дома блог страница 231

“Камен ладно” на крајот на јануари: Поларен студ ќе ја зафати Европа

По декември со претежно стабилно време, јануари донесе студ и снег. Значителен дел од Европа моментално е покриен со снег, што создава услови за развој на ладен континентален антициклон и продолжување на зимските услови. Во исто време, се формира голем сибирски антициклон, кој кон крајот на месецот може да насочи многу студен, па дури и поларен воздух кон југ. Влијанието на атлантските циклони е ослабено, а во блиска иднина не се очекуваат долготрајни јужни ветрови, пишува IstraMet.

Прогнозите укажуваат на постепен развој на нова зимска ситуација. Почнувајќи од недела, температурите ќе се спуштат на просечни нивоа за овој период од годината, со бора и левант ветрови. Ова ќе биде вовед во период на постабилно и посончево време, со утрински минус температури и пријатни дневни температури. Не се очекуваат поголеми метеоролошки нарушувања во наредните денови.

Позначајна промена е можно да се случи кон средината на третиот дел од јануари, под влијание на постојан сибирски антициклон. Тој би можел да го премести поларниот воздух подалеку на југ, можеби дури до Медитеранот, при што дел од студениот воздух ќе стигне и до нашите региони. Сè уште е прерано за подетални прогнози.

Македонските ракометари го почнуваат настапот на ЕП, вечерва на мегдан со домаќинот Данска

Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот во Хернинг го игра првиот натпревар на Европското првенство, а противник ни е кодомаќинот Данска.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров, веќе неколку денови се во Данска, каде во вторникот го одиграа и последниот контролен дуел што го добија против Митјиланд.

Ова е вторпат на европски шампионат македонските ракометари на стартот да играат во Хернинг против Данска (првиот дуел беше во 2014 година). Ова е дуел од групата Б, а во првиот натпревар од 18 часот играат Португалија и Романија.

Нашите ракометари во недела од 18 часот играат против Португалија, а во вторник во истиот термин противник ни е селекцијата на Романија.

Пласман во следната фаза ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од групата.

Три вечери, три музички приказни за продолжениот викенд во Terasa – вам ви останува да резервирате навреме и да уживате

И кога мислевме дека празниците завршуваат – Terasa Pub Club го докажува спротивното! Пред нас е продолжен празничен викенд исполнет со врвна жива музика, одлична атмосфера и препознатливиот терaса-стил што одамна ги освои прилепчани.

🔴 Петок | 16 јануари
Викендот започнува со проверениот акустичен тандем Боби & Никола, кои со својата емоционална изведба и познати хитови ветуваат топла атмосфера и одличен вовед во викендот.

🔴 Сабота | 17 јануари
На сцената во Terasa за прв пат доаѓаат Dynamik – енергична свирка, препознатливи аранжмани и музика што се слуша, се пее и се чувствува. Совршена саботна ноќ за дружење до доцна.

🔴 Недела | 18 јануари
Празничниот викенд кулминира со G&G, дуо кое носи богат репертоар – идеално за неделна вечер со стил.

Terasa Pub Club и овој викенд нуди огромен избор на пијалоци, вкусни мезлаци и амбиент што повикува на уживање, смеење и музика во живо. Празничната атмосфера продолжува, а спомените се создаваат токму тука.

📞 Инфо и резервации: 070 304 967

Terasa Pub Club – местото каде викендите во Прилеп звучат најубаво.

Довербата има свој знак – Mint Store со беџ за верификуван е-трговец


PR објава

Со големо задоволство и гордост објавуваме дека Mint Store го доби беџот „Верификуван е-трговец“, од АЕТСМ (Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.), што претставува значајнопризнание за квалитетот, безбедноста и транспарентноста на нашето работење.

Овој беџ не е само визуелен симбол, туку јасна потврда дека Mint Store ги исполнува највисоките стандарди за сигурна и регулативно усогласенае-трговија. Тој гарантира дека купувачите можат да пазаруваат со доверба, знаејќи дека се на платформа која работи според најдобрите практики во индустријата. За нас, ова признание има особено значење.

Тоа е резултат на континуирана посветеност кон подобрување на корисничкото искуство, јасна и транспарентна комуникација, како и постојано унапредување на услугите што ги нудиме на Mint Store. Како дел од заедницата што ја гради иднината на онлајн купувањето во Македонија, веруваме дека довербата се гради со дела, а не со зборови.

Токму затоа, овој беџ го гледаме не како крајна цел, туку како обврска да продолжиме соусовршувањето на корисничкото искуство.Како платформа што обединува разновидна понуда на производи на едно место, остануваме фокусирани на нашата мисија -да овозможиме лесно, безбедно и пријатно онлајн купување.

Mint Store – Вашиот online трговски центар.

Акција на МВР – И во УЈП имало криминалци

Попладневната полициска операција која се спроведува низ целата држава почна да ги вади на површина првите детали. Според неофицијални информации кои ги пренесе Нетпресс, во досегашниот тек на акцијата се лишени од слобода над 10 лица, сите осомничени за организирано затајување данок и даночна измама од огромни размери.

Дел од осомничените се вработени во Управата за јавни приходи (УЈП), кои наводно ја злоупотребиле службената положба за да овозможат нелегални поврат на ДДВ и други даночни малверзации.

Од ОЈО ГОКК соопштија дека истражителите, со асистенција на МВР, продолжуваат со претреси на повеќе локации. Акцијата е резултат на долготрајна истрага за финансиски криминал и перење пари.

