Пpecвpт во клучна држава: Бајден го презеде водството, Трамп обвинува за избopна измама

Неизвесноста со изборните резултати во САД се’ уште трае.

Предмалку кандидатот на Демократите, Џо Бајден го презеде водството во сојузната држава Џорџија, каде Трамп имаше високо водство при пребројувањето на гласовите во вторникот ноќта.

Сега на преброени 99% од гласовите, Бајден има освоено 2,449,371 гласови, а актуелниот претседател 2,448,454.

Гласови се’ уште се бројат во Пенсилванија, Невада и Северна Каролина, а неизвесност до крај постои и во Аризона.

Бајден официјално има освоено 264 електорати (вклучително и 11 од Аризона), а Трамп стигна до 214.

Се посигурно е дека Доналд Трамп ќе ја освои Алјаска, која носи 3 електори.

Претседателот на САД обвинува за изборна измама и кpaжба на изборите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.