дома блог страница 2329

Измама на векот: Платил огромна сума на пари за “ламбата на Аладин”

Две лица се yaпceни за измама во Индија. Имено тие лажеле дека ламбата е волшебна и дека на човекот ќе му донесе огромно богатство и здравје.

Како дел од измамата, дури се обидувале да го повикаат и духот од ламбата, за нивната лага да се совпаѓа со приказната од “1001 ноќ”, пренесува БиБиСи.

Тие најпрво барале 200.000 американски долари, но потоа се задоволиле со 41.500. За измамата осомничена е уште една жена која е на слобода.

Измамаениот лекар на почетокот од минатата недела пријавил во локалната полиција во Мирута, во западен Утар Прадеш.

Сајкоски: “Пациент зapaзен од Koвид-19 прима инфyзиja пред болница во Кичево” (Видео)

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски преку видео на Фејсбук пишува дека пациент заразен со коронавирус прима инфузија пред болницата во Кичево.

-Нашата „нова реалност“!!! Пациент зapaзен од Koвид19 прима инфузиja пред болницата во Кичево. Дали ова е тоа “се е под контрола” на министерот Венко Филипче???, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Комисијата за зapaзни болecти ќе проедложи нови рестрикции поврзани со работата на угостителските објекти?

Комисијата за заразни болести ќе предложи до Владата кафулињата, кафеаните, рестораните и сите други угостителски објекти ќе работат до 21 часот наместо како досега до 23 часот, пренесува „360 степени“ повикувајќи се од владини извори.

Комисијата наводно овој предлог ќе го достави до Владата, и се очекува да биде усвоен на владина седница.

Скратувањето на работното време како предлог денеска бил разгледан и одобрен од владиниот kpизен штаб.

Венко Филипче вчера во интервју за ТВ Сител, рече дека ако мерките не даваат резултати, ќе биде разгледано целосно затворање на угостителските објекти неколку часа порано од сега во 23 часот.

(Фото) Акција “Династија”! Уaпceн “српскиот Ecкобap” – ДЕА го нападна “балканскиот кapтeл”

Н.Д. (37) и П.П. (36) и двајцата државјани на Србија, се осомничени за шверцување на дpoга од Јужна Америка.

Српските државјани се yaпсени во Шпанија откако шпанската полиција во соработка со американската Агенција за бopба против дрога (ДЕА) заплениле 560 килограми kokaин! Во акцијата со назив “Династија”, покрај српските државјани, yaпceни се и четворица Шпанци, пренесува Глас Галиција. Како што наведуваат, се верува дека kpиминалната група е поврзана со таканаречениот “Балкански kapтел”.

Групата ја предводел Херардо Ријал Иглесијас (41), моќен нapko-бoc, кој веќе 20 години швepцувал дpoга во соработка со балканскиот kapтел- соопштуваат од шпанската цивилна гарда.

Поевтинуваат гopивата: Еве по кои цени ќе возиме оваа недела

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите, за нијанса намалени цени на горивата.

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ максималните малопродажни цени на горивата се намалуваат во просек за 1.95%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по половина денар, па еден литар од овие горива ќе чини 58.00, односно 60.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за еден денар, и еден литар дизел гориво ќе чини 49.50 денари.

Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Cpбин и’ даде на свojaта coпpyга Aмepиканка балканcка xpaна и paкиja: Ја мавна на екс, а нејзината реакција го насмеа цел регион (Видео)

Еден Србин решил на Јутјуб да ја промовира неговата култура и храна, а видео-снимката која ја објавил со својата сопруга Американка привлече посебно внимание.

Имено, новиот хит на Јутјуб со сигурност се Владислав и Миа Милановиќ. Србинот Владислав и Американката Миа веќе некое време се во брак, а нивниот живот го следат стотина илјади луѓе на Јутјуб.

Една од најпопуларните видео-снимки е онаа на која Миа ја пробува традиционалната српска кујна и го оценува вкусот. Тоа се гибаница, ајвар, гурманска плескавица, ќебапи, грав и две торти.

Покрај ручекот неизоставен дел е и салатата, па Миа пробала шопска салата, која ѝ се допаднала и ѝ дала чиста десетка, а вкусот на плескавицата ја воодушевил. И неа ѝ дала десетка.

„Ние во Србија не ставаме речиси ништо врз месото, само по себе е вкусно. Јадеме многу лук“, признал Владислав.