Веќе станa убава традиција: По шести пат празникот Богојавление Водици ќе се одбележи кај Плетварското езеро

И оваа година, по шести пат, на уникатен начин ќе се одбележи еден од поголемите христијански православни празници – Богојавление (Водици), со влегување во осветената вода на Плетварското Езеро кај Прилеп. Настанот се одржува во духот на православната вера, со желби за здравје, среќа и благослов во текот на целата година.

Годинешни кумови и домаќини на настанот се Никола Минчески и Стеван Димоски, кои продолжуваат по стапките на своите претходници. Тие ќе се погрижат за изградба на параклис на самото место, обезбедување топли напитоци за сите учесници и гости, како и соодветно место за пресоблекување на учесниците.

„Она што започна како едноставна идеја, денес прерасна во традиција со сè поголем број на учесници и сè поголем одзив. Голема благодарност до сите претходни и овогодишни домаќини кои несебично се вклучија во реализацијата на овој настан“, истакна еден од организаторите.

Организаторите упатуваат отворена покана до сите граѓани кои сакаат да бидат дел од овој прекрасен настан, во понеделник во 11:00 часот да присуствуваат на Плетварското Езеро.

Ристески за новиот закон на Владата против пушење: “Треба да се поддржи секој закон што го штити здравјето”

Треба да се има поддршка на секој закон што го штити здравјето на граѓаните, изјави денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој присуствуваше на настан во општина Кисела Вода.

Тој беше прашан дали е предвидена средба со угостителите во однос на најавениот закон против пушење.

-Новиот закон за пушење што е во најава е во надлежност на Министерството за здравство, а не на Министерството за економија и труд. Секако дека ќе има средби со угостителите и со сите со цел да бидат запознаени пред се од страна на Министерството за новиот закон. Јас сметам дека треба да се има поддршка на секој закон што пред се го штити здравјето на граѓаните и постепено законската регулатива да ја адаптираме и прилагуваме на европските законски регулативи, одговори Ристески.

Тешка сообраќајка помеѓу автомобил и мопед на ул. “Тризла” во Прилеп

-На 14.01.2026 во 10:55 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(38) и мопед управуван од Ш.И.(60), двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ш.И., констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.

Наумоски и Пелистер ја завршија соработката – прилепчанецот веднаш потпиша за друг клуб

Играчот од средниот ред, прилепчанецот Јорданчо Наумоски, нема да биде дел од екипата во продолжението од сезоната – информираат од битолскиот прволигаш.

Од ФК Пелистер му се заблагодарија за професионалниот ангажман и придонесот со настапите во зелено-белиот дрес.

Три дена од завршувањето на соработката со Пелистер, Наумоски стави потпис на договор со штипска Брегланица.

-Наумоски во пролетниот дел ќе биде дел од ФК Брегалница. Доаѓа како засилување во средниот ред. Има 30 години, кариерата ја започна во ФК 11.Октомври во Прилеп, потоа настапуваше во Данска, во подмладокот на Брондби. Уште има настапувано за Металург, Победа, Тиквеш, а во нашиот клуб доаѓа од битолски Пелистер, напишаа од Брегалница на социјалните мрежи.

Најатрактивните жени се родени во овие четири хороскопски знаци

Атрактивноста во астрологијата не е поврзана само со физичкиот изглед, туку и со енергијата, ставот и начинот на кој некој се претставува пред светот. Некои жени природно привлекуваат внимание штом се појават, без да мора да вложат никаков посебен напор или да се истакнат. Нивната харизма често доаѓа од самодоверба, емоционална длабочина или посебен шарм што е тешко да се објасни со зборови. Според астрологијата, таквата енергија особено често се поврзува со одредени хороскопски знаци.

1. Лав – Жените родени под овој знак зрачат со самодоверба што е речиси невозможно да се игнорира. Нивниот изглед остава силен впечаток, без разлика дали е тоа во нивната положба, погледот или начинот на кој зборуваат. Привлечноста доаѓа од самодовербата и чувството на познавање на сопствената вредност. Тие често изгледаат топли, отворени и пријателски расположени, што дополнително го зголемува нивниот шарм. Нивната енергија е заразна и природно ги привлекува луѓето.

2. Шкорпија – Привлечноста на жените родени под овој знак е длабока, интензивна и малку мистериозна. Нивниот поглед и говорот на телото често оставаат силен емотивен впечаток. Тие не освојуваат површно, туку полека и силно, создавајќи чувство на магнетизам. Нивното присуство може да биде тивко, но исклучително моќно. Токму оваа комбинација од мистерија и страст ги прави особено неодоливи.

3. Вага – Жените родени под знакот на Вага се познати по својата софистицираност и природно чувство за хармонија. Нивната привлечност лежи во нивната елеганција, мазност и способност лесно да се прилагодат на различни ситуации. Тие изгледаат пријатни, смирени и естетски пријатни, без напор. Нивниот шарм често се манифестира во нивните добри манири и стил на комуникација. Ова ги прави да изгледаат како личност со која е лесно да се биде во близина.

4. Бик – Жените родени под овој знак зрачат со смиреност и сензуалност што е многу привлечна. Нивната енергија е стабилна, топла и заземјена, што создава чувство на сигурност кај другите. Привлечноста доаѓа од тоа што се природни и автентични, без потреба од прекумерно нагласување. Тие често оставаат впечаток на личност која знае како да ужива во животот и во малите нешта. Токму оваа опуштена и пријатна енергија ги прави особено привлечни.