Додека ние тука изучуваме германски, англиски…, македонската дијаспора во Германија одново се избори нашите деца да учат македонски јазик (Фото)

Додека ние тука учиме странски јазици, англиски, германски… македонската дијаспора во Германија се избори нашите дечиња таму да го изучуваат својот мајчин македонски јазик.

Како што информираат на Фејсбук групата Makedonier in Deutschland -Македонци во Германија, родителите се уште можат да ги пријават своите деца за изучување на македонскиот јазик во Минхен, Аугсбург, Равенсбург, Улм и Нов Улм (со околината).

Пријавувањето можат да го направат на е-маил адресата на наставничката Анастасија ([email protected]), или кај Претседателот на македонското друштво “Илинден” од Минхен, Дејан ([email protected]).

Се работи за официјални паралелки по македонски јазик во Германија, а наставниците се платени од страна на нашето Министерство за образование. На крајот од школската година децата се стекнуваат со официјални сведителства, а нивниот успех од наставата по македонски јазик, влегува во вкупниот просек на оценки во германските училишта.

Овој проект е пракса повеќе години во Германија, а оваа година и покрај опструкциите од Македонија, дијаспората се изборила истиот да продолжи, а нашите деца таму и понатаму да го изучуваат својот мајчин јазик.

Македонската дијаспора во Германија важи за една од најорганизираните во светот, а преку погоре споменатата Фејсбук група, на Македонците во Германија, но и оние кои се интересираат за работа и престој во оваа европска земја, им се достапни сите потребни информации.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.