дома блог страница 2271

Kилометарски колони вечерва во Прилеп: “Нема да им дозволиме да ја продаваат државноста и нашите херои” (Видео)

Прилепчани и вечерва во огромен број се одзваа на повикот за протест од ВМРО-ДПМНЕ.

Километарска колона со автомобили се создаде низ прилепските улици, а граѓаните бараат оставка на премиерот Зоран Заев, поради како што велат пазарџиската и сервилна политика во договорите со Бугарија.

Ова е втор протест во Прилеп после интервјуто на премиерот за бугарската “БГНЕС” каде тој истакна дека Бугарија не била окупатор во Втората светска вojна, туку администратор.

Од партијата велат дека протестите ќе продолжат и во наредниот период, се додека оваа, како што велат, предавничка власт не падне.

“Револуционерната и Народноослободителната борба се втемелени во нашата државност и никако не смееме да дозволиме потпишување на нови парчиња хартија, со кои ќе се избрише, или деградира жртвата и делото на стотици и стотици паднати борци.

Затоа денеска повторно го организираме овој масовен протест, со цел да и покажеме на оваа предавничка власт дека Македонија и Македонците се живи, се борат и ќе се изборат за своите правдини!

Сега е моментот да го изразиме нашиот револт за да не биде предоцна! Сега е моментот кога ни треба обединување за спас на Македонија и спас на борбата на нашите предци”, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Метеор падна во Прилеп на улица? (Фото)

Веројатно и друго логично објаснување за ова нема…

“Бравос” за мајсторот кој свесно или несвесно ја поставил оваа препрека на патот…

Kина му ветува на светот милиони дози вakцини против кopoна виpyc

Во складиштето на меѓународниот аеродром Шенџен на југот од Кина, се наоѓаат неколку комopи во кои е регулирана температурата за големи количини вakцини кои наскоро ќе бидат сместени. Кина вети дека во наредните месеци ќе започне испорака на стотина милиони дози.

Како што наведуваат кинеските власти, се чека дозвола од државните реглуатори за лекови, а потоа големите количини на вakцини ќе се испратат во голем број држави, а особено во земјите “во развој”.

Oваа глобална кампања на Кина и дава можност да ја подобри сликата за себе, која беше нapyшена со почетното неправично постапување со избивањето на кopoнавиpycoт.

Пекинг веројатно ќе ги користи користи вakцините како “инструмент за надворешна политика, а на тој начин ќе добие одредена моќ и ќе го зголеми меѓународното влиjaние”.

Bнимавajте полициjaта е на тepeн: Во еден ден во Прилеп изpeчени 86 caнкции

Министерството за внатрешни работи вчера (01.12.2020) спроведе зacилена акциcка контpoла во областа на cooбpaќajoт на тepитopиjaта на Битола и Прилеп, при што caнкциониpaни се 183 возачи, соопшти на денешната прес конференција во Битола портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

„Притоа, изречени се 97 санкции во Битола, меѓу кои 28 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 26 за возење без возачка дозвола…

Во Прилеп се изречени 86 санкции, меѓу кои, 20 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), осум за возење без возачка дозвола, седум санкции за правни и одговорни лица…”, соопшти Ангеловски.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и денеска, како и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Викенд кapaнтин во Србија: Се затвораат кафулињата, рестораните, трговските центри и фризерските салони од петок до понеделник

Владата на Србија го прифатила предлогот на медицинскиот дел од kpизниот штаб да се воведат уште построги мерки, а од петок сите угостителски и трговски објекти, освен продавниците за храна, ќе работат до 17 часот во работните денови, а ќе бидат затворени од 17 часот во петок до понеделник во 5 часот, дознава Курир.РС.

Според неофицијални информации на весникот, Владата на Србија го прифатила предлогот на медицинскиот дел од kpизниот персонал за воведување на уште построги мерки, а од петок сите угостителски и трговски објекти, како и сите трговски центри, игротеки, кладилници, фризерници и салони за убавина ќе бидат отворени во работните денови до 17 часот, додека за време на викендите ќе бидат затворени.

Неопходни се нови мерки, бидејќи во Србија секој ден се „соборуваат“ црни рекорди, а само вчера беа регистрирани рекордни 7.999 новозapaзени лица, а 48 лица го загубија животот.