Кога дошол на ред ајварот, Миа сепак не се воодушевила. Бидејќи ќебапите не ѝ се допаднале толку како плескавицата, ним им дала ‘само’ осмица.

На крајот, како што рекла, нејзини фаворити се шопската и мекицата, воопшто не ѝ се допаднале гравот и ајварот.

„Уживав во српската храна“, била искрена Миа.

Сепак, најинтересен дел од снимката е кога сопругот ѝ дал цела чаша ракија и ѝ рекол да ја испие на ‘екс’. Нејзината реакција ја прегледале 300.000 луѓе, а меѓу коментарите имало и Срби, Хрвати и други кои ја пофалиле храброста на госпоѓа Милановиќ.

Нов раководител во социјални грижи Прилеп?

Според неофицијални информации, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп, од денеска има нов директор

На местото на досегашниот Дејан Тошески, кој на оваа позиција се задржа само една година, поставен е Виктор Талески, кој три години е вработен во оваа институција.

Се работи за млад и амбициозен кадар, кој со својата стручност и други активности ја добил довербата на новата министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпанска?

Инаку Талески е трет директор на оваа институција откако СДСМ дојде на власт. Пред него и пред Тошески, оваа задача ја обавуваше Живко Сиљаноски.

(Фото) Купиле стара куќа и во неа пронашле огромно богатство

Општината Морез во источна Франција неодамна купи куќа за 130.000 евра, а над илјада златни монети и пет златни шипки во вредност од 500.000 евра беа пронајдени во стаклени тегли во внатрешноста на зградата, објавија француските медиуми.

Кога градоначалникот на Морез, Лоран Пети, објави откривање на вредно богатство, тој предизвика ентузијазам кај градските лидери, бидејќи буџетот на тој град сега е поголем за половина милион евра.

Морето е град со 5.000 жители, а градот случајно ја купил таа куќа во центарот на градот, со желба да ја реновира и да направи две продавници на приземјето и станови на горните два ката.

Куќата беше во лоша состојба, полна со разни предмети – сè, од кутии, стари чорапи, до користени пластични кутии за пакување маргарин.

-Кога требаше да ја средиме куќата, вториот кат падна ми падна мене. Наидов на најлонска ќеса полна со конзерви и стари стаклени шишиња за кисели краставички. Сфатив дека лименките се полни со парички, но не ја знаев нивната вредност. Потоа видов златни шипки и срцето ми заигра. Шипките и монетите ги чувале членовите на семејството Жобес со децении, рече Мартин Ријалан, кој работи во општината.

Кога починал последниот член на семејството Жобес, кој немаше наследници, далечни роднини ја наследија куќата и решија да ја продадат, не сфаќајќи какво богатство се крие внатре.

Илија Димовски со идеална анализа за лагите во Здравство?

– Во последните 4 години (2017-2020) во Македонија инвестициите што државата ги прави во јавното здравство се помалку од половина од инвестициите во претпоследните 4 години (2013-2016). Односно, во последните четири години државата потрошила средства во висина од само 38% од средствата за капитални инвестиции кои ги потрошила во претпоследните 4 години, напиша на Фејсбук Илија Димовски.

– Државата, односно Владата предводена од СДСМ одлучила дека во јавното здравство треба да се инвестира многу помалку (за 62%) од инвестициите кои ги правела Владата предводена од ВМРО.

– Во инвестициите во јавното здравство припаѓаат актуелните набавките на амбулантни возила, но и сите други инвестиции во објекти и средства за работа на јавното здравство

– Јавното здравство го покажа своето значење со последната епидемија. Еве ги периодите кои може да се земат како репер:

Прв период за споредба, од 2013 до 2016 година како прв репер период со владеење на ВМРО;

Втор период за споредба од 2017 до 30.09.2020, владеење на СДСМ (со исклучок на првите 5 месеци на 2017 година кога владее техничката Влада со доминантно учество на ВМРО).

Може слободно да се заклучи дека:
1. СДСМ ги намалила за 62% средствата за капитални инвестиции во јавното здравство;
2. За ова прашање очигледно недоволно се разговарало низ институциите на системот;
3. Недостатокот на инфраструктура во здравството е последица на намалените средства за инвестици, а одлуките за намалување на средства ги носат луѓе (свесно);
4. Заради вакви бројки, државата во време на Владеење на ВМРО имаше пари да купи 140 амбулантни возила, а во време на СДСМ само 12, стои во статусот на Димовски.

