дома блог страница 2322

Важно соопштение од црковните храмови до верниците во Прилеп по повод Митровденската задушница

Црквата ја востановила Митровденската задушница во оние петок и сабота кои се најблиску до денот кога се чествува св. вмч. Димитриј (8 ноември). Во овие денови се прави помен и молитва за упокоените блиски, како и за паднатите за верата и татковината војници.

Оваа година, деновите од Митровденската Задушница се поклопија со заслогот на Митровден.

Од храмовите св. Петка во Точила и св. Кирил и Методиј – Параклис, не’ известија дека поради Митровденската слава, помените на гробиштата ќе се извршуваат само во петокот на 06.11.2020 и тоа од 07:00 ч. наутро до 11:00 ч. помените ќе се пеат во храмовите.

Потоа, со почеток во 12:00 ч. помени ќе се извршуваат на Новите градски гробишта, а на Старите гробишта со почеток во 13:00 часот, и потоа, повторно во храмовите од 15:00 – 17:00 часот, додека, пак, во саботата (07.08.2020), помени на гробиштата нема да се извршуваат, а истите, ќе се извршуваат во храмовите и тоа преку целиот ден почнувајќи од 07:00 ч, па се до 17:00 ч. кога ќе се извршува и прережувањето на лепчето за домашната слава Митровден.

Како што веќе е познато, поради корона кризата и запазување на мерките и протоколите пропишани од здравствените работници, оваа година прережувањето на лепчињата за домашните слави ќе се извршува само во храмовите.

Од храмовите упатија апел до верниците да ги почитуваат пропишаните мерки за безбедност а за да се избегне било какво групирање, лепчето ќе се прережува од дежурните свештеници веднаш по доаѓањето на верниците во храмот.

Глутници кучиња шетаат низ Старата чаршија во Прилеп (Видео)

Проблемот со кучињата скитници е од одамна, ама ај што е од одамна, туку никој не сака да го реши.

Во Прилеп стана секојдневие на плоштадите, низ Старата чаршија и градските маала да шетаат цели глутници кучиња.

Животните не се криви, тие се невини и не заслужуваат нечовечки однос, туку бараат згрижување и нивно тргање од улица.

Се чини дека надлежните стануваат свесни само кога ќе настанат несакани последици.

(Видео 360) Прошетајте со слоновите по делтата на реката Окаванго

Боцвана е дон на речиси половина од преостанатите слонови во савана, а најголемиот број живеат на речната делта на Окаванго.

Во новото видео од 360 степени, прошетајте во дивината и приближете им се на овие неверојатни суштества. Оваа снимка ќе ви овозможи да шетате покрај нив, да ги погледнете право во очи или да ги следите седејќи под ладовината на 2.000 години старите баобаб дрва.

Мачките немаат горчлив и благ вкус: Но зошто тогаш се толку пpeбирливи кога станува збор за xpaна?

Научниците откриле дека мачките не препознаваат ниту благо, ниту горчливо. Но зошто тогаш се толку пребирливи кога станува збор за храна?

Потребата за разликување на горчлив вкус кај животните се развивала еволуциски: видовите кои се хранат со растенија, тоа им помагало да ги препознаат отpoвните растенија.

Кај луѓето, за препознавање на горчлив вкус, одговорни се рецепторите TAS2R38 i TAS2R43.

Мачките се единствените грабливци на кои не им е потребна растителна храна, па нивната способност за препознавање на горчлив вкус е изгубена во процесот на еволуција.

Истражувачите откриле дека мачките не препознаваат ниту благ вкус, наместо тоа, нивните рецептори напорно работат како би разликувале различни вкусови на месо.

Како резултат на тоа, мачките се многу пребирливи кога станува збор за храната: она што за луѓето е вкусно – мачките можеби нема да ги интересира.

Научниците од две меѓународни организации, AFB International i Integral Molecular, спровеле истражување за рецепторите за вкус кај домашните мачки (2015).

Низата на експерименти вклучувале употреба на неколку материи со горчлив вкус во разни нијанси. Тоа се особено фенилтиокарбамид (PTC) и пропилтиоурацил (PROP), чија молекуларна структура е слична на структурата на брокула, како и алоин и денатониум, кои често се додаваат во лековите.

Се покажало дека рецепторот TAS2R38 кај мачките не реагира на PROP и речиси е неосетлив на PTC.

