дома блог страница 2309

(Видео) Еве како се славеше пред куќата на Горан Пандев во Струмица

Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во својата историја обезбеди учество на едно големо натпреварување.

Предводени од капитенот Горан Пандев, „црвено-жолтите“ вчера во Тбилиси, во баражот за Европското првенство 2020, ја совладаа Грузија со 1:0.

По победата се славеше низ целата земја, а додека се чекаа фудбалерите да се вратат дома рано утрово, вчера пред куќата на Горан Пандев се случуваше вистинска навивачка атмосфера.

На социјалните мрежи се шират и видеа од атмосферата пред домот на капитенот каде се скандираше неговото име и презиме.

Видеото е објавено на Инстаграм профилот Дарко Влогс, уживајте.

(Фото) Ибрахимовиќ се потсети на балканските корени

Велат дека без ралика каде си стигнал, никогаш не заборавај од каде си почнал.

Златан Ибрахимовиќ, Швеѓанецот со босанско потекло денес е еден од најдобрите фудбалери во светот. Многу често Златан зборувал за своите балкански корени и неговото тешко детство. Во еден дел од неговата книга се потсетува за тоа колку било тешко да се живее во Шведска како балкцанец, поради дискриминација и омаловажување.

Но, денес Златан е на врвот, запишан со златни букви во фудбалската историја и неговото име ќе го учат новите генерации како пример за борба, истрајност, талент и успех.

Ибрахимовиќ го освои светот, но не заборавил од каде започнал, а тоа го докажа споделувајќи фотографија на социјалните мрежи на која пишува “Балкански корени”:

Aко мислевте дека крајниот говор му беше моќен, слушнете го уште еднаш воведот на почетокот од натпреварот (Видео)

Македонскиот спортски коментатор и новинар, Тони Стојановски, со својот моќен и емотивен говор на крајот од синоќешниот натпревар помеѓу Грузија и Македонија, ја освои целата нација.

Но, ако мислевте дека крајниот говор му беше силен и моќен, слушнете го уште еднаш воведниот, пред почетокот на натпреварот.

Пандеви се гордоста на Струмица: Еве како Сашко Пандев, го славеше погодокот за историја на својот брат (Видео)

Првото славје синоќа започна во родната Струмица на Горан Пандев

Неговиот помал брат Сашко Пандев славеше со “Бисер балкански”, a изведбата беше на Џамбо и оркестар Агушеви.

Германија, Франција и Португалија во иста група: Познати целосните групи за Европското првенство идната година

После синоќешните плеј оф натпревари на кои учество на Европското првенство во 2021 година обезбеди и Македонија, познати се сите учесници во групната фаза

Во Група А ќе играат Турција, Италија, Велс и Швајцарија.

Група Б: Данска, Финска, Белгија и Русија

Во Групата Ц ќе се натпреварува нашата репрезентација, а противници ќе и бидат Украина, Австрија и Холандија.

Група Д: Англија, Хрватска, Шкотска и Чешка. Србија синоќа имаше голема шанса на свој терен да избори пласман во оваа група и да гледаме вистинско гостинско дерби на Европското првенство, но загуби од Шкотска на пенали, откако во регуларниот дел натпреварот заврши нерешено 1:1.

Група Е: Шпанија, Шведска, Полска и Словачка

Група Ф ќе биде најинтересна и веќе го носи називот “група на смртта”. Tука силите ќе ги одмерат Унгарија, Германија, Франција и Португалија.

Најсилниот Фејсбук статус за Горан Пандев: “Правел “мали деца” и од Буфон и Касиљас, дал еден тон голови…”

Фејсбук статус на Богдан Илиевски

“Дал еден тон голови. Истурил стотици кила пот. Истрчал илјадници километри на теренот. Одиграл повеќе мечеви него ние на плеј стејшн.

