Ова е за рубриката “верувале или не”: Се налутил и нема да игра на мечот во Лигата на шампиони, бидејќи во автобусот не седел на “неговото место”

Напаѓачот на Бриж, Емануел Денис, од бизарни причини ќе го пропушти мечот во Лигата на шампиони против Борусија Дортмунд.

Верувале или не, нигерискиот фудбалер пред тргнувањето за Германија истрчал бесен од автобусот, бидејќи не му било дозволено да седи на местото кое го сакал.

Се налутил и демонстративно ги напуштил соиграчите кои биле шokирани.

Имено, Бриж воведе посебни мерки во бopбата пpoтив пандемиjaта со кopoна виpycoт, па во клубскиот автобус забраниле играчите да ги користат сите седишта, како би се почитувала социјална дистанца.

“Денис е здрав, но не е во тимот. Не сакаше да ги почитува клубските правила, тоа е се што можам да кажам. Сакам да се посветам на играчите кои ги имам во тимот”, рече тренерот на белгискиот тим, Филип Клемон.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.