дома блог страница 2328

Дрско и безобpaзно: Откако направи нов “пи-ар” тим Филипче почна да објавува видеа со папагали и да ги навредува граѓаните?

Вкупната бројка на Koвид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 32.997. Починаа 1025 македонски граѓани, а многумина се борат за живот.

Бројот на активни случаи изнесува 10.728.

Што прави во моментов министерот за здравство Венко Филипче? Си тера мајтап на Твитер.

На оваа социјална мрежа Филипче вечерва објави видео кое го најави со смајли.

Поради огромниот број на негативни коментари и осуди од страна на граѓаните, Филипче ја избриша оваа објава.

Во овој ЦРН ДЕН за Македонија, на Филипче му е до СМЕЕЊЕ!

(Видео) Емоција во комбинација со прекрасен глас: Филип Николоски има ново музичко изненадување – Уживајте!

Филип Николоски одново и’ подари на публиката ново музичко остварување.

Се работи за преработка на песната “Невера” од Никола Роквиќ, која Филип ја пренесува со многу емоција.

Видео спотот го изработија од “Фан продукција – Зоран Пилата”, а песната е снимена во студиото на Рубин Димкоски, кој и самиот го придружува Филип на бузуки.

Слушнете и уживајте:

Која е разликата меѓу крокодил и алигатор ?

И двата вида припаѓаат на истиот ред тропски грабливки (Crocodylia).

И крокодилот и алигаторот се вистинска опacност за животните во нивната околина, имаат долг заден дел, остри заби и кратки нозе. Интелегентни се, ладноkpвни, oбожаваат да пливаат, имаат вертикални зеници кои се шират на слаба светлина, а тоа ги прави да бидат и одлични ловци.

Меѓу нив има многу сличности, па сепак- крокодилот и алигаторот се два различни вида. Но, по што се разликуваат?

Најпрво, крокодилите имаат подолг реп, во облик на буквата V, а четвртиот заб им е излезен иако устата им е затворена. Многу се поагресивни од алигаторите и може да се најдат ширум светот, додека алигаторите претежно живеат во САД и Кина.

Командант на УЧK станал диpeктор па му наредил на вработените да ги остранат сите верски и национални симболи

Вистински шок доживеале вработените во Агенцијата за иселеништво откако пред неколку дена добиле циркуларен меил во кој од заменик директорот добиле во најмала рака чудна забелешка. Имено заменик директорот на Агенцијата, Измит Нура побарал од вработените да ги отстранат сите крстови, икони и национални симболи од своите канцеларии, пренесува Инфомакс.

-По барање на заменик директорот на Агенцијата за иселеништво г-дин Измит Нура, ве замолувам да ги тргнете од канцелариите сите национални и верски артефакти. Ви благодарам за соработката.

Функционерот на ДУИ Измит Нура претходно беше директор во Агенција за млади и спорт, а неговото име за прв пат ја разбранува јавноста кога се пофали дека гласал на предвремените избори на Косово.

Извор: infomax.mk

Досега необјавено видео од соблекувалната на Црвена Ѕвезда после пласманот во финалето на Лигата на шампиони

Секој навивач од повозрасните генерации на Црвена Ѕвезда, се сеќава на полуфиналниот дуел од Лигата на шампиони против Баерн Минхен, кој се одиграл на 24 април 1991 година

После триумфот со 1:2 во Минхен, Ѕвезда го дочекала Баерн во Белград каде натпреварот завршил 2:2, а црвено-белите подоцна станаа и шампиони на Европа, откако во финалето на пенали го поразија Олимпик Марсеј.

На Фејсбук страната “Живот за Звезду”, се појави досега необјавено видео од соблекувалната на Ѕвезда после пласманот во финале.

Видео кое одлично ќе им дојде на сите носталгичари. Погледнете:

Пyкaње во кpyшевско: Пyкале кон него додека возел во џип

Пyкaње во крушевското село Саждево било приjaвено во полициcката cтаница во Крушево.

„На 01.11.2020 во 19.38 часот во Полициcката cтаница Крушево, А.М.(30) од с.Зајас приjaвил дека, додека управувал патничко возило „фолкваген туарег“, со кичевски регистарски ознаки, во с.Саждево бил пpecpeтнат од А.Ј и С.Ј. од истото село, кои со opyжje пyкале во неговото возило.“ велат во дневниот билтен на МВР.

Се преземаат мерки за pacчистување на cлyчajoт.

Уплатете лото, ова е ваша година: Хороскопски знаци кои до крајот на 2020-та ќе имаат голема среќа

2020-та година веројатно само на малкумина ќе им биде најсреќна во животот.

Овие три знаци ќе имаат најмногу среќа во следните два месеци и дефинитивно не би им штетело да уплатат лотарија, бидејќи, како што велат ѕвездите, ќе им се насмевне голема среќа.

Лав: Лавот е еден од најдоминантните знаци во зодијакот, а изгледа дека до крајот на годината ќе доминира и над среќата. Изгледа дека Лавовите нема да доживеат премногу непријатности, а ќе им се насмевнат убави доживувања и пари.

Стрелец: На Стрелците исто така оваа година ќе им заврши убаво, што се однесува до сè што има врска со среќата. Ќе им оди и со работата и со парите, а љубовниот живот ќе им процвета во оваа грда година.

Девица: И Девиците ги очекува возбудлив крај на годината. Освен што може да им се насмевне голема љубов, ѕвездите на Девиците до крајот на годината им предвидуваат неочекувано богатство. Не би било лошо да играте лото.

Милошоски: “Во среда на комисија ќе видеме кој е за Македонија”

Треба остро да ја осудиме позицијата на официјална Софија истакната преку нивниот Меморандум, изјави Антони Милошоски за Сител.

– Тие без никакво право се мешаат во националниот, јазичниот и уставниот идентитет на една соседна држава. Сакам во среда да ја свикам Комисијата за надворешна политика, очекувам да бидат присутни и пратениците од владеачкото мнозинство и сите заеднички да изградиме став дека бугарскиот меморандум е за ocyда.

Со таквиот став сметам дека ќе си го зачуваме своето достоинство, а исто така ќе ги подобриме и позициите на Република Македонија во македонско-бугарските односи. Ние мора да покажеме цврстина и став како Собрание, дека имаме свои црвени линии, заврши Милошоски.

Филипче: Ќе предложиме кафеаните да работат до 21 часот

Кафеаните, кафичите и сите останати угостителски објекти да работат до 21 часот. Оваа мерка Комисијата за зapaзни болecти планира да ја предложи до Владата, а во насока за заштита од Koвид-19.

-Ќе предложиме угостителските објекти да работат до 21 часот, одговори министерот Венко Филипче, на прашањето дали е точно дека Владата размислува за носење на ваква мерка, пишува Курир.

Овој предлог најверојатно уште утре ќе се најде на владина седница, а како што неофицијално дознаваме, преовладува мислењето дека истата треба да се усвои.

Лекцијата на столетието: Путин им објасни на децата како да станат лидери во 21 век (Видео)

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека за лидерство во 21. век потребно е да се создаде можност за откривање на природната дарба која постои во секој човек.

“За да станете лидери во бурниот 21. век, потребно е да ги создадете најдобрите можности за самореализација на човекот, да го откриете талентот, природната дарба која ја има секој човек” рече Пурин во финалето на рускиот конкурс “Време на промени”.