Бил шампион на Европа и шампион на Светот со неговиот Интер. Правел „мали деца“ и од Буфон и Касиљас… па сепак, самиот тој вели дека никогаш не бил посреќен од вечерва. Зошто?

Затоа што донесе радост за цел народ. Затоа што знае луѓе „што направивме“. Затоа што знае дека ние тоа го заслужуваме, а тој истовремено е и наш слуга и наш лидер.

Затоа што ја однесе на Европско неговата, нашата МАКЕДОНИЈА.

Голем човек си ти, Горан Македонски. Големи се и твоите соборци и браќа. „Едно име имаме“ и „Бисер Балкански“ се пееа вечерва во Тбилиси. Колку да знаат сите кој е моторот кој не движи, кој е пирејот кој не може да исчезне, кој е духот кој постоел и ќе постои.

Да сте живи и здрави! Да живее Македонија!”

Денешните бројки нajцpни дoceга: Ова е дневниот кopoна билaнc во Прилеп

Во последните 24 часа се направени 3315 тecтиpaња, а peгистрирани се 1295 нови случаи на Koвид-19 во: Скопје 539, Куманово 55, Дебар 3, Штип 36, Прилеп 92, Тетово 83, Струга 35, Велес 40, Битола 50, Охрид 26, Кавадарци 34, Гостивар 72, Гевгелија 24, Струмица 23, Крива Паланка 7, Радовиш 3, Крушево 3, Кочани 32, Пробиштип 7, Демир Хисар 16, Пехчево 2, Берово 11, Виница 7, Делчево 5, Кратово 6, Свети Николе 13, Кичево 40, Ресен 13, Неготино 18

Починати се 26 лица, шест пациенти од Скопје (88, 80, 60, 63, 69 и 74г), еден од Куманово (86г), еден од Штип (76г), пет пациенти од Прилеп (48, 61, 73, 36 и 74г), двајца од Тетово (76 и 77г), пациент од Струга (86г), шест пациенти од Битола (81, 76, 74, 71, 88 и 82г), еден од Охрид (72г), двајца од Кавадарци (77 и 77г) и еден пациент од Свети Николе (62г).

Денеска Институтот за јавно здравje peгистриpa 429 оздpaвени пациенти од: Скопје 190, Куманово 25, Штип 18, Прилеп 40, Тетово 30, Струга 1, Велес 26, Битола 11, Кавадарци 12, Гостивар 14, Гевгелија 13, Струмица 23, Крива Паланка 1, Крушево 1, Кочани 8, Пробиштип 1, Демир Хисар 1, Берово 1, Свети Николе 3, Кичево 4, Ресен 1, Неготино 5

Досега во земјата се направени вкупно 283.085 тecтиpaња на Koвид-19.

Вкупната бројка на Koвид диjaгнocтициpaни во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 43835, бројката на оздpaвени пациенти е 25782, починaa 1238, а бројот на активни слyчаи изнесува 16815.

Само Македонец со големо срце може вака да распали и да си каже се’ што му тежи на душата (Видео)

Спортскиот коментатор Тони Стојановски ја освои целата спортска јавност со неговиот говор после победата на Македонија над Грузија.

Само Македонец со големо срце може вака да распали и да си каже се’ што му тежи на душата!

Погледнете:

(Видео) “Излези момче право на тераса” грмеше во прес салата во Тбилиси: Несторовски и Елмас се качија на маса

Спортскиот портал “Dribling.mk” се вклучи во живо од салата за прес конференции во “Динамо арената” во Тбилиси

Што се случуваше понатаму погледнете во продолжение:

Прилеп на нозе! Слават Македонците, се веат знамиња, прекрасна еуфорија! (Видео)

Голем број прилепчани со автомобили и знамиња, излегоа вечерва низ улиците и го прославуваат историскиот пласман на Македонија на Европското првенство.

Свират редици автомобили, се веат знамиња, македонските фудбалски репрезентативци го исполнија сонот на цела нација.

Македонија на Европско!