Досега необјавено видео од соблекувалната на Црвена Ѕвезда после пласманот во финалето на Лигата на шампиони

Секој навивач од повозрасните генерации на Црвена Ѕвезда, се сеќава на полуфиналниот дуел од Лигата на шампиони против Баерн Минхен, кој се одиграл на 24 април 1991 година

После триумфот со 1:2 во Минхен, Ѕвезда го дочекала Баерн во Белград каде натпреварот завршил 2:2, а црвено-белите подоцна станаа и шампиони на Европа, откако во финалето на пенали го поразија Олимпик Марсеј.

На Фејсбук страната “Живот за Звезду”, се појави досега необјавено видео од соблекувалната на Ѕвезда после пласманот во финале.

Видео кое одлично ќе им дојде на сите носталгичари. Погледнете:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.