дома блог страница 229

Без закажување термин до најубавите новогодишни фотографии! Дедо Мраз и оваа година ги чека вашите најмали во “ФОТО ДАНО”

Во “ФОТО ДАНО” и оваа година царува вистинска снежна бајка, која посебно ќе ги израдува најмалите. За фотографиите и квалитетот на услугата да не правиме збор – “ФОТО ДАНО” со години се меѓу најдобрите и знаат само за задоволни муштерии.

И оваа година ФОТО ДАНО ви нуди фотографирање со Дедо Мраз без закажување на термин, и тоа: секој работен ден од 12:00 до 20:00часот, а во саботите од 10:00 до 15:00часот.

Сите фотографии ги добивате електронски, а три фотографии по ваш избор во хартиена форма со димензии 13×18.

Цената одговара за сечиј џеб и чини само 400 денари. Започнуваат од 15.12.

Ќе ги најдете на улица “11-Октомври” – во новата зграда “Табана”. Вашиот семеен албум дополнете го со прекрасни новогодишни фотографии изработени од професионалци.

Уште еден прилепчанец на ѕидот на срамот на МВР: Фатен како вози пијан на ул. “Кеј 19 Септември”

-На 06.12.2025 на ул. „Кеј 19 Септември” во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Г.В.(52) од Прилеп. При вршење на сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „ланд ровер” со прилепски регистарски ознаки, при што било констатирано дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени биле 1,59 промили алкохол во крвта – информираат од МВР.

“Нотите на животот” – документарен филм за момчето со ангелски глас од Прилеп (ВИДЕО)

Ученици од СОЕПТУ “Кузман Јосифоски-Питу” Прилеп, заедно со нивните ментори, направија прекрасен краткометражен документарен филм за нашиот талентиран сограѓанин, а нивни поранешен ученик, Филип Николоски, момчето со ангелски глас и секогаш ведра насмевка.

Ако претходно беше познат за сите во Прилеп, со неговиот најнов хит „Само на добро нека е“, кој го изведе и на јубилејниот концерт на групата “Меморија”, Филип стана популарен во цела Македонија, а неговата песна постојано се врти на радио станиците.

Филмот во продолжение кој е насловен како “Нотите на животот”, беше објавен на 3. декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, а во неговата реализација учествуваа: специјалниот едукатор Гордана Стојкоска (идеја и сценарио), учениците Петар Јошески и Душко Илиески (камера, монтажа и режија), како и професорките Цеца Видова Трајческа и Весна Миланоска.

Погледнете во продолжение и споделете:

Македонец избран за епископ во Грција

Бранко Миовски, кој во монашкиот живот го носи името Бенедикт, е роден во Скопје во 1989 година. По завршувањето на студиите на Богословскиот факултет при МПЦ-ОА, во 2014 година заминува за Грција, каде што стапува во монашка заедница на старокалендарската традиција.

На 14 јануари 2015 година, во манастирот каде што се подвизува, е замонашен од Архиепископот Калиник, поглаварот на Атинската катедра. Неговата служба подоцна го води и надвор од Европа: во 2018 година како јероѓакон заминува во САД, каде престојува во манастирот на Свети Јован Максимович во Њујорк под духовно раководство на Митрополитот Димитриј, Американски егзарх на оваа црква.

Синодот на Црквата на вистинските православни христијани на Грција, позната и како грчка старокалендарска црква – основана уште во 1935 година како отпор кон воведувањето на новиот календар – на 28 февруари 2024 година го избира Бенедикт за викарен епископ на Митрополитот Димитриј. Неговата титула е поврзана со древната епархија Асторија.

Од март 2024 година тој официјално ја извршува оваа епископска служба.

Извор: religija.mk

Обилните врнежи ја заматија водата во Кавадарци – пред консумирање мора да се преврива

Заматена е водата за пиење во Кавадарци поради обилните дождови, информираaт од јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци. Апелираат до граѓаните водата да се преврива пред употреба.

