот на Киево, како и со своите соиграчи. Дури бевме и во обложувалница и вложивме пари во нерешен резултат. Во 87′ минута поведовме со 2:1 преку Диего Лопез. Му пријдов и му реков: Исправи го ова, биди виновник за примениот гол или ќе не уништат. И до крајот на мечот примивме еден гол”, раскажува Уругваецот.

“Кога потпишав за Јувентус, од идол во екипата се претворив во најлошиот играч. Околу мене имаше феномени како што е Зидан. Само поради него сега навивам за Реал”, вели O’Нил.

“Ништо веќе немам. Потрошив 14 милиони долари. Кој е виновен? Виновни се спорите коњи и брзите жени”, вели тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.