(Фото галерија) 1071 кapaнфил пpeд Bладата како почит за cите гpaѓани кои ја загyбиja бopбaта со виpycoт

Денес оставивме 1.071 каранфил во знак на почит кон 1.071 починат од кopoна кои не се само бројка, туку луѓе, човечки cyдбини кои одат на нечистата coвест на Зоран Заев и на најнеспобниот министер за здравcтво Венко Филипче. Бараме ocтавка од Венко Филипче веднаш и сега! – порача од вечерашниот пpoтecт Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од нејзината прес-конференција:

Зоран Заев и Венко Филипче се главните виновници затоа што сега пандемиjaта ypива peкорди, затоа што сега болниците се полни, и затоа денес имаме 1.071 починат од кopoна. Филипче и Заев преставуваат закана за здpaвjeто на граѓаните.

Тие 1.071 починат, не се само гола статистика, не се бројка, тие се 1.071 се семејства завиени во црно. 1.071 семејство завиено во црно. 1.071 судбина, тоа се нечии родители, деца, браќа и сестри. Тие се луѓе од кои голем број можеби денес ќе беа меѓу нас доколку Филипче не беше толку неспособен и ги послушаше советите на ВМРО-ДПМНЕ уште на почеток на пандемијата. Но наместо разум Филипче покажа ароганција и надменост, и сето тоа за жал на штета на граѓаните.

Системот е трул. За тестирање се чека и по неколку денови, а исто толку и за добивање на резултати. Додека пациентот да добие дијагноза тој веќе е во напредна фаза на болеста, а неговото здравје е сериозно загрозено.

Овие 1.071 починат се и заради пренатрупаното здравство и немањето место во болниците. Филипче имаше цело лето да ги опреми овие капацитети и да ги оспособи за да може денеска да бидат сместени луѓе, да не шетаат од болница во болница или да бидат оставани дома.

Сега имаме криза и хаос. А, жртва се граѓаните.

Ова е најголемата трагедија која и се случува на Македонија по Втората светска војна. Македонија немала толкав број на починати, од ниту една болест, од ниту од било каков друг единечен фактор од Втората светска војна се до денес.

Ова е трагедија на нашата генерација за која е виновен Венко Филипче и Зоран Заев.

Филипче, собери храброст и донеси вистинска одлука, направи го вистинскиот чекор. Имаш 1.071 причина да си поднесеш оставка. Направи го тоа сега. Спаси ја Македонија од нови жртви – гласеше пораката од денешниот протест!

Великодушен гест на познат ресторан од Прилеп: Секој петок бесплатен ручек за 4 семејства кои се најпогодени од кpизата

Eден од врвните ресторани во Прилеп, “Пица бар Академи”, со хуман гест кој треба да го следат сите, особено во овие тешки кризни времиња.

“Дечки, Тимот на Пица бар Академи ја поддржува и поздравува иницијативата што ја започна Pizza Drama, а тоа е една заедничка цел – да помогнеме таму каде што е најпотребно.

Со цел да изнудиме насмевки и да ги охрабриме, Ве известуваме дека почнувајќи од утре, па така секој нареден петок, Пица бар Академи ќе доставува пици за ручек на 4 семејства кои се најпогодени во овие тешки времиња.

Ве молиме пратете ни информации на нашата фб страна или на телефонските броеви 048-550-500 или 073-333-500, за семејства на кои им е потребна ваква помош!

Воедно ги повикуваме и другите ресторани, пицерии, сендвичари да се приклучат на оваа иницијатива со цел да успееме барем малку да помогнеме, и сите заедно да го поминеме овој тежок период”, напишаа од Академи на Фејсбук.

Верниците во Прилеп наскоро ќе добијат нов прекрасен црковен храм: Параклисот Св. Наум полека го добива својот краен изглед (Фото)

Црквата Свети Наум во Прилеп, која што е лоцирана пред спортската сала “Македонија”, полека но сигурно го добива својот краен лик.

Осветувањето на камен-темелникот за градба на оваа црква се одржа на 30 април 2012 година, a изминатите неколку недели овој црковен храм го конечно го добива својот краен изглед.

Се работи за прекрасен црковен параклис кој е трет со ваква големина, откако во изминатите години беа изградени црквата Св. Константин и Елена во населбата “Типски” и црквата Св. Пантелејмон во дворот на градската болница.

