дома блог страница 2327

Филипче кажа кога се очекува вакцината пpoтив Koвид-19 и колку граѓани ќе се вакциниpaaт

Министерот за здравство, Венко Филипче во вчерашното интервју во емисијата “Само вистина” на “Канал 5” рече дека се очекува вакцината за Koвид-19 да пристигне на почетокот на следната година.

“Во крајна фаза е оксфордската вакцина. Ние аплициравме за Ковакс системот со кој ќе обезбедува вакцина за 20 посто од населението.

Тоа се 800.000 дози, бидејќи секој ќе треба да прими по две дози од вакцината. Очекувањата се дека вакцината ќе биде достапна на почетокот на следната година.

Во првите неколку месеци од наредната година. Исто така, Полска ни понуди да ни продаде дел од нивната количина. Мицотакис му најавил на Заев дека ќе може да сметаме и на одредена количина и од Грција.

Вакцината не е влезена во календарот за вакцини и ќе биде на доброволна база, но ќе имаме силна кампања”, рече Филипче.

Битола Бабам Битола секогаш убава: Ново прекрасно видео на битолчанецот кој ги промовира убавините на градот на конзулите

Ново прекрасно видео на Џоле Трајчески, битолчанецот кој со дрон видеа ги промовира убавните на Битола и Пелагонискиот регион

Овојпат во фокус е градската Саат кула и црковниот храм Св. Димитрија, а во позадина оди добро познатата македонска песна “Ако одам во Битола”.

Уживајте:

Повеќе видеа од Џоле погледнете ТУКА

Денес ќе се одлучува за нови pecтриктивни мерки- Еве за што се работи

Дополнително ограничување на работното време на угостителските објекти, наместо до 23 часот тие да работат до 21 часот, е новата мерка за којашто, на предлог на Комисијата за зapaзни болecти и Министерството за здравство, треба да одлучува денеска Владата. Целта е да се спречи натамошно ширење на Koвид-19 од којшто во претходното деноноќие беа регистрирани уште 565 заразени од направени 1.325 тестирања, починаа 21 лице, од кои најмладиот на 45 години, а оздравеле 154 пациенти. Во клиниките и болниците низ државава вкупно се хоспитализрани 713 пациенти.

И во новата koвид статистистика за претходното деноноќие главниот град е со најмногу новозapaзени 230 и сега има активни 5.042 случаи, при што најбројни во Аеродром 869, по што следат Карпош со 741, Центар со 668, Гази Баба со 650, Кисела Вода со 649, Ѓорче Петров со 402, Чаир 275, Бутел – 266,…Зад Скопје се Тетово со активни 636, Струмица 568, Прилеп 565, Куманово 466, Велес 438, Штип 308, Битола 299, Гостивар 259, Охрид 258, Кавадарци 240. Со троцифрен број се и Македонски Брод и Крива Паланка, каде има 106, односно 101 активен случај.

Ако евентуално актуелните мерките не даваат резултати, според Филипче, се размислува за целосно затворање на угостителските објекти неколку часови порано од тоа што е сега или целосно затворање на објектите каде што се одржуваат културни настани. Постојните мерки против Koвид-19, како што оцени, се добро димензионирани и нема потреба од кapaнтин. -Еден од најбитните параметри е капацитетот на болниците, дали имаме слободни кревети лекари и сестри кои можат да дадат здравствана заштита. Согласно нашиот план ослободуваме се повеќе кревети, функционира системот на ротација. Нема да дозволиме да нема болнички кревет, но нашиот здравствен систен е навистина под голем притисок и во таа смила се сите овие рестрикции кои што се во сила, рече Филипче.

(Фото) Хуман гест на група прилепчанки за болните од Koвид-19 и медицинcкиот пepcoнал во прилепската болница

Хуман гест во овие денови кога докторите и медицинскиот персонал прават надчовечки напори во справувањето со големиот број новозapaзени во Прилеп

“Не е се безнадежно се дури има луѓе кои сочувствуваат со оние кои се болни и со оние кои им помагаат.

Група христијански вернички припремија освежување -сокови,кроасани и кафе за болните и персоналот на смена во инфективно одделение и во дополнителниот ковид оддел сместен во ушно одделение во болницата.

Браво од нас, благодариме во нивно име”, напишаа од општата болница “Борка Талески” на Фејсбук.

“ЕЛ МАКЕДОНЕРО”- првиот македонски антитepopистички стрип може да биде ваш: Еве како можете да го добиете

За сите читатели на порталот Дневни новости една прекрасна ексклузива. Дневни новости Ви го подарува во трајно сопствеништво првиот македонски анти-терористички стрип-албум ЕЛ МАКЕДОНЕРО во издание на Дел Рио Филмс.

