Хумана акција на прилепскиот фризерски еснаф која вродува надеж: Донирана голема количина овошје за пациентите и медицинскиот персонал (Фото)

Прилепскиот фризерски еснаф и прилепските спортисти со потег кој треба да го поддржат сите хумани граѓани и компании.

Денеска пред општата болница “Борка Талески” во Прилеп, фризерите, берберите, козметичарите…, потпомогнати од спортисти, донираа голема количина вода и овошје за пациентите и медицинскиот персонал.

Хуманата мисија беше поддржана од повеќе граѓани, како и од дел од фирмите.

Се собра голема количина на овошје и вода кои се неопходни за болните пациенти од кopoнавиpycoт, но и за лекарите, мецисинските сестри и целиот медицински персонал, кои се борат за секој живот во болницата.

Секоја чест! Се надеваме дека оваа акција ќе биде поттик за сите хумани граѓани и фирми да продолжат со донирање и помош и во наредните денови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.