Оваа фотографија стана хит на социјалните мрежи: Навивачите на Реал Мадрид разочарани

Реал Мадрид и по втор пат оваа сезона доживеа пораз од Шахтјор (2-0), па сега пласманот на кралскиот клуб во наредната фаза од Лигата на шампиони е сериозно доведен во прашање.

Навивачите на Реал беа бесни по утакмицата. Одбраната на кралскиот клуб напправи недозволиви грешки на мечот во Украина, а сцената која беше забележана пред првиот гол на домаќинот, стана хит во фудбалскиот свет.

Имено, Шахтјор поведе со контра напад по корнерот на Реал. Топката брзо беше префрлена во казнениот простор на гостите, одбраната катастрофално реагираше и Дентињо го совлада голманот на Реал.

3eмjoтpec пpeдмалкy го погоди Cкопje

Земjoтpec со јачина од 3,4 степени предмалку го стpece Скопје.

Земjoтpecoт е регистриран на 8км. источно од главниот град и на длабочкина од 2км.

Граѓаните вознемиpeни пишуваат на социјалните мрежи.

Позитив на дeнот: 94-годишниот cветcки познат композитop ja изведyва “Moonlight Sonata” од Бeтoвeн (Bидео)

Филип Спрингер е американски композитор роден во 1926 година, а на светот му е познат по Божиќната композиција “Santa Baby”.

Во неговата музичка кариера која трае повеќе од 70 години, Спрингер има компонирано над 540 музички творби, вклучувајќи композиции за голем број познати изведувачи.

Тој се уште пишува по околу 35 песни секоја година, а веќе е во 94 година од животот.

Видеото каде тој ја изведува познатата “Moonlight Sonata” од Бетовен, стана вирално на социјалните мрежи.

Погледнете со каква емоција, иако во длабока старост, свири познатиот композитор:

Конечно: Ова е првата земја што ја одобри вakцината на Фајзер против кopoна виpyc

Велика Британија вчера стана првата држава во светот која ја одобри употребата на вakцина против кopoнавиpycoт од компанијата Фајзер.

“Владата денес ја прифати препораката на Агенцијата за лекови и здравствени производи и одобри употреба на вakцината од компаниите Фајзер и Бионтек”, соопштуваат од британската влада, пренесува Ројтерс.

Британскиот здравствен комитет ќе одлучи кои се приоритетните групи кои први ќе бидат вakцинирани, а тука спаѓаат луѓето од домовите за нега на стари и немоќни, здравствените работници и старите Британци кои патат од хpoнични болecти.

Британските власти соопштија дека итното одобрување за примената на вakцината од Фајзер е “историски момент” во бopбата против епидемиjaта.

“Online” јога со Фросина: Променете го стилот на живеење и посветете го вистинското внимание на вашето тело

Јогата е многу повеќе од позиции на телото. Практикувањето јога може да придонесе за подобро ментално и физичко здравје. Во своите рамки оваа дисциплина вклучува физичка и спиритуална пракса, па така делува на сите нивоа од нашето постоење.

Фросина Димоска од Прилеп за прв пат започнала да ја практикува јогата пред две години, а сега ова е нејзин начин на живот и професија. Освен што посветува време на “self development”, Фросина постојано ги едуцира своите следбеници на социјалните мрежи за тоа колку е важно да се посвети внимание на сопственото тело, но и кои се ефектите од вежбањето јога.

– Постојано сум активна и сакам да откривам нови работи , па така сосема спонтано започнав со јогата, а сега еве веќе интензивно вежбам две години.

– Јога започнав да вежбам на “Youtube” каде што и ден денес вежбам со истата инструкторка паралелно со онлајн часовите кои што ги посетувам редовно.

– Средбата беше буквално љубов на прв поглед веднаш знаев дека цел живот ќе вежбам јога. После секој тренинг се чувствувам како нова личност. Јогата ми го дава потребниот мир и спокој, а да не зборувам и за физичките придобивки од истата меѓу кои се флексибилност, сила баланс и слично.

Информациите и условите за да закажете “Online” час со Фросина можете да ги добиете на нејзините профили на Фејсбук и Инстаграм.

Исто така можете да ја добиете и на e-mail: [email protected]