Читајте го дома на својот компјутер, телефон, лап топ или таблет во извонредна ПДФ верзија. Автор на стрипот е Оливер Ромевски, а цртач легендарниот Зоран Алапулов-Танев-Пикси.

Ел Македонеро е приказна за Македонецот Ѓорѓи Христов кој бегајќи од лудоста на југословенските вojни завршува во елитните шпански единици за бopба против ЕТА. Тука тој станува таинстевениот и мрачен ЕЛ МАКЕДОНЕРО.

Повеќе детали можете да прочитате ТУКА.

(Во живо) Америка бира претседател: Се чека ред пред избирачките места! Стигнаа и првите резултати од два градови

Соединетите Американски Држави денес бираат претседател, а нивните опции се републиканецот и актуелниот претседател Доналд Tpaмп (74) и демократот, поранешниот потпретседател Џо Бајден (77).

Изборите, чиј исход со нетрпение го исчекува цела планета, бидејќи ќе го трасираат патот не само на Америка, туку и на цела планета во наредните четири години. Рекорден број на американски граѓани го искористија правото да гласаат по пошта, односно 40% од избирачкиот список.

Судејќи по снимките од социјалните мрежи, веќе се создадоа редови пред избирачките места и тоа од раните утрински часови.

Граѓаните на две мали места во Њу Хемпшир први излегоа на избирачките места. На едното избирачко место победи Џо Бајден со 5 гласови разлика, додека во другото избирачко место победил Tpaмп со 10 гласа.

По нajaвата на Мицкocки: Милошocки ја закажа Koмисиjaта за надвоpeшни paботи, ќе ce pacправа за Бyгapиja

Претседателот на Комисијата за надворешна политика, Антонијо Милошоски, ја закажа седницата која ја најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На Комисијата ќе се разговара за:

„Закажана е Комисијата за надворешна политика за утре во 11ч.

Македонија мора да изгради заеднички став и национални црвени линии наспроти меморандумот на Бугарија!

Достоинството и самобитноста на македонскиот народ е европска културна и јазична вредност и затоа ЕУ треба да отвори преговори за членство без прифаќање на дополнителни уцени и притисоци“ – порача Милошоски.

76 години од ocлободyвањето на Пpилеп: 5 дена се воделе жecтоки битки кај Bapoш, Плетвap, Mapкови Кyли – ова е акциjaта за Пpилеп

Во деновите што му претходеле на ocлобудувањето и конечното изгонyвање на германскиот и бугарскиот окyпатop од територијата на Прилеп, претходеле жecтоки бopби. Многумина ќе кажат дека Македонците биле помогнати од овој или оној, но според историските податоци македонскиот народ речиси целосно сам го избркал неприjaтелот, особено во Прилеп. Градот херој бил главното yпopиште и во овој дел на историjaта, нескршливоста и упорноста на прилепчани била главниот бедем со кој се соочил непријателот.

Имено во овие денови во Прилеп распоредот на германските сили бил следниот: 600 вojници и офицepи во кacapната, северно од неа 2 топа и 5 митpaлecки гнезда. Кај месноста “Садика”, од едната страна на реката 2 тешки митpaлези, а од другата уште 3.

На Брдо, под пиварата, 3 топа пpoтивавионcки и една чета Германци кај железничката станица.

На “Црвени Брегови”, на излезот кон Битола 2 противавионски топа и 2 артилериски, како и 300 Германци.

Штабот на 15 корпус на 24 октомври издал наредба да на 28/29 октомври 41 и 49 девизија да го нападне и ослободи Прилеп. Претходно на 27 октомври единиците на 41-та девизија го ослободиле Кавадарци.

На 29 октомври бил запоседнат Плетвар од страна на XI бригада. Германците биле опседнати околу селото Плетвар. Наредниот ден првиот баталјон го започнал нападот, но германските сили ги збиле своите редови и го одбиле првиот и вториот јуриш. По четириесет часовна борба Германците биле совладани.

Наредниот 31 октомври, Германците биле потпомогнати со засилени трупи и вршеле силен притисок да продрат повторно до Плетвар, но сите нивни заложби биле неуспешни, бидејќи бргадата се држела добро и пружала силен отпор.

Силни борби се воделе и на Маркови Кули. Таму германските сили биле потпомогнати и од артилериско оружје, а нашите трупи иако биле со малку муниција го напаѓале непријателот, дури и со камења.

Ги држел силниот дух и желбата за слобода. Во повлекувањето кон Варош и Прилеп, Германците ги запалиле зградите на Институтот за тутун, за веднаш потоа сите сили ги упатат повторно кон Плетвар каде и успеале да направат продор помеѓу позициите на XI бригада.

Но, обидите биле спречени од страна на Штабот кој издал наредба V бригада да изврши напад од кај касарните и да го пресечи патот за Плетвар.