– Поради обилните дождови на изворите Лукар, известуваме дека водата во градскиот водовод е заматена и пред консумирање потребно е да се преврива. Во корелација со Центарот за јавно здравје Кавадарци, состојбата се следи и дополнително ќе известиме кога ќе се нормализира состојбата со водата, велат од „Комуналец”.

Популарното “Кај Зеро” порасна: На истата локација во Прилеп, “НИКИ КОМЕРЦ” сега е нов модерен дисконт со огромен избор

Над 20 години традиција и успешно постоење – “НИКИ КОМЕРЦ” е прилепски бренд што нема кој не го знае и барем еднаш не го посетил. Веќе погодувате тоа е популарниот дуќан за алкохолни и безалкохолни пијалоци – попларното кај народот “Кај Зеро”.

Сопственици се браќата Коста и Никола Зероски, еснафи прилепчани, трговци кои на своите сограѓани од 27.08.2003 па до денеска, секогаш им ја нудат најдобрата понуда на пијалоци и по најниски цени во градот.

Првата асоцијација кога ќе се спомне “НИКИ КОМЕРЦ” кај Зеровци, е секојдневни акциски цени, огромен избор на пиво, алкохолни и безалкохолни пијалоци, но и избор на луксузни жестоки пијалоци совршени за подароци, внимание, почит…кои единствено можат да се најдат таму.

Популарниот дуќан, сега порасна во голем ДИСКОНТ. “НИКИ КОМЕРЦ” отсега на истата локација се простира на 200 метри квадратни. Еден одличен амбиент за пазарување, широк простор и уште поголем избор. Со еден збор, НЕМА ШТО НЕМА!

Традицијата продолжува, приказната за прилепскиот бренд продолжува да расте, а вие, вие повелете посетете ги и уверете се!

Заедно да им го честитаме новиот успех на браќата Зероски, кои остануваат трговци за респект!

Следете ги редовно на социјалните мрежи: ФЕЈСБУК и ИНСТАГРАМ и редовно и навремено информирајте се за сите акциски цени и понуди.

Национална стратегија за следната деценија: Конгресот на ВМРО ДПМНЕ донесе нова визија за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ го одржа редовниот 18-ти конгрес на кој беа потврдени досегашните успешни политики, под водство на претседателот Христијан Мицкоски, кои го трасираат патот на раст и развој на државата во успешна, модерна и просперитетна Македонија, велат во партиското соопштение од владејачката партија.

Како носител на државноста, ВМРО-ДПМНЕ на партискиот конгрес отвори ново поглавје на политичкото делување, донесе важен документ, Стратегија 2025-2030 пропратено со нова парадигма, идеолошки кодекс на партијата и договор со граѓаните.

Тоа е визија за стабилна, продуктивна, правична и европски позиционирана држава, со економија што расте на знаење и труд, со институции што опстојуваат над политичките циклуси, со самосвесен национален идентитет, со зелен и технолошки развој, и со општество што верува во заедничката иднина.

Со усвојувањето на Стратегијата, ВМРО-ДПМНЕ создаде нешто што е повеќе од политички документи, тоа национален патоказ и рамка што ќе ја стабилизира државата, ќе ја европеизира без да ја разредува, ќе ја зајакне без да ја изолира, што ќе ја направи конкурентна без да ја изгуби својата духовна и историска вертикала.

Ова платформа не е обичен документ, туку национален договор што треба да го дефинира животот на државата и развојот на партијата во следната деценија. Тоа е рамката што ја става Македонија во европската иднина без да ја загуби својата историска вертикала, патоказ што гарантира стабилни институции, модерна економија, почитувана дипломатија и самосвесна држава.

Стратегијата овозможува да се чува и негува историското наследство на македонската државност создадена низ долг и тежок процес, затоа што Македонија може да биде европска само ако е стабилна во својата самосвест и сигурна во сопствениот идентитет.

Визијата за современа Македонија почива на јасни принципи, држава што го чува својот идентитет, што ја брани својата суверена позиција и ја гради својата европска перспектива врз основа на партнерства, реформи и достоинствено претставување.

