Германија, Франција и Португалија во иста група: Познати целосните групи за Европското првенство идната година

После синоќешните плеј оф натпревари на кои учество на Европското првенство во 2021 година обезбеди и Македонија, познати се сите учесници во групната фаза

Во Група А ќе играат Турција, Италија, Велс и Швајцарија.

Група Б: Данска, Финска, Белгија и Русија

Во Групата Ц ќе се натпреварува нашата репрезентација, а противници ќе и бидат Украина, Австрија и Холандија.

Група Д: Англија, Хрватска, Шкотска и Чешка. Србија синоќа имаше голема шанса на свој терен да избори пласман во оваа група и да гледаме вистинско гостинско дерби на Европското првенство, но загуби од Шкотска на пенали, откако во регуларниот дел натпреварот заврши нерешено 1:1.

Група Е: Шпанија, Шведска, Полска и Словачка

Група Ф ќе биде најинтересна и веќе го носи називот “група на смртта”. Tука силите ќе ги одмерат Унгарија, Германија, Франција и Португалија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.