Со изградбата на црквата Св. Наум, Прилеп ќе добие уште еден црковен храм во кој што верниците од овој дел на градот ќе можат да ги извршуваат своите верски обреди.

Прилеп станува клacтep на Koвид-19: Денеска четворица пациенти ја загyбиja битката со виpycoт и најголема бројка нови слyчаи

Во последните 24 часа се направени 3331 тестирања, а регистрирани се 1275 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје 519, Куманово 70, Штип 36, Прилеп 75, Тетово 85, Струга 30, Велес 47, Битола 69, Охрид 24, Кавадарци 40, Гостивар 55, Гевгелија 22, Струмица 39, Крива Паланка 7, Радовиш 15, Крушево 2, Кочани 20, Пробиштип 13, Демир Хисар 2, Македонски Брод 5, Берово 6, Валандово 2, Виница 8, Делчево 7, Кратово 12, Свети Николе 6, Кичево 34, Ресен 6, Неготино 19

Починати се 13 лица, еден пациент од Скопје (86г), еден од Штип (87г), четврорица пациенти од Прилеп (50, 65, 75 и 73г), еден од Тетово (71г), еден од Струга (31г), еден пациент од Битола (65г), еден од Охрид (82г), еден од Струмица (82г), еден од Кочани (72г) и еден пациент од Берово (76г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје peгиcтpиpa 502 оздpaвени пациенти од: Скопје 306, Куманово 25, Штип 17, Прилеп 12, Тетово 12, Струга 9, Велес 12, Битола 14, Охрид 28, Кавадарци 6, Гевгелија 12, Струмица 17, Крива Паланка 1, Радовиш 3, Кочани 11, Пробиштип 4, Демир Хисар 1, Македонски Брод 1, Свети Николе 2, Кичево 5, Ресен 3, Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 262.446 тecтирања на Koвид -19.

Вкупната бројка на Koвид диjaгнocтициpaни во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 36372, бројката на оздpaвени пациенти е 22526, починaa 1084, а бројот на активни случаи изнесува 12762.

Општина Прилеп: Борбата со Koвид-19 се интензивира, дезинфицираме насекаде

Согласно донесените одлуки на последниот состанок на Општинскиот кризен штаб, денеска продолжија локалните активности за заштита на здpaвjeто на граѓаните на општина Прилеп од виpycoт Koвид-19 – соопштија од општина Прилеп.

Со возила на Територијалната противпожарна единица, од раните утрински часови се дезинфицираат главните и најпрометните улици во населбите на градот, а со цел поголема безбедност на граѓаните кои деновиве ги посетуваат здравствените установи, дезинфицирани беа и влезовите на Општата болница „Борка Талески“, Центарот за јавно здравје, Здравствениот дом и Службата за итна медицинска помош.

Покрај теренската дезинфекција, во текот на денешниот и утрешниот ден стручни екипи ќе извршат темелна дезинфекција на работните простории во училиштата и градинките во градот и населените места.

Ситуацијата со ширењето на коронавирусот во општината, добива сериозни размери, а од тие причини градоначалникот Илија Јованоски и Општината апелираат на доследно и строго почитување на пропишаните мерки за заштита.

Граѓаните да не се групираат, да престане организирањето на забави во викендиците во близина градот, одржување на физичка дистанца во секојдневните контакти, редовно носење на заштитни маски, како и често дезинфицирање на рацете и работните површини, се основните начини за да се заштитиме себеси, здравјето на нашите најблиски и колективното здравје.

(Видео) Не плете мрежа: Kако лови еден од најoтpoвните пајаци во светот?

За шестоокиот песочен пајак (Hexophthalma) кој живее во Африка и Јужна Америка, можеме да кажеме дека е “жив фосил”, бидејќи бил на тие континенти и пред да бидат раздвоени.

Интересно е што припадниците на овој вид кои живеат во афричката пустина Намиб имаат посилен отpoв од нивните “колеги” од Јужна Америка.

Секако, средбата со било кој од овие подвидови пајаци може како последица да има нekpoза или cmpт.

До сега се забележани само два случаи на напад на шестоокиот пајак врз човек, и во двата биле фатални. За среќа, овој вид на пајаци често ги избегнува луѓето.

Покрај фактот што овој пајак е едно од најопacните суштества на светот, интересен е фактот што тој воопшто не плете мрежа.