Македонија на идните генерации значи развиена и силна економија, каде домашните компании ќе станат мотор на растот, индустрии базирани на знаење, напредни ИКТ технологии, вештачка интелигенција, дигитализација и автоматизација, предвидлива фискална политика.

Токму во оваа рамка се содржани надежта, реализмот и одговорноста што мора да ја водат политиката во следната декада, тоа е визија која треба да ја гради државата за генерацијата која доаѓа.

Македонија може и мора да биде силна, конкурентна и стабилна држава. Тоа бара работа, постојаност и политичко лидерство што не се води од дневни импулси, туку од стратешка мисла.

ВМРО-ДПМНЕ не пишува програма, ВМРО-ДПМНЕ создава договор со иднината, се вели во соопштението на партијата.

Посно, а раскошно – Во La Piazza постот станува вистинско гурманско уживање, еве што морате да пробате (Фото галерија)

Ресторан со италијанска душа во строгиот центар на Прилеп, угостителски бренд и репрезент на градот под Марковите Кули кој раскажува една поинаква вкусна гастрономска приказна.

Погодувате веднаш, станува збор за LA PIAZZA, пица-ресторанот кој е вкусна навика не само на прилепчани, туку и на секој гостин во нашиот град.

Со цел да излезе во пресрет на сите нивни ценети гости, тимот на ресторанот подготви неодоливо посно мени, кое ќе им се допадне на сите оние кои деновиве до Божик ги поминуваат во пост.

Одлична понуда на риба, тестенини, грилован зеленчук, рижото,  посни додатоци и секакви свежи салати…

Ако сте за нешто специјално и несекојдневно за нашето поднебје, опло ви ги препорачуваме ракчињата во црвен и алфредо сос, или маестралните саганаки.

Кој рече дека вистински гурман и вљубеник во добра кујна, не може убаво да се нагости и со посна храна?

Уживајте во секој ден! Тимот на La Piazza ве очекува!

 

ЈКП “Долнени” доби нов директор: “Нема да користам службено возило, ниту средства за репрезентации”

Новиот градоначалник на Општина Долнени, Блерим Ислами го именуваше Џемалудин Џафeроски за директор на Јавно Комунално Претпријатие „Долнени“.

Младиот градоначалник како кандидат на ВЛЕН ја презеде власта од ДУИ по вториот круг на локалните избори, а поставувањто на Џафероски за нов директор во ова претпријатие е една од неговите први поголеми одлуки.

По преземањето на функцијата, Џафероски јавно соопшти дека ќе работи по принципи на штедење и одговорност, при што истакна дека нема да користи службено возило, нема да користи средства за репрезентации, како и дека службениот телефон нема да го употребува за лични потреби.

Прилепските Ротари се збратимија со колегите од Лесковац (ФОТО)

На ден 29.11.2025 година, Ротари клубот Прилеп се збратими со Ротари клубот Лесковац од Србија, на денот на прославата на 90-годишниот јубилеј од формирањето на овој клуб. Истовремено, овој датум е значаен и од историски аспект, имајќи го предвид фактот дека многу години двата народи го прославуваа како Ден на републиката.

На свеченоста, од страна на претседателите на двата клуба (Орде Ѓорѓиоски и Атанасијевиќ) беше потпишан меморандум за соработка, а беа врачени и плакети и пригодни подароци. Од страна на членовите на Ротари клубот Лесковац, беше направена кратка презентација за историјата од формирањето на овој клуб, па сè до денешен ден, за што е издадена специјална публикација.

Чинот на збратимувањето е само почеток на едно долгогодишно пријателство помеѓу членовите на двата клуба, взаемна почит и инспирација за служење во заедницата и регионот во кој живееме и работиме. Претставниците на двата клуба дополнително одржаа и заеднички состанок на 30.11.2025 година, во рамките на кој изразија подготвеност за интензивна комуникација и отпочнување соработка на конкретни проекти во наредните неколку месеци. Фокусот беше ставен на разгледување на можноста за вклучување во проект за доделување глобал грант од Ротари фондацијата, а со цел да се реализира сериозен проект од значење за двата градови.