Најсилниот Фејсбук статус за Горан Пандев: “Правел “мали деца” и од Буфон и Касиљас, дал еден тон голови…”

Фејсбук статус на Богдан Илиевски

“Дал еден тон голови. Истурил стотици кила пот. Истрчал илјадници километри на теренот. Одиграл повеќе мечеви него ние на плеј стејшн.

Бил шампион на Европа и шампион на Светот со неговиот Интер. Правел „мали деца“ и од Буфон и Касиљас… па сепак, самиот тој вели дека никогаш не бил посреќен од вечерва. Зошто?

Затоа што донесе радост за цел народ. Затоа што знае луѓе „што направивме“. Затоа што знае дека ние тоа го заслужуваме, а тој истовремено е и наш слуга и наш лидер.

Затоа што ја однесе на Европско неговата, нашата МАКЕДОНИЈА.

Голем човек си ти, Горан Македонски. Големи се и твоите соборци и браќа. „Едно име имаме“ и „Бисер Балкански“ се пееа вечерва во Тбилиси. Колку да знаат сите кој е моторот кој не движи, кој е пирејот кој не може да исчезне, кој е духот кој постоел и ќе постои.

Да сте живи и здрави! Да живее Македонија!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.