„Она што денес го зборува Захариева Заев го има ветено, Милошоски ќе ја свика собраниската комисија за надворешни работи“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешната комуникација со граѓаните во живо на Фејсбук, на прашање зошто владата не реагира на провокациите на Бугарија и што ќе правиме ако Бугарија не блокира во ЕУ, Захариева тоа и го потврди кога кажа дека нема Европска Унија без признавање на бугарски корени, одговори дека во моментот најважно е Македонија да ја одржи таа меѓувладина конференција во ЕУ што би значело симболичен почеток на преговорите. Исто така Мицкоски информира дека во текот на следната недела ВМРО-ДПМНЕ ќе свика одржување на седница во рамките на парламентот, на која што ќе може отворено да се разговара за македонските црвени линии.

-И покрај тоа што овој лажлив политичар не убедуваше уште пред две ипол години дека треба да се радуваме и дека сме ги отпочнале преговорите. И порај тоа што овој лажлив политичар заедно со неколкумина негови послушници не убедуваа дека го заштитиле македонскиот јазик и идентитет, сега гледаме дека ниту го заштитиле и тоа сега е и главната пречка да се случи тој почеток на преговорите. И сега ние на крајот треба да видиме каде е почетокот, каде е генезата на сето ова, а почетокот е оној момент кога се случи овој човек да биде избран за премиер. Бидејќи од тука започнуваат сите проблеми во Македонија за секој граѓанин без разлика на неговата етничка припадност. Бидејќи политичкото функционирање се темели на поткуп, притисоци, закани, уцени и лаги. Буквално никаква креативност, никаква стратегија, никаква визија за понатаму. И сега се чудам каде ги снема неговите слуги и во опозицијата сегашна, кои што во тоа време го фалеа неговиот потег кога одлучи да се откаже од уставното име Македонија, велејќи дека тоа биле мудри политики и визионерски потег, а денес ги нема нигде да кажат по некоја реченица, рече Мицкоски.

А вистината е следна, продолжи претседателот Мицкоски. Имено, европскиот пратеник Андреј Ковачев рече дека ако сака Македонија да го отпочне процесот со преговори, што тоа го потврди и министерката за надворешни работи Захариева, тогаш ќе мора да прифати и да каже дека современата македонска нација, јазик и држава се темелат на бугарски корени.

-За волја на вистината еден врвен бугарски политичар на еден од состаноците на Европската народна партија ми рече дека сето ова е ветено од страна на Зоран Заев и дека кога тој бил тогаш во опозиција ги убедувал дека најважно е тој да стане премиер, а за другото нема никаков проблем. Тогаш беа упатени многу критики до нас во ВМРО-ДПМНЕ дека ете не сме сакале да преговараме, но ние сме се уште на истиот став дека таа тема не заслужува разговори и преговори. Бидејќи македонската нација и држава си имаат свои корени, посочи Мицкоски.

Ова нема никаква врска со европските вредности, и тој во денешното видео обраќање апелираше до источниот сосед, а истовремено и до Европа да ја одржи таа прва меѓувладина конференција, да отпочнат преговорите, бидејќи најмалку што им должи ЕУ и нашиот источен сосед на македонските граѓани, без разлика на етнички верски состав, е токму тоа да се даде надеж и европска перспектива за Македонија.

-Бидејќи заедно се боревме против фашизмот, заедно се ослободивме од лошите форми на комунизмот, бевме и домаќини на стотици и стотици бегалци за време на косовската криза, го одржавме мирот за време на кризата во 2001-ва година, и затоа мислиме и цениме дека најмалку што заслужуваат македонските граѓани е во декември да отпочнат преговорите со ЕУ. А ние како партија, преку пратеникот Антонио Милошоски кој е претседател на собраниската комисија за надворешни работи, во текот на следната недела ќе свикаме одржување на седница во рамките на парламентот, на која што ќе може отворено да се разговара за македонските црвени линии, ќе бидат поканети политичари од власта, како и министерот за надворешни работи и Зоран Заев, па ќе можат отворено да зборат за сето тоа што го лажеа македонскиот народ изминативе четири години дека имаат загарантирана европска перспектива, истакна Мицкоски.