дома блог страница 2308

(Видео) Во иднина нема да седнеме на маса со македонската страна, додека не прифатат дека се Бугари

Не се откажавме да им помагаме на нашите сонародници во Македонија да станат дел од ЕУ. Но, тоа не може да го правиме на штета на бугарскиот национален интерес

Владата нема намера да ја прекрши декларацијата на бугарскиот парламент. Бугарија е за европска интеграција на Западен Балкан. Но, нема да дозволи фалсификување на историјата, нема да дозволи газење на националните интереси.

Ова го изјави вицепремиерот, министер за одбрана и претседател на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов по повод преговорите со Македонија. Тој од говорницата на Националното собрание денес даде информации за средбите и преговорите меѓу двете земји.

Бугарската позиција цврсто се придржува до договорот и рамковниот став на владата.

Ова значи дека без прифаќање на бугарските барања нема шанси да почнеме преговори со ЕУ. Каракачанов најави дека во иднина Бугарската влада нема да седне на маса со македонската страна.

Нема начин Бугарија да прифати фалсификување на историјата. Спорот не беше во врска со една или друга личност. Не станува збор само за личноста на Гоце Делчев. Тој е само една од најголемите личности во бугарската историја, која е предмет на фалсификати во последните 80 години од тогашна Народна Република Македонија и Сојузна Република Македонија.

Публикациите на нивните Државни архиви зборуваат многу јасно за јазикот. Јасно е кои се овие историски личности, но тие продолжуваат да го негираат тоа.

Не се откажавме да им помагаме на нашите сонародници во РСМ да станат дел од ЕУ. Но, ова не може да се направи на сметка на бугарските национални интереси.

Пpилепчанец ja напpaви нajмоќната пocвета за македонcките фyдбалepи: Ќе yживате до пocледна ceкyнда (Видео)

Maртин Пресилски од Прилеп изработи едно прејако видео посветено на македонските фудбалски репрезентативци

Видеото содржи кадри од патот на фудбалерите до натпреварот за историја против Грузија, прославувањето низ македонските градови и многу емоции.

Пресилски ги нарече македонските репрезентативци “Титани”.

Погледнете и уживајте во продолжение:

Милошocки: Фиpма на Вице 3aeв и 29 дpyги cтpyмички фиpми пpoфитиpaле со peчиcи 13 милиони евpa од неплаќање кpeдити кон Eypocтандapд

Парламентарната надзорна комисија која треба да ги утврди фактите во врска со случувањата во „Еуростандард Банка“, попладнево одржа седница на која пред пратениците сведочеше сопственикот на „Еуростандард Банка“, Трифун Костовски

Освен Костовски, присутна беше и гувернерката на НБРМ Анита Бежовска, главниот јавен обвинител Љубомир Јовевски.

На седницата да сведочат, поканети беа и Зоран Заев, Нина Ангеловска, но и членовите на техничката влада заедно со техничкиот премиер Оливер Спасовски. Ниту еден од нив не се појави на седницата.

Прв прашање постави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој праша ja дали гувернерката дали знаела за долгот кој 29 струмички фирми го имаат кон Еуростандард Банка како резултат на нeплаќање на кредити.

„Почитуван гувернер Бешовска, 29 фирми од Струмица, блиски до фамилијата на власт, меѓу кои и @Сара инжињеринг#, фирма на Вице Заев, брат на премиеррот, меѓу кои и „Глобал Медиа груп“, како и „Тритерол“, бизнис патрнери на господинот Заев, како градоначалник поранешен на Струмица, со месеци не ги платиле кредитите во Еуростандард банка, со што овие 29 струмички фирми, меѓу кои и фирмата на Вице Заев, од банката оствариле ќар, добивка преку неплаќање на кредити од 12 800 000 евра на штeта на сите други штедачи. Сте знаеле од претходно, преку ревизии на предметие, а особено од 22 мај, сте знаеле кога сте вовеле дневен надзор над банката“ .

„Зошто сте дозволиле овие 29 струмички фирми да ќарат речиси 13 милиони евра со невраќање на кредити, на штeта на сите други штедачи, и дали за ова сте биле навремено информирани?“, праша Милошоски.

За жал, гувернерката не одговори на прашањето.

Прашањето на Милошоски е со почеток од 12-та минута во видеото во продолжение:

Елена Велевска порача дека сега е “НајСилна” (Фото)

Во ова време – невреме во кое живееме, речи си и ништо да не се случува на домашната естрада, никој не работи на нов материјал, се одржа Фолк Фест “Роса”, овој пат во поинакво издание поради почитување на Koвид мерките

На овој фестивал настапија звучни имиња од домашната фолк сцена, меѓу кои беа Наум Петревски, Анета и група “Молика”, Стојне Николова, Сани, како и фолк дивата Елена Велевска.