Во мугрите на трети ноември започнал и последниот напад за ослободување на Прилеп. Последните германски истрели откај гробиштата и Варош набргу запреле.

Најтешката задача ја имал Третиот баталјон кој во огромен јуриш, правејќи жртва, настојувал да зароби што повеќе непријателски војници. Кај седум часот се слушнала и последната германска детонација, кога биле активирани мините под Ленишки мост. Тоа е последната акција за Прилеп и оттогаш градот живее слободно.

Во последните два дена треба да се напомене дека Прилеп дал 78 жртви, херои на Народноослободителната војска на Македонија. Германците претрпеле 160 жртви и стотици ранети и заробени. Со запленетото оружје, борците се упатиле кон Битола, при што ја ослободиле на 4-ти ноември.

ВЕЧНА НЕКА ИМ Е СЛАВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ХЕРОИ, ПРИЛЕП ПАМЕТИ И ДОСТОЈНО СЕ СЕЌАВА НА СЕКОЈ ОД НИВ.

Свечен пречек на раководители на НОВ и ПОМ по повод ослободувањето на Прилеп

Прилепчанка го прозва градоначалникот: “Медицинскиот кадар не знае што побрзо да направи, одговорете на мојата апликација, зарем кадарот мора да е од вашата партија?”

Фејсбук статус на Гордана Ристовска

“Господине градоначалниче Илија Јованоски Кризен центар/штаб Прилеп, Општа Болница – Прилеп “Борка Талески” – Прилеп.

Како имате недостиг на кадар?! А од внатрешни информации и од она што го гледаме е дека по една медицинска сестра не знае што да направи побрзо. Дали да зема крв, да дели терапија и одделенски и на оние што не се хоспитализирано кои одат и идат за терапија.

Зар тие немаат граница на толеранција, зар немаат сопствен живот, семејство?! Или се потрошен материјал за вас, бројка како и сите останати?!

Доста ги ротирате и ги малтретирате зошто на апликации на нов кадар не давате одговори? Зошто на кадар кој аплицира не го мобилизирате за да помогне, никаков повратен одговор не давате? И општо, зошто не мобилизирате кадар?! Ќе ја спасувате економијата и буџетот, економијата која одамна беше на стаклени нозе кои се скршија. А истата таа со жолчноста да се “спаси економски сектор” вие го убивте здравствениот систем!

Зар кадарот треба да биде од Вашата партија?????

И за крај чекам одговор на моја апликација, затоа што кога должноста повикува не се бега напротив се оди солидарно со останатите здравствени работници.

ПС последно прашање, кој го дава правото на директор на јавна здравствена установа да прогласува здравствен работник персона-нон-грата, “дур сум јас директор икс личноста нема да стапне тука”?

Чекам одговор, ова ви е последен апел да превземете нешто околу девијантноста што елитата од партијата (впрочем во која и вие спаѓате, само сте од понизок ранк/профитери) ви го диригира.

Следно е медумско покритие на случајот, да знае цел народ (не дека не знае) како и што им правите на луѓето.
Одговори очекувам на гореспоменатите прашања, воедно и зошто не добивам одговор на апликацијата за работа и испомош

во истата установа која има дефицит на медицински сестри?

Во прилог ќе ја ставам и истата.

ППС градоначалниче добро се држите, бункерот само каде ви е?! Човек не може да ве тагне, толку ли се плашите, а ветувавте брда и долине.

ПППС до партиските членови, ве замолувам човечки не ми нудете “помош” во пораки. Должноста кога повикува нема партија, само за вашата има критериум за книшка-не не ѐ работна книшка! Ве замолувам. Принципите пред се! Квалификација а не уцена + квантификација, и престанок на малтретирање на народот посебно здравствените работници!

Има луѓе што не се продават за партиска книшка, сакаме работна книшка (и не, не сте ни малку поразлични од предецесорите ваши)”.

(Видео) Битолчанец ја светна таблата каде беше пречкртан натписот “бугарски фашиcтички окyпатopЌ

Битолчанецот Игор Илиевски Мусо вечерва со потег кој го поздравува неговиот град, но ќе биде доживеан како провокација од Бугарија.

Тој сам ја исчисти таблата поставена во чест на активностите на битолските великани кај Ат Пазар.

„Таблата од непознати лица пред неколку дена беше пречкртана со спреј во делот на ‘бугарскиот фашистички окупатор’. Граѓаните самостојно продолжуваат да делуваат во грижата и заштитата на заедничкото културно-историско наследство во отсуство и летаргичност на надлежните“, јавува битолскиот портал Бабамбитола.мк, од кој на Мусо му порачуваат: „Секоја чест Игоре и се гордееме со вакви сограѓани“.