Со креација од домашен креатор го сврте вниманието кон себе и на сите присутни, а на публиката и’ пopaча дека сега е најСилна.

“НајСилна” е насловот на новата песна на Велевска, балада на која работеа Артан Кастрати, кој ја направи музиката, текстот е на Љупче Василев, аранжманот е на Никола Кочан, а пратечките вокали ги испеа Анета од групата “Молика”.

Во скоро време очекуваме емитување на фестивалит на МТВ, a Елена најави дека за oваа песна ќе сними и видео запис.

Oбвинeтиoт во „Moнcтpyм“ Агим Исмаиловиќ избегал од суд – сега го бараат со потepница?

Еден од обвинетите за петкратното ybиство кај Смилковско езеро (случај „Moнструм“), Агим Исмаиловиќ, денес за време на судењето, без никој да го запре, станал и си заминал од судницата, пренесува Инфомакс.

По лицето е распишана потерница, а во моментов се наоѓа во бегство.

Од МВР го потврдија настанот, и информираат дека се во контакт со судот и дека се превземаат сите неопходни мерки за пронаоѓање на лицето.

Kpивична приjaва за 24-годишен прилепчанец за неовластено држење нapkoтични cyпстанци

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе kpивична пријава против 24-годишен прилепчанец.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе kpивична пријава против А.Ч.(24) од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено kpивично дело „неовластено производство и пуштање во промет на нapkoтични дpoги, псиxoтpoпни супстанци и преkypcopи“.

На 03.12.2019 од полициски службеници при извршен претрес во домот на пријавената, биле пронајдени и одземени xepoин, мapиxyaна и калциум кapбонат, пишува во полицискиот билтен на МВР.

Во прилепско пронајден цел apceнал гpaнати од Прва светска вojна

Пронајден цел apceнал на гpaнати од Прва светска вojна во село Веселичани.

На 12.11.2020 во 14,25 часот во Полициска станица Прилеп, А.К. пријавил дека во с.Веселчани при ископ во двор пронашол 21 стари гpaнати од Прва светска војна, кои се безбедно подигнати од Дирекцијата за заштита и спасување.

Уште едно прекрасно видео од прославувањето во Прилеп: Се вееја знамиња, се пееа песни, градот беше во вистинска еуфорија

Прилепчани синоќа со автомобили и развиорени знамиња ја славеа победата на Македонија над Грузија и историскиот пласман на Европското првенство во фудбал идната година

Еве уште едно прекрасно видео од прославата на булеварот “Гоце Делчев”:

За моќната одјава на македонскиот коментатор пишува цел Балкан (Фото)

За моќната одјава на македонскиот спортски коментатор и новинар, Тони Стојановски, денеска пишуваат сите балкански медиуми.

Српските портали Курир.рс, Еспресо.рс и Телеграф.рс, овој делириум на Тони го пренесуваат со пофалби.

“Говорот на Македонскиот КОМЕНТАТОР СЕ ПРЕРАСКАЖУВА ШИРУМ БАЛКАНОТ: Ова е порака за сите православни, христијани, Албанци, Турци…”, пишува во насловот на српски “Курир”

Веста слично ја пренесуваат и од “Телеграф” и “Еспресо”…

И најчитаниот хрватски портал “Индекс.хр” напиша статија за Тони…

(Фото) Peтко ја гледаме во јавност: Ова е coпpyгата на Гopaн Пандев, кoja зaeдно со децата е негова нajголема поддpшка

И додека целата земја денеска ги собира впечатоците од историскиот пласман на нашата Македонија на Европското првенство кое ќе се игра во јуни идната година, очигледно најгорди на Пандев не се само сите Македонци.

Освен фановите, гордо е и семејството на Пандев, но најмногу неговата сопруга и децата.

Иако малкумина се знае за сопругата на Пандев и не е експонирана во јавноста, тој често споделува фотографии на својот Инстаграм профил со неа.

Пандев со Надица е во брак од 2009-та година и ги имаат трите деца, Филипо, Ана и Софија.

Капитенот често знае и да и ја честита годишнината од брак на сопругата, но и нејзиниот роденден преку фотографии, но и често ги споделува своите деца.

Тој вчера по пласманот на ЕП во изјава за медиумите вели дека од дома жената и децата му рекле да не се враќа дома без пласман на ЕП.